Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
azmanov-boki

Бизнисмен обвинува дека Боки 13 му барал рекет од 50 илјади евра, сопственикот на 1ТВ демантира

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ, тој вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50 000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција.„Јас никогаш не сум бил повикан во финансиска полиција за каква било истрага, а ваму му даваат документи на Бојан Јовановски да ме рекетира. Финансиска полиција не смее да дава документи и доколку ги има треба мене да ме повика“, вели Азманов. Тој побара од институциите да испитаат кој е тој што на нелегален начин контактирал со Бојан Јовановски за да му ги даде документите. Никогаш не сум контактирал ниту еден судија, ниту обвинител, како што пишува во најавата за ‘Инсајдер’, а ако е така, би сакал да добијам име и презиме. Ниту познавам обвинители, ниту контактирам со судии, посебно не во врска со градежништвото“, вели Азманов.Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрлил обвинувањата на Азманов дека му побарал рекет од 50 000 евра.„Каков рекет, какви 50 000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор“, изјавил Јовановски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-meso-960x540

Владата набавува месо за министрите од 40 илјади евра

Владата набавува свежо месо за скоро 2,5 милиони денари или скоро 40 илјади евра. За свежото месо кое ќе треба да го конзумираат министрите е распишан тендер, каде критериум за доделување е најниска цена.Во понудата, фирмата која ќе сака да конкурира треба да испорача јунешки бифтек, јунешки мускул, јунешка кртина, јунешки бут без коска, јунешки џигер, јунешко шкембе, јунешки ребра, кременадла. Од телешки производи министрите ќе јадат кременадли, бифтеци, ребра. Во владината кујна ќе се готви и свинска кременадла, свежо филе, свински врат и бут, заедно со јагне и цело прасе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Грчкиот парламент в четврток ќе гласа за Договорот од Преспа

Грчкиот парлемент в четврток ќе гласа за Договорот од Преспа. Одлуката е донесена на состанокот на претседателот на грчкиот парламент со неговите заменици. Партениците дебатата за Договорот ќе ја започнат в среда во 10 наутро, а истата ќе се затвори четврток навечер, најдоцна во 2 по полноќ. Тајмингот ќе зависи од пријавените пратеници за дебата. Собраниската процедура за усвојување на Договорот во Грција ќе стартува денеска со расправа во Комисијата за надворешни работи, која треба да заврши до утре. СИРИЗА и во неа обезбеди мнозинство откако Спирос Данелис по напуштањето на партијата Река не е сменет како член на Комисијата туку продолжува како независен партеник. Со тоа СИРИЗА има 28 од вкупно 55 гласа во Комисија за Договорот.Приближувањето на терминот на гласање за Договорот се повеќе ја вжештува политичката сцена во Грција. По распадот на пратеничката група на Независни Грци, денеска се распадна и пратеничката група на партијата Река, откако денеска уште двајца нејзини пратеници објавија дека ја напуштаат, поради несогласување со ставот на партијата околу Договорот за името. Со тоа бројот на пратеници на Река кои ќе гласаат за Договорот, но сега како независни пратеници се искачи на три. Се намали и пратеничката група на Движење за промена откако од неа е исклучен лидерот на Демократска левица, Танасис Теохаропулус, поради најавата дека тој ќе гласа за Договорот.

Свет | пред 7 години

7 год.
49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Клучна недела за евентуалните предвремени избори

До крајот на оваа недела би требало да биде појасно: дали оваа пролет, заедно со претседателските, ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Можен термин е 5 мај, денот кога се планира одржување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката треба да ја донесат владеачките партии и да и одговорат на ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно посочува дека избори на нов собраниски состав – мора да има. Во наредните денови, прашањето ќе биде разгледано во партиските органи на СДСМ, пишува Телма ТВ.Во владеачката СДСМ мислењата се поделени. Дел од раководните лица се согласуваат со меѓународните пријатели дека не е време за нови избори, туку за прикажување резултати од реформите во безбедносната, правосудната и економската сфера. Другиот дел објаснуваат дека реформскиот застој со кампањата за претседател треба да се прошири и да се искористи за добивање постабилно парламентарно мнозинство. Во ВМРО-ДПМНЕ  исто така се уверени во својот добар рејтинг, па прифаќаат задолжителната Пржинска Влада да има мандат од 50 или 60 наместо 100 дена. Доколку партиите се договорат, предвремените избори би требало да се распишат во првата половина на март.

Македонија | пред 7 години

7 год.
asdasdasd

Наумовски се сликал во автобус за да личи на светски лидер, јавноста вели дека изгледа како кловн

Опис на слика: (Лева страна) Градоначалникот на Ѓорче Петров се сликал во автобус; (Десна страна) Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превозДодека европските лидери со години одат на работа со велосипед, јавен превоз и пешки, градоначалникот на општина Ѓорче Петров денес се качи во автобус, но веројатно само за да се фотографира. Наумовски под фотографијата на која позира напиша „Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“.Герила акцијата која ја направи Наумовски според јавноста е смешна. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како може ова да се сфати како позитивен пример, кога Наумовски делува несериозно и позерски на фотошопираната фотографија. Јавноста се сомнева во тоа дека градоначалникот на Ѓорче Петров навистина се возел со јавен превоз, односно велат дека само се качил во автобус на ЈСП за да се фотографира и објави на социјалните мрежи.Фотографиите на светските лидери објавени на социјалните мрежи се спонтано фотографирани од страна на патници, медиуми, минувачи, а тие не позираат, како што е случајот со Наумовски.Погледнете дел од нив:[caption id="attachment_22094" align="alignnone" width="599"] Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз[/caption][caption id="attachment_22095" align="alignnone" width="600"] Ада Колау, градоначалничка на Барселона, се вози во подземна железница.[/caption][caption id="attachment_22096" align="alignnone" width="398"] Марк Руте, премиер на Холандија, на работа оди со велосипед.[/caption][caption id="attachment_22097" align="alignnone" width="600"] Со велосипед на работа оди и градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармен.[/caption]Наумовски во периодов е актуелен оти во буџетот предвидел повеќе пари за неговата плата. Во јавноста се правда дека тој нема да зема повеќе пари и дека буџетот е така искреиран во случај да се промени законот за плати. Според познавачите на оваа проблематика, теоријата на Наумовски не држи вода. Во ваков случај, Наумовски би требало да испроектира повеќе пари за капитални инвестиции, нови објекти, одржување на зелени површини, а не за повисока плата.Јавноста се шегуваше на негова сметка, па пишува „Можеби е разочаран што нема да зема поголема плата, па почнал да се вози со јавен превоз да заштеди некој денар“, „Човече, ако овој се вози во автобус, ја никогаш повеќе нема да се качам“, „Добро што е со кловновиве од градоначалници, овој сигурно се сликал во автобус зошо така му кажале од ПР секторот и ја утнал работата“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Намалување на цената за закуп и бесплатни спортски сали за лица со посебни потреби

Град Скопје предвидува измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје.„Преку дополнувањето на Одлуката, се овозможува бесплатно користење на спортските сали на установите во сопственост на Градот, за лицата со посебни потреби кои учествуваат во спортски активности организирани од сојузи, здруженија на граѓани, организации или друг облик на здружувања. Клучниот услов за да се овозможи ова е правните субјекти преку своите проекти, програми, активности или манифестации да бидат дел од Програмата за спорт и млади на Град Скопје.Покрај дополнувањето на Одлуката, Градот предвидува намалување на висината на почетната цена за закупнина на просторот што се дава во закуп со јавно наддавање. Наместо досегашните 0,5% по м2 од вредноста на недвижната ствар, се предлага минималната цена да изнесува 0,3% по м2 со што поевтинува услугата за закуп на недвижниот имот на Град Скопје за сите субјекти кои имаат потреба од нивно користење.Целта на предвидените измени и дополнувања на Одлуката е да им се овозможи на лицата со посебни потреби полесна достапност на спортските сали за одржување на спортски активности, но и да се поттикне спортот и спортската рекреација кај овие граѓани. Финансиското олеснување кое се предвидува и за почетната цена на закупот има за цел да им заштеди од буџетите на корисниците, да предизвика зголемена заинтересираност на граѓаните за користење на недвижностите со кои располага Градот и доближување на институциите кои се под надлежност на Град Скопје до граѓаните. На овој начин се олеснуваат условите за користење на градските институции од граѓаните и истите се ставаат во функција на нивните потреби.Измените и дополнувањата на Одлуката ќе бидат предложени на следната седница на Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода дел од Аеродром поради уличен дефект

Денес поради уличен дефект Ф-150мм. во висока зона на Бул.Јане Сандански бр18 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од Бул.Асном, Бул.Јане Сандански од бр.18 до бр.20 како и кула 7 и кула 9 висока зона до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

(Видео) Груевски на шопинг во Будимпешта

Вчеравечер Никола Груевски е снимен од страна на унгарските портали во трговски центар во Будимпешта. На видеото тој во раката носи хартиена кеса, па според тоа може да се заклучи дека бил на шопинг.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50866781_311526149481038_3263050838486024192_n-2

Вонреден инспекциски надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите во Аеродром

Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот.„При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат. Општина Аеродром ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи.Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sela

Алијанса за Албанците: Надлежните да го испитаат приватниот Универзитет на Рамиз Мерко

ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, кои што имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование (како што е случај и сегај) ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја, велат од Алијанса за Албанците.„Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот.Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци.Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Сообраќајот се одвивива по влажни коловози, магла во М.Брод, Делчево и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во М.Брод, Делчево и Страцин.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kalendar

27 јануари неработен за припадниците на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Објавен јавен повик за субвенции за печки на пелети

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Скопје | пред 7 години

7 год.
shilegov

Поголеми плати за вработените во Град Скопје

За пет отсто повисока плата ќе добива администрацијата во Град Скопје од септември. Со одлуката на градоначалникот Петре Шилегов која треба да ја усвои Советот на Град Скопје на седницата која ќе се одржи в среда, се предвидува зголемување на вредноста на бодот за пресметување на плати на државните службеници од 77,24 денари на 81.10 денари. Тоа значи дека платата ќе се зголеми за 5 тсто.Шилегов неколкупати откако е дојден на градоначалничката функција изјавуваше дека не е задоволен од работата на административците. На прес-конференција на 14 септември лани кажа дека ќе воведе внатрешна контрола оти голем број предмети со месеци стојат во фиоки несработени. На седницата на Советот на 30 октомври од говорницата изјави дека инспекторите ќе се опремат со ГПС уреди оти не се знаело каде се во текот на работното време, дали седат по кафулиња низ Дебар Маало или си бркале приватни работи.Во образложението на градоначалникот Шилегов се вели дека одлуката се носи со цел таа да се усогласи со онаа на Владата за зголемување на платите за 5 отсто на административците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-gruevski

Груевски му се смилува на Заев и ја повлече тужбата со која премиерот требаше да му плато 500.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев, во врска со негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“.Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка, велат од Основниот суд Скопје 2.Тужбата за клевета Груевски до Судот ја поднесе во 2014 година. Со правосилна пресуда Заев првично требаше да му плати 500 илјади евра за клевета и навреда на Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша доста сведоци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска.Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат.Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски, обвинителката Русковска рече дека блиски роднини нема да има.– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци, изјави обвинителката Русковска.Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија. Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
neofit-206733

Бугарски патријарх: Со промената на името на Македонија, ќе се придвижи црковното прашање

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.– Се уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање, изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.Прашан каква е позицијата на БПЦ за афтокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.–  Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме, рече патриајрхот Неофит, без да соопшти повеќе детали.

Македонија | пред 7 години

7 год.
f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пожар во Прилеп - изгоре куќа

На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77). Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Викендов во Скопје 34 сообраќајни незгоди, 75 возила се подигнати со "пајак"

Во текот на изминатите денови (18, 19 и 20.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди од кои 16 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 18 со материјална штета.Во сообраќајните незгоди 34 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 114 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 57 возачи од кои: 12 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 10 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи поради неносење пропишана зимска опрема, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 115 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
kinezi-1

(ФОТО) Непријатна случка за кинески туристи во Охрид

Туристи од Кина утрово биле непријатно изненадени, кога биле опколени од кучиња скитници.Фотографиите ги испратија очевидци. Тие кажуваат дека туристите биле видно вознемирени затоа што кучињата кои биле во голем број ги опколиле туристите и им лаеле.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бесплатно скијанње на Маврово за учениците кои одат во училиште поради загадувањето

Денес и утре скијањето во Ски центарот Маврово ќе биде бесплатно, но само за учениците од основните и средните училишта.Од Ски центарот велат дека оваа акција е поради аерозагадувањето во градовите и додаваат дека ги очекуваат сите на чист воздух. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ја криел марихуаната во машините за перење на баба му, обвинение против 27-годишник од Богданци

Против 27-годишник од селото Селемли во Општина Богданци е поднесен обвинителен акт за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што соопштија од велешкото јавно обвинителство при претрес во домот на неговата баба е откриена марихуана скриена во двете машини за перење.„По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот, во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии. Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, информираа од Обвинителство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tuzbi-1

Граѓаните пополнуваат тужби против Владата и Промената на името - Македонија

На социјаните мрежи се шерува пост во кој граѓаните се повикуваат да пополнуаат тужби против Владата и Промената на името - Македонија.Сакам да ве известам дека можете од понеделник да доаѓате пред Собрание на местото кај што беа шаторите и да пополните ТУЖБА - предложена и по иницијатива на Т.Каракамишева со ваши лични податоци,а ние ентузијастите ќе ги однесеме на посочената адреса кај што ќе се испраќаат групно сите тужби против нелегитимната власт и ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!, пишув во објавата на ФБ.Тие уште додаваат:(Предлог до ентузијастите од сите градови во Мкд да отворите пунктови по нашиов пример и по неколку часови да пополнувате тужби од граѓаните за да им помогнете и да се соберат во што поголем број).

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabanovce

На Табановце сакал да помине со туѓ пасош

На 20.01.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патната исправа што ја дало на увид лицето Ќ.А.(31) од Република Албанија, не му припаѓа нему. Бил извршен преглед на неговиот багаж, при што била пронајдена и албанска лична карта на име М.Д.(23) од Република Албанија, врз основа на која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Лицето било приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fd0bd52c52881228c2a8bfedb05cce0a_w790-696x403

Поставени прочистувачи на воздух во сите училници во 23-те средни скопски училишта

Во секоја училница од 23-те средни скопски  училишта во изминатиот месец е поставен прочистувач на воздух, односно вкупно 572, за што Град Скопје инвестираше околу 11 милиони денари.-Тргнувајќи од фактот дека  учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се  инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес. Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, соопшти Град Скопје во пресрет на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања