Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
MEGA6617

Мецосопранот Петровиќ и тенорот Каранац со воодушевувачки настап на „Охридско лето“

Бура од емоции и вистинско уживање во класичната музика приредија синоќа младите српски солисти, мецосопранот Александра Петровиќ и тенорот Стеван Каранац кои заедно со Српскиот камерен оркестар одржаа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Љубовта кон музиката ги згреа срцата на бројната публика која и покрај студеното време и снегот уживаше во внимателно одбраниот репертоар  со дела од Росини, Шопен, Сичински, Крајслер, Елгар, Лехар, Чајковски, Маскањи, Дебиси, Штраус и Калман.Како што истакна директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, овој настан со исклучително талентирани уметници е посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, кој, како што додаде, несебично го помагаше фестивалот.-За жал, не успеавме до крај да ги реализираме нашите заеднички визии за напредокот на оваа национална установа и останавме без нашиот искрен пријател и поддржувач. Не постојат зборови со кои можеме да ја утешиме болката  за загубата на семејството, ниту зборови со кои ќе ја искажеме благодарноста за неговиот придонес во градењето на успешната приказна наречена „Охридско лето“.  Во овој момент ја нема насмевката на нашите лица, но покрај тагата, чувствуваме гордост и чест што бевме пријатели со човекот што го красеше добрината, искреноста и човечноста, рече Поповиќ.Младата уметница Александра Петровиќ  првпат настапува на фестивалот „Охридско лето“, но како што нагласи, е воодушевена од организацијата на концертот и гостопримливоста на домаќините.-На фестивалот „Охридско лето“ настапувале мои колешки и пријателки, но јас ја немав таа можност се’ досега. Навистина огромна е  честа зашто знам дека на овој фестивал што постои долго, настапувале многу еминентни уметници, рече мецосопранот Петровиќ.И според тенорот Стеван Каранац, концертот на „Охридско лето“ бил воодушевувачки, не само за публиката, туку и за самите уметници.- Исто како и публиката, и ние уживавме на сцената. Со мојата колешка Александра завршивме оперски студии  во Народниот театар така што имаме прилика да соработуваме  со големи стручњаци како што е маестро Ѓорѓе Павловиќ со кого го изведовме овој концерт, но и со нашите помлади колеги од оркестарот, додаде Каранац.Уметничкиот директор и диригент на Српскот камерен оркестар, Ѓорѓе Павловиќ, рече дека воодушевувачка е идејата, фестивалот „Охридско лето“ да ја прошири културната понуда и надвор стандардниот термин во лето.- Овој ансамбл првпат настапува на „Охридско лето“, и тоа, во една специфична ситуација кога фестивалот ги шири своите габарити преку целата година, што е одлична идеја и значаен потег бидејќи се работи за фестивал од исклучително значење за регионот, со огромна традиција и со многу квалитетни уметнички понуди. Таквите летни понуди сега се прошируваат и преку годината, со што значајно ќе се влијае врз културната понуда. Ја поддржуваме реализацијата на ваквата идеја и посакуваме да трае долги години, истакна маестро Павловиќ.По завршувањето на 58-то издание,  „Охридско лето“ организира  два концерти надвор од востановениот фестивалски термин. На 18 декември минатата година настапи еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, а еден месец претходно, во фестивалската историја се впишаа и имињата на пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко од Русија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе од 2,3 тони кокаин запленети во Суринам

Во Суринам полицијата заплени повеќе од 2,3 тони кокаин , што е најголема заплена во оваа јужноамериканска земја, соопшти полицијата.Кокаинот бил откриен во пристаништето на главниот град Парамарибо, вели директорот на полицијата.Дрогата била скриена во осум контејнери меѓу вреќи со ориз. До сега никој не еупасен , но полицијата тврди дека има четворица осомничени.Дрогата била наменета за пазарот во Европа. Детали не се соопштуваат зашто истрагата е во тек , а Суринам во последните години стана главна точка за пренос на кокаинот од Јужна Америка кон Европа и САД. 

Свет | пред 7 години

7 год.
wQEpM-amerikanci-likvidacija-lider-islamska-drzava

Ликвидиран лидерот на Исламската држава

Еден од првите луѓе на најозлогласената терористичка организација на светот бил ликвидиран во Авганистан, потврдија синоќа од американската армија.Портпаролот на американските сили во Авганистан, Џубон Менди изјави дека еден од највлијателните лидери на џихадистите, Хетаб Емир бил убиен во акција на американските сили која што била изведена на 10-ти јануари во областа Нангархар во Авганистан.„Елиминирањето на Џубон Емир ќе помогне во заштитата на недолжните Авганистанци од нападите на Исламската држава и ќе ја намали нивната присутност во провинцијата Нангархар“, порача Менди.Припадниците на Исламската држава имаат силни упоришта на истокот од Авганистан недалеку од границата со Пакистан и моментално се една од најголемите и најопасни милитантни групации во оваа земја.Иако Исламската држава веќе неколку години се распаѓа, сепак, на Блискиот исток џихадистите и натаму имаат поддржувачи и контролираат помали територии во неколку држави.

Свет | пред 7 години

7 год.
vERk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVRZN01EQV8vNTk5M2I5MzU2ZjgxYzBiOTgyOTVkYzQ5NTA0YjUwZTIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Загина најмалку 21 рудар во Кина

Најмалку 21 рудар загина во рудник во северна Кина откако истиот се срушил.Спасени се 66 рудари, се наведува во соопштението од владата.Иако бројот на несреќи во рудниците во Кина е намален во последната деценија, сепак Кина и понатаму е на врвот на листата според бројот на настрадани луѓе во рудниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
h_Wk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRRN01EQV8vNDlkMTU4NjFmMWI3YWM2YTY1ZDZlN2IxYTgwMjg0YWYuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Снежна бура го погоди САД, загинаа пет лица

Снежна бура го погоди западот на Америка каде најмалку пет лица го загубија животот во сообраќајни несреќи во Мисури и Канзас, а голем број летови на аеродромот во Сент Луис се откажани.Како што пренесува Ројтерс, бурата се движи кон Вашингтон. Според метеоролозите, бурата ќе ги погоди деловите од Колорадо до среден Атлантик.Во петокот од снежната бура беа погодени Канзас и Мисури, а истата се шири кон Ајова, Илиноид, Индијана и Охајо, изјави метеорологот од американската метеоролошка служба Ендру Орисон.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсен Албанец кој го барал Интерпол порaди тешки кражби

На 12.01.2019 година во 04,30 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“за влез во Р.Македонија бил приведен Л.Ш.(33) од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка

Македонија | пред 7 години

7 год.
dsss_1

Демократски сојуз: Со имплементација на Преспанскиот договор треба да запрат меѓусебните обвинувања и поделби

Со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред, велат од Демократски сојуз.„Вистина е дека нема македонец кој се радува што се менува името на државата, но непобитен факт е дека овие болни процеси ги отвораат вратите на Македонија кон европските стандарди и вредности.Евроатланските процеси се моторна сила и само од нас зависи членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија.Преспанскиот договор е завршена работа, сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме, да ги забрзаме реформите, да обезбедиме законите да важат подеднакво за сите, да се спротивставиме на криманалот и корупцијата, да создадеме услови за бизнис и нови работни места, за развој на спортот и за враќање насмевката кај сите граѓани.Сме за создавање амбиент и услови за одржување на демократски и фер претседателски избори, како и за парламентарни избори но во редовниот законски рок (2020 година).Во овие историски моменти потребно е разумно и одговорно однесување, како битни предуслови за стабилност и јакнење на внатрешната кохезија и единство“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vevchani

Денеска сите во Вевчани - започнува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2019 година“.Традиционачно од маските први поминуваат зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавиот Август, но она што ги прави специфични вевчанци е тоа што ќе го искреираат двете василичарски друштва Горна и Долна маала за остантите маски, а се однесува на случувањата во изминатите 12 месеци.Специфично за овој карневал е тоа што до последен момент, до дефилето не се откриваат маските.Градоначалникот Сашо Јанкоски информира дека патот до Вевчани и улиците низ населбата се чисти и сместувачките капацитети се исполнети.Инаку Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупави Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќаjот се одвива по влажни коловози, можност за појава на магла и голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Од превентивни причини  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец  Дебар-Струга.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anne-elisabeth-falkevik-hagen-830x0

(ВИДЕО) Потрага по сопругата на норвешкиот милионер, киднаперите бараат 9 милиони евра

Норвешката полиција во склоп на истрагата за киднапирањето на Ел-Елисабет Фалкевик Хаген, сопругата на норвешкиот милионер, објави видеоснимки од надзорните камери на кои се гледаат неидентификувани лица.На снимките се гледаат три лица како минуваат покрај канцеларијата на милионерот, која се наоѓа во близина на неговата куќа, на денот кога исчезна неговата сопруга.Полицискиот истражител Томи Броске моли во полиција да се јави мажот кој се гледа на видеоснимката како поминува покрај канцеларијата, а потоа многу брзо се враќа назад. Исто така ги молат да се јави велосипедистот и другио пешак кои исто така се гледаат на снимките од надзорните камери.„Полициајта прими повеќе од 100 дојави. Некои од нив ни се значајни, но се уште не сме ги пронашле осомничените“, рече Томи Броске.Хаген (68) е грабната на 31. октомври минатата година. Истрага е веднаш покрената, но полицијата до сега ја спроведуваше во тајност „поради многу сериозни закани“.Според информациите од норвешките медиуми, во куќата на двојката е пронајдена порака на која пишува дека таа ќе биде убиена доколку не плати откуп или пак ако се вмеша полицијата.Киднаперите бараат 9 милиони евра за нејзиното ослободување, објави норвешката национална РТВ НРК и додаде дека тој износ го бара во криптовалутата монеро, вид на дигитални пари слични на биткоинот.Богатството на сопругот Том Хаген се проценува на 174 милиони евра. Го стекнал со бизнис со недвижности и енергетика. 

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

На Долно Блаце уапсено лице барано од Интерпол

На 12.01.2019 година во 18,50 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“ за влез во  Р. Македонија при пасошка контрола било констатирано дека Б.Ш.(47) од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“.Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
edward-snowden

Сноуден: Кашоги ќе беше жив доколку Израел не и ја продадеше технологијата на Саудиска Арабија

Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги се уште би бил жив додколку израелската компанија NSO не и ја продала технологијата на Саудиска Арабија.„Постои можност Кашоги се уште да би бил жив доколку NSO не и ја продала опасната технологија на Саудиска Арабија, која е земја со долга историја на кршење на човековите права“, изјави Сноуден во интервју за израелскиот весник Jediot ahronot.Тој додаде дека иако компанијата NSO тврди дека спасува животи, таа го прави токму спротивното.Во интервју за иститот весник, директорнот на NSO, Шалев Хулио призна дека „Pegasus“ е софтвер кој може да се користи за да ги зарази мобилните телефони со вируси и преку нив да собира податоци. Но, тој негираше дека тој софтвер е користен за пришлушување на телефонот на Кашоги пред неговото убиство во саудискиот конзулат во Истанбул на 2. октомври.Сноуден вели дека би сакал да верува дека NSO не го хакирал телефонот на Кашоги, но постојат најмалку две можности да се шпиунира за време на разговорите: жртвата и личноста со која жртвата разговара.„Според доказите, производите на компанијата се вмешани во хакирањето на телефоните на три лица кои биле во контакт со Кашоги“, изјави Сноуден.Во ноември минатата година Сноуден преку видео линк од Русија се обрати на конференција во Израел тогаш тој го обвини NSO дека продава дигитално средсто за крадење, а не само за фаќање на криминалци и спречување на терористички напади, и дека истото не се користи само за спасување на животи, туку и за заработка.

Свет | пред 7 години

7 год.
hasis-1

При операција во Арапското Море, запленети над три тони хашиш

Над три тони хашиш вреден околу 112 милиони долари биле запленети при операција во Арапското Море. Дрогата ја откриле австралиски војници кои се качиле за проверки на брод што пловел во меѓународни води.Австралискиот брод учествувал во операција за безбедност во Блискиот исток во која беа и 33 држави. Тоа е шести голем товар со наркотици запленет за време на меѓународна операција во изминатите шест недели.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев по пат на уцени и закани ја погазија волјата на граѓаните и го променија името

Македонија е завиена во црно бидејќи Зоран Заев, донесе срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјатам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев насилнички по пат на уцени, закани и пазарења ја погазија волјата на граѓаните и го променија името на Република Македонија, иако македонскиот народ јасно на референдум порача дека е против промената на името и договорот.Аболицираниот криминалец Зоран Заев без ронка срам предвреме ја преименува сопствената татковина, иако договорот се уште не е стапен на сила.Заев кој се колнеше во своите предци и сопствените деца дека нема да го менува името на Република Македонија, сега прославува и се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.Ќе остане запишано дека 81 пратеник спротивно на волјата на граѓаните, противуставно, противзаконски на нелегален и на криминален начин го променија името и идентитетот на Република Македонија.Оваа влада за една намена предводена од аболицираниот Зоран Заев , две години ништо не сработи. Ја заковаа државата на дното, редат порази на секое можно поле, граѓаните стануваат се повеќе сиромашни, а криминалците од власта единствено ги шират своите сметки и бизниси.Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на Заев и СДСМ. Тие се уверија дека оваа власт дојде за една намена и за ништо друго не е способна освен да носи црнила и да ниже капитулации.ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ неправдата која Заев и СДСМ и ја нанесоа на државата да биде исправена. Затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на кои оваа криминална и црна власт ќе биде жестоко поразена. СДСМ и Заев ќе ја добијат казната за погазувањето на волјата на народот и за сите црнила кои и ги нанесоа на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-3-1

СДСМ: Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани

Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани. Децениските стратешки приоритети и интереси на државата, членството во НАТО и Европската унија се во финална фаза на исполнување, велат од владејачката СДСМ.„Македонија оди напред, сврте нова страница кон сигурна и стабилна иднина. Македонскиот идентитет е загарантиран и обезбеден.Од изолирана, поделена и заробена држава, денес Македонија се развива како модерна, европска држава на еднакви граѓани, земја пријател на регионот и демократскиот свет.НАТО и ЕУ не се само голема, историска можност за напредок, безбедност и стабилност, членството значи и нови инвестиции, нови и добро платени работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.Интеграциски процес кој засилено се движи напред го интензивира економскиот раст, ја прави државата поатрактивна за сериозни странски инвестиции и позитивно влијае врз конкурентноста на домашните компании.2019 година ќе биде година на економија и развој.Платите растат во сите сектори, се зголеми финансиската поддршка за претпријатијата, навремени и зголемени субвенции за земјоделците, повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Повратот на Данок на додадена вредност од 15 отсто за граѓаните кој треба да се реализира оваа година, ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат напредок во евроинтеграциите, економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Lepce-paricka

Обичаи за Василица: Зошто верниците ставаат паричка во лепче и палат огнови?

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozari-1

Пожар во болница за рехабилитација во Еквадор, загинаа 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар кој изби на клиниката за рехабилитација за зависници во Еквадор, соопштија локалните власти.Пожарот избил во петокот кога пациентите запалиле душеци во обид да избегаат од клиниката која ги намала потребните дозволи за работа, соопшти началничката на полицијата.Вакви импровизирани центри за лекување има многу во земјата.Полицијата ќе ги уапси сопствениците на клиниката.

Свет | пред 7 години

7 год.
vreme

Облачно со појава на магла, од утре нови врнежи од снег

Времето денес ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. По одделни котлини со појава на слаба магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно западен и северозападен правец. У тринската темепратруа на целата територија на државата ќе биде под нула, а во некои предели ќе достигне и до -11 степени. Дневната темпертура ќе се движи од -3 до 2 степени.Во Скопје облачно време со температура од -6 до 0 степени.Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
stoilovv

За МРТВ 2 Стоилов стана играч со број 5 - кој дозволи мешање на политика во спортот ?

Корисниците на социјалните мрежи реагираат на постапката која ја направил коментаторот на МРТВ2, кога репрезентативецот Столе Стоилов го преставувал како “играчот со број 5”. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:„Дали ќе сноси некој одговорност за ова крајно непрофесионално однесување на државниот телевизиски канал?“, се пишува на соијалните мрежи.За потсетување Стојанче Стоилов е голем противник на последните случувања во државата. По вчерашното гласање за уставните промени тој објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук, во кој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!Инаку македонскиот пикер Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Спорт | пред 7 години

7 год.
ogan-3

(ФОТО) Оган пред општина Центар

Неколку деца запалија оган пред општина Центар. Во малото паркче наспроти општината се горат картони и се шири чaд.Тие оганот го користат за да се стоплат. Покрај огнот има и две возрасни лица, кои најверојатно се нивни родители.Општината се наоѓа на 20 метри од нив, но никој не реагира. До огнот има и паркирани возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zapaljen-autobus-u-tunelu-620x350

(ВИДЕО и ФОТО) Се запали автобус кој превезувал хрватски ученици во тунел во Швајцарија

Денес во Швајцарија се случи несреќа во која целосно изгоре автобус кој пренесувал средношколци од Сплит.Сите ученици на време излегле од автобусот и за среќа никој не е повреден.Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Учениците во Швајцарија биле на скијање седум дена и денес тие се враќале кон Сплит.Според наводите на еден родител на многу ученици од автобусот им изгореле документите, па и мобилните телефони, така што не успеале да јават што им се случило, а на некои им изгореле куферите со облека.https://twitter.com/PoliceValais/status/1084113288319979522?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084113288319979522&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fjugosfera%2F3023254-autobus-sa-djacima-iz-splita-potpuno-izgoreo-u-tunelu-sekunde-su-ih-delile-od-smrti-foto-video„Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека сите се добро. Сепак, првиот час време поминав во страв, зошто не знаев никакви детали, а после еден час, едвај успеав да го добијам синот“, раскажа еден од родителите.https://twitter.com/PoliceValais/status/1084073273841934337?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084073273841934337&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fjugosfera%2F3023254-autobus-sa-djacima-iz-splita-potpuno-izgoreo-u-tunelu-sekunde-su-ih-delile-od-smrti-foto-video„Сите ученици сега се наоѓаат во пожарникарскиот дом во близина на тунелот во кој се случи несреќата. Сите се на сигурно и на топло“, соопштија швајцарските власти.

Свет | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Власта повеќе нема легитимитет, итно распуштање на Собранието

„Левица изразува револт и најостра осуда на процесот на усвојување на уставните измени. Распишаа против-уставен референдум со манипулативно прашање. Полнеа кутии. Не го почитуваа резултатот на референдумот. Амнестираа пратеници за да им ги гласаат уставните измени. Направија политички дил за да избега Никола Груевски. Го променија Кривичниот законик за да спасат осудени лица од затвор и за себеси да си ги олеснат идните злоупотреби на власта. Неодлучноста, пасивноста на ВМРО - ДПМНЕ во текот на целиот процес и ставањето на тацна на своите пратеници да бидат уценувани и купувани во собраниските канцеларии е уште еден показател дека уставните измени беа изгласани во дослух меѓу партиите од власта и најголемата опозициона партија. Граѓаните немаат свои преставници во Собранието кои ќе се спротистават на газењето на демократијата, на правната држава и газењето на правото на самоопределување!Власта целосно се делегитимира во очите на граѓаните. Ништо што ветија на изборите не исполнија. Во безброј наврати премиерот го лажеше сопствениот народ, едно зборувајќи, правејќи го токму спротивното. Продолжија со коруптивното и клиентелистичко владеење, полнејќи ги институциите со партиски војници, шурувајќи со крупниот капитал, осиромашувајќи го народот. За такво владеење - не ги добија гласовите на изборите.Поради сето ова, Левица бара од власта под итно да го распушти Собранието и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Ако сметате дека ја уживате поддршката на граѓаните за силувањето на демократијата, за силувањето на правната држава, за коруптивното владеење, распишете предвремени парламентарни избори.На крај, ги повикуваме граѓаните да не паѓаат со духот. Огромно е разочарувањето. Огромно е чувството на немоќ. Огромна е апатијата. Но, ако се откажеме од борбата, само полошо ќе биде. Мора да се самоорганизираме и да се спротивставиме на коруптивните врхушки кои ресичи 30 години нѐ цицаат, нѐ осиромашуваат, ни го прават животот мизерен. Ако не за нас, барем за нашите деца, не смееме да се откажуваме од борбата. Борбата продолжува! Таа никогаш и не заврши“, се наведува во соопштението на Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава против прилепчанец поради објава на Фејсбук со закани по живот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“од Кривичниот законик на Република Македонија.На 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8e2k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWTJZN01EQV8vMTYyMzhmODAzN2UwNDQ1OGNiZTRkZWQ2OTBkZDg1ZmMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Спасени пет деца во Банско, возеле надвор од скијачките стази

Во ски центарот Банско во Бугарија се спасени 5 деца од Србија на возраст од 12 до 15 години, кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.Бугарското национално радио објави дека седум припадници на службите за спасување одговориле на повикот за помош кој децата го испратиле вчера околу 4 часот.Според информациите децата се во добра здравствена состојба, без сериозни повреди, но биле исплашни поради тоа што им се случило.На тој предел пред неколку дена беа пронајдени две лица кои исто така возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Свет | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Разбојници се заканувале со пиштол и одзеле 23.000 денари од маркет во Скопје

На 11.01.2019 година во 20 ч. било пријавено дека во маркет на улицата „Методија Митевски“ во Скопје три лица од кои едниот се заканил со пиштол, од вработените одзеле околу 23 илјади денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања