Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
CiMLOgfVAAAW_SF

За граѓаните поголеми даноци, а за криминалците амнестија - #чесилежите стана мит

По измените во Казнениот законик и Законот за амнестија, реагираше јавноста. Тие се против овие чекори на пратениците и Владата

Коментари | пред 7 години

7 год.
muzafer-bajram

Кој е Музафер Бајрам, новиот министер во Владата?

Собранието на Република Македонија попладнево на 77-седница на предлогот на Владата ги именува Елвин Хасан за министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции и Музафер Бајрам како министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.Кој е Музафер Бајрам?Роден на 22.10.1983 година во Скопје. Високо образование завршува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“. Оженет, татко на две деца.Првото работно искуство го стекнува во невладината организација „ЛИЛ“ во Скопје, каде што е ангажиран за проектите: „Цивилна регистрација на Ромите“ и „Социјална заштита на Ромите“.Неговиот приправнички стаж го извршува во адвокатска канцеларија „Мирослав Вуиќ“ кое трае се до неговото вработување во владата на Р.М.Од 2011 година до 2015 година работи во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при владата на Р. Македонија. Од 2015 година до сега работи во министерството за животна средина и просторно планирање, сектор за Европска Унија.Член е на ПЦЕР уште од неговата 18-та година, каде што набрзо станува претседател на младината. Од тогаш бил дел од сите политички кампањи на ПЦЕР. Во 2016-та година го избираат за потпретседател на партијата.Учесник бил на неколку телевизиски дебати и дуели каде што ги застапува интересите на Ромскиот народ и ја критикува слабата ангажираност и незаинтересираност на владеачките Ромски партии.Се надева на поголема вклученост на Ромите во општеството и поголема застапеност во јавните и државните институции. Зголемени квоти за вработување на Роми со средно и високо образование и квоти за Роми со само основно образование.Овозможување на посебна агенција за Ромски прашања, предводена и организирана исклучиво од Роми, со свој сопствен буџет и реализирање на проекти кои се од основна и итна потреба за Ромскиот народ. И поголем број Роми управители на државни и јавни институции.   

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охрид ја откажа и „Новогодишната детска бајка“

Поради ненадејната смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски,ЈП „Билјанини Извори“ ја откажува големата новогодишна забава за деца "Новогодишна детска бајка " која требаше да се одржи денес."Новогодишната детска бајка" како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“ имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе се реализираат во новогодишните денови. Реализацијата на дел од предвидените активности е со поддршка од маркетите „Топ“ , „Миса“ и пекара „Феникс“ .ЈП „Билјанини Извори“ утре со почеток од 10 часот во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња ,додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби "Добротољубие 2014" ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св. Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Зраци" ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.На 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом „Никола Карев“ ЈП „Билјанини Извори “ ќе донира храна на социјалните семејства. Примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Охрид се уредува кружниот тек на Булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“

Јавното претпријатие „ Нискоградба“ од Охрид, работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „ Туристичка“ и улицата „ Стив Наумов“ . Поставена е атмосферска канализација Ф-200 во должина од 45 метри со собирни шахти, а воедно просторно се уредува површина со бехатонска подлога на 350 м2 .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Krivicen-zakonik-skopje-2014

Власта со нова амнестија, овој пат за обвинетите во случаите на СЈО

Мнозинство пратеници изгласаа потреба од менување на Кривичниот законик. Измените се предложени од пратенците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години.Менувањето на законикот во јавноста се сфаќа како амнестија на лица обвинети од страна на СЈО, за низа отворени предмети. Па така, синот на пратеничката Владанка Авировиќ која гласаше за уставни измени, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО, ќе може да добие условна казна.Проценките се дека со ова ќе се создаде можност да се протне амнестија низ мала врата, односно дека ќе се отвори можноста десетици обвинети или осомничени во предмети на специјалното јавно обвинителство да се спасат од одговорност или евентуално да добијат пониски казни.Неофицијално,се зборува дека и на ваков начин власта се обидува да го обезбеди двотретинското мнозинство во Парламентот за носење на уставните измени.Премиерот Заев вчера изјави дека сѐуште нема двотретинско мнозинство во парламентот и дека засега има обезбедено 76 гласови од пратениците.Овој член од КЗ се наоѓа и пред Уставниот суд, каде што е отворен предмет за оценување на уставноста. Иницијативата во септември ја поднесе адвокатот Еленко Миланов, кој брани повеќе обвинети во предметите на СЈО. Но од уставниот суд засега нема информација како е одлучено по барањето на адвокатот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев е уплашен човек штом пушти полиција да го растури кампот пред Собранието

Единствена Македонија на денешната прес конференција, се осврна како што велат на незаконскиот полициски упад и растурање на кампот на „Македонија-Блокира пред Собранието на Република Македонија.„Поводот за денешната прес конференција на Единствена Македонија како една од 84 членки во „Македонија-Блокира„ е погазувањето на уставно загарантираното право на протест од страна на марионестката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар.Во понеделникот околу 03:00 часот наутро се случи скандал кога кордон од 42 припадници на полицијата заедно со екипи на комуналното градско претпријатие упаднаа во кампот на „Македонија-Блокира„ пред Собранието на Република Македонија.Кампот е растурен и шаторите се отстранети иако блокадите се уредно најавени дека ќе траат до седницата на Собранието за гласање на уставните промени.Ова се веќе знаци на една уплашена власт штом посегнува по насилно спречување на активностите на „Македонија-Блокира“.Дури, власта се служи и со лаги кажувајќи дека при полициското растурање на кампот било празно иако во кампот беа присутни луѓе од „Македонија-Блокира„ како што впрочем во континуитет секоја вечер до утрото имаше наши активисти кои ноќеваат пред Собранието.Нервозата и паниката кај ненародната власт е зголемена откога започнавме со блокади и надвор од Скопје, во други градови низ Македонија каде народот се повеќе ја изразува спремноста да ја брани македонската држава и македонскиот народ.На Зоран Заев устата му е полна со демократија, а омилена фалба му е дека по падот на режимот на Груевски, Македонија била слободна и демократска земја.Да го потсетам Заев. Од 17 мај 2015 година до месец јули речиси два месеци кампуваше со шатори пред владата и никој не го чепна. Настрана што соросовите платеници во земјата секојдневно го демолираа централното градско подрачје во Скопје и ништо не има фали.Значи, Заев уривал режим за да воведе хунта, криминал, безаконие, корупција...патем, полицијата изврши класична кражба на маси, столови и дваесетина шатори на „Македонија-Блокира„Сведоци сме како СДСМ со соопштенија како и контролираните владини медиуми многу милуваат да пишуваат за бројноста и посетеноста на нашите блокади.Повторно да го потсетам Заев. Кампот на СДСМ кој беше два месеци пред владата во летото 2015, во текот на ноќта го чуваа едвај по петмина, а поголема група луѓе собираа во вечерните часови кога правеа концерти на отворено со познати македонски пејачи.Или, да се потсетиме на фотографијата која го обиколи светот, според која, на т.н. НАТО-журка на СДСМ во Охрид, Заев постави светски рекорд во посетеност со само еден посетител.Но, ова е веќе историја.Бруталната полициска интервенција на растурање на кампот нема да не поколеба, туку не прави уште посилни. Марионетската власт и досега спрема нас водеше политика на заплашување, следење, прислушување, но, срамна епиозда ќе ги удри уште посилно на земја.„Македонија-Блокира„ продолжува со отпорот до конечната цел - распуштање на Собранието и распишување на избори со еден услов, без Зоран Заев како премиер.Продолжуваме и со блокадите низ цела Македонија со цел раздвижување и своевдино загревање на народот пред масовното доаѓање во Скопје во периодот на финалното гласање во Собранието кога ќе биде решена дилемата - или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско, или, Македонија ќе победи“, изјави Јанко Бачев на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО ја отфрли кривична пријава за новинар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на писменото известување – кривичната пријава поднесена против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста, Убиство на претставници од највисоките државни органи, Повикување на насилна промена на уставниот поредок  и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.„Јавниот обвинител ја анализираше објавената колумна на пријавениот, како и  неговите објави на една социјална мрежа кои беа предмет на известувањето доставено од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Заради оцена на наводите во кривичната пријава, пријавениот беше повикан на распит во Основното јавно обвинителство Скопје.По проучување на сите елементи, јавниот обвинител оцени дека пријавените дела не се дела за кои се гони по службена должност, односно дека во пријавените предметни настани не се содржани суштествените обележја на пријавените кривични дела.Јавниот обвинител при донесување на одлуката, се водеше од праксата на Европскиот суд на човекови права и обврската да се обезбеди заштита на слободата на говорот во демократско општество, особено имајќи го предвид тоа што пријавениот во овој предмет е новинар, а оштетените се политичари. Пресудите на Европскиот суд упатуваат на фактот дека иако политичарите имаат право на еднаква заштита како и сите други, границите за новинарите се пошироки за изнесување на критицизам и мора да се избалансирани со јавниот интерес за отворена дискусија во однос на политички прашања.Пријавениот, во својот исказ пред јавниот обвинител, потенцирал дека никогаш немал вистинска намера да изврши кривично дело, туку со изнесените ставови само сакал да апелира кон наведените политичари да го променат своето однесување.Сепак, анализирајќи го предметот во целост, јавниот обвинител констатира дека слободата на изразување не е апсолутно право и дека пријавениот во изразувањето на своето мислење не ја негувал културата на говорот и етиката, па со тоа ги повредил честа и угледот на споменатите политичари.Со оглед на тоа, во пријавените предметни настани не постојат обележја на кривично дело за кое се гони по службена должност, но тие би биле предмет на постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Како стварно надлежен за ваква постапка е основниот суд според местото на извршување на навредата“, велат од ОЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Морбилите можат да бидат смртоносни, вакцините единствена превенција од заразување

Вакцинирањето против морбили во Македонија започнало во 1972 година, кога е воведена како редовна заштита за децата од 13-месечна возраст. Во 1987 била воведена ревакцина на седум-годишна возраст само со вакцина за морбили, а во 1997 година била воведена ревакцина со МРП. Недоволно заштитени има од сите генерации, меѓунив голем број деца кои воопшто не добиле вакцина. Епидемиолозите коментираат дека се смета оти голем дел од родените пред 1971 години ги прележале овие сипаници и се заштитени.Од малите сипаници има и починати, а меѓу нив деца и бебиња.Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, вели дека малите сипаници може да дадат тешка клиничка слика, како воспаление на белите дробови, воспаление на мозок, тешка дијареа и во одредени случаи и смрт.„Од Центарот за јавно здравје добивме информација за шест заболени лица, од кои три се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а три се на домашно лекување. Од овие, само три се лабараторски потврдени, а во тек се наодите и за другите заболени, но клиничката слика укажува дека станува збор за мали сипаници. Сите деца кои се заразени со оваа болест не биле вакцинирани, а возрасниот пациент е со непознат вакцинален статус“, рече Микиќ за СДК.мк.Се смета дека две дози на вакцина против мали сипаници овозмозуваат висок заштитен ефект кај вакцинираните лица и затоа и Светска здравствена организација препорачува најмалку две дози на вакцина за заштита од заболувањето. Законската и подзаконската регулатива во оваа област во Република Македонија исто така предвидуваат давање на две дози комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и заразни заушки, кај децата на возраст од полни 12 месеци (прва доза) и на 6-годишна возраст (втора доза).Се смета дека вакцинираните лица пред многу години или децении се во поголем ризик да заболат отколку лицата кои примиле една доза вакцина во последните неколку години, бидејки со тек на време можно е да настане т.н. трошење односно намалување на имунитетот, или заштитниот ефект на вакцината.Кога ќе нападнат сипаниците, првите знаци на инфекција обично се висока температура и симптоми на настинка, како течење на носот. По неколку дена се појавува исип, обично прво на лицето и на вратот, а потоа по телото.Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации, па и да бидат фатални кај организми со слаб имунитет. Тие се шират преку директен контакт и по воздух, преку кашлица и кивање. Се сметаат за лесно преносливи. Кај 20 отсто од случаите се случува воспаление на белите дробови, или морбилиозна пневмонија. Ако таа не се лекува навреме, може да се искомплицира и поради друга бактериска инфекција. Морбилите може да предизвикаат морбилиозен енцефалитис, или воспаление на мозокот.Зошто се појавуваат морбили, иако има вакцина?Одговорот е едноставен, бидејќи има родители кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани. Неверојатно, но точно Во последниве години се јавија толку антивакцинациски пропагандисти кои доведоа да родителите имаат страв од вакцинација на своите деца. Се разбира дека тоа анатемизирање на овој процес доведе да Македонија биде вратена наназад во времето место да одиме напред. Но според сето онаа што го докажаа светските студии воопшто нема никаква потреба од стравување од вакцинацискиот процес.Како се препознаваат сипаниците?До пред неколку децении, ова беше многу распространета заразна болест, но сега ретко се гледа. Високата температура, карактеристичниот осип на кожата и карактеристичниот израз на лицето на детето како пластична маска брзо доведуваат до дијагноза. Нормална е консултација со инфектолог и доколку се потребни додатни испитувања, но сепак искуството кажува и обично ја потврдува дијагнозата.Каква е моменталната состојба?Епидемијата во градинката во Радишани минатата недела ги крена на нозе првите луѓе во здравството. Тие итно, за три дена ги прочешлале сите картони во здравствените домови.Во меѓувреме бројката на заразени во Радишани се зголеми за уште едно дете кое било во контакт со некое од болните. Наспроти тоа, отпорот кон вакцини останува речиси ист кај родителите кои досега не ги однеле децата да ја примат дозата. Само 12 од над 60 деца од градинката се вонредно вакцинирани, по епидемијата која зафати 6 деца и еден возрасен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Во Италија изрешетен заштитен сведок

Непознати лица го убија братот на крунскиот сведок против мафијата , иако бил под посебна полициска заштита, објави италијанската новинска агенција Ansa.Сторителите на убиството испукале во 51-годишникот најмалку 20 куршуми, додека го паркирал својот автомобил во гаражата на јадранскито крајбрежен град Песара.Случајот предизвика гневни реакции на јавнсота, бидејќи мажот бил под специјална програма за заштита на сведоците на Министерството за внатрешни работи. Жртвата, според локалните медиуми, е брат на припадник на озлогласената мафијашка организација ’Ндрагета, која се смета за една од најраширените и најбруталните во моментов во светот.

Свет | пред 7 години

7 год.
marihuana

Истрага против четири лица, пренесувале дрога со чамец преку Охридско Езеро

По спроведената истрага против четири лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против двајца македонски државјани за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.„За еден од осомничените, албански државјанин, обвинителството во соработка со надлежните институции од Република Албанија во текот на истрагата не пронајде докази што упатуваат дека го сторил кривичното дело и за него е издадена Наредба за запирање на истражна постапка, а за едно лице, исто така албански државјанин кој по стореното кривично дело е недостапен на органите на прогонот е издадена Наредба за прекинување на истражна постапка која ќе продолжи по неговото пронаоѓање.Двајцата обвинети, со засега непознато лице и осомничениот кој е недостапен, во текот на месец февруари 2017 година договориле неовластено купување заради продажба на наркотична дрога – марихуана. Според договорот, дрогата требала да биде пренесена од Република Албанија до Република Македонија по водите на Охридското Езеро. Непознатото лице ја пренело дрогата сместена во пет вреќи, со моторен чамец до брегот во близина на струшкото село Калишта и ја предал на лице кое е веќе осудено за истиот настан. Осудениот потоа се договорил со обвинетите да им ја предаде дрогата, но не успеал. Во моментот кога се упатил кон договореното место бил запрен од страна на полициски службеници од СВР Охрид и по извршен претрес, на задното седиште во возилото со кое ја пренесувал дрогата биле пронајдени 14 пакувања наркотична дрога – марихуана со различна тежина, со вкупна нето маса од 38,955 килограми.“, велат од Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Судската администрација ќе добие повисока плати

Денеска во собраниска процедура влезе Законот за судска служба, со кој се регулира правото на судските службеници да добиваат додатоци на плата.Ова е практично исходот од овонеделната средба на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, претставниците на Здружението на судски службеници, претставниците на УПОЗ, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски.По завршувањето на собраниската процедура, судските службеници ќе добијат рамноправен статус и третман во однос на додатоците на плата, со што ќе се стави крај на повеќегодишната дискриминација врз судските службеници.Законот за судска служба, покажа недостатоци во делот на системот на плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници.Констатираните недостатоци во утврдувањето на правата на вработените во судската администрација во Законот за судска служба, во делот за плати, додатоци и надоместоци на плати на судските службеници, особено се однесуваат на делот на правото на додатоци на плата, кои се одразија на целосната примена на Законот.Имено, постои невоедначеност во утврдените додатоци на плата на вработените во судската служба, со останатите вработени во правосудниот систем.На овој начин вработените во судската администрација за извршување на исти задачи со други вработени во правосудни органи не можат да остварат исти права во делот на додатоците на плата.Во Законот, како додатоци на плата, воопшто не се предвидени додаток на плата за посебни услови за работа, додаток на плата за постоење на висок ризик и додаток на плата за доверливост. Исто така се утврдува и постапка за заштита од арбитрерност на претседателите на судовите при одредување на додатоците на судските службеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-9

Општина Битола најави поддршка за Македонците од Мала Преспа

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска во својот кабинет оствари средба со Ефтим Митревски, активист за човекови права од Мала Преспа, Република Албанија и претставник на македонското малцинство во комитетот за национални малцинства во албанската влада.„Целта на оваа средба беше запознавање на градоначалничката Петровска со сотојбата на Македонците во Мала Преспа и идна можна соработка, пред се во однос на печатењето на весникот „Мала Преспа“, кој се издава на Македонски јазик во Албанија.Градоначалничката Петровска доби покана да учествува  на симпозиумот за македонскиот писател Стерјо Спасе, кој се смета за еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло“, велат од Општина Битола

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_6212_resize

(ВИДЕО) Шекеринска се сретна со семејствата на мировниците: „Бидете горди на вашите најблиски“

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска имаа предновогодишна средба со семејствата на припадниците на АРМ кои во моментов се дел од мисиите на НАТО, ООН и ЕУ во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина, а беше воспоставен и видео-линк со македонските мировници во овие мисии.„Оваа година беше многу важна за Македонија, за Министерството, за Армијата. Имавме огромен број средби, а за прв пат во нашата историја ни се случи генерален секретар на НАТО два пати да ја посети Македонија... Меѓутоа ако ги анализирам сите средби кои имав чест да ги имам како министер, најголем впечаток ми остави посетата на вашите најблиски во Кабул, а средба во која што сите сме можеби најемотивни е денешната, каде што многу конкретно гледаме колку сè ризикуваат и од колку сè се откажуваат вашите најблиски“, рече министерката Шекеринска пред семејствата на мировниците.Шекеринска истакна дека семејствата на мировниците во Министерството и во Армијата секогаш ќе имаат адреса и луѓе на кои можат да се потпрат.„Центрите за транзиција кои веќе постојат во Армијата и Министерството за одбрана, ќе направиме да бидат центри за прва поддршка на сите семејства и затоа денеска кога ќе заврши убавиот, ќе продолжи корисниот дел од средбата каде што ќе разговарате со колегите од Министерството и АРМ како семејствата да бидат повеќе помогнати додека вашите блиски се надвор, во мисија. Ние сме свесни дека за еден татко или мајка, сопруг, сопруга, син или ќерка да може спокојно да врши многу тешка работа, прво што треба да му помогнеме е да не се грижи за своите најблиски“, рече Шекеринска.Генералот Ѓурчиновски им оддаде признание на македонските мировници за професионализмот и резултатите постигнати во мировните мисии. „Продолжете достоинствено и мотивирано да ги претставувате интересите на нашата земја и бидете горди дека овој историски момент во кој Република Македонија е на прагот на влезот во НАТО-Алијансата“, рече началникот на ГШ на АРМ.Преку видео-линкот, најстариот претставник на македонскиот контингент во Авганистан, полковникот Љупчо Јовановски порача дека сите припаднци на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ се здрави и живи, и задоволни што ја имаат можноста да ги видат своите најблиски. Полковникот Јовановски, како и мировниците на АРМ во Либан и во БиХ, мајорот Атила Аго и мајорот Маријан Златановски им ја честитаа новата година и претстојните празници на семејствата на сите мировници во мисиите во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.По средбата, стручни лица од Министерството и Армијата разговараа со семејствата на мировниците, им дадоа поддршка во делот на функционирањето на семејството во отсуство на еден родител, како и обединувањето на семејството по враќањето на мировникот од мировна мисија, а го презентираа и Правилникот за начинот на грижа за семејствата на воениот и цивилен персонал упатен во активности надвор од нашата држава.Најмладите, децата на мировниците, беа среќни од присуството на Дедо Мраз, кој им подели новогодишни пакетчиња.

Македонија | пред 7 години

7 год.
LIK_7197

Џафери им подели пакетчиња на децата на Онкологија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, подели новогодишни пакетчиња на дечињата од Посебното основно училиште „Иднина“ и на болните деца во Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.„Сите ние, патешествието наречено живот сме го започнале со желби и сништа, некои ни се оствариле, некои чекаме да се остварат, некои можеби  нема меѓутоа, на сите вас, ви пожелувам вашиот животен пат да биде преполн прекрасни изненадувања проследени со добро здравје, прекрасни насмевки и топли прегратки, Вие тоа го заслужувате! Ви посакувам Среќна Нова година!“, изјави Џафери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Смешно е и јас би се смеел да сум на ваше место, оти некои во салава ништо не разбираат - разрешени двајца министри

Да, смешно е и јас би се смеел да сум на твое место, оти некои во салава ништо не разбираат, рече претседателот на собранието Талат Џафери на смеењето на пратениците на опозицијата, откако тој два пати побара службите да ги пребројат присутните пратеници за Собранието да може да гласа за разрешување на министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.– Јас сум задоволен од работата на министрите и верувам дека и во иднина ќе изнајдеме начин како да продолжи таа соработка. Се надевам дека Парламентот ќе даде поддршка на предлогот за разрешување, а во втората точка доколку тоа се случи ќе дадам предлогот за новите кандидати за овие две места, рече Заев.Пратеникот Илија Димовски, рече дека образложението не е добро и потребно е разрешувањето да биде врз основа на анализа за нивната работа.– Ве повикувам да го исполните даденото ветување за намалување на бројот на министри. Многу министри имате без ресор, за дел од нив јавноста воопшто и не знае какви активности има, рече Димовски.Пратеникот Самка Ибраимовски ги повика пратениците од опозицијата да го почитуваат и поддржат предлогот и одлуката на неговата партија за разрешување на Аксел Ахмедовски.– Не сме задоволни од неговото работење поради тоа што сметаме дека она што било планирно во делот на имплементација на стратегијата за ромите не е постигнат резултат за десет месеци, што проекти кои беа опфатени и реализирани во времето кога бев министер он само требаше да врши мониторинг и не успеа да врши мониторинг, рече Ибраимовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
prasanja-zaev-angusev

На прашањето: Дали доколку нема цензус за избор на Претседател на државата, се размислува веќе да се подготват уставни измени, Заев одговори: Не доколку нема цензус, дајте да успееме да има цензус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска, во Музејот на современа уметност присуствуваа и говореа на презентирањето на проектите од таканаречениот „втор инвестициски бран“, кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.По настанот, претставниците на Владата одговараа и на прашања од интерес на новинарите, кои ви ги пренесуваме во целост:Прашање: Јас би сакала прво да ве прашам за Планот за економски раст. Вицепремиерот најави дека во наредните три дена ќе биде целосно исплатени средствата за компаниите и од првиот и од вториот столб. Колку што се сеќавам, околу 50 милиони евра беа предвидени оваа година, токму за Планот за економски раст. Колку од средствата се искористени од компаниите, колку фирми точно ќе добијат средства од сите столбови и статистика ако може да ни кажете како оваа година е искористеноста на парите од Планот за економски раст?Одговор на премиерот Заев: Господинот Анѓушев ќе каже, јас знам дека со оваа бројка стигнуваме до некаде повеќе од 250 компании. Драго ми е што токму тие компании го дигаат просекот на платите во Македонија. Огромен е процентот на реализација на Буџетот за поддршката на компаниите, односно сето она што конечно со ребалансот беше предвидено. Верувам се исплаќа до самиот крај. Но, еве деталите ќе ги каже потпретседателот на Владата, Анѓушев, заради тоа што и тој располага со тој Буџет.Одговор на вицепремиерот Анѓушев: Сите предвидени средства во Буџетот и ребалансот на Буџетот кои што беа за поддршка на економијата во Република Македонија се искористени. Заклучно со утре, ќе бидат сите тие исплатени. Над 250 компании во Република Македонија ќе бидат помогнати. Мерките ќе бидат распределени преку главно три столба на исплата, а тоа ќе бидат директно значи за финансиска поддршка на инвестициите. Понатаму, како активни мерки за вработување и преку Фондот за иновативност и технолошки развој за малите, микро и средни претпријатија.Прашање: Колку е вкупната сума, може да ни кажете?Одговор на вицепремиерот Анѓушев: Таа што беше предвидена во Буџетот, значи повеќе од 35 милиони евра.Прашање: Може ли да ни кажете, Владата вчера донела мерки за челикот, дека ќе се продолжат преговорите бидејќи компаниите и натаму тврдат дека ќе имаат проблеми? Какви одлуки се донесени? Дали Владата може да им помогне на компаниите кои имаат такви проблеми како што најавуваат?Одговор на премиерот Заев: И потпретседателот Анѓушев и потпретседателот Бујар Османи испратија две сериозни пораки, дека фокусот на Владата останува комплетно насочен кон поддршка на овие компании. Овие компании се Македонија, нашиот Бруто домашен производ, нашите работни места на нашите граѓани и слично. И втората порака е, дека не е навистина потребна некоја паничност. Се работи за просек од трите години, зголемен за пет проценти. Проблемот е, што сега е квота. И еден од друг се плашат, генерално, некој да не го зафати делот и на другите компании. Ние тука можеме да менаџираме, за да има правичност со сите. И секако им стоиме целосно на располагање на компаниите, да им бидеме сервис. Имаме дополнителна квота или таа глобалната, која што од било која земја ако не се искористи, можеме дополнително да ја искористиме. Проблемот е, што преку квотите, оние амбициозни планови, кои што се направени од страна на компаниите, а се многу поголеми од просекот од трите претходни години, не може до крај да се исполнат. Тука е самиот проблем. Но, верувам ако овие планови имаат тенденции, сакам да ги охрабрам компаниите да продолжат со своите планови, секој пат ќе се изнајдат решенија. Македонија блеска во очите на Европската Унија и секој пат разбирање мора да имаме. Во врска со оваа работа работеше потпретседателот Анѓушев, потпретседателот Бујар Османи, министерот за економија, лично разговарав со претседателот на Европската комисија, Јункер, сите заедно работевме на оваа тема. И нашата Амбасада е целосно посветена. Имаат дел од компаниите свои адвокатски тимови, помина и делот на инспекциските контроли од страна на ЕУ кон компаниите дома. И, верувам дека на крајот, сето тоа не смее да остане демотивирачки за самите компании. Така да, оние стотици милиони, двесте милиони евра апсолутно не е тоа вистина. Но, секако остануваме со целосно будно око и фокус кон поддршка на компаниите. И со намера да бидат охрабрени и да продолжат во имплементација на своите планови за 2019 година.Прашање: Премиере, дали доколку нема цензус за избор на Претседател на државата, се размислува веќе да се подготват уставни измени со кои тој би можел да се бира во Собранието? И да ни кажете, како во Вашата партија во СДСМ ќе се бираат кандидатите за Претседател и како со коалициските партнери тоа ќе го усогласите?Одговор на премиерот Заев: Ех колку тешки прашања. Крај на година е. Сакам оптимистички да размислувам. Не доколку нема цензус, дајте да успееме да има цензус. Тоа е редот, по Устав, по закон, да избереме Претседател. Мандатот на претседателот Иванов завршува на 12 мај, колку што знам. Како што тоа е определено, Македонија ќе има нов Претседател и согласно тоа да бидеме позитивно фокусирани на успешни, демократски избори кои што навистина ќе го изберат првиот човек на државата. Новиот Претседател на Македонија. Секако, можности постојат секакви, ако тоа не се случи. Но, не би сакал ниту да размислувам, ниту да дебатирам за такви можности. Заради тоа што, прво почеток на годината е. Второ, ниту разговарам во политичките кругови, ниту било каде, сè додека не заврши Парламентот со политичкиот процес поврзан околу важната цел, а тоа се уставните промени заради интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО. Верувам дека по празниците, по таа седница која што е закажана на 9-ти, токму ќе ги отвориме темите. Ќе дадеме одговори, на сите овие прашања. Но, мојот директен одговор е, дека верувам дека 40 проценти цензус ќе се постигне во еден компетитивен натпревар помеѓу повеќе кандидати, не само власт и опозиција, или левица и десница, или здружени и слично. Да имаат лепеза, граѓаните за избор, да може да изберат најдобро решение, заради тоа што се работи за Претседател на нашата земја.Прашање: Околу пратеничките бенефиции?Одговор на премиерот Заев: Апсолутно ги поддржувам реакциите кои што излегоа од пратеничката група на СДСМ. Нема потреба од такви закони. Пратениците се застапници на граѓаните и тие се граѓани кои што добиле чест, во еден мандат да ги застапуваат своите граѓани. Апсолутно ги подржувам нивните реакции, за целосно одбивање на вакви коментари, предлог-идеи или решенија околу ваквиот закон. Знам дека таков закон нема да се донесе.Прашање: Околу уставните измени за името, рековте имате 76 пратеници...Одговор на премиерот Заев: Толку потврдиле, со кои што разговараме. Тоа, не значи дека сите други одбиваат. Јас верувам дека ќе бидат навистина 85, 90, дај боже и повеќе. Тоа е, целта и затоа имаме вака инклузивен процес. Ви реков и кој се отприлика причините. Допрва следува доставување на амандмани од страна на пратениците на уставните амандмани. Веројатно, луѓето сакаат да се вградат, да дадат свој прилог внатре, свој коментар и согласно тоа кога ќе завршат сите тие постапки да ги кажат своите ставови, по основ на ова прашање. Јас, сум им благодарен на сите, кои што го истакнуваат својот позитивен став до сега. Заради тоа што, тоа го прави и за мене како Претседател на Владата или предводник на ваквиот процес за Парламентот, но најповеќе за граѓаните, поизвесен овој процес што доаѓа, но останувам оптимист дека најмалку двотретинско мнозинство или 80 пратеници ќе има на седницата на 9 јануари.Прашање: Вие не се кандидирате за Претседател на државата, дефинитивно соопштивте вчера?Одговор на премиерот Заев: Јас, дефинитивно не се кандидирам за Претседател. Зоран Заев не е кандидат за претседател и убаво е да се разгледуваат другите кандидати, да се коментира од страна на медиумите, од јавноста. Само така, ќе се изнедри на површина најдобрата личност, која што би била нашиот нов претседател.Прашање: Во Собранието денеска, се разрешуваат двајца министри, може ли околу причините поради кои побаравте нивно разрешување? И, планирате ли поголема реконструкција на Владата?Одговор премиерот Заев: Не планирам поголема реконструкција на Владата, барем не засега. Причините кои што се за разрешување на двајцата колеги се од страна на политичките партиципиенти во власта, или нашите политички партнери, се донесени одлуки од страна на раководствата на тие партии и бараа соодветна замена. Јас можам да го изразам задоволството од работата и соработката со двајцата министри. Да им се заблагодарам на нивниот ангажман, да ги поканам да останат во ангажман на јавниот сервис, преку извршната власт, служејќи им на граѓаните. Верувам дека ќе се најдат можности за понатамошен нивен ангажман. Веќе јас лично размислувам. Следуваат разговори со двајцата досегашни министри, верувам дека Парламентот ќе ја подржи ваквата промена, заради тоа што сме на крајот и политичка Влада, каде што своите партиципиенти, политичките партии имаат и свое учество, покрај другите кои учествуваат, од коморите, независни луѓе имаме во Владата и слично, да дадат свои нови претставници кои што достојно ќе им служат на граѓаните како министри во Владата на Република Македонија.Прашање: Уште една одлука била донесена на Владата, за некое ново задолжување од околу 9 милијарди денари, ако не се лажам?Одговор премиерот Заев: Тоа се одлуките, кои на крајот на годината се даваат како рамка на Министерство за финансии. Завршува годината, секоја година тоа се прави. Се донесува одлука, се дава една рамка и Министерството за финансии ги носи потоа своите одлуки. Најголем дел е тоа за рефинансирањето. Знаете дека обично се земаат краткорочни кредити, се враќаат исто така краткорочни обврски на државата. Тоа е таа рамка, која што вчера беше утврдена.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1_1

(ВИДЕО)Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа

Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа по завршување на 112-тата седница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vozilo-krov

Тешка сообраќајна несреќа кај Континентал, возило се преврте на кров

Сообраќајка се случи попладнево кај хотелот Континентал во Скопје. На Ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа фејсбук објавена е фотографија на која се гледа како возило е превртено на кров.Засега нема информации дали има повредени и како дошло до несреќата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
micevski

ВМРО ДПМНЕ: Не учествуваме во собраниската дебата за Кривичниот законик - ја уривате правната држава

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во собраниската дебата за Кривичниот законик, оти, како што велат, со тоа се урива правната држава. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, вели дека предложените измени и дополнувања претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ.„Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена“, рече Мицевски.Собранието ја усвои потребата од донесување на измени на Кривичниот законик по скратена постапка. Предлагачи на измените се неколку пратеници од владејачкото мнозинство. Но од дневен ред беше тргнат членот 353 од Законот, според кој се обвинети или осомничени десетици луѓе во предметите на СЈО.Според овој член се осомничени и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, поранешните министриГордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, потоа Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ...Со измена пак на друг член, кој исто така е на дневен ред, се отвора можноста осудениот за Труст, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, да добие условна казна, наместо досудената од три години затвор. Пратеничката Авировиќ гласаше за отворање на уставните измени. Овој член ќе влијае и на казната на бизнисменот Сеад Кочан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bugarski-pasosi

Нелегално издадените бугарски пасоши ќе се одземаат

„Македонците биле 'привилегирани' при добивање на бугарски пасоши", пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанстваВаквта инфорамција беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори" кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.„Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло." – вели сведокот за БТВ.Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.

Свет | пред 7 години

7 год.
pratenici-1

Пратениците кажаа да, за потребата за измени на кривичниот законик

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.Со измените на кривичниот законик се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Измената е во делот на затворскта казна која до сега изнесуваше 5 год, а сега се скратува на 4.Членот од кривичниот законик гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.-Барањето за измени на Кривичниот законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е, рече Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.

пред 7 години

7 год.
mvr1

Како на Филм: Во куманово застанале среде улица и почнале да пукаат

Вчера околу 16.00 часот, на патот во селото Никуштак, кумановско пукано е од непосредна близина во едно лице кое и покрај обидот, не е повредено. Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со огнено оружје пукал во оштетениот. Потоа веднаш влегол во возилото во кое подготвен чекал возачот – второто осомничено лице и се упатиле во непознат правец. Со овие дејствија двајцата осомничени сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Издадени се Наредби за обезбедување и прибирање траги и материјални докази од местото на кривичниот настан. Ќе биде исвршен и распит на оштетеното лице. Според првичните информации, причина за обидот за убиство биле должнички односи меѓу двете страни.Основното јавно обвинителство Куманово ги презема сите дејствија за целосно расчистување на настанот.​

Македонија | пред 7 години

7 год.
kancevska-milevska

„Амнестија“ и за Канческа Милевска, Мијалков, Пешевски....

На собраниската седница на дневен ред - предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.за намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.Во овие измени казните за обвинетите по овој член, како што пишува МКД, може да се пронајдат Елизабета Канческа Милевска, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ, Владимир Пешевски..., би биле многу поблаги или дури би можело да дојде и до ослободување од гонење.Овие промени во Кривичниот законик беа предложени уште за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога власта почна да се соочува со предметите на СЈО.Предлагачи на овие измени се пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Панче Иванов, Бети Рабаџиевска Наумовска, Милева Ѓоргиева, Илија Николовски, Лидија Тасевска, Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Горан Мисовски, Жаклина Лазаревска, Александар Кирацовски, Соња Мираковска и Ејуп Алими.

пред 7 години

7 год.
davor

(ВИДЕО) Обид да се смират страстите во Бања Лука - ослободен таткото на Давид

Давор Драгичевиќ, таткото на 21-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, е пуштен на слобода откако цела ноќ помина во притвор, поради што се организираа масовни протести во градот.„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Јас ќе бидам на плоштадот во 18 часот и не ми паѓа на памет детето да го препуштам на злосторниците и убијците. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.https://twitter.com/knespoljac/status/1077520027350384640?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1077520027350384640&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Fpo-protestot-vo-banja-luka-osloboden-tatkoto-na-david-momcheto-chija-smrt-predizvika-gragjanski-revolt%2F

Свет | пред 7 години

7 год.
katolicki-pravoslaven-bozik

Зошто разликата помеѓу католичкиот и православниот Божиќ е точно 13 дена, објаснува д-р Ивица Милевски

Големиот христијански празник Божиќ се слави на два датуми, кои се разликуваат за точно 13 дена. Така, денес, на 25 декември е католички Божиќ, додека на 7 јануари е т.н. православен Божиќ. Знаеме дека разликата е поради користењето на двата календари Грегоријанскиот и Јулијанскиот, но зошто е токму 13 дена и кој календар е астрономски поточен?Понекогаш, сеуште има недоразбирање за тоа кој календар официјално се користи во Република Македонија, па и во другите држави. Секако, одговорот е Грегоријанскиот или уште познат како нов календар или нов стил. Тој е во официјална употреба во речиси сите земји во Светот. Сепак, неофицијално во употреба се уште десетина други календари. Така, неколку православни цркви, меѓу кои е и македонската, сеуште го употребуваат Јулијанскиот календар и празниците ги водат по тој календар. Двата споменати календари водат потекло од римскиот календар, кој бил во употреба до времето на познатиот римски император Јулие Цезар. Римскиот календар бил непрецизен, создавајќи многу нарушувања и проблеми во јавниот живот. Сметањето на времето според него, по извесно време станало толку тешко што, навистина повеќе никој не се снаоѓал. Последица на несоодветноста на овој календар било и тоа што месеците не се поклопувале со годишните времиња; или на пример празникот на жетвата почнал да паѓа во зима.За да се надмине оваа хаотичност во стариот римски календар, во 46 година п.н.е. познатиот римски император Pantfex Maksimus одлучил да изврши реформа на календарот. За таа цел Цезар го повикал александрискиот астроном Сосигин (Sosigenes) и му предложил да го реформира стариот римски календар. На тој начин Сосигин создал нов календар, кој во чест на римскиот император е наречен Јулијански. Така, Јулие Цезар од дотогашниот лунарен, преминал на нов соларен календар. Денес овој календар се вика уште стар календар. Јулијанскиот календар има 365 дена. Бидејќи Цезар (Сосигин), за основа на јулијанскиот календар ја зел тропската година која има 365,25 дена, по четири години се појавил еден ден повеќе отколку што имал календарот години. Тој ден се додава на секоја четврта година, која има 366 дена и е наречена престапна година. Првите три се викаат прости години. Денот што се јавува како разлика се додава на месец февруари, па во престапната година овој месец има 29 дена. По јулијанскиот календар, престапни се оние години што се деливи со бројот четири без остаток, на пример 2000, 2004, 2008, 2012, 2016, 2020 година итн. Овој календар, во некои европски земји, до скоро се употребуваше под името “стар стил”. Но и според Јулијанскиот календар, со текот на времето дошло до непоклопување на природните астрономски појави со датумите на нивното јавување во календарот. Сето ова предизвикало пролетната вистинска рамноденица во 1528 година да се појави 10 дена порано, односно на 11 март (денот и ноќта траеле подеднакво долго), а додека на 21 март, кога била календарската рамноденица, разликата во траењето на денот и ноќта била видлива во корист на денот.За да се отклони оваа неправилност, познатиот римски папа Грегорие XIII одлучил да изврши реформа на дотогашниот јули­јански календар. За таа цел, во 1528 година свикал собир на духовните лица и астрономите. Овој собир, на предлог на италијанскиот астроном Лилија, го реформирал јулијанскиот календар и создал нов, кој во чест на папата е наречен Грегоријански календар. Промените во овој календар се состоеле во тоа што датумот 4.Х 1528 година, се сметал како 15.Х 1528 година. Со тоа е исправена грешката – отстапувањето од 10 дена што се собрало во текот на 1200 години, почнувајќи од Никејскиот собир одржан во 325 година, на кој за прв пат е извршена мала корекција. За во иднина да се избегне поместувањето на рамноденицата спрема зимските месеци било решено: во период од 400 години да се испуштаат по три престапни години, односно 100, 200, 300 да се бројат како прости, а не како престапни. Тоа значи дека до 2000 година, наместо да има 100 престапни, да има само 97 престапни години. Тоа се објаснува на следниот начин: по јулијанскиот календар, престапни се сите години со кои завршуваат вековите (1600, 1700, 1800, 1900 итн.), значи 1600 година е престапна и по јулијанскиот и по грегоријанскиот календар, затоа што првите две бројки се деливи со 4, додека 1700, 1800, 1900 не се престапни по грегоријанскиот бидејќи збирот на првите две бројки не е делив со 4. Поради тоа разликата помеѓу јулијанскиот и грегоријанскиот календар која во XVI век изнесувала 10 дена, во XX век се згилемила на 13 дена. По 2000 година разликата помеѓу грегоријанскиот и јулијанскиот календар ќе остане 13 дена, бидејќи 2000 година е престапна и по двата календари. Но, во 2100 година разликата меѓу јулијанскиот и грегори­јанскиот календар ќе се зголеми на 14 дена.Грегоријанскиот календар е поточен од јули­јан­скиот, но не и сосема најисправен. При неговото воведување е усвоено от­ста­пувањето од јулијанскиот календар за 400 години да изнесува 3 дена, доде­ка вистински тоа изнесува 3 дена, 2 часа и 53`. Значи дека три дена од кален­да­рот треба да се исфрлат не од 400 години, туку од 384 години. Грегоријанскиот календар допушти грешка во однос на тропската година, која во период од 3.330 години изнесува еден ден. Средната должина на грегоријанската година е 365 дена, 5 часа, 49` и 12″ и е поголема од тропската за 26`. Поради ова, по поминувањето на 3.330 години, вистинската пролетна рамноденица ќе падне по 20 март. Ова подразбира дека по 3.330 години, од грегоријанскиот календар треба да се исфрли еден ден. Но поместувањето на рамноденицата во грегоријанскиот календар е скоро безначајно и во практичниот живот може да се занемари, затоа што во текот на повеќе векови почетоците на годишните времиња ќе паѓаат на исти датуми. Поради тоа, точноста на грегоријанскиот календар, за секојдневниот живот, е сосема задоволителна, што овозможи постепено усвојување од скоро сите земји и денес може да се рече дека е универзален.Извор: Милевски И. 2012. Земјата и вселената, универзитетски учебник, Скопје

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања