Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
saso_ordanovski

Победниците новата година ќе ја слават во „Мериот“, само Мицкоски нема да биде поканет

Уште денеска ќе проверам дали има некое слободно место за дочек на Нова Година во хотел „Мериот“ во Скопје. Таму ќе слави друштвото на победниците во Македонија! Ќе свират пет оркестри, од маријачи до чалгии, ќе пее половина македонска естрада, бројот на печени прасиња ќе го надмине количеството на расположливи јаболка што треба да им се загризат во муцките, а вискито што ќе се пие во хектолитри ќе биде постаро од возраста на женското друштво за танц…Ќе биде гламурозно како во холивудските филмови за прохибицијата, а смеењето и пеењето ќе ечи до Собрание, ако не и до Бихаќка!Ќе трае таа прослава барем неколку дена, иако потоа ќе мора да се прогласи фајронт и да се помине на опсежните  подготовки за уште поголемата свеченост и забава по повод приемот на Македонија во НАТО. Да, да, и таа официјална прослава, адекватно, ќе се случи во победничкиот „Мериот“. На неа само Мицкоски нема да биде поканет, оти остана единствениот цврсто на позициите против македонската евроатлантска интеграција, додека целата победничка, бивша, елита од неговата партија ќе биде во вториот ред, веднаш пред редот за дипломатскиот кор, а зад местата резервирани за функционерите на владата на СДСМ. На славеничките гушкања и здравици ќе им нема крај, ќе свират три воени блех-оркестри, ќе пеат Здравко Чолиќ и Цеца, а и Али Ахмети ќе сврти една шота, па што сака нека биде, бидејќи Македонија ќе влезе во НАТО!!!Во таквата славеничка атмосфера главната тема на весели заебанции ќе биде онаа кукавица што пребега во Будимпешта, бидејќи не издржа да поседи овде уште некоја недела, за и тој, славно, да седне на почесно место во салата, како што им доликува на сите кои дадоа голем придонес за гласањето на македонскиот пат кон Брисел. Вака, тој заслужено ќе влезе во историјата на срамот, заедно со Игор Југ, Дурловски и Латас, кои сакаа да го блокираат големиот македонски процес за национално помирување.Колумна на Сашо Ордановски за Цивил Медиа

Коментари | пред 7 години

7 год.
zaev-spasovski

(Твит) Како се обезбедува мнозинство во Собранието?

По носењето на Законот за амнестија и усвојувањето на потребата за менување на Кривичниот законик, твитерџиите реагираат на случувањата и прават разни сценарија за тоа како се обезбедува мнозинство во Собранието.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

Мијалков и Камчев во куќен притвор, наместо во „Шутка“

СЈО одлучило да дозволи осомничените во случајот „Империја“ да бидат пуштени од затворот „Шутка“ и останат во куќен притвор, пишува „Макфакс“. Со ова, наместо во ќелија, дома ќе седи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, заедно со бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески кои се осомничени во случајот „Империја“ на СЈО.Истрагата „Империја“ којашто денеска ја отвори Специјалното јавно обвинителство повторно во фокус ја става мрежата бизниси во чиј центар е поранешното пријателство меѓу Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.Другите луѓе што СЈО ги именува како опфатени со истрагата пријателски или роднински се врзуваат со нив или во некоја точка од времето соработувале со Мијалков или со Камчев.Против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски Специјалното јавно обвинителство има основано сомневање дека во периодот од 2002 година до 2013 година сториле кривични дела. Се работи за нов случај на СЈО, „Империја" за основано сомневање за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

7 год.
popovi-crna-gora

Од Црнa Горa ќе бидат протерани над 50 свештеници монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од СПЦ

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите, изјави Џомиќ за „Политика “.Инаку, под велот на прописите кои регулираат пријава за престој, официјална Подгорица ги затвора вратите за државјаните на Република Србија, кои според домашните закони не ги исполнуваат условите да живеат и да извршуваат верска служба во оваа држава. Во црногорско-приморската Митрополија порачуваат дека сите правни лекови не се исцрпени и дека борбата за статус сè уште трае.Проблемот со престојот на свештениците на СПЦ кои не се родени во Црна Гора се појави во 2011 година, кога државната врата беше затворена за 80-ина монаси, монахињи, свештеници на СПЦ и членови на нивните семејства.

Свет | пред 7 години

7 год.
48379142_10215737150574456_180080028736815104_n

(ФОТО) Удрен автомобилот на водителот Димитар Атанасовски, сторителот побегнал

Вчера во попладневните часови, пред вип арената „Борис Трајковски“ бил удрен автомобилот на водителот Димитар Атанасовски. Сторителот избегал. Атанасовски го барал преку социјалните мрежи.„Тој што ми ја изгребал колата и се направил паметен си отишол, има 1 час да се пријави и да дојде да си ја среди штетата... инаку ќе си го бара полиција на врата зошто го има на камера од СЦ Борис Трајковски“, напиша Атанасовски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6-2

Пратенички прашања на денешната 72 собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72 седница на која пратениците ќе поставуваат прашања.77 мата седница беше прекината вчера, а нејзиното продолжение е закажано за в петок.Инаку Собранието вчера по скратена постапка ги донесе Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vmro-frakcija

Изборот на претседателски кандидат е избор за згаснување на ВМРО-ДПМНЕ

Калкултантските, непринципиелните и погубни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по се изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори. Се погласните информации од членови на најтесното партиско раководство на партијата, за можни кандидати на ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори главно членови на поранешната Демократска Алтернатива, Демократската, Либералната и Социјалистичката партија, го исфрла на виделина сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.„Господа политички ,,натуршцици” тоа нема да ви го дозволиме по втор пат. Таквите наметнати персони во партијата (прв пат во обидот партијата да стане движење) ги видовме во минатото, а последиците ги трпиме сега. Ја изгубивме идеологијата, ја загубивме препознатливоста, го убивте патриотизмот и станавме партија за поткусурување и потсмев.Под закрила на името на партијата таквите невмровски функционери и структури цела една деценија заедно со нивниот ментор во егзил ја пустошеа државата, ја обезличија партијата и ненаситно ги полнеа своите банкарски сметки. За истите тие невмровски структури сега се водат судски постапки, дел од нив се пазарат и го продаваат името за сопствен спас, а цената највеќе ја плаќаат чесните патриотски и искрени вмровски членови и симпатизери.Почитувани членови на партијата. Крајно време е да ставиме крај на понатамошно обезличување на партијата и на обидите да згасне се она што е вмровско. ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет и сила да одговори и да ги запре ваквите нечесни и задкулисни игри кои се во функција на реализација на зацртаните цели на Зоран Заев и СДСМ.Сега е вистински и последен момент ВМРО ДПМНЕ со претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредносен компас препознатлив по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото, а не личните и егоистични или туѓите намери и интереси“, се вели во соопштението на Демократската фракција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Влада: Нема нова амнестија, ниту договор

Владата не планира нова амнестија и нема договор со опозицијата за проширување на опсегот на амнестирање на лицата кои сториле кривични дела преку измени во Кривичниот законик, реагира Владата на информациите дека покрај Законот за амнестија што беше изгласан минатата недела, власта во договор со опозицијата подготвува нова амнестија.Владата не предлага никакви измени на член 353 од Кривичниот законик и не се очекува каква било промена на тој член во рамки на процесот што се одвива во Собранието, велат од Владата.Вчера Собранието со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.Со измените на Кривичниот законик се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“. Сега се менува на „4 години“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од денеска кампања „Против говор на омраза и подигање на свеста кај младите за безбедност во сообраќајот “

Кампања „Против говор на омраза и подигање на свеста кај младите за безбедност во сообраќајот " ќе биде промовирана денеска од Агенцијата за млади и спорт.На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и националниот координатор за спречување на тероризам и насилен екстремизам Борче Петревски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
atina-bomba

Експлозија на бомба во центарот на Атина, има повредени

Во експлозија што се случила утрово пред црква во Атина повредени се две лица, од кои едниот е полицаец, јави државната телевизија ТВ ЕРТ. Рачната бомба била ставена во метална кутија, пред црква во луксузниот кварт Колонаки во центарот на Атина.Експлозијата се случила додека полицацецот набљудувал еден „сомнителен“ пакет оставен пред црквата „Свети Дионисиј“, на една од главните улици во квартот Колонаки.Досега никој не преземал одговорност за нападот, а полицијата смета дека тоа може да биде дело на ултралевичарски или анархистички движења.

Свет | пред 7 години

7 год.
stoilovv

Стојанче Стоилов ја напуштил манифестацијата „Спортист на годината“, бидејќи збореле на албански

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов станал и си заминал од манифестацијата „Најдобар спортист на Македонија за 2018 година“ која ја организира Агенцијата за млади и спорт.Наградите за училишен и за средношколски спорт им биле доделени на училишта од Чаир и од Тетово. Добитникот од Тетово на присутните во салата им се обратил на албански јазик, по што Стоилов заминал.Според информациите, тој на репрезентативците во групата на вибер им напишал дека се чувствува засрамено и понижено,

Спорт | пред 7 години

7 год.
5-9

(ВИДЕО) ОМ: Мицкоски ја лаже јавноста, ниту еден член од ОМ Могила не премина во ДПМНЕ

Независниот советник Борче Бучински, носител на независна листа за време на Локалните Избори од 2017година од Могила, лажно се претставува дека е член на нашата партија, со цел да предизвика збунетост кај граѓаните, велат од Обединети за Македонија.„Борче Бучински, независниот советник работи во интерес на ДПМНЕ од почетокот на неговиот мандат.Актуелен Претседател на нашата Организација во Могила е Борче Сабатоски, кој останува во Обединети за Македонија и е наш почитуван и лојален член. Слободно можете да ги проверете листите низ интернет, затоа на крај од овој прес, доставуваме документ од  Државната комисија за спречување на корупцијата, достапен онлајн за граѓаните.Ние заедно со Владата работиме во интерес на земјоделците, се трудиме да ја поправиме оваа десетгодишна погубна политика на ДПМНЕ во овие и во другите сфери.Ова е доказ дека Мицкоски и ДПМНЕ наместо да ја прочистат и да ја реорганизираат партијата, да ја направат проевропска, со ваквите модерно-удбашки методи, го манипулираат народот и го лажат. Затоа порачуваме до ДПМНЕ: На ваквите модерно-удбашки методи нашиот народ не верува повеќе. Прочитани сте и очигледни во вашите намери“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
18300974_1648631935165304_7254538458709759171_n

Симона Спировска: Ми стигна прекршочната пријава, нема да делам ист печат со амнестираните

Активистката и актерка, Симона Спировска на својот Фејсбук профил објави дека и стигнала прекршочна пријава, но и дека истата нема да ја обжали. Таа додава дека ќе продолжи да ги негува идеалите и како што вели нема да дели ист печат со амнестираните и амнестирачите.„Во ова предновогодишно и амнестирање(пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.Грозен ви е злочинот, гадове!!!Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!Не сте само амнестирачи ами и соучесници.Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Мијалков, Јанакиески, Камчев и останатите излегуваат од „Шутка”

Вечерва или најдоцна до утре, од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанскиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”, пишува Судство.мк.Според нив причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата.Исто така оттаму велат дека дел од роднините на притворените со кои контактирале ја потврдиле веста и изјавиле дека очекуваат повик кога да ги пречекаат пред затворот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Izbori

Нов проблем: Ако со претседателските има и предвремени парламентарни избори, три земји може да побараат одложување на датумот за преговори

Ако напролет се организираат заедно со претседателските и предвремени парламентарни избори, Холандија, Данска и Франција може да побараат одложување на добивањето на датум за преговори во јуни идната година.Владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека иако во СДСМ и кај дел од коалиционите партнери преовладува ставот заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни избори, премиерот Зоран Заев бил против, бидејќи ќе ги закочело процесите за влез на Македонија во Европската унија, како и најавените реформи во економијата и во правосудството, а можно е да има отпор кај трите земји членки на ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tramp-vo-irak

(ВИДЕО) Ненајавена посета на Трамп и Меланија на Американските сили во Ирак

Американскиот претеседател Доналд Трамп со сопругата Меланија ненадејно пристигнаа во Ирак , во посета на воената база Ал Асад. Претседателот Трамп со оваа посета како да ја правдаше својата одлука за повлекување на американските трупи од Сирија, тврдејќи дека повеќето ќе почнат да размислуваат како него.„Мислам дека многу луѓе ќе почнат да размислуваат како мене. Време е да почнеме да ја користиме главата“, кажа Трамп во воздухопловната база Ал Асад која се наоѓа источно од Багдад. Тој со првата дама Меланија таму мина три часа со американските војници.Трамп истакна дека САД не планираат да ги повлечат војниците од Ирак, додавајќи дека таа база може да се користи за мисии во Сирија.Порача и дека нема да брза да номинира замена за Матис, првиот министер во неколку децении кој реши да се повлече поради несогласување со политиката на претседателот.Американскиот лидер поради одлуката за повлекување од Сирија, која ја донесе верувајќи дека милитантите на Исламска држава се поразени, го критикуваат неговите републиканци, демократите и меѓународните сојузници.Критичарите тврдат дека одлуката може да го поткопа американското влијание во регионот и дипломатските обиди за крај на конфликтот во Сирија кој трае веќе осум години.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Голем дефект на парно мрежата во Аеродром и Лисиче - граѓаните се без греење

Голем дефект на дистрибутивната мрежа предизвика испад на работата на топланите во 20:00 часот вечерва во скопските населби Аеродром и Лисиче.Според БЕГ, во моментот екипите го лоцираат дефектот, со цел истиот да се изолира и да се воспостави нормален хидраулички режим на системот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stojnce-stoilov

Манифестацијата „Спортист на годината“ за прв пат двојазична - Стојанче Стоилов демонстративно ја напуштил!

Вечерва во хотелот „Александар Палас“, се одржува церемонијата „Спортист на годината“ . За прв пат во историјата на ова доделување на награди, настанот се одвива двојазично.На ова реагирал легендарниот ракометар Стојанче Стоилов кој демонтративно си заминал од церемонијата.Социјалните мрежи вријат од позитивни реакции и честити до ракометарот, кој го прослави Македонскиот спорт.https://twitter.com/gorjan_d/status/1078000445661081600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078000445661081600&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2F%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b5-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b2-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bf%25d1%2583%25d1%2588%2F

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Министерот за култура Адеми: Парите кои ни беа доделени рационално ги искористивме за поддршка на реализацијата на проектите од Годишните конкурси

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура одржа прес-конференција на која направи пресек на проектите и активностите што се реализираа во 2018 година со поддршка од Министерството за култура, со посебен осврт на изминатите седум месеци од неговото назначување на оваа функција ..Тој информираше дека оваа година беа поддржани повеќе од 2 000 проекти, кои беа дел од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата и од конкурсите „Млади Европејци“ и „Нов културен бран“.Во своето обраќање пред новинарите, министерот Адеми посочи дека и покрај фактот што Министерството за култура за 2018 г. располагаше со буџет од 3 696 695 000 денари, кој со Ребалансот беше намален за 2,21 % и изнесуваше 3 614 695 000 денари, средствата беа рационално искористени за поддршка на реализацијата на проектите од Годишните конкурси, за капитални инвестиции, за поддршка на уметниците и за подобрување на условите за работа во институциите од областа на културата.Адеми информираше дека во текот на 2018 година беа формирани две нови национални установи, и тоа: „Гостиварски театар“, институција чија прва премиера се очекува следната година, и „Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија“ - Скопје, кој неодамна го реализираше и својот прв концерт. Адеми посочи дека од особено значење за културните работници е и одлуката со која од март следната година ќе се изврши нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, а на која се чекаше подолго од една деценија. Министерството и годинава продолжи со поддршката за уметниците во делот на месечните надоместоци за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход, и тоа за вкупно 109 уметници, а двојно беше зголемена и поддршката за Конкурсот за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри.Тој посочи дека во делот на капиталните инвестиции интензивно се работеше на веќе започнатите проекти, како: изградбата на новиот објект наменет за Театарот и Библиотеката во Тетово, изградбата на Театарот во Струмица, реконструкцијата на објектот што го користи Албански театар. Меѓу позначајните проекти кои беа завршени оваа година се проектите за: реконструкција на покривот на објектот на Драмскиот театар; реконструкција на покривот и санација на влезното фоаје на постојниот објект на Театарот во Прилеп; реконструкција на кровната конструкција на објектот кој го користи Театарот Комедија - Скопје; реконструкција на објектот на Центарот за култура во Кочани; реконструкција и санација на галерискиот простор Чифте Амам; санација, поправка и тековно одржување на објектот на Конзерваторски центар – Гостивар и други проекти.Во текот на 2018 година Министерството за култура даде поддршка за реализација на веќе етаблирани, но и нови фестивали, манифестации, проекти во продукција на националните институции, на другите корисници, како и за гостувањата на еминентни уметници и ансамбли од странство. Во тој контекст, Адеми ја спомна и реализацијата на околу 380 настани во рамките на конкурсите „Нов културен бран“ и „Млади Европејци“ со кои значително се збогати културната понуда во сите градови во земјава. Инаку, во рамките на Годишните конкурси за 2018 година, беа реализирани значајни проекти од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, музичко-сценската, издавачката и музејската дејност како и проекти од областа на заштитата на културното наследство и претставување на македонската култура во светот.Во врска со театарската дејност, Адеми посочи дека годинава се реализирани 22 театарски фестивали и манифестации во 11 општини, кои предизвикаа голем интерес кај публиката, а во театрите режираа повеќе еминентни режисери од земјава и од странство. Годинава помина и во знакот на одбележувањето на 70 години од формирањето на Националната галерија на Македонија во чии рамки се одржаа неколку ексклузивни настани, монографско-ретроспективни претставувања, архитектонски изложби, проекти кои се однесуваат на популаризација и стимулација на младите уметници, како и проекти наменети за лица од посебни категории. Во 2018 година Министерството за култура традиционално ја финансираше и програмата на големите фестивалски случувања кај нас: „Охридско лето“, „Мајските оперски вечери“, „Скопскиот џез-фестивал“, „Струшките вечери на поезијата“ и други, а беа поддржани и некои први фестивалски изданија, меѓу кои: „Бум фест“ кој ја афирмира забавната музика изведена на албански јазик, Поетскиот фестивал во Тетово, „Денови на Наим“, како и фестивали наменети за најмладите. Во делот на издавачката дејност, пак, беше поддржано издавањето на публикации, списанија, програми на здруженија, како и проекти од електронското издаваштво, објавени на македонски, албански и на јазиците на другите заедници што живеат во Република Македонија.Во делот на заштитата на културното наследство се реализираа 537 проекти кои се однесуваа на заштитата на движното и недвижното културно наследство, заштитата на аудиовизуелното наследство како и музејската и библиотечната дејност. Во делот на библиотечната дејност, освен проектите за збогатување на книжниот фонд, Адеми ја истакна и реализацијата на проектот на Стрип центарот - Велес за формирање библиотека со стрипови, која е единствена од ваков вид во земјава. Од областа на аудиовизуелната дејност, пак, истакна дека Кинотеката на Македонија беше примена во организацијата „Европа синема“, дел од Креативна Европа потпрограма на програмата Медија на ЕУ. Во рамките на меѓународната дејност, пак, беа реализирани проекти кои ги презентираа креативните потенцијали на уметниците и на ансамблите од Република Македонија во меѓународни рамки и ги афирмираа домашното творештво и културното наследство на нашата држава во Европа и во светот, како и учеството на манифестациите „Македонија во чест на св. Кирил“ и „Биеналето на архитектурата во Венеција“ и претставувањето на македонската литература на Саемите на книгата во Франкфурт, Тирана и во Пула на кој Македонија беше земја во фокусот, додека во Скопје беше потпишан и нов договор за соработка со Европската мрежа за литература и книги „Традуки“ за периодот 2019 - 2020 година. Од особено значење за промоција на нашата култура во САД и во соседна Бугарија се и проектите што се реализираа во Македонскиот културен центар во Њујорк и во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Што се однесува, пак, на соработката со УНЕСКО, министерот Адеми истакна дека и годинава посветено се работеше на промоцијата на активностите и иницијативите на оваа организација. Во тој контекст беше посочено дека во моментов интензивно се работи на подготовката на Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките на УНЕСКО околу „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“. Со цел зацврстување и збогатување на културната соработка, во Скопје беше отворен и Координативниот центар за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од ЦЕИ.Министерството за култура интензивно работеше и на законската регулатива во чии рамки беа донесени 6 закони, а во владина постапка се и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди со цел востановување на нова државна награда „Мето Јовановски“ за особени постигнувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права и Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Во тек е и изработката на Нацрт-законот за финансирање на јавниот интерес во културата за кој се одржани повеќе јавни дебати, како и подготовката на Нацрт-колективниот договор за културата, на чија подготовка интензивно работи посебна работна група. Во Министерството за култура активно се работи и на продолжување на процесот на децентрализацијата во културата.Што се однесува, пак, на активностите на Министерството за следната година, на крајот на денешната прес-конференција министерот Асаф Адеми информираше дека Министерството за култура следната 2019 година ќе располага со Буџет во висина од 3,1 милијарди денари (3 140 216 000 денари), средства од кои за самото Министерство се 215 милиони денари, додека за финансирање на дејностите од областа на културата се 2,9 милијарди денари.Адеми посочи дека Министерството за култура и следната година посветено ќе работи на реализација на утврдените проекти и на активностите во рамките на Годишната програма, која наскоро јавно и транспарентно ќе биде објавена во јавноста, потоа на спроведувањето на приоритетите посочени во Стратегијата за развој на културата за периодот 2018 - 2022 година, како и на поддршката на уметниците преку објавување на конкурсите за самостојните уметници и за младите таленти и дефицитарни кадри, конкурсите „Млади Европејци“ и „Нов културен бран“, но и на други нови конкурси со кои ќе биде збогатена културната понуда во земјава.Министерот за култура најави дека следната година Скопје и Република Македонија ќе бидат домаќини на два големи меѓународни настани: јубилејната 5-та Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог и Форумот за културна соработка на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина на министерско ниво.На крајот, министерот за култура Асаф Адеми им ги честиташе претстојните празници на присутните новинари и на сите граѓани во Република Македонија пожелувајќи им успешна 2019 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
lavina

Куче спасувач открило дете кое 40 мин било затрупано од лавина на француските Алпи

12-годишно момче е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под лавина на француските Алпи. Лавината го однела детето кое скијало заедно со родителите во планинското одмаралиште Ла План, во областа Савоја. Лавината паднала врз момчето откако тоа излегло надвор од обработената патека за скијање. После 40 минути, тоа било откриено од куче на спасувачите.– Тоа е чудо, затоа што момчето не носело апарат за сигнализирање за жртви на лавини. Речиси нема шанси за преживување под снег повеќе од 15 минути. Детето имаше голема среќа што кучето го пронајде, изјави претставник на спасувачите.Момчето, со скршена нога и многу уплашено, било пренесено во болница во Гренобл.

Свет | пред 7 години

7 год.
atanasovski-960x533

Адвокатот на екс директор на УБК Владимир Атанасовски, поднел барање за амнестија

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски поднел барање за амнестија. Адвокатот на Атанасовски, Јордан Апостолски вели дека со оглед на тоа што неговиот клиент е во притвор во затворот во Шутка, не успеал да се види со него и да се консултира, па барањето го поднел без негова дозвола, за секој случај. Адвокатот очекува да се видат утре и ако не се согласува со барањето, тој ќе го повлече.Атанасовски беше приведен на барање на обвинителката Вилма Русковска по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои во својата одбрана обелоденија дека упадот во Собранието го организирале структури од Управата за безбедност и контраразузнавање, на чие чело тогаш беше Атанасовски.Инаку денеска заврши доказната постапка за 27 април. Звршните зборови се закажани за 15 јануари 2019 год. Сеуште не се знае кој ќе одлучув по доставените барања за амнестија. Дали тоа ќе го прави судечкиот совет на чело со судијката која го води предметот, Добрила Кацарска или кривичен совет останува да видиме деновиве.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

17-годишно девојче прободено со нож во средното училиште „Арсени Јовков“

Вчера, околу 9 часот изутрина, од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ пристигнала пријава од полиција дека кај нив во раните утрински часови било донесено 17-годишно лице од Скопје со убодна рана во пределот на левото рамо, информираат од полицијата.Како што соопштија од полицијата, повредата ѝ била нанесена од 15-годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде што двајцата се ученици.Од МВР посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
meri

Мајката на Мери од с.Цер (Кичевско) моли за ќерката, потребна и е нашата хуманост, да стане од инвалидска количка!

Здраво хумани луѓе ширум светов!На Мери Тошевска (Китеска) и е потребна нашата помош, како што дојдовме до информација од нејзината мајка која е по потекло од с.Цер Кичевско направена е магнетна резонанса на глава и р’бет.Од Турција добиен е одговор дека воопшто не се работи за мултиплекс склероза туку за повреда на р’бетот. Заради ова Мери добива повик од УК Тракија од Едрене Турција за целосно испитување и за изведување на хирушки зафат кој ќе ја крене на нозе и повторно ќе може да функционира самостојно и без помагала.За оваа цел на Мери и се потребни 10.000€ кои ние треба да и помогнеме да ги собере.Ајде како и секогаш да ја покажеме нашата хуманост. Да и помогнеме на Мери да ја фрли инвалидската количка и да застане на свои нозе.Во тек е процедура за добивање на броеви за донирање, а во меѓувреме да не губиме време и да помогнеме колку што можеме.Во прилог се денарската и девизната сметка од Мери-Денарска СметкаМери Тошевска210700000644798НЛБ Банка АД Скопје-Девизна СметкаMeri TosevskaUl.Partizanska Br.55/4-1, BitolaIBAN Code MK07210501725644502NLB BANKA AD SKOPJEMajka Tereza Br.1MAKEDONIJASWIFT TUTNMK22Би Ве замолиле секој од вас да го сподели овој пост на својот профил, со цел да се рашири оваа вест, кој би бил во можност да придонесе..

Македонија | пред 7 години

7 год.
gulistana

„Пратениците да мислат на државата, а не на џебот!“

На сите луѓе им треба материјална сигурност, но морално кредо за секој политичар треба да бидат идеите за подобра држава, а не личните привилегии, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, за Дојче Веле.На стивнуваат реакциите по идејата за која ниедна партија засега не признава „авторство“, а според која, на пратениците по крајот на мандатот треба да им биде загарантирана државна работа.Претседателот на парламентот, Талат Џафери, одби да ја коментира идејата, сѐ додека не види конкретен предлог. Но, во неформален разговор со новинарите наведе дека во некои земји постпратеничкиот статус е регулиран со закон. Неговата забелешка дека „не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери“, дополнително ја вжешти дебатата во јавноста. Околу таквата можна привилегија на пратениците, разговаравме со пратеничката од првиот парламентарен состав, Ѓулистана Марковска. Таа има повеќе забелешки за таа идеја - од морален, од професионален и од законски аспект:„Апсолутно е неприфатливо пратениците како 'глас на народот' да бараат лични привилегии за вработување во државната администрација по завршувањето на мандатот. Самиот нивен избор за пратеници подразбира профил на личности со углед и успешна професионална кариера, поради која и биле изгласани. Идејата за евентуален таков предлог-закон најпрвин е срамна и за самите пратеници, а го урива и угледот на институцијата Собрание на Република Македонија. Второ и поважно, тоа би значело пренатрупување на, и онака зголемената и неефикасна администрација, која трпи критики дека не е во служба на граѓаните и со сегашниот состав, и дека е строго партизирана, огромна и неефикасна.“ДВ: Што би значело тоа за еднаквоста пред законот на пратениците од претходните собраниски состави, но и на сите граѓани кои немаат никакви привилегии од ваков тип?Марковска: Што се однесува до претходните собраниски состави, нормално е дека кај одредени лица ќе предизвика незадоволство или барање на истите привилегии, што не е добро ниту како практика ниту како вредносен систем за идните генерации. Тоа дефинитивно се коси со Уставот, според кој, сите граѓани се еднакви пред законот, што значи дека таа идеја е крајно проблематична и од законски аспект. Ова ме потсетува на еден многу лош период од претходното владеење, кога на одредена категорија луѓе наградно на лотарија им се гарантираше и даде вработување во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Тоа беше трагикомична ситуација и постапка, која сама за себе доволно зборува, за жал, за нашата администрација и начинот на кој таа „тежнее“ да се изедначи со европските вредности.Не е ли доволен периодот на апанажа, за да се снајдат на пазарот на труд оние кои на пратеничката функција можеби дошле без никаково работно искуство? Особено, што и периодот на апанажа кај граѓаните предизвикува критики, со став дека тој треба да се скрати или укине.Сегашниот период на апанажа од една година е доволен одредени пратеници или да се вратат на старите работни места, или отворат свој бизнис. Околу времетраењето на апанажата сметам дека три месеци се премалку, шест би биле доволни, а таа сега трае 12 месеци, што е дури и премногу.Извор: Дојче Веле

Коментари | пред 7 години

7 год.
tvrdina

Одложено судењето за предметот Таргет-Тврдина , одбраната бара а биде ангажиран технички советник од областа на информатиката

На барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, судењето за предметот Таргет-Тврдина се одложи за 29 јануари 2019 година .Адвоктот Шврговски побара одлагање поради исказите на сведокот на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски, зошто користел стручни термини, па не може да биде испрашан од одбраната.„Сведокот на СЈО Ѓорѓи Лазаревски не ја кажува вистината, а ниту одбраната ниту обвинетиот Сашо Мијалков не се стручни во областа на информатиката за да подготват квалитетни прашања за Лазаревски“, рече адвокатот Шврговски.СЈО на ова рече дека барањето е неосновано и дека има за цел одолговлекување на постапката.Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година без судски налог незаконски биле следени над 20.000 граѓани.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања