Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
tepacka-1-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Пуштете ме плукам крв“ - страшна тепачка во домот во Краљево

На социјлните мрежи се појави вознемирувачко видео од домот за деца во Краљево, на кое се гледа како едно момче малтретира и тепа друго со пцовки во една соба во домот.Тој го удира со нозе и на крј го фрла на подот.„Ќе те убијам како коњ, ќе те задавам. Удри го, удри го“ - се слуша на снимката.Тепаното момче успева да викне: „Немојте да ме чепкате“.„Леле, овој го уби. Дали некогаш го тепал вака? Подобро стани, ќе те убие, се слуша на снимката од трето лице на зстрашувачкото видео.Целиот настан го снима трето дете кое „ужива“ во гледката.

Свет | пред 7 години

7 год.
jaseni-butel

Во дворот на градинката ,,Бутел 2” засадени јасени

Засадени 15 јасени во дворот на градинката ,,Бутел 2”. На засадувањето присуствуваше и градоначалникот Велимир Смилевски кој истакна дека со оваа активност се продолжува и во наредниот период, се додека има поволни услови за садење, како знак на придонес во зачувувањето на животната средина на граѓаните.

Скопје | пред 7 години

7 год.
plazi-ezero

Владата размислува за одземање на дел од надлежностите на Охрид и Струга од крајбрежниот појас на езерото

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој додаде дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
silegov-3

Шилегов во посета Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари

Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица, и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина.Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.Децата кој го посетуваат Дневниот центар за присутните гости рецитираа и пееја песни.На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменик-министерот за Труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
rosoman-1

Со донација од ФООМ ќе се прошируваат капацитетите на градинките во Крива Паланка и Росоман

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со Фондацијата Отворено Општество-Македонија, општините Крива Паланка и Росоман, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за проширување на капацитетите на градинките во овие две општини.„Предучилишното образование е клучно за раст и развој на децата. Токму затоа правиме напори да вклучиме што повеќе дечиња, односно да ги прошириме капацитетите на градинките и тоа со повисоки стандарди, а истовремено и да го подобриме квалитетот на предучилишното образование и да го зајакнеме кадарот во градинките“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Во рамки на оваа соработка МТСП обезбедува околу еден милион денари за опремување на новиот простор на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка и над 500 илјади денари за опремување на адаптираниот простор во општина Росоман. Буџетот на Министерството за следната година за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е зголемен за 300%.„Сакаме да ги поддржиме општините во нивните напори да обезбедат што поголем број на опфат на дечињата во предучилишно образование. Свесни сме дека деца коишто посетуваат предучилишно образование има многукратно поголеми шанси за подобар развој“, изјави Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на ФООМ.Фондацијата Отворено Општество-Македонија донира вкупно 40 илјади долари за проширување на капацитетите во двете градинки во Крива Паланка и Росоман. Со овие средства ќе се изведат градежно-занаетчиските работи за адаптирање на дополнителни простории, со што ќе се зголеми опфатот на деца.„Реално Општина Крива Паланка има проблем со капацитетите за сместување на децата со предучилишна возраст. Со средствата од овој проект ќе бидат адаптиран и приспособен објект од ЈОУГД „Детелинка“ со што делумно ќе го надминеме долгогодишниот проблем“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.„Благодарение на финансиската поддршка што ја добиваме од МТСП и ФООМ ќе ги прошириме капацитетите и целосно ќе го опремиме новиот простор на градинката „Праскичка“, што е долгогодишно барање на жителите на Росоман“, изјави градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sekerinska-arm-2

(ВИДЕО) Шекеринска: Армијата ја подмладивме за 375 нови професионални војници

Нови 130 војници од денеска се дел од професионалниот состав на Армијата на Република Македонија. На свеченоста во касарната „Илинден“ на третата класа нови професионални војници за 2018 година им се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Васко Ѓурчиновски и заменикот - министер Беким Максути.„Добредојдовте во Армијата на Република Македонија. Вие сте уште еден доказ дека за нас зборот е навистина збор, дека она што сме го најавиле, знаеме да го исполниме. Најавив дека 2018 година АРМ ќе се подмлади и ќе се засили со 375 нови професионални војници. Вие ќе бидете новата енергија, новиот мотив, новиот капацитет на Армијата на Република Македонија. Ќе бидете уште еден доказ и уште една причина за сигурноста, безбедноста и спокојството на граѓаните на нашата татковина“, рече министерката.Шекеринска истакна дека Македонија ги сруши бариерите, ја доби поканата за членство во НАТО, ги започна и заврши пристапните разговори. „Поканата за НАТО е нашиот најголем успех годинава за одбраната и државата, a за мене драг успех е решавањето на еден од долгогодишните проблеми, проблемот со елементарната и логистичка поддршка, проблемот наречен чизми и униформи“, рече министерката. Таа информираше дека испораката на 7.000 пара чизми до секој припадник на Армијата е започната, а потпишан е договорот за 14.000 нови униформи, односно по два комплета за секој војник.Осврнувајќи се на 2018 година, Шекеринска рече дека платите оваа година конечно беа зголемени за 10 проценти, и дека 5 - процентно зголемување се планира и за идната година. Буџетот, рече, беше зголемен 15 проценти за 2018, ќе порасне 33 проценти во 2019 година.„За сите наши планови, за сета модернизација, опрема, подобрување на условите за вашата работа, потребни се пари. Затоа, и за оваа и за идната година покажавме дека не отстапуваме од зголемување на одбранбениот буџет. За одбраната и армијата повеќе пари ќе има и во иднина. Ве уверувам дека наш вистински приоритет е да ја постигнеме НАТО - целта, 2 проценти од бруто-домашниот производ да се издвојуваат за потребите на одбраната, а тоа значи пред сè за потребите на АРМ. Тоа го правиме не затоа што НАТО истото го бара од земјите-членки, туку затоа што вие, затоа што армијата, затоа што одбраната на државата тоа го заслужува. Овие средства се начин како вие да бидете поуспешни во вашата работа, како Македонија да спие мирно, а вие спокојно да ја вршите вашата обврска“, рече Шекеринска.Министерката истакна дека во однос на етничката структура, Армијата ја претставува Македонија, онаква каква што е - етнички разнолика и побогата земја.„Меѓу вас и вашите колеги кои беа примени оваа година има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи. Оваа разноликост е нашата уникатна предност и на Македонија, но и на АРМ, затоа што секој од вас носи различно искуство, традиции, но ги споделува истите вредности, истиот мотив и истата желба, да се биде дел од развиениот свет... Разноликост имаме и во однос на полот - од вкупно 375 професионални војници, 48 се припаднички на женскиот пол“, потенцираше министерката.Со приемот на оваа, 3-та класа професионални војници, во целост се реализираше планот за прием на 375 професионални војници во Армијата во 2018, со што директно се влијае на намалувањето на просечната возраст на припадниците на АРМ и тоа за цели три години, но и на нејзината поголема функционалност и нејзините капацитети за да го гарантираат она што е најважно за граѓаните на Македонија - сигурноста, безбедноста, стабилноста.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Измените на кривичниот зконик поминаа кај пратениците

Собраниската Комисија за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозиснтво, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.Со овие измени, обвинетите за овие дела можат да минат и со условна казна.„За“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата.

пред 7 години

7 год.
mvr

Одделенска наставничка влечела дете за раката, со цел да го изнесе надвор од училницата

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од неговата наставничка. Вчера во 12:30 часот 43-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на 25.12.2018 година околу 08:30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kombe_avtobus

Судир помеѓу училишен автобус и полициско возило во Грачаница, повредени 9 деца

Возило на косовската полиција удри во автобус кој превезувал ученици од српска националност од село во близина на Грачаница, при што се повредени девет деца кои се надвор од животна опасност. Во несреќата се повредени и двајцата полицајци кои биле во полициското возило.Несреќата се случила утрово во шест часот и 30 минути, а во првичната информација која ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на портпаролаката на косовската полиција Флора Ахмети, беше кажано дека се повредени 21 ученик.Началникот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека несреќата се случила во близина на кружен тек во Грачаница и дека возилото на косовската полиција удрило во автобусот кој превезувал деца за во училиште.

Свет | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО поднесе обвинение против седум македонски државјани за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против седум македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно лице се терети и за сторено кривично дело Терористичка организација по член 394-а став 2 од Кривичниот законик. Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на претходни акции познати во јавноста како Ќелија 1 (август 2015) и Ќелија 2 (јули 2016), но беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници.Обвинетите како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале за Сирија каде се обучувале и учествувале како борци на ИСИС. Освен што учествувале во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, користејќи ги социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица да учествуваат во паравоени формации надвор од Република Македонија. Обвинетиот на кој му се ставаат на товар две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.Во август годинава обвинетите се предадени на македонските органи на прогонот откако беа лишени од слобода во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили.Ценејќи дека сѐ уште постојат законските основи поради кои на обвинетите им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетите.

пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО достави предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.Лицето се товари дека на 10.12.2018 година, во состојба на непресметливост, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка. Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба.Предлогот за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување на сторителот во здравствена установа се темели на наодите од прибавениот вешт наод и мислење од вешто лице од областа на психијатријата. Со овој наод се констатира дека обвинетиот во моментот на извршување на делото бил во состојба на непресметливост како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dogovor

(ВИДЕО) Потпишан договор помеѓу Министерството за здравство, Изрел и Фондот за иновации и технолошки развој

Министерството за здравство, Државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа трипартитен договор, во областа на здравствената заштита. Договорот носи стратешки план за соработка во областа на здравствената заштита, а целта е промоција и имплементација на иновации и развој во областа на здравството.„Со овој навистина плоден договор ќе се овозможи делување во повеќе области, како што се: тренинг на здравствени работници за итна медицинска помош, едукација во областа на биоинформатика, биостатистика и клинички испитувања. Едукација и размена на експерти од сферата на трансплантација и ехо, со што веќе имаме прелиминарен договор со болницата Рабин Центар во Тел Авив за време на нашата посета, како и Универзитетот Бар Илан за размена на наши доктори и експерти, кои ќе одат и престојуваат во тие болници и ќе учат од врвни експерти од областа на трансплантацијата. Станува збор за опрема и материјали со кои ќе се подобри енергетска ефикасност на болниците. Се што му е неопходно на здравствениот систем во Македонија“, истакна министерот Филипче.Министерот Филипче, во своето обраќање додаде и дека ќе се спроведе ефективна здравствена едукација, соработка помеѓу Универзитетите на Република Македонија и државата Израел, едукација за здравствен персонал во повеќе иновативни области, како и набавка на опрема, но и помош во вид на донација од израелската страна за здравствените установи во Битола и Скопје.За овој договор се обезбедени 100 илјади долари од Фондот за иновации и технолошки развој и 104 илјади долари од Министерството за надворешни работи на Израел, а истите преку Израелска амбасада во Македонија ќе се искористат за спроведување на овој Договор и стратешки план.„Среќен сум што се наоѓаме на место од коешто ќе започнеме одлична соработка во областа на здравството. Се надевам дека побрзо ќе започнеме со активностите. За нас, во здравствениот сектор ние гледаме многу различни потенцијали. Потенцијалот за стратешко партнерство во здравствениот сектор е огромен“, рече амбасадорот Ориан и додаде дека е среќен што ќе почнат соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.Амбасадорот Ориан истакна дека во Израел ги туркаат напред иновативните елементи на ова партнерство и се надеваат дека понатаму ќе имаат неколку заеднички проекти, вклучувајќи и проект за чист воздух, заедно со Министерството за здравство и други министерства.„Здравството е едно од најважните области во коешто можеме да соработуваме и да најдеме заеднички јазик во ова партнерство“, кажа амбасадорот Ориан.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски информираше дека овој меморандум за соработка ќе отвори врата за влез на иновации и развој во многу значаен сегмент, а тоа е јавното здравство.„Со овој меморандум, се отвора врата за примена на иновации во јавното здравство. Клучен партнер ни е државата Израел како една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво. Сакаме да го искористиме потенцијалот на преку 1400 компании и организации од оваа земја кои работат на развој и примена на иновации во здравството и биотехнологијата и нивното искуство и експертиза да им го пренесат на македонските колеги. Примената на иновации во јавниот сектор ќе придонесе кон негова поголема ефикасност, но и зголемен квалитет на услугите“, потенцираше директорот Деспотовски.Првиот дел од овој проект се реализира преку донација од 48 специјални колички за деца, кои изминатиов месец беа донирани од Израелската амбасада низ јавните здравствени установи во Република Македонија. Во следниот период, односно во следните 5 години, уште поинтензивно продолжуваме со соработка со нашите пријатели од Израел.

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-22

(ВИДЕО) Анѓушев: Во 2019 започнуваме сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура

Во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата на Република Македонија со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот во Република Македонија.Во рамките на оваа средба заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев имаше свое обраќање пред присутните гости во кое ги сподели очекувањата и плановите на економските ресори за 2019 година и постигнатите резултати на економски план за годината што изминува.Во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во севкупниот раст на бруто домашниот производ.„Покрај автопатот Кичево - Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип - Радовиш, се гради Штип - Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје - Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари. Преку Законот за енергетика ќе се отвори простор за инсталација на 200 мегавати фотоволтаици кои ќе бидат распишани во две фази, првата ќе биде во првиот квартал во 2019“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.Вицепремиерот Анѓушев посочи дека со овие активности кои што се во тек, во 2019 започнува еден сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура кој на месечно ниво се очекува да има реализација од околу 50 до 60 милиони евра што ќе го подигне градежништвото на ниво на кое заедно со приватните градби ќе генерира раст.„Градежништвото ќе го вратиме во нормален колосек имајќи во предвид дека 16 нови фабрики се градат и најавите на индустријата да го задржи континуираниот раст“, посочи вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање пред претставниците на бизнис заедницата во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
6-2

Кои независни пратеници гласаа „ЗА“ измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка?

Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова и Зекир се дел од независните пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои вчера гласале измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка.Одлуката за усвојување по скратена постапка ја поддржаа вкупно 66 пратеници, а само 18 беа против. Овие 18 пратеници се од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германската влада сака да воведе верски данок за муслиманите

Политичарите од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција предложија воведување на верски данок за муслиманските верници, сметајќи дека така полесно ќе овозможат независно финансирање на работата на џамиите во Германија.Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата, а потоа го префрла на религиозните власти.Освен претставниците на владејачката коалиција, наклоност кон планот за данок за џамии има и кај дел од муслиманските верски лидери, чие очекување е дека „во иднина сите потреби на заедницата ќе можат да бидат покриени од нејзините членови.“

Свет | пред 7 години

7 год.
1-16

Заев: Силно го поддржуваме спортот, спортистите се пример на сите нас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше и се обрати по повод свечениот настан „Спортисти на годината 2018“ кој го организираше Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации. На овој настан беа присутни спортисти, спортски работници, претставници на спортските федерации, како и поддржувачи на спортот.„Навистина е величенствен чинот, преку ваквите спортски награди, да ја завршиме оваа 2018 година, со надеж за уште поголеми успеси во годината која што доаѓа. Мене ми е драго да бидам предводник на извршна власт, којашто има силна мотивација, да вложи сериозни пари и веќе вложува сериозни пари во поддршка на спортот, затоа што веруваме дека идоли за сите нас, сте токму вие спортистите од нашата земја. Затоа, она што до сега го правиме, со вложување сериозни и квалитетни средства во федерациите и спортските клубови и продолжуваме да растеме со буџетот.Следната година имаме дополнителни 6 милиони евра, ваучерскиот систем стартува од јануари 2019 година, што дополнително значи нови 6 милиони евра за сите спортски клубови.Во Буџетот кој што помина пред некој ден, 75 милиони денари се веќе предвидени за изградба на Домот на спортовите.Уште во јануари и февруари, сите ве поканувам да ја направиме Националната стратегија за спорт, а при крај се фазите на одлуки, кои што треба да донесат, сите спортски објекти коишто беа под Јавното претпријатие за стопанисување со спортски терени и објекти, да бидат наменети да бидат доделени на федерациите и општините за да може да ги користат сите спортисти.Ова го зборувам од срце, заради тоа што сакам навистина, да мотивирам сериозни цели и успеси. Ние се радуваме на секое наше учество, на секој наш спортист, на секој спортски клуб, национален тим.Македонија ве бодри секаде и тоа е најмалку што можеме да направиме, затоа што дефинитивно вие сте нашите најголеми амбасадори.Ви благодарам од името на граѓаните на Македонија, што ни ја претставувате нашата убава земја“, изјави Заев.За најдобар спортист за 2018 година е избран каратистот Емил Павлов, европски првак во карате-борби категоријата до 60 килограми и прв шампион од Македонија во еден олимписки спорт, додека за најдобра спортистка е прогласена ракометарката Сара Ристовска која со РК Вардар имаше настап на фајнлфор турнирот во Лигата на шампиони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

11 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Во текот на изминатиот ден (26.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета.Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: девет затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување и двајца поради неносење пропишана зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка на патот Струга - Дебар, едно лице со тешки телесни повреди

На 27.12.2018 година во 02,50 часот, на регионалниот пат Струга - Дебар, кај крстосницата за село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(37) од село Ново село, струшко, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од село Велешта.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi

Одземени 7.435 парчиња пиротехнички средства во Охрид

Вчера при извршен претрес во домот на А.С.(31) на улица „Ристо Чадо“ во Охрид, пронајдени и одземени се околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-1

Без струја дел од Кисела Вода

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денес без електрична енергија ќе останат:Од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од ул.Саса 2 – ул.1513 (опш.Кисела Вода – Скопје);Од 9:00 до 11:00 часот корисниците од дел од улиците Марко Орешковиќ и Димо Хаџи Димов околу бреви 105-113 (опш.Кисела Вода – Скопје).

Скопје | пред 7 години

7 год.
132819825-171591

МИОА ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план

Министерството за информатичко општество и администрација ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план.„Со цел подготовка на овој документ МИОА во почетокот на јануари годинава формира четири работни групи, односно работна група за обезбедување на подобра координација на процесот на мапирање на територијата на РМ со постоечки и планирани идни бродбенд мрежи од операторите, работна група за утврдување на слободни капацитети и нивно идно користење кај постојни електронски комуникациски мрежи и средства изградени со јавни средства, работна група за утврдување мерки и активности потребни за воведување на 5G мобилна технологија и работна група за утврдување предлог мерки за потикнување и зголемување на интересот на граѓаните за користење на бродбенд.Во работните групи учествуваа преставници од државни органи и тела, регулаторни тела, универзитети, општини, оператори, стопански комори, јавни претпријатија, приватни компании итн.За подготовка на Националниот оперативен бродбенд план беше добиена и TAIEX техничка помош.Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ, па во таа насока произлегува обврската за усвојување на Национален оперативен бродбенд план кој ќе биде усогласен со стратешките цели на ЕУ.Во подготовката на Националниот оперативен бродбенд план земени се во предвид препораките и регулативата на ЕУ за развој на следните генерации бродбенд мрежи, препораките за користење на државна помош за развој на бродбендот, стратегијата на ЕУ од 2018 година за проширување со земјите од западен Балкан , извештаите на ЕУ за развој на бродбенд пазарите, извештаите од меѓународни институции за развојот на електронските комуникации во регионот (Светска Банка, итн), извештаите и искуството од земјите членки на ЕУ во користењето на државна помош за развој на бродбендот, итн.Националниот оперативен бродбенд план како наследник на Националната стратегија за развој на следна генерација широкопојасен интернет ги утврдува националните бродбенд таргетите кои треба во идниот период да се достигнат и утврдува мерки и активностите за достигнување на истите.Министерството ги повикува сите заинтересирани страни да ги достават своите коментари и забелешки најдоцна до 20-ти јануари.Исто така, работната верзија на документот ќе биде испратена и до Европската Комисија, за нивни коментари и забелешки, по што ќе се пристапи кон финализирање на Националниот оперативен бродбенд план“, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Венецуела побара од Русија да и помогне во истражувањето на златото и неговата експлоатација

Венецуелските власти им понудија на руски компании да учествуваат во истражувањето злато и негова експлоатација во таа земја, изјави рускиот амбасадор во Каракас, Владимир Заемски.– Што се однесува на учеството на Русија во рударењето злато и други рударски проекти, Венецуела направи широк спектар интересни предлози кои сега ги разгледуваат заинтересираните руски оператори – изјави амбасадорот.Заемски додаде дека Каракас е многу заинтересиран за соработка со Русија во секторот на истражување цврсти ресурси кои можат да се екстрахираат, вклучувајќи злато, дијаманти и колтан, кој се користи за вадење елементи како што се ниобиум и тантал.Освен докажаните нафтени наоѓалишта, кои се сметаат за најбогати во светот, Венецуела е богата и со природни ресурси како што се дијаманти, злато, железна руда, алуминиум, боксит, природен гас. Според извештајот на Светскиот совет за злато, објавен во јуни, Венецуела има 150 тони златни резерви.Венецуела се одлучи да побара помош од друга земја поради актуелната економска криза и американските санкции.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Измена на Законот за јавни претпријатија - секој директор ќе добие свој заменик

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.Оба ви значело дека секој директор ќе има заменик кој ќе вработи свој кабинет, а плус за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно.Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради негрижата на властите за загадениот воздух, во Македонија умираат околу 3.000 лица

Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат оти Заев и СДСМ покажале дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух.Наведуваат дека министрите и градоначалниците немаат мрднато со прст за да го решат горчивиот проглем, а како што велат, Заев, Макрадули, Шилегов и СДСМ треба да знаат дека поради нивната негрижа околу 3.000 лица во Македонија умираат поради загадувањето.„Единствено што прават е спиење во собраниските клупи, играње игрици на мобилен и промовирање на лажни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. На граѓаните едноставно им останува да се молат да дувне ветер или да заврне дожд зошто само на таков начин можат да подишат барем малку почист воздух“, стои во партиската реакција.Додават и дека граѓаните се директна жртва на негрижата на власта.„Болниците низ државата секојдневно се полнат со пациенти кои страдаат од срцеви и белодробни проблеми настанати како последица на загадувањето. СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните на Република Македонија. Тие се заинтересирани како само расипнички да го трошат буџетот на државата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМЕ.Според опозициската партија, колкава е грижата на СДСМ за животната средина покажува фактот дека само 1,6 милиони евра се издвоени за цела 2019. година за зштита на животната

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagaden-vozduh

Што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?

Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.Што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?ПМ 10 честичките се мали честички кои го загадуваат воздухот. Многу се мали и во себе го содржат целиот отров кој го испуштаат фабричките оџаци, возилата, електроцентралите итн. За да ја сфатите нивната големина треба да знаете дека во точката на крајот од оваа реченица собира неколку илјади такви честички. Тоа што се толку мали им овозможува да пробијат секаде во човечкото тело, а најопасно е кога ќе навлезат во белите дробови. Толку се мали што телото никако не може да се одбрани од нив и штом нападнат, секако навлегуваат во нас. Не им е проблем да стигнат и во најдлабоките делови на белите дробови.Зошто се ПМ 10 честичките толку лоши?Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до некоја од следниве последици:Прерана смртСмрт како последица на дишење воздух со премногу честичкиПроблеми со дишењетоАстмаСилно кашлањеБолки при дишењетоХроничен бронхитисНамалена функција на белите дробовиПроблем да се земе здивЗголемување на ризикот од срцев ударЗголемување на ризикот од заболување од ракЗголемување на ризикот од аномалии кај новороденчињатаШто се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?Кој е изложен на најголем ризик?Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја кажува дека сите се изложени на ризик, но најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.1. Децата страдаат поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ 10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, белите дробови може да не се развијат како што би можеле кога воздухот би бил чист. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување од астма.2. Постарите луѓе страдаат од загадениот воздух на начин што умираат порано. Пред да се соочат со смртта како последица од загадувањето, тие почесто ќе го посетуваат лекарот.3. Луѓето кои имаат проблеми со респираторни или срцеви заболувања имаат потреба од исклучително здрав остаток од животот, но загадениот воздух не им го овозможува тоа. Тој предизвикува симптомите на нивната болест да се засилат и да им ја влошат состојбата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања