Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
SJO

СЈО ја губи смислата на постоењето, правдата никогаш не дојде

Власта не се откажува од спорните измениОвие одлуки се носат во време кога власта во Собранието турка измени на Кривичниот законик со кои се проценува дека половина од случаите на СЈО паѓаат во вода. Засега на комисиска расправа помина само спорниот член 275-в кој се однесува на злоупотреба на јавните набавки. Со него би им се намалиле казните на дел од осудените во предметите на СЈО, поконкретно во предметот „Труст“, во кој се осудени на затворска казна бизнисменот Сеад Кочан и синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василие.Декларативно, пред крајот беа повлечени спорните измени на членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службена положба при јавна набавка, а за кој пратениците велат дека бил донесен од претходната власт и дека се користел за политички пресметки. Ако се издејствува донесување на овој член, ќе се обезбеди намалување на казните во осум случаи на СЈО. Пратениците не се откажуваат од идејата да се смени овој член, само што вчера констатираа дека за тоа им е потребна поголема дебата во јавноста.Со овие измени власта би ги обезбедила пратеничките гласови што фалат за уставните измени. Гласовите би се обезбедиле од пратеникот Зекир Рамчиловиќ, кој е близок со бизнисменот Сеад Кочан, пратеничката Владанка Авировиќ и ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, која е обвинета во случајот „Тендери“. Се очекува четвртиот глас да го обезбеди пратеничката Емилија Александрова, која е во роднински врски со Сашо Мијалков.СЈО стана едно големо шоуВо ваков сплет на околности, кога поранешниот премиер Никола Груевски ѝ избега на правдата, кога од затвор се пуштаат функционерите кои сегашната власт ги претставуваше како олицетворение на криминалот и кога се интервенира во закони што ќе влијаат врз случаите на СЈО, дел од јавноста го проблематизира постоењето на оваа институција која требаше да ја донесе правдата. За професорката Мирјана Најческа која беше дел и од „Шарената револуција“ последниот чекор на СЈО е удар на се она што претставуваше макотрпна и долга борба на граѓаните за промена на системот. Според неа, со овие постапки обесмислува институција и се создава впечаток дека е едно големо шоу и парада, која треба да го замајува граѓанството.„Со овие постапки СЈО се бламира и се девалвира и дефинитивно ја губи довербата на граѓаните. Доколку навистина се формира СЈО, кое сакаме да го озакониме како посебно структура која ќе се бори со организираниот криминал, со неказнивоста на високи функционери во власта една ваква постапка, уште пред да почне да дејствува во новите законски рамки, го претставува како политичка алатка и го обесмислува неговото постоење. Ваква една постапка претставува самоукинување, саморазрешување на СЈО и навистина не гледам причина зошто би постоело“, вели Најческа.Повеќе прочитајте на Независен весник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Репортери без граници: Годинава 63 новинари го загубија животот додека ја извршувале својата работа

Според извештаите на Комитетот за заштита на новинарите и Репортери без граници, рааботата на новинарите станува се поризична и поопасна, а слободата на медиумите е во се поголема опасност. Според извештаите во пораст е и апсењата на новинарите .Годинава дури 63 новинари го загубиле животот додека ја извршувале својата работа. Се зголемил бројот и на новинари кои се киднапирани или уапсени додека ја извршувале својата работна задача, како и заканите врз нив, па експертите сметаат дека е време за тревога.Двете организации предупредуваат дека годинава.– Новинарите во демократските земји се загрозени, па и репортерите во земјите без конфликт плаќаат данок за своето известување, истакна Марго Јуен од Репортери без граници.Довербата во медиумите во САД е на најниско ниво, што за некого тоа претставува илустрација на глобалната ерозија на медиумската слобода.Единствената позитивна вест за „седмата сила“ доаѓа од Етиопија. Oткако новиот премиер Абиј Ахмед спроведе демократски реформи ниту еден новинар не е уапсен првпат по 14 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
fond-penzisko-piom

Заев: Законот за ПИОМ, овозможува стабилизирање на дефицитот во Фондот

Претседателот на Владата го објасни и значењето на законите за ПИОМ и на економските закони, за коишто целта е да стапат на сила од 1 јануари.„Законот за ПИОМ има импакт од 1 јануари, овозможува стабилизирање на дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, рече премиерот Заев“, додавајќи дека кон тоа ќе придонесе и очекуваното зголемување на бројот на вработени.Премиерот Заев посочи дека импактот од правичното оданочување треба да се гледа од агол на тоа што се добива, „грубата бројка е 25 милиони евра, додадовме 12 и станаа 37 милиони евра, што ќе ги вратиме на социјалата.“ Тука премиерот Заев го посочи драстичното зголемување на бројката корисници на детски додаток, како и на корисниците на социјална помош.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_2423

(ВИДЕО) Заев најави дека до крајот на 2019 година треба да биде отворен граничниот премин Клепало

Премиерот Заев најави дека очекува до крајот на 2019 година да биде отворен граничниот премин Клепало, за што рече дека е радосна вест за граѓаните на Берово, Делчево, Штип и пошироко во источниот регион, со оглед дека беше најавен за крајот на 2020 година.„Македонија ги има обезбедено сите финансиски средства и верувам дека до крајот на 2019 година, ќе имаме можност да го пуштиме преминот во употреба“, рече премиерот Заев.Тој оцени дека граничниот премин Клепало е одраз на пријателството и Договорот со Бугарија и дека е од огромно значење и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија. Соопшти дека постои подготвеност за реализација и од бугарска страна. Дека се работи на заокружување на изведбата на инфраструктурата од двете страни.- Планираме да направиме и one-stop-shop, за побрз проток на стоки. Коридорот 8 ни е многу важен. Очекуваме економски перспективи на овој регион и од македонска и од бугарска страна, рече премиерот Заев.Тој посочи дека отворањето на граничниот премин за граѓаните од овој дел од Македонија, ќе значи нови фабрики и можности за поголем пласман на земјоделските производи, како и развој на туризмот, за што е заинтересирана и Бугарија.Премиерот Заев најави дека дополнително се работи и на комплетирање документација за уште една гасоводна линија, дека олеснувањата со роамингот меѓу двете земји се во завршна фаза, дека се работи на набавка на електрична енергија за двете земји, како и на нови гранични премини меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција.„Мислиме дека брзо ќе бидеме членка на ЕУ, треба да отвориме инфраструктурни перспективи на граѓаните, тоа ќе значи и повеќе пари и споделување култура и традиција, а тоа ќе значи и европеизација на Македонија“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izraelci-2

Израелска компанија сака да инвестира во македонското земјоделство

Министерот без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции Бардул Даути, придружуван од Никица Бачовски, посебен советник на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, во Владата на Република Македонија се сретна со претставници на израелската компанија „Даган“, фирма со над триесет годишно искуство, специјализирана за земјоделски проекти и еден од водечките провајдери на иновативна технологија во земјоделската дејност.Министерот Даути на средбата ги презентираше можностите коишто ги нуди Македонија за потенцијалните инвеститори запознавајќи ги со Планот за економски раст и транспарентната програма која силно ги поддржува компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава.Владините претставници потенцираа дека за инвеститорите е обезбедена правната сигурност и стимулирање и поддршка на странските и домашни компании на транспарентен и недискриминирачки начин, која го опфаќа и аспектот на понудата на државно земјиште наменето за инвестиции како и можноста за користење на ИПАРД фондовите, како и субвенциите обезбедени од Буџетот на Република Македонија.Претставниците на „Даган“, кои првично се заинтересирани за инвестиција вредна околу 30 милиони евра, која би обезбедила најмалку 100 нови работни места, ги изложија своите интереси за вложување во областите на автоматизација на земјоделството, особено во областа на пластеници, расадници, т.н зелени куќи, тунели и отворени полиња. Тие ги запознаа владините претставници со системите за третман на води и системи за наводнување под притисок кои оваа компанија.Претставниците на израелската компанија изразија задоволство од средбата и изразија подготвеност за повторна посета на Република Македонија за прецизирање и интензивирање на соработката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3S3A4897_

(ВИДЕО) Поделени над 100 топли оброци на луѓето кои немаат свој дом

Новогодишните и божиќните празници се вистинска причина за да подариме насмевка на сите на кои им е потребна. Предновогодишната магија и радост е значајна за целото општество, тоа нѐ одржува сите во живот. Изворот за среќа и радост се малите гестови кои исполнуваат со позитивни чувства и среќа. Често тоа е само подадена рака и топол оброк.„„Топол оброк за студени денови“ е акција која ги стопли срцата на луѓето кои немаат свој дом. Ресторанот и центарот за настани  Аликас, чија приказна претставува извор, е место каде понира љубовта, среќата и добрината. Посветени на својата мисија и со надеж дека ќе поттикнат поголема мотивација во заедницата, тие им дадоа поддршка на тие на кои што им е најпотребна.Поделени беа над  100 топли оброци низ целиот град пренесувајќи дека сите имаат поддршка од општеството и заедницата. Тимот ја посети и црквата св. Ѓорѓија во населбата Ѓорче Петров каде што секојдневно доаѓаат лица на кои што им е потребна таа помош и кои се сведоци на човековата добрин“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivanob-pred-makedonskoto-sobranie-696x479

Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денес ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието.Годишното обраќање ќе биде во рамките на 73. Собраниска седница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нова книга по повод 25-годишнината од приемот на Македонија во ОН

По повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: “Macedonia at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (1993-2018)” од авторот Неџад Мехмедовиќ.Книгата претставува зборник на вкупно 26 официјални документи на англиски јазик од обраќањата на македонските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на 4 претседатели на државата, 2 претседатели на владата и 5 министри за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 2018 година.М-р Неџад Мехмедовиќ (Скопје, 1985) е политиколог и историчар вработен како асистент-истражувач во Институтот за национална историја во Скопје. Негово поле на научен интерес се јавните политики, меѓународните односи, миграционите движења, човековите права, историјата и османистиката. Автор е на вкупно четири книги и на над дваесет статии од различни научни области од општествените науки на македонски, англиски, босански и бугарски јазик.Книгата може да се купи во книжарниците во Скопје, a истата ќе биде достапна и на www.amazon.com од почетокот на 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4387821211256507175884946732267301250269184n-620x350

Исчезна младо момче кое било вработено на крузер

Се трага по исчезнато младо момче кое било член на екипажот на крузерот „Хармонија на морето“ кој исчезна за Божиќ.Ерон Хју (20) бил танчер, музичар и глумец кој учествувал на мјузикл на бородот. Тој не се вратил на бродот на 25 декември, според изјавите на вработените.https://www.facebook.com/arron.hough.3/posts/1160621024091463Компанијата „Royal caribbean international“ потврдила дека тој ја пропуштил изведбата која била закажана за Божиќната вечер.„Ве известуваме дека по претресот на бродот и прегледување на снимките од сигурносните камери заклучивме дека тој последен пат е виден на бродот околу 16 часот по локално време“, велат од компанијата.Ерон објавил таинствент твит пред да исчезне, кој гласи:„Под вода е убаво. Секогаш погледнете под провршината, пред да донесете одлука.“Неговото исчезнување предизвика голема потрага, но се уште без успех.https://www.facebook.com/arron.hough.3/posts/1157694041050828

Свет | пред 7 години

7 год.
sudenje

Собраниските вратари добија амнестија, еве кои обвинети за 27 април станаа слободни граѓани

Кривичниот суд досега додели амнестија на вкупно 12 лица за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.Меѓу амнестираните се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски . Тие се првите амнестирани, потврдуваат од Кривичниот суд.Освен пратениците , амнестија добија и вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски.Амнестија добија и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски, изјави за 24 ТВ претседателот на судот Иван Џолев..Утрово од Основниот суд Скопје 1 испратија 66 барања за амнестија од кои, 29 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и 37 до Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски: Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас

Во интервју за телевизија Сител, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со обвинувањата од премиерот Заев дека е вмешан во бегството на Груевски, тој истакна дека таквата изјава на Заев е несериозна од прв човек на државата, имајќи предвид дека токму премиерот ги има сите информации.-Јас сум сигурен дека тој ги има сите информации и жалам што не смогна сила да тие информации ги сподели со македонската јавност еве неколку недели потоа откако се случи тој настан тоа бегство на господинот Груевски. Се надевам дека во блиска иднина тие информации ќе ги сподели, истакна Мицкоски.Тој посочи дека пи-ар стратезите на власта во отсуство на кампања која ќе се темели на факти и аргументи против него оцениле дека Груевски има негативен рејтинг и сега тоа се обидуваат нему да го залепат.-Со оглед на тоа што цела 2018 година тој се однесуваше неодговорно сега можам да ги разберам неговите ПР стратези зошто му сугеририраат Груевски да се поврзе со Мицкоски. Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас и се што правам е заедно со структурите на партијата во овој момент и ова е автентична прилика, која има своја карактерна црта. Тоа што го кажа Заев е помалку или повеќе несериозно. Тој ги има сите информации, жал ми е што не ги подели со македонската јавност неколку недели откако се се случи тој настан, рече тој.Во однос на уставните измени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата останува на својот став согласно конгресната резолуција и не очекува други опозициски пратениците покрај осумтемина од независната група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени на финалното гласање.-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што ја следат конгресната резолуција и партиската програма, практично ги следат одлуките на Извршниот и на Централниот комитет и тука не треба да има дилема и јас верувам во нивната чесност во целокупниот овој процес, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
viena-crkva-1

Петмина свештеници со часови држени како заложници во Виена

Попладнево во Виена двајца вооружени напаѓачи насилно влегле во црква и ги држале свештениците со часови како заложници.Петмина свештеници се повредени во оружениот напад. Ограбувачите според сведоците зборувале германски со странски акцент.Напаѓачите со часови ги држеле монасите како заложници и од нив барале да им ги предадат парите и црковните скапоцености.Откако успеале да дојдат до богатството , избегале во непознат правец. Полицијата е во потера по разбојниците , а монасите се пренесени во болница.Полицијата сомничи еден маж кој бил забележан како неколку дена ја разгледува црквата во Флоридсдорф.

Свет | пред 7 години

7 год.
vatikan

Ватикан конечно ја донесе првата пресуда за перење пари

Ватикански суд ја изрече првата пресуда под обвинение за перење пари во историјата на Светата столица, јави ДПА.Како што соопшти денеска Прес-службата на Ватикан, пресудата му е изречена на италијанскиот трговец со недвижен имот Анџело Пројети, кој е осуден на две години и шест месеци затвори и конфикација на над еден милион евра.Парите, кои Проети ги држел во Ватиканската банка, биле замрзнати уште во 2014 година, кога била покрената истрагата против него.Според Ватикан, оваа пресуда е од „клучно значење“ во контекст на неговите сегашни напори за борба против финансискиот криминал.Ватикан се обидува да ја зголеми финансиската транспарентност по повеќедецениските шпекулации дека Ватиканската банка ги крие парите на италијанските мафијаши и на луѓе вклучени во перење пари и даночни измами.

Свет | пред 7 години

7 год.
solza-770x444

Солза Грчева: „Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана“

Солза Грчева претседателот на „Глас за Македонија“, со нови критики кон актуелната Влада раководена од СДСМ. Денеска испратија соопштение во кое се вели дека оваа Влада е штетна и корумпирана и не може да ја однесе државата во ЕУ.„Оваа Влада, покрај коруптивниот процес за уставни промени, не се срами да ги корумпира сите јавни институции со додатни партиски вработувања, сега воведувајќи заменици директори во секоја институција.Тоа е партијата, која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираше на многубројната администрација која беше злоупотребувана најмногу во време на избори. Сега оваа Влада, во пресрет на избори, избезумено вработува непотребни партиски кадри со народни пари, во услови кога се живее се посиромашно, а економијата е во слободен пад.Таа е партијата која отворено лажеше дека ќе изврши реформи токму и во јавната администрација.Граѓаните треба да бидат свесни дека најголема корупција се токму непотребните и по правило, партиски вработувања. Тоа се заробени институции, против кои кога партијата беше во опозиција, божем се бореше.Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана. Најмалку од се, ваква Влада може да не однесе во ЕУ. Со неуставен Закон за амнестија, со измени во Кривичниот законик само за намалување на казните за поткуп на пратениците, со масовни вработувања во администрацијата, оваа Влада не води во Африка и никако кон модернизација и благосостојба“, се вели во соопштението на оваа партија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грабеж на банка во Косово - загина полицаец и ограбувачот

Припадник на косовската полиција и уште едно лице загинаа попладнево при обид за грабеж на банка во градот Исток во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.Како што изјави портпаролот на полицијата на пеќкиот регион Џеват Ибрај, на местото на настанот е убиен вооружениот ограбувач, кон кого припадниците на полицијата отвориле оган во обид да го запрат.Припадникот на полицијата, идентификуван како Изет Демај, починал подоцна во болницата во Пеќ, каде што бил однесен по престрелката во која бил ранет.Како што јавија медиумите, ограбувачот зел како заложници неколку лица кои се затекнале во банката во тоа време, но никој од нив не настрадал.

Свет | пред 7 години

7 год.
budzet-debrca

Изгласан буџетот на Општина Дебрца за 2019 година, проектиран е на сума од 106.500.000 денари

На денешната 18-та седница од Совет на Општина Дебрца, изгласан е буџетот на Општина Дебрца за 2019 година.На изготвувањето на буџетот му претходеа средби со граѓани и месните заедници, на кои што беа слушани нивните предлози за тоа што Општината треба да направи во 2019 година. Општината Дебрца за прв пат овозможи преку пополнување на електронска апликација, граѓаните да можат да дадат свој предлог во поглед на креирање на буџетот за 2019 година. При изготвувањето на буџетот за 2019 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на нивните приходи и истовремено сведување на непродуктивните трошоци на минимум, а за обезбедување поголем простор за развојни инвестиции.Вкупниот буџет на Општина Дебрца за 2019 година е проектиран на сума од 106.500.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.Во буџетот за 2019 година предвидено е реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, туризам и др.Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година беше изгласан после долга и сеопфатна дебата и во демократска атмосфера со седум гласови „за“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rak

Руски научници пронајдоа нова ефикасна метода за лекување на рак

Стручњаците од рускиот Научно-истражувачки технолошки универзитет МИСиС пронајдоа универзална метода за лекување на сите видови рак со помош на фотодинамичка терапија, пренесува весникот „Известија“.Суштината на оваа метода е во внесувањето во организмот на пациентот (речиси по правило интравенски) на специјална супстанца, фотосензибилизатор кој во големи количини се трупа во клетките на ракот и ги разбива под дејство на светлината.Покрај тоа, како што изјави еден од учесниците во истражувањето, шеф на Катедрата за хемија и технологија на биолошки активни соединенија на Рускиот технолошки универзитет МИРЕА Михаил Грин, фотосензибилизаторите го разбиваат туморот на уште два начина. Тие се во состојба, пред сѐ, да ги оштетат крвните садови на туморот, нарушувајќи го доводот на хранливите материи во туморот. Покрај тоа, овие честички го активираат имунолошкиот систем на човекот, поттикнувајќи негов самостоен напад врз клетките на ракот, рече Михаил Грин.Меѓутоа, молекулите-убијци на туморот доспевале и во здравите клетки. Затоа била неопходна само насочена примена на ласерскиот зрак. Тоа значи дека со таквиот метод било можно да се излечи меланомот, ракот на кожата, кога туморот се наоѓа на површината на телото и едноставно добро е видлив.Во овој момент научниците пронајдоа начин да ја следат локацијата на молекулата на внесената супстанција со помош на МРТ и делуваат на погодениот орган прецизно, без страв од оштетување на здравите клетки. Според зборот на онкологот и професор на Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ Марина Секачева, овој пронајдок ќе овозможи не само лекување на онколошките заболувања, туку и нивно дијагностицирање.извор:mk.rbth.com

Свет | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

Укинати притворите за Камчев и Панделески, од денеска во куќен притвор

Бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески излегуваат од затвор. Апелационен суд Скопје им одреди мерка куќен притвор.„Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ј.К. од Скопје е определена мерка куќен притвор.Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-865/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ц.П. од С. е определена мерка куќен притвор.Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, велат од Апелација

пред 7 години

7 год.
albanija

Албанските студенти ја победија владата, им ги прифатија сите барања

Владата во Албанија сооопшти дека ги исполнила барањата на студентите низ државните универзитети кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели.Во документот стои дека Владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите.Еден од организаторите на протестите, т.н. група „За универзитетите„ изјави дека одлуката на Владата дошла многу доцна, но и дека групата не е задоволна од високиот данок за магистратура.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Судот даде 12 амнестии за 27 aприл

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

пред 7 години

7 год.
safija1

16-годишна руска пливачка избодена до смрт од нејзиното момче , бидејќи му раскинала

16 годишната талентираната руска пливачка Сафија Аскарова брутално е избодена до смрт од нејзиното момче Никита Малигин откако младата девојка раскина со него.Во налет на бес, тој ѝ нанесол смртоносни рани на девојката, дури и 30 пати ја прободел со нож во вратот, градите и стомакот. Целиот настан се случи во нејзиниот роден град, кога таа му кажала дека сака да се посвети на кариерата.Тој тврди дека не се сеќава токму на тој момент.Го извадив ножот. Одвај се сеќавам каде точно избрав. Се сеќавам дека ја убив и дека наскоро падна на земја. Таа се обиде да избега, но продолжив да ја прободувам со нож. Го фрлив ножот во тоа место. Отпрвин не сфатив што направив. Сепак, сфатив кога дојдов дома”, рече тој на сослушувањето во полициската станица.Девојчето беше специјалист за пливање делфин стил, а минатата година таа беше втора на младинскиот руски шампионат. Нејзиното исчезнување на почетокот беше мистерија бидејќи таа им кажа на своите родители дека оди да пазарува, а всушност се нашла со Малигин. Таа беше пронајдена во понеделникот околу 23 часот, а на местото на злосторството (градилиште) полицијата пронајде нож.

Свет | пред 7 години

7 год.
dzes-bejli12-620x336

Милошоски побара истрага за Бејли, Заев порача дека ќе се иницира истрага

Дали владата ќе покрене иницијатива во Судскиот совет за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадор? , запраша пратеникот Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница.-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.На прашањето на пртеникот Милошоски, одговор даде премиерот Зев.-Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност – рече премиерот Заев.

Скопје | пред 7 години

7 год.
leku

Швaјцарски Блиц открива: Ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку

Во Рути, Швајцарија, на 25 овој месец, ноќта околу 2 часот, со неколку истрели од огнено оружје е убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи, по потекло од Струга за кој швајцарските власти сметаат дека е лицето кое наводно го убило познатиот струшку криминалец Дилавер Бојку, објави швајцарски Блиц.Според швајцарските медиуми, убиството на Леку се случило поради крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Киднапиран грчки бизнисмен - грабнувачите биле во униформаа на Единицата за борба против тероризам на грчката полиција

Грчки бизнисмен рано изутринава бил киднапиран пред неговиот дом во Пиреја, јави дописничката на МИА од Атина.Како што информираа грчките медиуми, бизнисменот го киднапирале четири непознати лица, кои го ставиле во џип и побегнале во непознат правец.Според дел од медиумите, киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ. што всушност е Единицата за борба против тероризам на грчката полиција.Грчката полиција работи на расчистување на случајот и чека дали можеби киднаперите ќе го контактираат семејството на бизнисменот за да побараат откуп.Киднапираниот 50-годишен бизнисмен, кој поседува трговска фирма за увоз од странство, во минатото беше под истрага за шверц на цигара, но против него не беше покренато никакво обвинение.Во 2012 година пред домот на негов роднина, кој има исто име и презиме со него, по грешка беше активирана експлозивна направа.

Свет | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Филипче: Имаме сериозно висок процент невакцинирани деца, три министерства разгледуваат можности како вакцинацијата на децата да биде задолжителна за уписи

Дури 50 проценти од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30 проценти. Но, тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца, ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сериозно високиот процент невакцинирани деца е резултат на силно изразените антивакцинални кампањи.– Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани, нагласи Филипче.Министерот Филипче додаде дека мултисекторската група со членови од министерствата за здравство, труд и социјална политика и за образование заседаваше вчера и ќе продолжи да заседава до крајот на неделата, за усогласување на сите закони и правилници во врска со тоа прашање.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања