Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
nema-voda

Без вода дел од Радишани и Драчево

Денес поради уличен дефект од Ф 80мм на ул.Бел Камен 64 н.Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат ул.Бел Камен до завршување.Исто така поради дефект на ППХ на ул.Бранко Заревски раскрсница со Румена Хаџипанзова (Драчево), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од следниве улици: Бранко Заревски, Румена Хаџипанзова, Јакупица, Андреа Петковиќ, Гандиева и Марија Кири до завршување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Највисока снежна покривка на Шапка, а најладно во Берово

Најстуден град во Макдонија утрово е Берово со измерени шест степени под нулата во 7 часот, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Минусни температури (-4) утрово се измерени во Тетово, Битола, Прилеп, Скопје (мерна станица Петровец), Штип и Демир Капија, -3 степени во Крива Паланка и Гевгелија, -2 Скопје (мерна станица Зајчев рид) и Куманово и -1 степен во Виница. Во Дојран се измерени 0 степени, 3 во Крушево, 4 во Претор и 6 степени во Охрид.Во Маврови Анови има седум сантиметри снег, во Берово 3 и во Крива Паланка два сантиметра снежна покривка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cilimanov

Чилиманов до Цветновиќ: Идете во три лепе, Бејли нека ве брани, а ЕУ нека ве храни

По објавата на активистката Ирена Цветковиќ, која пиша дека шарените револуционери се уморни и разочарани, но и дека ги оставаат улиците, тротоарите и плоштадите, со реакција се јави новинарот Цветин Чилиманов.„Не сте вие уморни. Ако пак ви дадат грантови од Америка или од кај Сорос, пак ќе се дерњате по улици, пак ќе палите канцеларии, пак ќе мавате полицајци. 2001 ја растуривте државата, успеавме некако да ја дигнеме пак на нозе. 2015 истото. Епа сега ние сме уморни од тоа да ја вадиме земјата од го*на, да молиме странци да отвараат фабрики, да влечкаме разгаштени доктори од протести за мочан паркинг и да ги носиме да се специјализираат во странство да не ги колат пациентите, да учиме наставнички што е компјутер, да одржуваме безбедност во земјата, да идеме на нож со пола свет за да најдеме од негде извор на ефтин гас да не дишете отрови, да ве браниме од комшии, да растураме комуњарски монополи во банкарство, телекомуникаци и кај се не, а вие да се дерете по нас „убијциии, фашистии, крадциии“. Идете у три лепе сите, сркајте си сега што ви надробија, Бејли нека ве брани, ЕУ нека ве храни“, напиша Чилиманов на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ruskarec-660x330

(ВИДЕО) Путин се согласи на интервју со слепо девојче

По традиционалната голема годишна конференција за медиумите што се одржа вчера во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ѝ ја исполни желбата на седумнаесетгодишната девојка Регина Парпиева која мечтае да стане новинар и ѝ даде дваесетминутно интервју.Путин, меѓу другото, искрено одговори на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното интервју, откако си разменија подароци, таа посака и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замоли Путин да му го опипа лицето. Путин се согласи, а Регина, откако со раката помина по неговото лице и главата, му рече „Вие сте многу убав и многу добар“, пишува Руска реч.„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговори Путин.

Свет | пред 7 години

7 год.
protesti-ungarija

Унгарците маршираа против „робовладетелскиот закон“ на Орбан

Илјадници Унгарци се придружија вчера протестираа против премиерот Виктор Орбан, кој е в организација на сатирична политичка партија „Куче со две опашки“ (МККП).Протестот е организиран по усвојувањето на два контроверзни закони, кои критичарите го нарекоа „робовладетелски закон“, а МККП, во својот дух, организираше протест со цел „да ја поддржат владината политика, Божик и паѓањето на снегот”.„Робовладетелскиот закон” им овозможува на работодавачите да бараат до 400 часа прекувремено работно време секоја година, додека вториот закон претставува темел за основање судови за кои критичарите велат дека можат да бидат предмет на политички манипулации.Еден од демонстрантите носеше транспарент со натпис „Среќен шеф, мрачна недела”.„Конечно можеме да работиме осум дена во неделата и повеќе не мораме да се занимаваме со независните судови. Бездомниците се елиминирани. Иритатните странски школи ќе исчезнат. И да, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос“, се наведува во поканата за денешниот собир, објавена на Фејсбук.Премиерот Орбан постојано тврди дека протестите се поттикнати од платениците на Сорос, а Фондот за отворено општество на Сорос таквите тврдења ги демантираше.

Свет | пред 7 години

7 год.
49087167_2219842938270652_7095567813040930816_n

Кола ќе прегазела новинарка и нејзина пријателка во Скопје, возачот ќе ги тепал - полицијата не сакала да реагира

Новинарката Емилија Лазаревска јавно се пожали од однесувањето на двајца полицајци кои патролирале во центарот на Скопје, кај Триумфалната капија. Имено, додека таа заедно со нејзина пријателка минувале по пешачки премин, возач ќе ги прегазел со автомобил, а потоа, сакал физички да се пресмета. Новинарката Лазаревска реагирала кај полицајците, но тие и кажале дека не патролираат за да ја штитат нејзе, туку за друго се дојдени.„Денeска, петок, 21.12.2018, некаде околу 15 часот, бев сведок на непрофесионално и раскалаштено однесување на двајца полициски службеници кои седат во полициското возило паркирано до Триумфалната на Бетка. Со слушалки во уши и мобилните во раце, на пријателка (Silvana Brkuljan) која побара помош затоа што две невоспитани момчиња прво сакаа да нѐ изгазат , па да нѐ тепаат, еден од полицајците ѝ рече да шета, а потоа другиот излезе за да ни каже дека тој не е тука за нас и да нѐ пази да не нѐ изгази некој во пешачка зона. Уште ни рече дека сите автомобили и комбиња имаат право тука да возат, затоа што тука живеат и работат.Нормално не е така. Се разбира, потоа се врати кај својот колега и двајцата продолжија да играат на своите мобилни телефони. Дечки од власта. Скопје е во константен хаос. Ништо не функционира. Возачите се пресметуваат меѓу себе на сообраќајниците. Нема сообраќајна полиција. Секој вози како сака. Пешаците и невоспитаните аздисани возачи се на раб на секојдневни тепачки, затоа што нема полицајци низ градот да казнуваат и регулираат. Каде ви се оние маалски полицајци?Ништо не се почитува. Општ хаос е. На работ на анархија, да не речам граѓанска непослушност со несогледиви последици. Во центар се врши дотур на стока во забранетиот период, лично видов најмалку десетина комбиња и камиончиња. Се вози низ плоштад. се паркира на плоштад. Секој фрла отпад каде ќе стаса. Плука насекаде. Се уринира по хаустори. Се краде од минувачи. Градот е една огромна депонија. Едно ливче не е поместено,ништо не е исчистено. Втората фотографија е од околината на ГТЦ. Тук-таму кадешто е собрано сувото лисје и ѓубрето, така стои со недели и се направени насекаде диви депонии. Се пуши речиси во сите угостителски објекти, ХАОС! ГИ ИСПУШТИВТЕ КОМПЛЕТНО КОНЦИТЕ ОД РАЦЕ: НИШТО НЕ КОНТРОЛИРАТЕ! Ова е навистина ОПАСНА ситуација. Вразумете се, и воспоставете ред во државата. ИТНО“, напиша Лазаревска на Фејсбук.Емилија Лазаревска е долгогодишен новинар, поранешна уредничка во ТВ Телма, а сега сопственичка на веб порталот “Ако.мк”.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Адвокат сака бесплатно да го брани Игор Југ пред судот

Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно, вели адвокатот Александар Тортевски.Тој е еден од најгласните критичари на новиот Закон за амнестија, кој стапи на сила вчера.„Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, стои во еден од твитовите.https://twitter.com/atortevski/status/1076036923406405633Претходно тој напиша дека Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците.„Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, смета Тортевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ruskoska

Рускоска: Не би ги амнестирала Бетмен, Дамовски, Дурловски и Јовановски

Обвинителката Вилма Рускоска во вчерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат смета дека законот од затвор ќе ги спаси пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието. Сепак, обвинителката лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.На прашањето што е со организаторите на протестите, Рускоска вели дека за сите останати ќе се одлучи во Јавното обвинителство на Македонија, одговара Рускоска, и лично смета дека тие треба да останат обвинети.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-8

Воздухот во Скопје мириса на расипана кисела зелка

Утрово скопјани повторно се разбудија во висока концентрација на ПМ10 честички, магла и воздух кој има тешка неподнослива миризба.„Воздухов мириса на расипана кисела зелка. Можеби сакаат да не отрујат за да можат мирно да си крадат од државната каса. Ова веќе не се трпи“, коментираат граѓаните.Утрово концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички е највисока во Карпош и изнесува 197 mg/m3. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје

СДСМ ја зацрни државата. Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје. На фреквентни локации вооружени банди се пресметуваат, инцидентите завршуваат најчесто со жртви, а жртва може да биде секој еден граѓанин - случаен минувач, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оливер Спасовски не презема ништо во насока на одржување на јавниот ред и мир. Откако тој управува со МВР има десетици нерасчистени убиства, а убијците се шетаат слободно. Се пука по улиците, а истовремено неказнето завршуваат стотици грабежи и опожарувања на автомобили.Наместо решавање на вистинските проблеми Спасовски се фокусираше на делење сомнителни милионски бизниси, лиценци за центрите за возачки испити на фирми формирани неколку дена пред да се распише огласот и целосна партизација на МВР“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека граѓаните сакаат ред и поредок, сакаат безбедност за нив и за нивните деца, родители, браќа и сестри и комшии, а наместо тоа добија насилтво, тепање и политички прогон.„Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски се вршат претреси по домовите и се малтретираат луѓе кои протестираат.Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција!ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани кои се против оваа однародена власт да се приклучат на протестниот марш денес во Прилеп со почеток 13 часот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zdravko-2

За почит - Здравко Дејановиќ е единствениот од Македонија со три освоени врва над 8.000 метри

“Македонецот Здравко Дејановиќ - врвот на Хималаите. Здравко Дејановиќ е единствениот Македонец со три освоени врва над 8.000 метри.„Монт Еверест, К2 и Анапурна 1 кој е еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување. Македонскиот херој од Хималаите го развеа македонското знаме и жртвуваше два прста кои му замрзнаа и потоа му беа ампутирани, додека го вадеше македонското знаме на температура од минус 50 степени за да го развее на врвот Анапурна 1“, пишува на Фејсбук профилот на Македонското културно друштво од Љубљана, Словенија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zavod-i-muzej-ohrid

Охридскиот Завод и Музеј со непримерена објава на нивната официјална страна на Facebook

На официјалната страна на охридскиот Завод и Музеј на Facebook, најпопуларната социјална мрежа на светот, попладнево осамна непримерена објава, објави Супер радио.– Честитки на МНК на ИКОМ (кој, патем, прерасна во ИКОШ-тоа Ш-то за Штогоде) за 25 годишниот јубилеј. Огромна благодарност на вниманието, што се сетивте на нас, кои сме продолжувачи на најстарата музејска установа во Европа, од 1516 година и на придонесот на нашата институција во работата и развојот на ВАШЕТО здружение. Кого го нема и без него се може, нели? Важно вечните Куртовци и Муртовци се сите на број. Кој прочита, прочита, кој разбра, разбра!!! – стои во објавата.Супер радио и OhridPres побараа став за истото од Завод и Музеј од Охрид, но до овој момент не добивме информација дали се работи за хакиран профил, или навистина се работи за став на куќата.Од друга страна пак, експресно стигна одговорот од другата засегната страна. Од Здружението Македонски национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) со став дека „не им се верува дека некој од институција би комуницирал на ваков начин“.– Патем, од таа институција имаме 3 нови членови во последниве годиниве кои се редовни и ја поддржуваат нашата работа. И не само од Охрид, туку од цела Македонија, истакнаа за Супер радио од МНК ИКОМ.Додаваат дека „овој начин на комуникација е навистина под секое ниво“.МНК ИКОМ е невладина организација на музеи и музејски професионалци од целиот свет кои се грижат за културното и за природното наследство.извор: Супер радио

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето

Игнорирање на толку важен проблем како аерозагадувањето и  непревземањето никакви акции за негово решавање цели 11 е одлика на несериозност и неодговорност кон граѓаните и животната средина и граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и денеска покажува иста неодговорност и нема ниту план ниту предлог ниту визија, велат од СДСМ.„Наспроти овој несеириозен однос, владата предводена од СДСМ, градот Скопје, општините и надлежните институции преземаат континуирани мерки за решавање на проблемот со загадувањето  на воздухот.Активностите за обновување на уништените зелени површини продолжуваат секојдневно на ниво на сите општини. Како дел од тие акции, Град Скопје и Општина Гази Баба го реконструираа и хортикултурно го уредија Финскиот парк во населба Ченто, на површина од 13 илјади квадрати“, велат од партијата.Исто така оттаму додаваат дека акции со засадување на дрвја се спроведени на повеќе локации во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Бит пазар како дел од планот на град Скопје за засадување на 130 илјади квадратни зелена површина, што воедно претставува рекорд за една календарска година.„Зголемувањето на буџетот на град Скопје за заштита на животната средина за 32 проценти, поставувањето на 527 прочистувачи за воздух во 23 средни училишта, зазеленувањето , набавката на 40 нови еколошки автобуси и субвенции за електрични  возила и плински уреди на автомобилите се само дел од мерките кои се спроведуваат со цел решавање на проблемот со загадувањето и чист воздух.Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции  продолжува со заложбите за поздрава  животна средина и почист воздух за сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skola-620x350

(ВИДЕО) Девојче од Сирија нападната во училишниот тоалет, добила потрес на мозокот

Девојче од Сирија, која учела во средно училиште во Пенсилванија, била брутално напдната во тоалетот од страна на други девојчиња.На снимката која е објавена на социјалната мрежа Фејсбук, може да се забележи како жртвата излегува од кабината во тоалетот каде ја чека напаѓачот.https://www.facebook.com/alexis.work.79/videos/157771828520749/Во првите моменти доаѓа до расправија, а потоа се слушаат и закани кон девојчето од Сирија.„Имаш среќа што си од друга држава инаку би те искршила, ку*ко“, вели девојчето во виолетовиот џемпер.По заканата таа ја бутна на земја, а потоа следеа и брутални удари по главата и целото тело.Жртвата добила потрес на мозокот и тешки телесни повреди, а девојчето кое е одговорно за нападот е суспендирана од учелиштето и најверојатно ќе ја избркаат.

Свет | пред 7 години

7 год.
20181222-prekrasni-fotografii-od-ogromen-krater-na-mars-prepoln-so-mraz-1

Извонредна фотографија од кратер на Марс исполнет со мраз

Леталото Марс Експрес над црвената планета снимило огромен кратер Королев, во кој имало лед.„Фасцинантните фотографии изгледаат како само во овој дел да паднал снег“, вели Европската вселенска агенција.Широк 82 километри, Королев содржи околу 850 кубни километри замрзната вода, колку што има и езерото Грејт Бер во северна Канада, а мразот во неговиот центар е дебел околу 1,5 километри.Како и на Земјата, така и на Марс има годишни времиња, и таму потоплите годишни времиња резултираат со намалување на ледот. Но овој кратер, кој е создаден со големо влијание над Марс во неговото дамнешно минатото, е малку чуден.Кога воздухот патува над мразот, тој се лади и потонува и тоа резултира со слој на студен воздух, кој се наоѓа директно над мразот. Поради тоа што воздухот е слаб спроводник на топлина, овој студен слој дејствува како изолатор кој го штити ледот од потоплиот воздух и така спречува топење.именуван по рускиот ракетен инженер Сергеј Павлович Королјев.https://twitter.com/esa/status/1075723754251137024?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075723754251137024&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fzanimljivosti%2Fsvastara%2F3017665-spektakularna-novogodisnja-razglednica-sa-marsa-otkriven-krater-sirok-82-kilometra-pun-leda-debljine-dva-kilometra-foto

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Густа магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.„Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Д. Капија, Велес – Штип, Велес – Катланово, од 10 – 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово и од 30 – 50 метри на патниот правец Тетово – Гостивар.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со температура до 11 степени

Денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла каде што ќе се биде и постудено. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Утринските темеператури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, а дневните од 5 до 11 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облечно, со сончеви периоди, а максималната дневна температура ќе се искачи до 5 степени.За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

Ден на жалост во Ниш поради сообраќајката во која загинаа 5 лица

Во Ниш денес е прогласен Ден на жалост поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица.Градот Ниш изрази сочуство до семејствата на настраданите, а на вонредна седница е донесена одлука 22 декември да го прогласи за Ден на жалост на територијата на градот.„Во овие тешки моменти, кога за жал дошло до сообраќајна незгода, Градот Ниш ќе даде помош на семејствата на настраданите и повредените“, се цели во соопштението.Животот го загубија 5 лица, а 26 се повредени кога воз удри во автобус. Автобусот поминувал преку пругата, но немало рампа.

Свет | пред 7 години

7 год.
Nagradeni-avtori-na-Madzirmaalski-poetski-branuvanja-2018

Доделени наградите на Маџирмаалските поетски средби

Новата поетска манифестација „Маџирмаалски поетски бранувања“ се одржа неодамна во Даут-пашиниот амам, седиште на Националната галерија на Македонија.На почетокот на манифестацијата се обрати претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Зоран Панчевски, а потоа од страна на Комисијата беше соопштено дека на Конкурсот што го распишаа организаторите за песни кои содржат мотив поврзан со Маџир Маало и тематско-содржински кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите, пристигнале преку триесет поетски дела од дваесет и четири автори меѓу кои освен маџимаалци и жители на Скопје, има и поети од Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Делчево и од други градови.Комисијата изврши строга и принципиелна селекција и одлучи главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2018 година да му биде доделена на авторот Томислав Лазаревски за песната „Маџир Маало - едно минато време (хаибун)“, а двете придружни награди да ги добијат Габриела Стојаноска-Станоеска за песната „Духот на Маџир Маало“ и Љубиша Николиќ за песната „Таму јас не можам“.Наградите на поетите им ги додели претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, а потоа тие ги прочитаа своите песни пред публиката. За особен придонес во организацијата на првите „Маџирмаалски поетски бранувања“ му беше доделено посебно признание на поетот, писател и поддржувач на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Илко Димитриески, кој ја прочита својата поема „Маџир Маало“.Благодарници од страна на организаторите им беа доделени на поддржувачите и на претставници на медиумите, а манифестацијата продолжи со читање песни од присутните автори.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Цветковиќ: Власта не е ни приближно добра како што се надевавме, ама „шарените“ не мислат повеќе да се борат

Ирена Цветковиќ, која беше дел од Шарената револуција и други протести организирани од СДСМ во периодот додека партијата беше во опозиција, сега гласно го искажува својот револт на социјалните мрежи.„Каде се Шарените сега?Драги заинтересирани,Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас“, напиша Цветковиќ на Фејсбук. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Законот за амнестија е политички пазар, ама гласав „За“

Во емисијата „Топ тема“ на Телма која се одржа во Филозофскиот факултет каде што учествуваа и студентите, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.Тема на дискусија беа повеќе состојби во општеството меѓу кои корупцијата, лошите услови во образованието, како и законот за амнестија.Ѓорчев го критикуваше Законот за амнестија кој според него покажал дека еден човек е и судија и кадија во Македонија.„Гласав за Законот за амнестија зашто не треба да има поигрување со судбините на тие луѓе. Има актери, оперски пејачи обвинети за тероризам. Јасно е дека амнестијата е за оние кои отворија врати и им се закануваа 15 години затвор, да се спасат и да гласаат за уставните измени. Законот е политички пазар“, изјави Ѓорчев.Тој потенцираше дека власта ја злоупотребила довербата на граѓаните и на студентите за да дојде на власт, а потоа ги изневерила нивните очекувања.„Имаме ситуација каде што луѓето масовно се иселуваат од Македонија имаме заробено судство, имаме состојба каде беа ветувани инвестиции од Google, но не се остварија“, изјави Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48396061_2519554041393030_2071057939078053888_n

(ФОТО) Битола се гуши во загаден воздух – 600µg ПМ10 честички во воздухот

Битола вечерва има најзагаден воздух во Македонија, каде концентрацијата на ПМ10 честички изнесува 600 микрограми на метар кубен. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.Битолчани на социјалните мрежи се жалат дека нема никакви информации или итни мерки од надлежните.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2519554038059697&set=a.565727773442343&type=3&theaterНеодамна во Битола се протестираше за загадениот воздух пред општинската зграда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје осми најзагаден град во светот

Скопје вечерва е осми најзагаден град во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.Мерните станици покажуваат дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.Според апликацијата „Мој воздух, најзагаден е воздухот во населбата „11 Октомври“, односно 406 mg/m3, и во Ректорат каде концентрацијата на ПМ10 честички е 405 mg/m3.  Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.   

Скопје | пред 7 години

7 год.
sonja-trajkovska

Новинарката Соња Трајковска на ФБ: „И директорот и градоначалникот што вчера изигруваа каубојци треба да идат у затвор“

Отворено на ФБ, новинарката Трајковска за синоќешната престрелка:„И директорот и градоначалникот што вчера изигруваа каубојци треба да идат у затвор. Едниот, Беља, ко шериф, рекетирал пари од овој, а на претходниот градоначалник му прати куршум во салфета пошто не го ставил директор на пензиско! Другиов, градоначалникот Ганиу, прифатил да оди пред маркет да се пресмета, па место да пријави у полиција, си викнал бараби да се пукаат. И сега да ја прашам власта: Ова ви изгледа нормално, дека вака треба, или ќе ги спакувате двајцата ко куфери?“, напиша на својот ФБ профил новинарката Соња Трајковска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охрид домаќин на годишна манифестација на Алпинистичката федерација

Вечерва во амфитеатарот на ЈНУ Институт за филм - Филмска академија Охрид во Охрид, се одржа годишната манифестација на МАФ, на која се презентираа презентации за дел од активностите реализирани од членови на федерацијата во текот на годинава.Дел од презентациите беа за меѓународните акции реализирани во Алпите (Словенија, Франција и Италија), Пакленица (Хрватска) и Враца (Бугарија), активностите на локалниот Алпинистички клуб "Патагонија" - Охрид (реновирање на планинската куќа Галичица и проектот за развој на Планинска Спасителна Служба во Охридскот регион)..На презентацијата беа доделени признанијата „Јован Ангелов - Циго“, на најуспешните алпинисти - членови на МАФ.За утре пак на 22-ри (Сабота), Фестивалот на планински филм ЕХО, со почеток во 20 часот ќе одржи проекција на селекција од својата овогодинешна филмска програма - околу 3-часовна програма.Во текот на денот пак (Сабота и Недела), ако условите тоа го дозволуваат, нашите алпинисти ќе прават искачувања на кулоарите на Галичица - насловната фотографија е од искачувањата правени во текот на претходната сезона.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања