Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
mvr1

Гостиварчани нападнале продавач на железарија, го мавале со производи

Надвoрешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.Н.(52) од село Дoлна Ѓоновица и Н.Ш.(27) од село Долна Бањица,  за сторено  кривично дело „насилство“.На 24ти септември годинава во железара во Гостивар, по претходна вербална расправија помеѓу првопријавениот и вработено лице во железарата, поради недоразбирање во врска со цената за купување на предмети од железарата, пријавените физички ги нападнале вработените фрлајќи разни предмети кон истите, при што второпријавениот физички го нападнал Н.З.(54) кој во моментот се наоѓал во железарата,  додека првопријавениот го скршил изложното стакло од железарата .

Македонија | пред 7 години

7 год.
krazba-kradenje

Битолчани извршени девет кражби во Охрид, пустошеле низ маркети, магацини, обложувалници и кафе бар

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(20), О.Д.(33) и М.О.(21) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела “тешка кражба“ и  кривично дело “тешка кражба во обид“.Во периодот од 07.07.2018 до 24.10.2018 година на подрачјето на Охрид, во маркети, магацин, спортска обложувалница и кафе бар, со употреба на подесен алат и физичка сила делувале на влезните врати, и одзеле парични средства, разни видови на цигари и други колонијални производи, со што се стекналe со противправна имотна корист од 805.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Велешанец заработил кривична пријава поради продавање на марихуана

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Д.И.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 12.09.2018 година во Велес од страна на полициски службеници, при претрес на две локации каде престојувал пријавениот, биле пронајдени и одземени 210 грама марихуана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.Номинирањето на Заев и Ципрас утре во Скопје ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
smetkovoditeli-1

Панел дискусија во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти

Експерти, професори, сметководители, претставници на релевантни владини и меѓународни институции и организации, како и релевантни чинители во сметководствената дејност, дискутираа на конференцијата на тема: „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ во организација на Комора на Сметководители на Македонија.Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори претседателот на Комора на сметководители на Македонија, г-дин Драган Митковски кој го истакна значењето на сметководствената професија и нејзиниот развој.Г-дин Димитар Илчов, Претседател на Асоцијација Мисла, се осврна на значењето на независноста на невладиниот сектор од институциите на власта и владините тела, како и на обврската за примена на европските директиви и препораки за овозможување на независност во нивното делување и работа.Панел дискусијата се одржа со цел што поскоро деблокирање на работата на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на РМ во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти, како и активно учество во востановување на текстот и содржината на новиот Нацрт предлог-закон за вршење сметководствени работи, изготвен и предложен од страна на Министерството за финансии.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nikolovski

(ВИДЕО)Николовски: Со новиот оглас за давање под закуп на државно земјиште над 3 хектари создаваме услови за капитални инвестиции во земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави Jавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари. Се работи за оглас чија што намена освен за подигање на насади, ќе биде и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.„Со објавувањето на овој инвестицискиот оглас, како Влада јасно ја акцентираме нашата заложба за интензивно зголемување на капиталните и инфраструктурните инвестиции во областа на земјоделството и руралниот развој. Ваквите типови на огласи ќе обезбедат не само раст на капиталните влогови во земјоделството, туку и производство на финални производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и на странскиот пазар, решавање на проблемите со откупот и вишоците што се јавуваат преку инвестиции во преработувачки капацитети, отворање на нови работни места, економски развој на регионите и задржување на луѓето во тие региони“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети.Конкретно, со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.Со огласот ќе биде опфатени 23 земјишни парцели во 13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.На огласот кој што ќе биде по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Во следните 30 дена сите заинтересирани можат да ги достават понудата и другата потребна документација во затворен коверт до МЗШВ. Сите детали околу критериумите, електронското јавно наддавање и потребната документација, денеска ќе бидат објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gradinka

Во новата градинка „Јасмин“ во Карпош згрижени 95 деца

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворање на новите простории во објектот „Јасмин“ во населбата Тафталиџе во општина Карпош.„Ги прошируваме капацитетите на градинките, но со повисоки стандарди и со цел да ги подобруваме условите за нашите најмлади. За следната година Буџетот за нови градинки и подобрување на предучилшното образование го зголемивме за 300%. Работиме посветено и во следните четири години се стремиме да го зголемиме опфатот на деца во градинките на 50%. Истовремено, го менуваме начинот на кои државата се грижи за децата. Градинките ги трансформираме од место во кое децата јадат и спијат во организации кои работат на развој на децата“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.Новиот објект, кој има капацитет од 382 м2, во изминатиов период се реконстрираше и се приспособи со работни простории со повисоки стандарди за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.Објектот претрпе измени во главниот влез. Се изведе пред простор, ходник со гардероби за деца, 4 занимални, пред простор на санитарни простории за деца, 2 санитарни простории за деца, административна просторија со простор за изолација на болни деца, гардероба за негователи и воспитувачи, пред простор на санитарна просторија за вработениот кадар, пред простор за кујна и котлара. Со извршената измена објектот „Јасмин“ ќе функционира со капацитет за згрижување на 95 деца.Министерството за труд и социјална политика посветено работи на изградба на нови градинки и проширување на капацитетите за згрижување на предучилишни деца. Во изминатиов период се отворија 11 градинки со капацитет од 600 деца поради што се обезбедени 68 вработувања. До крајов на годинава ќе се отворат нови 11 градинки со што бројот на незгрижени деца во градинките значително ќе се намали. Тоа се 24 градинки кои за неполни две години колку што министерката Царовска е во министерството за труд и социјална политика ќе бидат отворени. Ова покажува дека власта освен што инвестира повеќе пари во детската заштита, посветено работи и на подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, дури и во општините кои со години беа запоставувани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
eurobus

Идентификувана третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац

63-годишната В.К од Кавадарци е третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, а возачот на автобусот со струшки регистарски таблички, е во притвор.Во несреќата се повредени 32 лица, од кои шестмина сериозно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48394569_1187521628079241_2465139540881309696_n

„Груевски му го прегледувал синусот или анусот на цариникот Трајковски?“ се прашува јавноста

По исказот на цариникот Александар Трајковски дека бил во Унгарија да лечи синуси, на социјалните мрежи, односно „Твитер“, повеќе граѓани излегоа со креативни, но и реални прашања и констатации. Ви пренесуваме дел од нив.

Магазин | пред 7 години

7 год.
seksualni-rabornici

Марш на црвените чадори во Скопје, бараат институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа

Маршот на црвениот чадор во Скопје. Сексуални работници по 11-ти пат денес го организираше Маршот на црвениот чадор, приклучувајќи се кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Сексуалните работници бараат отворање на прашањето за регулација на сексуалната работа.СТАР првиот колектив за Сексуални работници испрати пораката : декриминализација сега!’ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација“, велат организаторите.Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
AAVMU

АВМУ: Да се спречат можните појави на клиентелизам

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.При последната ваква проверка, извршена на 14 декември 2018 година, констатирана е ситуација која може да доведе до појава на клиентелистички однос на медиум кон власта. Имено, физичкото лице Виктор Серафимов, сопственик на регионалната Телевизија 3, воедно се јавува како сопственик и на ,,Авто испитен центар Скопје“, којшто според пишувањата на медиумите, „7 дена по основањето има добиено милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје“.Паралелната сопственост врз радиодифузерот и споменатото правно лице сама по себе не е во колизија со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа остава можност власта да влијае врз уредувачката политика на телевизијата и со тоа да се наруши нејзината уредувачка независност, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Според нив, регулаторот нема механизми на располагање со кој би ги спречил ваквите појави ниту, пак, има надлежност за правни лица коишто немаат поврзаност со аудиовизуелната област. Агенцијата многупати досега има организирано работилници за професионалните новинарски стандарди и се залага за зајакнување на саморегулацијата и со самото тоа и на интегритетот на новинарите. Сепак, слободата и независноста на медиумите се условени од повеќе фактори. Тоа значи дека власта и државните институции треба да создадат поволна околина за медиумите, односно да покажат интегритет и во пракса да ги преточат заложбите за медиумски реформи со крајна цел слободни, независни и демократски медиуми, се додава во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кој им се заканува на независните од ВМРО-ДПМНЕ?

Евроамбасадорот Самуел Жбогар деновиве изрази загриженост за притисоци врз пратениците кои гласаа "за" уставните измени. Тоа го потврдуваат и самите тие и реагираат на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе ги прателе на темната страна на историјата, објави slobodnaevropa.mk.Со седницата на комисијата за уставни прашања утре почнува третата фаза на уставните измени за чие финализирање повторно како и во првата фаза потребни се 80 гласа. Но, во меѓувреме, повторно се отворија дебатите за притисоци кон пратениците кои порано беа членови на ВМРО-ДПМНЕ и гласаа “за” во првата фаза.Сè уште имам притисоци, вели за Радио Слободна Европа, пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска- Старова нагласувајќи дека тие се ,пред се, на социјалните мрежи.“Ми личи како и малку да е оркестрирано тоа, затоа што вообичаено таквите содржини се појавуваат на анонимни профили, а потоа се споделуваат од луѓе што ни се познати”, вели Исмајлоска- Старова не прецизирајќи од кого мисли дека се оркестрирани нападите.Сепак таа е попрецизна за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој викендов од протестниот марш во Велес имаше порака и за оние кои што застанале рамо до рамо со власта и кои како што рече, скокале по медиумите блиски до власта и дехидрирале со плукање по него и врз ВМРО-ДПМНЕ”.“Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие задно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен”, рече Мицкоски.Исмајлоска- Старова ваквата изјава вели дека е неточна од повеќе аспекти особено за тоа дека го напаѓале ВМРО-ДПМНЕ.“Ваквите неумешни изјави го зголемуваат притисокот врз нас поради одлуката да гласаме “за” измени на Уставот”, тврди Исмајлоска- Старова.Таа е една од осумтемина кои гласаа во првата фаза. Покрај неа “за” отворање на Уставот беа и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Елизабета Канческа-Милевска и Зеќир Рамчиловиќ. Пред домовите на некои од нив беа организирани и протести.Од Министерството за внатрешни работи на прашањето дали имаат информации за притисоци и дали е пријавено до нив велат дека согласно направените безбедносни проценки ги преземаат сите неопходни мерки за гарантирање на безбедноста на пратениците.“Мерките ќе траат дури тоа биде потребно, а ќе се утврди според безбедносната проценка. Веќе се поднесени и кривични пријави за закани кон пратениците на социјалните мрежи, а ваквата појава ќе биде санкцинирана и во наредниот период. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците”, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.– Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски на својот Фејсбук профил.Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-2

Мијалков ќе почека во притвор - документацијата во која се нуди гаранција не е комплетна

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, останув аво притвор, и покрај тоа што одбраната понуди гаранција од еден милион евра за да се брани од слобода.Судот на претходна постапка утврдил дека одбраната не поднела комплетна документација, објави Независен.

пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски од Грција , помилувањето од Иванов е без правен основа

Министерството за правда ќе бара нова екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Во моментов истото се преведува согласно Договорот со Грција. Судот во Грција ги поби аргументите околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, изјави министерката за правда Рената Дескоска.„Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето“, рече министерката Десковска.На прашање дали немањето меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговото бегство во Унгарија, Дескоска вели дека ова е прашање за МВР, но и дека тие држави немале обврски да делуваат ако во моментот немало меѓународна потерница.„Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат“, рече Дескоска по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за правда, УНИЦЕФ, Адвокатска комора и Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

пред 7 години

7 год.
48362261_306912376616206_3791333100089245696_n

(ВИДЕО) Охридските бродари се простија од градоначалникот Стојаноски

Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња ,бродската Флотата на Охридското Езеро му оддаде последна почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Претходно, комеморација се одржа во Општина Охрид, каде се обратија повеќе пријатели, членови на семејството, министри и пратеници.Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес исто така се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Адвокатите се откажаа од Груевски, нема повеќе да го застапуваат

Трoјца лични адвокати на поранешниот македонски премиер Никола Груевски го откажаа својот ангажман во случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.Правните застапници Димитар Данов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски го напуштија рочиштето, изјави на почетокот на денешната седница судијата Душан Јосифов. Груевски доби адвокат по службена должност, Петар Димовски.Адвокатот Димитар Дангов на минатото рочиште за предметот „Титаник“ рече дека се откажува и за овој предмет да го застапува Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Avtobus-nesrekja-Leskovac

Приведен возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац

Возачот на автобусот што вчера рано изутрината излета од патот и се преврте во близина на Лесковац, приведен е во полициска станица по сомнение дека е одговорен за трагедијата.Во несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца се повредени.Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп кон Виена. Кога бил во близина на Лесковац, ненадејно излетал од коловозот и се превртел.Првичните сознанија се дека тој се движел со брзина од околу 100км/час, а на коловозот имало остатоци од снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makedonija-blokira

„Македонија-Блокира“ ги повикува Заев и Спасовски да се вразумат и да не провоцираат

„Македонија-Блокира“ најостро ја осудува вчерашната полициска интервенција со која беше спречена блокадата на патот Охрид-Струга кај село Мислешево, иако протестот беше уредно најавен во МВР во законски определениот рок.-Ова се веќе знаци на една уплашена власт на Зоран Заев штом започна да ги спречува протестите на „Македонија-Блокира“ со што, патем, се крши и уставно загарантираното право на протест. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија – Блокира“ продолжуваат до финалната одлука или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи – се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Со тупаници и без причина, црногорски државјанин нападнал маж во скопска гостилница

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против црногорски државјанин за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Осомничениот, заедно со непознато машко лице, на 09.11.2018 година скршиле маса во гостилница во Скопје. На 13.11.2018 година тој повторно со едно непознато лице се  вратил во истата гостилница и му се извинил на оштетениот за своето претходно однесување. Но, на излегување, без повод и причина, го нападнале оштетениот и тешко телесно го повредиле, удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот и непознатото лице го напуштиле местото на настанот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
krazba

Со закани дека ќе го убијат неговото семејство, две лица се обидеме да изнудат пари од скопјанец

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда од чл.258 ст.2 во врска со ст.1 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.Осомничените, дејствувајќи во група заедно со уште едно лице кое е во бегство, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и со сериозна закана по живот на оштетеното лице, се обиделе да го присилат да им даде 10.000 евра.Тие во повеќе наврати го контактирале оштетениот и му барале пари, а откако тој ги одбил започнале агресивно да се однесуваат и да му се закануваат по неговиот и животот на неговото семејство. По ова, оштетениот на 14.12.2018 година се согласил да се сретне со нив во еден трговски центар во Скопје и да им ги даде бараните пари, но настанот го пријавил во полиција.Откако оштетениот се сретнал со осомничените, тие се обиделе насила да го однесат од договореното место, но во намерата ги спречиле полициски службеници, по што осомничените се дале во бегство. Во близина на лице место биле приведени двајца од нив.Тројцата осомничени веќе подолго време биле организирани во група со намера да му наштетат на оштетениот и во повеќе наврати му се обраќале на различни начини со цел да му изнудат средства. Овие околности укажуваат на стравот дека осомничените, доколку се на слобода, ќе го повторат кривичното дело. Освен ова, постои опасност тие да му влијаат на оштетениот или да се дадат во бегство, со што ќе ја попречат кривичната постапка. Од овие причини, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-trajkovski

Трајковски потврди: Се сретнав со Груевски, а во Будимпешта бев за да ги прегледам синусите

Царинскиот службеник Алексндар Трајковски кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски тврди дека бил во Унгарија поради здравствени причини. Трајковски тврди дека таму правел специјалистички преглед на синусите и дишните патишта, а со Груевски се сретнал како сопартиец и поранешен лидер.Трајковски денес се појави во судот каде се одржа ново рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Општина Центар“ каде е обвинет заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и група учесници во кршењето на општина Центар во 2013 година.Трајковски беше во посета на експремиерот, а за посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nasilstvo-centar

„Се соблече и ми го покажа пенисот“, рече екссоветничка од Општина Центар

На денешното рочиште за упадот во Општина Центар кој се случи на 10 јуни 2013 година, сведочеше тогашната советничка Марија Бошкоска Јанковски. Објаснувајќи што се случуваше, рече дека за малку ќе била погодена со парче стакло од страна на Александар Трајковски кој пак, изминатата недела беше фотографиран како му прави друштво на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта.Бошкоска-Јанковски рече дека Трајковски упатил низа навреди како „Курво, свињо дебела“, а друг обвинет во случајот на СЈО за „Насилство пред Општина Центар“ се соблекол и и го покажал пенисот.Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред Општина Центар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Го прашав „Како заспиваш толку брзо?“, одговори „Чиста ми е совеста“ - рече синот на Јован Стојаноски

Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше, ќе те научам што е љубов. Пред некој ден дојде дома на еден саат. Заспа дома. Му велам "Како можеш да заспиеш толку брзо?", а тој возврати "Сине, мене чиста ми е совеста". Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, син на градоначалникот Јован Стојаноски.„Опседнат беше со кејот. Тоа се луѓето на Охрид. Ве замолувам, кога ќе се реализира тој проект, да го носи неговото име“, замоли брат му. На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.„Со мене беше и на последното патување накај Скопјр. Заедно го завршивме и последниот колегиум  за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна... Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sting-sk-artwork

Стинг доаѓа во Скопје

Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки. Авалон Продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден, велат од Авалон.„По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на "57th & 9th" турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“. Стадионот "Филип Втори" за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.  „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti“, се вели во соопштението.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања