Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
miss2

Преубавата Филипинка е новата Miss Universe 2018

Титулата на еден од најпрестижните светски избори за убавина, Miss Universe 2018, ја доби Филипинката Катриона Елиза Греј. Второто и третото место го освоија убавиците од Венецуела и Јужноафриканската Република.Изборот се одржа во Имапкт арената во Бангкок, Тајланд, а за круната се натпреваруваа 91 девојки од исто толку земји.Круната на Греј и беше предадена од ланската мисица, Деми Петерс од Јужна Африка.Греј е четврта убавица од Филипини која ја освојува оваа титула, по победите во 2015, 1973 и 1969 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
327745-vecherva-vo-vila-vodno-kje-zasedava-sovetot-za-bezbednost

Дали идниот претседател на Македонија ќе биде жена?

Радмила Шеќеринска, Солза Грчева, Тања Каракамишева, Гордана Силјановска, Фатиме Фетаи, Мирјана Најчевска, Мирјана Лазаровска…ова се имиња на успешни професионалци и моќни политичарки, секоја поддржана од голема група истомисленици, кои освен што се силни интелектуалки и децентни дами, имаат уште еден заеднички именител.Сите тие се можни кандидати за претседател на Македонија. Се разбира, ниту една од нив официјално не ја потврдила својата кандидатура, ниту пак јавно ја покажала амбицијата за највисоката функција во државава, но судејќи според мислењата на граѓаните, како и на нивните следбеници на социјалните мрежи, извесно е дека би имале сериозна поддршка од гласачите.Иако до истекот на мандатот на актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, има уште неколку месеци, во јавноста веќе се скенираат личностите кои би можеле на свој грб да го понесат товарот што го носи шефот на државата. И она што е многу интересно, за првпат се споменуваат толку жени.Професорката Мирјана Најчевска, која е познат борец за родова еднаквост, во изминативе недели на својот фејсбук-профил неколкупати покрена јавна дискусија на оваа тема.– Е јас не сум ни за Стево ни за Денко. Мислам дека е редно да добиеме претседателка. На протестите имаше повеќе жени од мажи. Жените го срушија режимот. Редно е да го разбиеме патријархалниот модел не само на улица туку и во институциите. Жена за претседателка, напиша Најчевска и покрена сериозна дискусија.Со сличен став се и граѓанските активисти. Наташа Доковска од „Новинари за човекови права” вели дека сепак, во македонското традиционално општество, авторитетот на мажите има првенство во однос на вистинските ставови на висококвалитетни жени кои би можеле да бидат во функција на претседателот на државата.– Сепак ми се чини дека нашето општество веќе е зрело за жените лидери. Досегашната неинволираност во оваа сфера делумно лежи и во самата жена. Имено жените самите се одговорни за таква позиција, бидејќи им даваат првенство на мажите, иако сметаат дека се подеднакво способни за извршување на функцијата…Денеска има жени претседателки и во многу понеразвиените демократии и верувам дека и Македонија може да “извади# жена претседател и да биде пример за тоа како се води државата, што за мене е еквавилент за водење семејство…Според интерни истражувања на весникот Вечер, Шекеринска, Грчева, Каракамишева, се три од кандидатките кои би можеле да ги засенат нивните колеги и да ја освојат вилата „Водно”.Вицепремиерката и министерка за Одбрана, Радмила Шеќеринска, е политичарката за која јавноста наголемо зборува дека е сигурен претседателски кандидат. Во својата богата политичка кариера извршувала голем број високи партиски и државни функции.Солза Грчева, претседателка на новоформираната партија на центарот Глас за Македонија и поранешна пратеничка на СДСМ, позната по острите критики за политиките на власта, но и на најголемата опозициска партија, многумина ја гледаат како вистински претседател на сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Pat

(ВИДЕО) Пари летаа од блиндирано возило, на патот настана хаос

За време на најголемиот сообраќаен метеж од блиндирано возило почнале да летаат банкноти, а луѓето почнале да ги собираат, но нивната среќа беше краткотрајна – полицијата побара сите пари да бидат вратени, а за возврат вети дека нема да ги гони оние што ги задржале.Полицијата на Ист Рутерфорд изјави дека нешто по осум часот наутро ги добиле првите повици за парите што летале од блиндирано возило и несреќите што се случиле кога возачите ги напуштиле своите автомобили ловејќи ги парите.https://twitter.com/squagliozzi/status/1073209455603564544На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа блиндирано возило Бринкс на патот 15 милји од градот Њујорк и луѓето кои трчаат меѓу возилата фаќајќи ги парите.„Тоа е многу опасно, сите собираат пари таму”, рече една жена во видео објавено на Твитер.Полицијата на Ист Рутерфорд објави дека дел од парите биле вратени во вечерните часови, но не објавиле колку, како ни колку вкупно пари одлетале.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Британец со измама го пропатувал светот без да потроши ниту една фунта

Британец бил уапесен откако е утврдено дека крадел лозинки од вработени во туристички агенции, по што самиот си закажувал патувања чија вкупна вредност изнесува 44.000 фунти.Станува збор за 28-годишникот Адам Грифитс кој посетувал туристички агенции и се распрашувал за цените на аранжманите, а прита внимателно следел што вработените прават и ги крадел нивните лозинки за регистрација во системот. Потоа Британецот самиот се логирал во системите и си резервирал патувања низ целиот свет, а на социјалните мрежи се фалел со фотографии од егзотичните екскурзии.Меѓу другите места, Грифитс си резервирал престој во луксузниот хотел Бурж ал Араб во Дубаи и лет со прва класа, потоа патување на Сејшелите за себе и за своите пријатели итн.Интересно, одбраната во судот изјавила дека тој по грешка си резервирал и патување кое вклучувало само појадок наместо целосна услуга, а бидејќи бил невработен и кај себе имал само една фунта, во таа ситуација дури и гладувал за да издржи до крајот на летувањето. Младиот Британец е осуден на две и пол години затвор.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и , како што се наведува ,,растечкото авторитарно владеење на националистичкиот лидер Виктор Орбан”. Протестите во еден момент станаа насилни и полицијата употреби гас за да ја растера толпата.Судирите настанаа кога демонстрантите пристигнаа пред зградата на државната телевизија МТВА. Протестите насловени како ,,Сеќен Божик господине премиер” се одржаа по четврти пат во последниве седум дена, а го организираат левичарските опозициони партии, група студенти и граѓани кои се противат на владата на Виктор Орбан. На протестите им се приклучија и синдикатите.Партијата на Орбан – Фидес во саботата реагирајќи на протестите соопшти дека е се поочигледно дека учесниците се криминалци кои ги организирала межата на Џорџ Сорос.

Свет | пред 7 години

7 год.
oblozuvalnica-1

Драма во Кавадарци: Со секира ограбил обложувалница

На 15.12.2018 година околу 22,10 часот во Кавадарци во обложувалница на улица „7-ми Септември“ непознат сторител со закана со секира извршил разбојништво и од вработената одзел пари, информира МВР.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-mi-april-sudenje

Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите.На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Филипче: Шест патници од автобусот што се преврте во Лесковац се со сериозни повреди

Шест лица потешко повредени од сообраќајната несреќа на македонскиот автобус кај Лесковац се хоспитализирани во болницата во Ниш. Тие се во стабилна состојба, но со сериозни повреди. Синоќа шестмината повредени ги посети министерот за здравство Венко Филипче, а претходно и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.–Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави Филипче во Ниш.Претходно, како што изјави министерот, ги посетил повредените патници хоспитализирани во болницата во Лесковац.Во болницата во Лесковац се сместени осум патници со полесни повреди, и како што рече Филипче, за  ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија за што ќе бидат во континуиран контакт со колегите од Србија и заеднички ќе го организираат првозот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zavejan-620x350

Српски медиуми: Возачот на автобусот возел со брзина од околу 100 км/ч, патници биле спасувани од под превртеното возило

Неприлагодена брзина кон условите на патот, најверојатно е причината за сообраќајната несреќа на патот Лесковац-Ниш во која македонски автобус излета од патот, при што три лица ги загубија животите, а 32 се повредени, јавуваат српските медиуми.Несреќата се случи ноќта меѓу саботата и неделата кога автобус излетал од патот и се превртел. Српските медиуми јавуваат дека возачот, кој се сомничи дека е одговорен за трагедијата, е уапсен.-Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп за Виена. Кога бил во близина на Лесковац изненадно слетал од коловозот. Според досегашните информации, постои сомневање дека возачот возел со брзина од околу 100 километри на час иако патот бил завеан со снег и лизгав, што довело до несреќата, вели извор од истрагата за српските медиуми.Противпожарни, полициски и екипи на Итната медицинска помош набрзо пристигнале на лице место.-Глетката беше страшна. Автобусот беше свртен на страна, патниците лелекаа и бараа помош, додека скршени стакла беа разлетани на сите страни. Четири лица беа заробени во автобусот. Докторите веднаш истрчаа да помогнат, за жал, за тројца беше доцна, вели соговорник за „Србија данас“.Неколку патници биле приклештени во автобусот, додека две жени биле заробени под возилото.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го зацрни животот на граѓаните, Македонија веќе два месеци дише загаден воздух

Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеци Македонија дише загаден  воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најазагадени во светот, а власта не презема ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев, Макрадули и Шилегов ветуваат почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа  ништо од она што го ветуваа не е случај. Наместо мерки и проекти спијат во Собрание за време на расправа  и играат игри  на телефон.Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден  завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10 честички е неколкукратно над дозволеното секој ден.ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знаат каде ја водат државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:- субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,-   забрана за употреба на петрол и кокс,-   бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.Граѓаните не смее да трпат заради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ  нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ.Црнилата која ги предизвика оваа власт мора да престанат да бидат наше секојдневие. Граѓаните заслужуваат чист воздух, тоа е нивно право и обврска на секоја влада. СДСМ не може тоа да го овозможи и мора да си замине, колку порано толку штети по државата и граѓаните ќе бидат помали. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против штетните политики на ненародната власт да ни се придружат на протестниот марш во Скопје, во четврток (20.12.2018) кој тргнува од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Студено време со врнежи од снег

Денес не очекува претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава. Утринските температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 степен, а дневните од -2 до 7 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи главно од снег. Утринската температура ќе се спушти до - 4 степени, а дневната до 2.Утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има попладне во јужните делови од земјава. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-11

Марш на црвениот чадор денес во Скопје

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамките на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ќе го одржи традиционалниот Марш на црвениот чадор во денес во 12 часот, пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза.„СТАР-СТАР заедно со сексуалните работници, активистите и нивните поддржувачи се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Со пораката:“ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби сезасноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација.Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од Д-р. Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетел, Вашингтон“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48358824_209444196602202_6739252949593096192_n

Денеска е ден на жалост во Охрид

Денеска во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје. Погребот на Стојановски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Исто така денеска ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми ќе присуствуваат на комеморативната седница која ќе се одржи во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.Според најавите, дополнителните избори за нови градоначалници на Охрид и на Дебар ќе се одржат паралелно со редовните претседателски избори напролет. Тогаш треба да се избере и нов градоначалник на општина Ново Село, откако Боро Стојчев од СДСМ поднесе оставка од морални причини откако беше осуден на затвор за обид за шверц на цигари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Автомобил удри пешак во Охрид, итно пренесен во Скопје

На 15.12.2018 година околу 19,10 часот во Охрид на улица „Расоица Новачки“ К.П.(30) од село Горно Лакочереј, охридско управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“, со охридски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.Н.(55) од Охрид.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. кој по укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KING0071

Родители и експерти разговараа за позитивно родителство на настан во Скопје

Денеска во Скопје се одржа петиот настан „Разговори за родителството“ на кој присуствуваа над 300 луѓе. Целта на овие настани е да се разбуди свеста за развивање и надградување на родителските вештини и се дел од кампањата „И родителството се учи“ на УНИЦЕФ, ЕУ и Министерството за труд и социјална политика.„Секое искуство на детето влијае на начинот на кој тоа размислува, се чуствува, однесува и учи понатаму во животот. Она што го зборуваме дома, начинот на кој воспитуваме нашите деца се одразува на нивното однесување надвор од домот и директно влијае на создавањето на позитивно општество. Секој од нас треба да е свесен дека иако љубовта ни доаѓа придодно, родителството навистина се учи. Да се трудиме да бидеме подобри родители, за нашите деца и за посветла иднина“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Во над 15 градинки низ Македонија се воспоставуваат советувалишта за родители, чија цел е да работат токму на развој на успешното родителство.МТСП работи на зголемување на бројот на овие советувалишта, но и на зголемување на капацитетите на градинките и на јакнење на компетенциите на кадарот со што го зголемува опфатот на деца во предучилишно образование.„Кампањата започна со разговори низ целата земја за научните факти во врска со развојот на човечкиот мозок, емотивното приврзување, развојот на карактерот, различните родителски стилови и влијанието на негативните искуства од детството и стресот врз развојот на децата.  Кампањата ја нагласи потребата од програми и советувалишта за поддршка на родителите. Кога општеството им помага на родителите да подигаат деца кои имаат здрава приврзаност, кои се стумулирани, кои веруваат во себе, упорни се, имаат емпатија, знаат како да се справат со разочарување и можат да учат и да откриваат нови работи - тогаш создаваме животен циклус на лично човечко поврзување и развој и посилно, просперитетно и безбедно општество,” рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.Претходно настанот „Разговори за родителство“се одржа во Куманово, Гостивар, Струмица и Битола. Присутните имаа можност да научат повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во куќа во тетовско направи голема шетата

На 16.12.2018 година околу 04,00 часот во село Добриште, тетовско, избувнал пожар во куќа сопственост на И.Т.(59), при што опожарено е приземјето од куќата, една гаража и патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во гаражата, повредени лица нема.Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.  Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pcenica

За поубава и побогата 2019 година утре засадите Божиќна пченица

Раѓањето на Исус Христос - Божик е најрадосен ден во семејството. Се прославува со богата трпеза, има и низа обичаи во зависност од регионот, но еден се чини е исти насеаде. Тоа е Божиќно жито.За да порасне до Божик , житото кое е симбол на просперитет, здравје и богатство треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.За садењето ви е потребно една шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става одозгора за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Како да исецкате кромид без солзи

Готвачот Џек Скалфани во своето видео покажува како се сецка кромид брзо и без солзи.Според него потребен е остар нож, бидејќи тапите ножеви само ја влошуваат работата. Потоа потребно е да се најде срцето на кромидот, да се исече круг околу него и истиот да се извади.

Магазин | пред 7 години

7 год.
12345668_10153927936512518_7875210359762923620_n

Во понеделник марш на сексуалните работници во Скопје

Во понеделник, на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во Скопје по 11. пат ќе се одржи Маршот на црвениот чадор. Протесниот марш на сексуалните работници ќе започне од 12 часот од Спомен куќата на Мајка Тереза.Тој е во организација на СТАР – првиот колектив на сексуални работнициСо пораката: „ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација, соопштуваат од СТАР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mkc1

„Новогодишна бајка“ – манифестација на Детскиот културен центар „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“ ќе одржи новогодишна, полугодишна завршна, ликовна и етнолошка изложба, како и балетска претстава, наречена „Новогодишна бајка“. Настанот ќе се случува во кино-салата „Фросина“ во Младински културен центар –МКЦ на 24 декември, со почеток во 18 часот.Членовите од ликовната секција ќе имаат изложба со цртежи од малите ликовни уметници, додека танцово-ритмичката секција со малите и големите балеринчиња преку игра ќе ја претстават новогодишната бајка со која ќе го најават доаѓањето на новата година. Нивните родители и останатата публика ќе можат да уживаат во сето она што го сработиле двете секции во првото полугодие. Исто така, на влезот покрај изложбата од малите ликовни уметници ќе има и етнолошко катче со македонски носии со кои играат нашите фолклорци.

Магазин | пред 7 години

7 год.
struja

Дел од Кисела Вода и Центар утре без струја

Од 8:30 до 13 часот утре без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јустинијан Први“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Андреја Петковиќ“ и „Ниџе Планина“ во општина Кисела Вода.Во периодот од 8:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ и дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48379028_2070147516395923_4537301905029726208_n

Одржано четвртото Собрание на ПОЕН, избран новиот извршен одбор на партијата

Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, денес го одржа своето 4-то редовно Собрание, во хотелот „Арка„ во Скопје.На присутните над 200 делегати и гости, покрај претседателот на ПОЕН се обратија уште министерот Едмонд Адеми, кој што ги поздрави присутните во име на коалициониот партнер СДСМ и другите коалициони партнери, пратеничката од Република Косово од редовите на Бошњачката заедница Емилија Реџепи, а преку видео-порака и Павлос Воскополус од партијата на Македониците во Грција „Виножито“.На Собранието се усвои новата програмска платформа на ПОЕН, со што акцент во политичкото делување на партијата се дава да луѓето во Македонија живеат во безбедна, стабилна и економски просперитетна држава во која ќе владеат социјален мир, општествената правда и кохезија,  со воспоставени стандарди на мултикултурното општество, засновано врз стабилни интеркултурни односи, со демократски политички систем, со владеење на правото и со почитување на темелните човекови права, слободи и достоинство.Собранието избра членови на новиот Главниот одбор на Партијата, а потоа се избраа и потпретседатели, секретар и членови на Извршниот одбор (ИО)  на ПОЕН. Новиот состав на Извршниот одбор на ПОЕН  е следниот.Проф. д-р Рубин Земон (претседател на ПОЕН).Дијана Марковиќ (претседател на Главниот одбор на ПОЕН)Димитар Илиевски (потпретседател на ПОЕН)Милан Тоцев (потпретседател на ПОЕН)Медо Балиќ (секретар на ПОЕН )Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски (член на ИО)М-р Ирена Оровчанец (член ИО)М-р Симона Ристевска (член ИО)Благоја Костовски (член ИО)Никола Шалваринов (член ИО)Мирослав Анастасов (член ИО)Гоце Величковски (член ИО)Аднан Ашимоски (член ИО) иЉупчо Петровски (член ИО)

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Георгиески: Стојаноски ни остави обврска да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност

„Токму од овде, од ова место градоначалникот Јован Стојаноски ги соопшти своите визии за развој на на општина Охрид и до последен здив, неуморно и посветено работеше на нивното реализирање. Токму од од овде, од ова место, јас заедно со него тргнав по тој пат да направиме што повеќе за нашиот светол и свет град. Ни остави обврска заедно да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност. Беше вистински професионалец.Вчераутро, ден по враќањето од Скопје и седницата на ЗЕЛС, градоначалникот заедно со своите најблиски соработници го договараше буџетот за 2019 година. Никој од присутните до денес не може да поверува дека тие беа последните зборови кои ги слушаа пред срцето да му откаже и престане да чука“, рече на денешната комеморативна седница во ОО на СДСМ заменик градоначалник, соработник и долгогодишен пријател на Стојаноски, Константин Георгиески.Тој додаде дека најголемиот дел од присутните на комеморацијата на еден или друг начин сме соработувале и биле кој поблиску кој подалеку од градоначалникот Стојаноски.„Сите ние добро го познававме, го познававме неговиот начин на работа, ја познававме неговата волја за живот и морам да потенцирам дека сите ние од него многу научивме како треба да се справуваме со предизвиците на времето. Тој секогаш работите сакаше да ги гледа од друг агол и од друга призма. Оставаше простор и за туѓо мислење и често знаеше да даде свое решение, карактеристика која ја имаат само умните, посветените и храбрите луѓе“, напомена Георгиески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Намалена видливост од 20 до 50м. поради магла има на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража. Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Престанок на важност на забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Делчево граничен премин Делчево. Се воведува задолжително употреба на зимска опрема само за тешки товарни возила на истиот патен правец“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cavkov

(ФОТО) Митко Чавков ургирал мајка на три деца да биде испратена во затвор, иако немала вина

На социјалните мрежи се споделува статус во кој се вели дека ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков влијаел врз обвинител и судија за во затвор да испрати жена која немало сторено кривично дело. Ви пренесуваме во целост:

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања