Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
1544953411873-untitled-1-620x350

Направила портрет на Џоковиќ од остатоци од коса

Фризерка од Македонија, Светлана Гроздановска одлучила од коса да направи портрет од Новак Џоковиќ.https://www.instagram.com/p/BqAwDU7n2md/Светлана на подот на нејзиниот фризерски салон со остатоците од исишана коса го нацртала портретот на савниот тенисер.Видеото и фотографијата со ликот на Џоковиќ ги поставила на својот Инстаграм профил. На видеото може да се забележи како Светлана со фен го издува портертот а тенисерот со цел да докаже дека е изработен од иситнета коса.https://www.instagram.com/p/BqFEFTrHrB2/

Магазин | пред 7 години

7 год.
udes-6-620x350

(ВИДЕО) Сведоштво на Македонец кој беше во автобусот: Кога се разбудив, слушнав вриштење и околу себе видов крвави глави

Во сообраќајната несреќа во близина на Лесковац загинаа тројца македонски државјани, маж и две жени, четворица се повредени потешко, а 28 имаат полесни повреди. Меѓу повредените има и едно и пол годишно бебе, како и деветгодишно дете.„Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”, сведочи за белградските медиуми момче од Битола, кое патувало со автобусот кој ноќеска околу 1.45 часот се преврте кај Лесковац во Србија. Автобусот се излизгал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел во снегот покрај патот.Потешко повредените патници се префрлени во болницата во Ниш и никој од нив не е во животна опасност.,,Не знам кој повика полиција и итна помош, но брзо по несреќата пристигнаа лекарите кои влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа и пожарникарите, кои што не извлекоа од автобусот”, раскажува момчето кое што има повреда на раката.Никој од патниците не знае како се случила несреќата, бидејќи во тој момент речиси сите спиеле. Повеќето од патниците се млади луѓе кои тргнале по работа во Виена.

пред 7 години

7 год.
plakat-zatvoranje

„Духовите на Африка“ за затвора со предавање на проф. Никос Чаусидис

Во понеделник (17. декември) во 20 часот ја затвораме изложбата „Духовите на Африка“ што посетителите можеа да ја видат последните два месеци. Ова е една од најуспешните изложби во Музеј на Македонија и по тој повод ја затвораме со пригоден настан.Во рамки на настанот професорот Никос Чаусидис ќе го одржи предавањето насловено како „Африкански елементи во културното наследство на Балканот“, во кое ќе ги акцентира митските и симболичките елементи поврзани со Африка и коишто се присутни на балканското поднебје.По предавањето Пенелопа Стаматоска од VR-port ќе го презентира 3D моделот на „Духовите на Африка“, кој ќе овозможи виртуелна прошетка низ изложбата дури и откако ќе биде затворена.Исто така ќе се направи и презентација што ќе ја сумира изложбата и придружните настани поврзани со неа, а потоа ќе се одржи и последното разгледување на изложбата кое ќе биде проследено со африканска музика.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Еруптираше вулканот Сопутан во централна Индонезија

На островот Сулавеси во централна Индонезија денеска е регистрирана ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри висина.Вулканот Сопутан што се наоѓа во северниот дел од островот, двапати утрото исфрли пепел, соопшти портпарол на националната Агенција за спречување катастрофи. Според него, во очекување е излевање лава и пепел низ падините на вулканот и повика на евауација на локалните жители.Сопутан е еден од најмалку 120 активни вулкани во Индонезија.Индонезискиот архипелаг на кој живеат повеќе од 260 милиони луѓе, е склон на земјотреси и вулкански ерупции поради својата положба на Пацификот.

Свет | пред 7 години

7 год.
1538501658952-012-620x350

(ВИДЕО) Шест деца настрадаа во неколку пожари низ Русија

Во четири пожари во различни градови во Русија животот го изгубија шест деца и четворица возрасни, известуваат руските медиуми.Три деца го загубија животот во пожар во куќа во село Башкири, јужно од планината Урал. Децата најверојатно биле оставени сами дома. Едното било на возраст од 2 години, а другите две имале 4 години.https://twitter.com/RussiaActually/status/1074213389906395136?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1074213389906395136&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3016249-sestoro-dece-stradalo-u-nekoliko-pozara-sirom-rusijeУште две деца го загубија животот во пожар во село Красни Кут во областа Саратов. Станува збор за 16-годишна девојка и момче на 3-годишна возраст.Исто така денес дете и двајца возрасни настрадаа во пожар во куќа во Казан.

Свет | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Задолжителна зимска опрема за сите возила на патот Кочани-Делчево-Берово

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. Поради интензивни врнежи од снег се воведува задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Од 14 часот попладнево е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Лизгалиштето „ЕУ за тебе“ од денеска дел од „Винтерленд“

Вљубениците во зимските спортови од денеска ќе можат бесплатно да се рекреираат на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот „Македонија“ и е дел од новогодишната населба „Винтерленд“. Лизгалиштето за граѓаните денеска го отворија градоначалникот Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Први на мразот излегоа деца - членови на Федерацијата на лизгачки спортови кои ги покажаа своите вештини.„Голема благодарност до ЕУ што го препознава новиот лик на Скопје. Уште од првиот ден кога го најавив Винтерленд, имавме договор со ЕУ за донација на лизгалиштето и драго ми е што сега заедно им овозможуваме на граѓаните да уживаат во уште едно катче од предновогодишната атмосфера во Скопје. Среќен сум што лизгалиштето на ЕУ во склоп на Винтерленд уште од првиот ден се поддржани и посетени од голем број на наши сограѓани. Уверен сум дека ваквата соработка помеѓу Град Скопје и ЕУ ќе продолжи во иднина и ќе овозможат уште нови и убави моменти за граѓаните“, изјави ШилеговГодинешната новогодишна програма на Град Скопје и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот „Македонија“ и ги поддржува настапите на средните училишта на Град Скопје кои се дел од забавните содржини во новогодишната населба.Град Скопје ги поканува граѓаните да дојдат и да уживаат во содржините на новогодишната населба „Винтерленд“, што ја сочинуваат украсени куќички, катчиња за детски игри и занимливости за посетителите од сите возрасти.Од овој викенд во „Винтерленд“ почна и официјалната новогодишна забавна програма, која во текот на работната недела почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот. Забавата во „Винтерленд“ трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Албанец измамен од непознато лице, платил 150 евра за работа во Австрија

На 15.12.2018 година во 19,10 часот во Полициска станица Тетово Н.Ш.(28) од Елбасан Р.Албанија пријавил измама извршена од страна на непознато лице.Имено, Н.Ш. видел објава на социјалната мрежа Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во Р. Австрија, по што пишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото  лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии.Откако во текот на вчерашниот ден (15.12.) оштетениот дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, сторителот му го земал и мобилниот телефон наводно за да стави сим картичка и заедно заминале пред фото студио на улица "Илинденска" во Тетово за да се фотографира Н.Ш. Кога пристигнале пред фото студиото, непознатото лице му рекло на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор, по што го напуштил местото на настанот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена марихуана при претрес на две лица од Гостивар

На 15.12.2018 година во 23.30 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар  лишени од слобода се Ф.Ј.(23) и Б.Ф.(23) двајцата од село Горна Бањица, гостиварско. При преглед кај лицата е пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
udes-6-620x350

Жена од Кочани и маж од Крушево меѓу загинатите во автобуската несреќа

Маж на 68 годишна воздраст со иницијали В.Ш., од с. Бучин, Крушево и жена на 68 годишна возраст со иницијали К.К. од Кочани се идентификуваните жртви во сообраќајната несреќа што се случи рано утров во близина на Лесковац.„На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и за сега немаме потврда за нејзиниот идентитет. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените, во тек е постапката. Четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш“, информираат од МНРВо несреќата беа повредени вкупно 32 патници, од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија. На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обезбедат сместување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева до ОЈО: Што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун?

“ОЈО што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун”, е прашањето што професорката Тања Каракамишева го поставува до Јавното обвинителство откако вчера организацијата Викиликс објави дека министерот бил заштитен извор на американската амбасада во Скопје?„ОЈО што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун? По кој член од КЗ ќе го водите случајот, по чл.316 Шпионажа каде е предвидена казна затвор од најмалку 4 па до 10 г. или по чл.317 Оддавање државна тајна каде затворот е од 1 до 10г.?“, напиша професорката Тања Каракамишева на својот профил на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев да каже дали министерот Димитров е кодошот кој шпионирал за ЦИА

Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани и силно вознемирени од информацијата на „Викилис“ дека министерот за надворешни работи Никола Димитров е кодошот кој шпионирал за американската ЦИА, велат од Единствена Македонија.„Според „Викилис„ Никола Димитров неовластено на странска шпионска организација предавал податоци за преговорите за името кои биле државна тајна во времето кога Димитров бил македонски преговарач во грчко-македонскиот проблем со името.Јавноста очекува одговор од Зоран Заев на прашањето дали Никола Димитров е кодошот кој шпионирал за ЦИА во врска со светото македонско име како прашање од највисок национален и државен интерес“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
udes-6-620x350

МНР: Идентификувани две лица кои загинаа во сообраќајката кај Лесковац

Едно од лицата кое го загуби животот во сообраќајната несреќа во близина на Лесковац е маж на возраст од 68 години, информираат од Министерството за надворешни работи.„Идентификувано е уште едно лице од загинатите, станува збор за 68 годишна жена. Третата жртва се’ уште не е идентификувана. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените, во тек е постапката. Четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш“, информираат од МНР.Од министерството додаваат дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.-Во несреќата се повредени вкупно 32 повредени патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија. На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обесбедат сместување- информираат од МНР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и оваа зима ќе дишат нечист воздух, а власта нема да реализира ниту една мерка

Владата која веќе 2 години ја зацрнува држвата, денес кажа дека нема да преземе ништо против загадувањето на воздухот. Граѓаните и оваа зима ќе дишаат нечист воздух, а власта нема да реализира ниту една мерка да ги ублажи последиците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните 2 месеци дишат загаден  воздух со присуство на канцерогени честички неколкукратно над дозволеното.Скопје 2 месеци е меѓу десетте најзагадени градови во светот, додека најзагаден град во Европа.СДСМ потроши 7 милијарди евра за две години, а ниту денар од тоа не даде за подобрување  на аерозагадувањето.СДСМ ја зацрни државата, дадоа безброј ветувања, а ниту едно реализираа. Токму затоа оваа власт мора да си замине. Зората мора да изгрее. Македонија мора да тргне напред“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
solza-770x444

Глас за Македонија: Вчера беше забранет уредно пријавен протест на движењето Бојкотирам

Во стилот на црна диктатура, во саботата на 15 декември, беше забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е партијата ГЛАС за Македонија. Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест, велат од партијата Глас за Македонија.„Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек.Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој против уставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур. Паралелно со правната битка, најавуваме дека протести и инсталации на нужна опрема ќе има на многу места и ништо нема да може да ги спречи. Најмалку, имбецилните оправдувања дека од Кампусот Македонија инсталиран пред зградата на Владата, истата ќе сме ја гранатирале. Прашуваме, дали од страв од народот сеуште не е тргната оградата пред Владата?Потсетуваме дека “шарените“ со месеци протестираа во инсталиран камп пред истата таа зграда, блокирајќи ги двете насоки на булеварот. Ако тоа беше “режим“, како може да се нарече оваа странска инсталација која од народот бега како ѓавол од крст?Протести допрва ќе има, со дозвола или без неа. Впрочем нека го прочитаат Законот за протести каде пријавувањето на протести е ставен со “може“ да биде пријавен, но не мора. Полицијата нека се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не со мирниот народ кој си ја бара правдата. Оградата чекаме да биде тргната“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
24c88c64d302c787-2827d

Тимоние: Охрид загуби исклучителна личност, неговите заложби и активности зборуваат за неговиот професионализам

Францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние упати телеграма со сочувство по повод прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.„Дозволете ми од име на Република Франција и во свое лично име да Ви го искажам моето најдлабоко сочувство за прераната смрт на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски.Охрид загуби исклучителна личност, како локалната самоуправа, така и академската заедница. Неговите заложби и реализирани активности за подобра иднина на градот и општината, во чиишто рамки сакам да ја истакнам одличната соработка со амбасадатана Република Франција, зборуваат за неговиот професионализам и одговорен пристап кон работата.Дозволете ми, Госпоѓо Претседател, да искажам сочувство и до неговото семејство, неговите пријатели и соработници“, стои во телеграмата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сочувство од ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид по повод смртта на градоначалникот Стојаноски

Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, упати телеграма со сочувство по повод прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.,,Со огромно жалење и неверување ја примивме трагичната вест за смртта на градоначалникот на Охрид, г. Јован Стојаноски.Смртта со нејзината немилосрдна конечност е вест која секогаш нѐ остава неми и понизни пред силите кои го движат светот, а се над нашата моќ дури и да ги разбереме, а камо ли да влијаеме на нив. Најтрагична од сите пак е веста за конечно завршување на животот на млад човек кој сѐ уште има долг пат да оди и уште многу да му даде на светот.Господинот Стојаноски заминува прерано од животот на своите најблиски, но заминува прерано и од животот на нашиот град кој пред само една година го назначи за свој прв човек, за татко на градот.Нашиот политички натпревар со г. Стојаноски траеше повеќе години претходно пред да стане градоначалник. Тој беше член на Советот на општина Охрид во тек на еден мандат. За тој период во кој имаше бројни дебати за важни прашања во кои имавме различни ставови, ние сепак успеавме да изградиме завидно меѓусебно почитување и разбирање. Тоа се рефлектираше и на предизборната кампања која го задржа потребното ниво на политичка култура пред сѐ заради мирниот и неконфликтен карактер на кандидатите. Почитувањето се задржа и во целата една година додека ја извршуваше функцијата градоначалник како конструктивен политичар.Остануваат прекратени бројните планови кои треба да го движат овој град кон подобро утре. Остануваат со сигурност прекратени и бројни лични цели неповрзани со политиката. Нам ни останува огромното жалење за прерано завршениот живот на нашиот, пријател, сограѓанин и градоначалник.Изразуваме искрено сочувство на семејството, пријателите, колегите од Факултетот за туризам и угостителство како и на сите граѓани на Охрид.Нека почива во мир и нека му е вечна слава!“- се вели во телеграмата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fUBk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRJN01EQV8vMjkyMDc5ZTJhZjc0YjBhZGVlYTEyOTI0MzAxMmRlNmUuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB

Маж и две жени се загинатите во автобусот на „Еуробус“ кој се преврте кај Лесковац

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите.„Во врска со автобуската несреќа во Србија, министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград стапи во контакт со претставниците на надлежните служби во Србија и за сега како официјална потврда од српските власти ги имаме добиено следниве информации: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Министерот за здравство Венко Филипче, Ген сек на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатија кон местото на несреќата. Се чека на дополнителни официјални информации, кои како што ќе ги добиваме ќе ви ги пренесуваме.“, соопштија од македонското МНР.Возачот и совозачот не се повредени, но според Бета, кажано им е дека не смеат да даваат изјави за медиуми. Според Бета, автобусот тргнал од Битола кон Виена, а имало патници од Битола и од други градови од Македонија. Еден од повредените за агенцијата изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.„Кога се разбудив чув врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце, а некој рече дека има и загинати. Не знам кој повика итна помош и полиција но набргу стигнаа неколку амбулантни коли и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите и сите заедно нè извлекоа од автобусот“, рече за Бета момче од Битола кое во сообраќајката ја повреди раката.Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти згрижени таму се со тешки повреди но се вон животна опасност, 23 згрижени во Ургентниот центар имаат полесни повреди, а на домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија.Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат. Автобусот ја пробил заштитната ограда и се превртел, а во меѓувреме е исправен и околу него дежура полиција и санитетско возило.up-date за состојбата со повредените: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Има вкупно 32 повредени лица од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија, 1 на ортопедија. 4-та повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. На сите ќе им биде озбезбедено сместување, доколку имаат потреба за преноќување

Македонија | пред 7 години

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка - граничен премин Деве Баир

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. Исто така воведена е и забрана за Тешки Товарни Возила на патнит правец К.Паланка-граничен премин Д.Баир. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Центар подготвена ги дочекува врнежите од снег и дожд

Активирана е зимската служба на Општина Центар, а фунцкионира и Кризниот штаб. Во моментов, нема поголеми излевања на вода или натрупувања со снег.„Со 2 големи специјални возила за расчистување на снег на големи улици и 3 помали возила – “соларки“ за чистење на тротоари и помали улици, општината е подготвена да делува при поројни врнежи на дожд и снег.Службите на општината продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните доколку приметат промена на терен и штети, можат за истото да го известат Кризниот штаб на Општина Центар“, се вели во соопштението.078 223 065 Петар Милетиќ – Командант на кризниот штаб070 274 911 – Дарко Гиговски – Началник на кризниот штаб076 313 381 – Кире Секуловски

Скопје | пред 7 години

7 год.
petar-kolev-pretsedatel-na-GDU

ГДУ го промовираше својот локален клуб во Охрид

Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, синоќа во хотелот „Нова ривиера“ го промовираше својот локален клуб во Охрид. Настанот беше помрачен од фактот што ден претходно почина таткото на претседателот на локалниот клуб, Крсте Ристески, а на денот на самата промоција пристигна веста за прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.На самата промоција свои обраќања имаа потпретседателот на локалниот клуб во Охрид Михаил Трендафилов, потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски и претседателот на партијата, Петар Колев.Во своето обраќање Трендафилов истакна дека верува во идеите кои ги застапува Граѓанско Демократска Унија, бидејќи партијата е млада и нема хипотеки од минатото. Трендафилов истакна дека ГДУ ќе го обели образот на македонското политичко милје и додаде дека луѓето ќе се убедат во тоа, како што тој поверувал во оваа млада и прогресивна партија. Потпретседателот на локалниот клуб истакна дека ГДУ ќе биде промената на политичкото статускво од кое за 27 години, останатите политички партии направиле само поделба меѓу македонските граѓани.Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски во своето кратко обраќање ги поздрави присутните и им посака успешна работа во промовирањето на идеите за кои се залага партијата.Претседателот на Граѓанско Демократската Унија-ГДУ, Петар Колев, обрна внимание на тоа дека основната идеја на политиката е да создаде услови за подобар живот и развој на обичниот човек, а не само поле на кое се истакнуваат различните ставови и се прават политички кариери. Колев беше дециден дека ако политичарите не успеат во тоа да им овозможат понормален живот и секојдневие на граѓаните, тогаш нема никаква смисла во тоа со што се занимаваат. Од партијата информираа дека според нивниот план следниот локален клуб што ќе биде промовиран ќе биде во градот Куманово.Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев во своето обраќање изрази сочувство до претседателот на локалниот клуб на ГДУ-Охрид, Крсте Ристески, за прерано изгубениот член од семејството и до семејството на прерано починатиот градоначалник на градот Охрид, Јован Стојаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Корисни совети за возачите во зима

РСБСП со нови корисни совети за возачите, поврзани со возење во услови на снег.Не е мал бројот на случаи кога безбедноста на оние кои се зад воланот не е директно поврзана со техничката исправност на возилото и користењето зимски гуми, туку со прегледноста на возачот во возилото, психофизичката подготвеност на возачите, облеката што ја имаат на себе, информираноста итн.Совет број 1: Исчистете го целиот снег од возилотоВо брзање на време да стигнат до саканата дестинација, возачите често го чистат само оној дел од возилото кој им е најпотребен, односно доволно да можат да гледаат надвор од прозорите.       Но, тоа е многу лоша навика бидејќи освен тоа што тие треба да гледаат прегледно надвор од возилото, и другите возачи треба да имаат можност да го видат нивното возило, светлата, трепкачите, стоп светлата кога запира итн.. Исто така, снежната покривка која останала на возилото, може да се разлета и привремено да го заслепи возачот кој доаѓа од спротивната насока.Совет број 2:  Не возете со тешки чизмиЧизмите се неопходни во студените денови и кога има натрупано многу снег на патот, но тие може да го отежнат возењето и да оневозможат возачот да го има потребното чувство на сопирачките и на педалата за гас. Затоа, ако сте во можност, ставете уште еден дополнителен пар чевли или патики во возилото и менувајте ги пред да излезете од него. Ова ќе ви овозможи да добиете подобро чувство на педалите, а воедно ќе ви овозможи подобра стабилност на ногата. Овој совет е особено корисен ако патувате на подолга дестинација.Совет број 3: Возење со „тешки“ алиштаСѐ што е тешко, големо и гломазно, ви го отежнува возењето. Големиот и дебел капут повеќе ќе ви пречи во возењето, отколку што ќе ве стопли. Затоа пред да седнете зад воланот, соблечете се и раскомотете се доволно да не се чувствувате тромаво и затегнато, а палтото оставете го на задното седиште од автомобилот. Само така ќе можете слободно да маневрирате со воланот и менувачот, да се поместите во седиштето и да бидете фокусирани на она што се случува на патот.Совет број 4: Возете одморени и здравиКако во летните месеци, така и во зима, важи истото правило: секогаш кога ќе седнете зад воланот бидете одморени и психофизички здрави. Во случај кога не сте спремни за патување, не ја предизвикувајте судбината и избегнувајте да возите. Во зима важи уште едно правило: не седнувајте зад воланот доколку не сте доволно искусни за возење во зимски услови или не сте психички спремни. Во тој случај, ги советуваме возачите добро да размислат за важноста и итноста на патувањето, а доколку е неодложно, да ги земат предвид алтернативните можности за превоз (автобус, воз, такси итн).Совет број 5: Внимателно бирајте го местото за паркирањеПаркирањето во услови на мраз и снег е важен момент на кој треба да му се посвети големо внимание. Паркирањето општо претставува голем проблем за сите возачи, а посебно  во овој дел од годината. Најпрво, бидете смирени и без паника. Кога паркирате надвор од својата гаража, внимателно одберете место каде ќе паркирате и одбегнувајте паркирање на угорнина или надолнина. Стартувањето на возилото и неговото почетно движење е ризично особено за неискусните возачи. Секогаш бирајте порамни места за паркирање и доколку сте во можност поставете песок или тврд предмет под тркалата за да го олесните почетното вртење на тркалата. За оние возачи кои паркираат во гаража РСБСП потсетува: не го загревајте автомобилот во затворен простор поради опасниот и отровен јаглерод моноксид. Исто така, како возач, мора да знаете дека доколку возилото остане заглавено во снег, возачот треба да ги провери издувниуте цевки - ауспухот да не биде прекриен со снег. Блокираните издувни цевки може да предизвикаат навлегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .РСБСП до сите возачи апелира да ги почитуваат дадените совети за да си го олеснат патувањето и безбедно да стигнат до саканата дестинација. Почитувајте ги ограничувањата на брзината, предупредувањата за условите на патот и запомнете, во зима треба да возите многу побавно и да ја прилагодувате брзината на условите на патот.Бидете внимателни за вас и за оние околу вас, возете одговорно и секогаш чувствувајте се безбедно во вашите возила.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mile-bosnjakovski

(ВИДЕО) Владата ги задолжи министерствата во текот на следните 2 месеци да реализираат по најмалку една еко акција

Владата на Република Македонија на 109-тата седница, којашто беше одржана изминатиов петок, донесе одлука да ги задолжи министерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа во текот на декември годинава и во текот на јануари и февруари 2019-та година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштита на животната средина.Задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно.Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.Оваа одлука на Владата на Република Македонија претставува дополнителна поддршка во спроведувањето на мерките предвидени со Планот за чист воздух, којшто е усвоен како стратешки приоритет во работењето на владата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ си обезбедија место во прволигашкиот плеј-оф, вчера го победија „Астраион“ од Струмица

Вчера на последниот ракометен натпревар за оваа година, на прволигашкото дерби на домашен терен во преполната спортска сала „Архиепископ Доситеј“ екипата на „Јуниор Кисела Вода“ го победи „Астраион“ од Струмица, со резултат 23:17.Со оваа победа клубот од Кисела Вода кој во текот на целиот натпревар постојано беше во предност си обезбеди место во плеј-оф рундата за напролет, се пласираше меѓу најдобрите осум тимови од првата машка лига.Заслужни за победата се: Богдановски, Блажевски, Затараковски, Биковски 2, Гичев 1, Крстевски 7, Чапов, Јаховиќ 1, Постолов 5, Трајковски, Тодоров, Атанасовски, Ников 7 и Трајчевски.Правдата на теренот ја делеа судиите Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат беше Цане Куртовиќ од Скопје.

Спорт | пред 7 години

7 год.
ohis-deponii-na-lindan1

Депониите со линдан кај ОХИС ќе се чистат следната година

Лиданот е дел групата на канцерогени супстанции ПОПС (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски загадувачи и е дел од Стокхолмската конвенција која Македонија ја има потпишано во 2009 година. Специфичните ефекти од изложеност на овие супстанци може да вклучуваат рак, алергии и хиперсензитивност, оштетување на централниот и периферниот нервен систем, репродуктивни нарушувања и нарушување на имунолошкиот системКон средината на следната година, малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС, на која има околу 10.000 тони контаминирана почва со оваа канцерогена супстанца ќе започне да се чисти, информираат од Канцеларијата на ПОПОС (Presistent organic Pollutants) – неразградливи органски загадувачи при Министерството з животна средина.Во март, следната година, ќе се објави меѓународен повик за избор на технологија која ќе ја исчисти малата депонија. Надлежните велат дека откако ќе заврши нејзината деконтаминацијата ќе се работи на чистење на големата депонија. Се проценува дека на двете депонии во ОХИС има помеѓу 40 и 50 илјади тони контаминирана почва со токсичниот линдан.„Повикот ќе биде меѓународен, ќе го организира УНИДО (Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој). Ќе се формира стручно тело, комисија која ќе ги разгледа сите понуди. Веќе знаеме многу потенцијални кандидати кои се интересирале, тоа се компании од висок ранг кои работат на третман на опасен отпад. Тие се високо стручни, имаат капацитет, големи искуства, вели Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс, која работи на овој проект.“Според неа, доколку повикот се реализира во март, технологијата ќе почне со работа во мај или јуни. Процените се дека за деконтаминирање на малата депонија ќе бидат потребни од 3 до 5 години, во зависност од ефикасноста и динамиката со која ќе се работи„Во тој период, претпоставуваме дека ќе имаме доволно време да се соберат средства за големата депонија, за што владата ќе потпише и Меморандум, затоа што тие средства се многу поголема сума од ова што сега го обезбедивме. Големата депонија ја оставивме како втора фаза бидејќи е голема и ги немаме во моментот потребните средства и ако почнеме и стигнеме до некаде ќе остане отворена и ќе има уште повеќе емисии. Целта е кога ќе се отвори да се заврши и да има континуиран третман, потенцира Андонова.“Таа вели дека компанијата која што ќе го добие тендерот, ќе биде обврзана да ја покрие големата депонија со геотекстилна мембрана за да нема понатамошни емисии, а малата депонија ќе се чисти во затворени услови.Малата депонија се планира да се чисти во затворени услови, во затворен балон со соодветен притисок за да се спречат било какви емисии, кревање на прашина при ископувањето. Наша цел е да минимизираме било какви дополнителни емисии. Можеби при ископ ќе се појави засилен мирис, меѓутоа реално емисиите вон тој балон ќе бидат сведени на минимум, вели Андонова.За малата депонија, Глобалниот еколошки фонд кој што е главниот донатор, обезбедил 3 милиони долари, а Владата уште во 2014 година се сложила да прикаже 12 милиони долари за да може да се добие грантот.„Половина од тие средства тогашната влада ги прикажа како добра, вклучувајќи ги и студиите кои што сме ги правеле, се со цел да ги добиеме овие 3 милиони долари за да почнат работите да течат. Власта вети 6 милиони реални средства и со овие 3 милиони прават вкупно 9 милиони кои ќе бидат достапни и доволни за да се исчистат 10.000 тони од малата депонија,“ објаснува Андонова.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања