Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
soobrakajna-nesreka

Еден загинат и 44 повредени во несреќа со автобус во близина на Цирих

Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих денескам загина еден човек а 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба.Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на Филксбус, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.

Свет | пред 7 години

7 год.
beograd

Протести во Белград под слоганот „Ајде да се преброиме“

Повеќе илјади граѓани синоќа излегоја на протести во Белград, против актурлната власт на претседателот Александар Вучиќ, под називот „Ајде да се преброиме“.Од собирот кој помина без инциденти, граѓаните најавија дека ќе истраат во борбата за победа и дека, како што го победија поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, така ќе го победат и српскиот претседател Александар Вучиќ.Протестот започна во 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, каде што се обрати академикот Душан Теодоровиќ и актерот Тихомир Станиќ, по што граѓаните се прошетаа до зградата каде што се наоѓа седиштето на српскиот претседател, потоа продолжија пред српскиот парламент, телевизијата Студио Б и Радио Телевизија на Србија.Меѓу граѓаните беа и претставници на опозициските партии Вук Јеремиќ, Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ.Протестот “Ајде да се преброиме” настапи поради наводите од одредени медиуми и актуелната власт во Србија, дека мал број граѓани се имаат собрано за време на протестите на 8 декември, додека организаторите тврдат дека имало повеќе од 10.000 незадоволни граѓани.Инаку ова не е прв протетест, исти имаше и минатата недела. Но, Српскиот претседател Александар Вучиќ, тогаш изјави дека нема да исполни ниедно од барањата на опозицијата и пет милиони луѓе да излезат на улиците, поради што една од главните пароли на денешниот протест гласеше “Еден од пет милиони”.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ads

   

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прегазено младо момче во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Вчера во 21,35 часот на булевар "Александар Македонски" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило "Опел" со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешеки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За намалување на загаденоста сите институции делуваат во здружена акција

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и богатење на поединци поради што го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо. Дополнително, заради криминални интереси системски беше уништувано зеленилото, се потрошија милиони евра за барок, споменици и гипс наместо да се инвестира во почитста и здрава животна средина. Тоа резултираше со екстремна загаденост на воздухот што и денес се чувствува, велат од СДСМ.„За разлика од таквиот неодоговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивното здравје, денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.Се обновува зеленилото што системски беше уништувано. Во Скопје, Битола, Велес но и на други места ширум земјава се спроведува акција за зазеленување, се садат дрвја и се обновува зеленилото. Интензивно се расчистуваат депониите, зачестени се инспекциите, се заменуваат нееколошките енергенси во училиштата.  Засилени се активностите за гасификација, во тек е субвенцирање на еколошки печки на пелети за загревање на домовите“, велат од партијата.Според нив, се решаваат проблемите со сите извори на загадување. Од наредната година ќе се набават 40 нови еколошки автобуси за град Скопје, а предвидена е и набавка во другите градови како во Битола и Прилеп.„Ова се само дел од мерките што се преземаат континуирано за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.Чистиот воздух и здравата животна средина се врвен приоритет на СДСМ. Сите институции низ заедничка, координинарна акција секојдневно преземаат мерки за надминување на деценискиот проблем со загадувањето со цел за наредните две години загадувањето да се намали за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
udes-6-620x350

Информации за превртениот македонски автобус, се стравува од повеќе загинати

Автобусот со македонски регистерски таблички кој рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица неофицијално влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.Четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш, од кои 24 се во ургентен центар. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.Во Ургентниот центар во Ниш околу 03:30 пристигнале четворица македонски државјани кои имале повреди и знаци на изразита хипотермија.Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.Автобусот патувал за Виена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
udes-6-620x350

Се преврте македонски автобус, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 30 се повреден во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац. Според РТС, автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат.Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус, кој патувал на релација кон Виена.Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40  минути по полноќ. Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите пповредени , од кои некои потешко, се надвор од животна опасност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Тинејџери фрлале петарди во трговски центар, луѓето бегале мислејќи дека е терористички напад

Германската полиција уапсила четворица тинејџери поради кои стотина лица во паника излегле од трговски центар во Дортмунд. Стампедото во кое се повредени седум лица настанало кога тинејџерите започнале со фрлање на петарди во холот.https://twitter.com/_ALECS23/status/1073985988626653185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073985988626653185&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3016183-haos-u-dortmundu-tinejdzeri-bacali-petarde-u-trznom-centru-ljudi-bezali-u-panicnom-stampedu-misleci-da-je-teroristicki-napad-videoТрговскиот центар кој се наоѓа во центарот на градот бил преполн кога започнале да фрлаат петарди.Стотина луѓе во паника и страв од потенцијален терористички напад почнале да бегаат.https://twitter.com/eha_deutsch/status/1074074904180482049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1074074904180482049&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3016183-haos-u-dortmundu-tinejdzeri-bacali-petarde-u-trznom-centru-ljudi-bezali-u-panicnom-stampedu-misleci-da-je-teroristicki-napad-videoПолицијата во Дортмунд потврди дека седум лица се повредени во инцидентот, а дека четворица тинејџери на возраст од 15 и 16 години се уапсени. 

Свет | пред 7 години

7 год.
helikopter-portugalija

Се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија, се трага по леталото и телата

Ноќеска се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија во планинска област близу Порто. Се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале.Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден.Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале двајца пилоти, медицинска сестра и лекар кои биле во леталото.Хеликоптерот исчезнал откако претходно до болница пренесе во Порто 76-годишен пациент со срцеви проблеми. Хеликоптерот се враќал во база во Браганси кога се урнал поради лоши временски услови.

Свет | пред 7 години

7 год.
kosovo-vojska-1

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, Алијанса на Албанците и Беса со напади кон Зоран Заев

Алијансата за Албанците и Движењето Беса бараат од премиерот Зоран Заев да ја повлече изјавата за формирањето на војската во Косово. Според партијата на Зијадин Села, со последниот став, дека одлуката за формирање на војска во Косово е избрзана „само го покажува црното и националистичко лице на премиерот Заев, најпрвин против Албанците и Косово, но и кон САД како главни поддржувачи на основањето на Војската на Косово.“„Овој речник на Заев за Војската на Косово го става под знак прашалник и неговиот однос кон САД, бидејќи едно Косово без војска ќе им одговараше само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев е добро да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово. Алијансата на Албанците бара од премиерот Заев што побрзо да ја повлече својата изјава и да му честита на Косово во името на Македонија“ – се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.За движењето Беса предводено од Билал Касами, Избрзаната изјава на премиерот Заев е навредлива за една слободна држава.„Движењето Беса бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД. Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.Инаку одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот во целост. За понеделник, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. Се очекува на седницата да присуствува и српскиот престедател, кој тврди дека содавањето на косвската војска е во спротивност на резолуцијата 12 44 , но и на уставот на Косово. Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации мегу големите сили за ова прашање.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Претседателот на Собранието, Џафери, упати сочувство до семејството на градоначалникот Стојаноски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати сочувство до семејството на починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид.Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество.Почивај во мир почитуван“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitko-jancev

Митко Јанчев со приватна донација ги полни училиштата во Кавадарци со прочистувачи на воздухот

Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше 36.000 евра за 120 прочистувачи на воздух во основните училишта во Кавадарци.Фондацијата го носи името на покојниот татко на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Претходно, Фондацијата донирала средства за успешни ученици од Кавадарци.Компанијата од која ќе бидат обезбедени прочистувачите најавила дека ако се реализира набавката, таа ќе донира дополнителни 50 прочистувачи за средните училишта.Претходно, истата компанија донираше прочистувачи во градинките во Кавадарци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Падна првиот снег во Скопје

Денес не очекува променливо облачно време со умерен дo зсилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка. Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 3 до 10 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и снег и температура од 1 до 4 степени.Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од до север. В среда и во четврток се очекува стабилно и суво време, но во утринските часови ќе биде постудено.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно на планинските премини

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север им се препорачува на учесниците во сообраќајот прилагодување на брзината спрема условите на патиштата во зимски услови особенено внимателно управување на планинските премини. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
48403743_1998123943635467_5386871828025180160_n

(ФОТО и ВИДЕО) Сите во еден глас пеат со Брена - фолк дивата направи концерт за паметење

Балканска фолк-дива, Лепа Брена, вечерва во Скопје. Концертот е дел од големата турнеја, која ја започна во Лондон и со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.Лепа Брена уште еднаш покажа дека знае да направи концерт кој долго ќе се памети. Во преполната ВИП Арена Борис Трајковски сите во еден глас ги пејат новите, но и старите хитови.Брена во нејзин стил на сцената се појави спуштајќи се со ѕвезда, по што веднаш ги запеа песните од новиот албум, Болиш и не пролазиш, Сречна жена, А како чу ја, Зар је важно да се пева или Пјева...Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, односно настапи на седмото издание на Струмица Опен Фест, а минатата година одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2, и настапи во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.Инкау Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.Еве дел од атмосверата на вечерашниот концерт.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Вонредна седница на Советот на општина Охрид

Општина Охрид на официјалната веб страна ја потврди веста за смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. За во недела е закажана вонредна седница на Советот, кој се очекува да изгласа одлука за прогласување Ден на жалост во Охрид.Во понеделник (17.12. 2018 г.), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница.Градоначалникот Стојаноски почина утрово на 48 годишна возраст. Тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Кирацовски и Ѓорчев упатија сочуство до семејството на Јован Стојаноски

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и пратеникот Владимир Ѓорчев се простија од градочаланикот на Охрид Јован Стојаноски кој утрово почина откако доживеал тежок инфаркт.„Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.Почивај во мир! Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба“, напиша Кирацовски.„Сочувство до семејството за прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски (48).Вечна му слава, Бог да го прости“, напиша Ѓорчев.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/photos/a.168992796632813/1042499349282149/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2364916033535844/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
bakraceski

Бакрачески: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“

Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.Почивај во мир мој пријателе.Твоите дела ќе траат вечно.По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески - поранешен Градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zapleneti-stotina-metri-ribarski-mrezhi-229465

Кај Лагадин и Елешец запленети рибарски мрежи

Полицијата информира дека вчера при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти плажата Лагадин и спроти плажата Елешец на околу 300 метри од брегот на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mediumi14

МАН му го честита изборот на Чадиковски за претседател на ЗНМ

Македонската асоцијација на новинари (МАН) му го честита изборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).„Се надеваме дека со новото раководство ЗНМ ќе се фокусира на вистински реформи во медиумската сфера, заштита на новинарите од притисоци и подигнување на новинарските стандарди во работењето, што досега не беше случај“, стои во соопштението на Македонската асоцијација на новинари.Од таму изразуваат и жалење поради тоа што, секое изборно Собрание на ЗНМ минува со интерни обвинувања за забрани, за притисоци, скандали, за сомнителни пребројувања и сомнителни резултати.

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Какво време не очекува за Нова Година

Декември ни е пред самиот праг, а временските услови се повеќе се влошуваат. Познатата метео апликација Accuweather со детална прогноза за последните денови од месец декември  и почетокот на наредната 2019 година.Скопје преку денот на 31 декември го очекува снег и дожд со дневни температури до 5 степени. Ноќта кон 1 јануари температурата ќе паѓа и ќе достигне минимални -1 степени. Значителна облачност; дожд или снег во некои места навечер, а потоа снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
klinicki

Вработените на Клинички го прекинуваат протестот

Лекарите и медицинскиот персонал го прекинуваат протестот на скопските клиники поради најавеното поскaпување на паркингот затоа што премиерот Зоран Заев им закажа средба за десетина дена.„Нивните барања ги остваруваме. Ова сега е второ зголемување, 10 проценти за лекари и 5 проценти за сестри, болничари, а во следниот септември ќе има друго зголемување. Со тоа ќе стигнеме просек од 90.000 денари вкупен приход на специјалистите од нето плата и дежурства, иако има случаи во терциерното здравство каде специјалисти земаат и 140 000, 150 000 плата и ако ги споредиме со платите во Германија, сме направиле сериозен исчекор“, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Го фатиле со дрога, но ја голтнал, па починал

Триесет и две годишен жител на Злетово синоќа починал откако проголтал непозната прашкаста материја за време на контрола на граничниот премин Делчево при влез во Република Македонија, информираа од МВР.Од таму додаваат дека прашкастата материја која ја проголтал починатиот била пронајдена кај него при претресот. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zavejan-620x350

(ВИДЕО) Хаос на патиштата во Србија поради обилните врнежи од снег

На патот Зрењанин – Лазарево голем број камиони заглавија во снегот поради големите врнежи.Врнежите им направија проблем на сите возачи, а особено на оние со товарни возила.https://www.instagram.com/p/BrZpcAule0O/?utm_source=ig_embedЕден од корисниците на Инстраграм забележал дека од двете страни на патот има голем број на автобуси и камиони кои стојат.https://www.facebook.com/nsuzivo.rs/posts/2176716362595882На автопатот кај Сиринга ситуацијата во текот на ноќта била критична, бидејќи камион излетал од патот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Путин против рап музиката: Тие стихови промовираат дрога, секс и бунт

Загрижен поради големата популарност на рап музиката меѓу младите, претседателот на Русија, Владимир Путин, побара од претставници на Министерството за култура да развијат средства за контола, наместо да ја забранат таа музика.„Доколку тоа е невозможно да се запре, потребно е да управуваме и насочуваме“, рекол претседателот на Русија.На денешната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите да им се забрани настап на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност.Исто така Путин додаде дека рап музиката се темели на три столба: секс, дрога и протест и додал дека тоа е пат кон деградација на нацијата.Рускиот претседател посочил дека промоцијата на наркотици е уште полоша од пцуењето во песните.Неговите коментари доаѓаат во време кога се актуелни руските мерки против современата музика, кои многумина ги споредуваат со цензурата на уметноста во советската ера.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања