Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Ценет и почитуван меѓу народот, амбициозен и храбар човек- Kој беше Јован Стојановски?

Јован Стојановски како градоначалник на Охрид дојде во 2017-тата година по победата на локалните избори, есента минатата година. Познат социјалдемократ, храбар борец, но и голем професионалец, кој беше почитуван од граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска определба. Ценет и меѓу охриѓани, но и насекаде низ Македонија, пишува Центар.мкЈован Стојановски пред да стапи на градоначалничката функција беше професор од областа на маркетинг на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Активен беше и во политиката како координатор на советничката група  на СДСМ до 2017-та, чиј носител и беше за време на изборите во 2013-тата година.Роден е на 07 август 1970 година во Охрид и имаше 48 години.Стојановски Од 1990 до 1994 година, студент на додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје, Економски Факултет-насока Деловна економија. Дипломски труд од област на Сметководство на трошоци во мали и средни претпријатија;Од 1995 до 1999 година, студент на постдипломски студии на истиот Универзитет, на насоката Маркетинг. Одбранета магистерска работа на тема „Политиката на цени во туризмот“Стојановски Од октомври 1995 година е вработен на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, како помлад асистент на група предмети од областа на Маркетинг, Меѓународен маркетинг и Промотивни активности;Додека пак од јуни 2003 година е избран за Доцент на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ во Битола, Факултет за туризам и угостителство–Охрид;Во декември 2003 година е избран за Продекан на Факултет за туризам и угостителство, функција којашто е обавувана до март 2010 година;Тој од 2008 година беше избран за Вонреден професор од научната областа- Маркетинг Менаџмент. Како гром од ведро небо низ Охрид проструи веста – почина градоначалникотНа 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, беше веста која проструи на социјалните мрежи уште утрово.Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Граѓаните, јавните личности, многу функционери, соработници и политичари со неверување утринава ја примија веста за смртта на Стојановски.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите. Заев и Кирацовски со сочуство за ненадејната смрт на охридскиот градоначалникВо телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.Сочуство упати и неговиот другар и соборец, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој напиша:Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.Почивај во мир!Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба.Комеморативна седница за починатиот градоначалник на ОхридПо повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид утре со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, соопштија од општината.Посмртните останки на градоначалникот на Охрид ќе бидат изложени на 17 декември (понеделник), од 12 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protesti-demonstracije-u-francuskoj-francuska-40-620x350

(ВИДЕО) Драма во Париз за време на протестите: Тепачки меѓу демонстрантите, солзавец, апсења, огнови

На протестите на движењето Жолти елеци во Париз денес дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, при што безбедносните сили употребија и солзавец. Француската полиција соопшти дека уапсила 21 лице во Париз пред почеток на протестите.Француските медиуми пренесуваат дека илјадници демонстранти се собрале на големата авенија во Париз каде што биле пречекани од голем број на полициски сили кои што таму биле распоредени превентивно откако претходните протести на Жолтите елеци предизвикаа вистински хаос.https://twitter.com/ClementLanot/status/1073932231679315968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073932231679315968&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenja„Мислам дека нашата демократија не може да ги прифати окупациите на јавното добро и елементите на насилство кои ги одбележаа претходните протести, посебно во центарот на Париз“, изјавил Макрон.https://twitter.com/ClementLanot/status/1073923363502985216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073923363502985216&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenjaВоедно францускиот претседател истакнал дека тој ги сослушал барањата на демонстрантите и оти  ќе ги реализира ветувањата, дека ќе ги забрза даночните олеснувања. Макрон ги отфрлил повиците да поднесе оставка, што е едно од барањата на демонстрантите.Околу 8.000 полицајци беа распоредени денеска во Париз, заедно со 14 оклопни возила, водени топови и коњичка единица за контрола на масите, објави АФП. Денешниот ден го одбележува петтиот по ред викенд на кој што има протести на Жолтите елеци.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_0370

Нова градинка во Кравари

Жителите на населеното место Кравари добија градинка во која што ќе можат да ги носат своите деца на претшколска возраст. Во две опремени занимални и во две групи, градинката во Кравари, која што е во состав на градинките „Естреја Овадија Мара“, ќе може да прими 40 деца.„Денес не е обична сабота, туку сабота во која што имаме проширување на капацитетот на градинките „Естреја Овадија Мара“. Четириесет дечиња ќе бидат сместени во овој објект, со што ќе се овозможи оние деца кои што од оваа населба доаѓаа во градските градинки, да можат да бидат сместени во своето место на живеење. Од друга страна пак, се ослободува простор во градинките во кои досега престојувале и на тој начин се овоможува да имаме поголем опфат на дечиња во градинките во нашата општина. Но она што сакам да го најавам е дека со оние милион денари кои што ги одвои Општина Битола за доопремување на три занимални, процесот е во завршна фаза и наскоро и тие ќе бидат ставени во функција, така што за една година имаме сериозна бројка на опрат на деца во градинките, што беше и наша заложба пред изборите“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.Министерката за труд и социјана политика Мила Царовска, која присуствуваше на овој свечен чин, потенцираше дека оваа влада и сега и во иднина, работи на зголемување на опфатот за сместување на деца од предучилишна возраст.„Децата од Кравари ќе имаат можност да добијат квалитетно предучилишно образование, а нивните родители подобро вклучување во пазарот на труд, што значи правиме две добра. Ја реализираме нашата определба како Влада за проширување на опфатот на деца од предучилишно образование и од сегашните 30% планираме да стигнеме до 50% од опфат на деца. Со одлука на Владата и врз основа на склучениот договор со Светска Банка во наредните четири години ќе инвестираме 16 милиони евра во зголемување на инфраструктурниот капацитет за сместување на деца со предучилишно образование. За година и пол, опфатот за сместување на деца го зголемивме за 1.300 и тоа навистина е голема инвестиција“, посочи Царовска.Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а посебно за градинката целосната ограда во различни бои и апликации од детските анимирани ликови, ја изработија вработените во ФОД Битола.„Денес нашата установа е побогата за уште еден објект, деветти по ред. Огромно задоволство ми е да го поздравам овој чин, но и слухот са нашата работа за квалитетно образование и воспитување. Се надевам дека соработката со Министерството за труд и социјајна политика и Општина Битола ќе продолжи онака како и што започнавме, а наскоро ќе ги имаме и трите нови занимални, со што ќе се намали бројката на листата на чекање“, истакна директорката Лидија Тфирст Митревска.Министерката Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски беа дел од Саемот за кариера, на кој присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска. На презентација, во оргнизација на МКЦ Битола, тие пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување што се однесува на брзорастечките иновативни бизниси.Министерката Царовска, придружувана од градоначалничката Петровска, го посети и новоотворениот Регионален ресурсен центар за слепи лица, наменет за лицата од петте општини во регионот, Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Центар започна со реализација на проектот „Нула Глад“

Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од висок социјален ризик, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставникот од здружението Банка за Храна – БХМ, Душко Христов, официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар.Овие 150 граѓани секој месец во текот на целата 2019-та година ќе ги добиваат социјалните пакети, со што ќе им се олеснат месечните трошоци за основната исхрана, а општината со спроведувањето на овој проект, активно ќе се вклучи во борбата против сиромаштијата и гладот.“Сакавме во овој период што претстои да направиме систем, во кој со Банката за храна ќе доставуваме прехранбени продукти, за да овие можат овие семејства полесно да го поминат месецот. Знаете дека податоците кои излегоа во скоро време се застрашувачки, некои семејства го поминуваат денот со само еден оброк. Затоа ги повикувам и другите општествено одговорни компании да ни се придружат и како нивни сограѓани, заедно да им помогнеме на овие луѓе“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Пакетите содржат масло за јадење, брашно, супи, тестенини и останати прехранбени производи, неопходни за живот на овие наши сограѓани на кои им се најпотребни, особено во зимскиот период кога температурите паѓаат под нулата.“Пакетот е доволен да се помогне месечно на едно семејство. Примерот од Општина Центар го препознаа и други општини и веќе тие се приклучуваат“, додаде претставникот на Банка за Храна, Душко Христов.Општина Центар е првата општина во Македонија која се вклучува во проектот “Нула Глад“, проект на Обединетите нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.Општина Центар овој проект го реализира во партнерство со здружението Банка за Храна – БХМ, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.

Македонија | пред 7 години

7 год.
12_07_2018_OHRIDSKO_LETO_4

Охрид застана, кафетериите не пуштаат музика, откажани предновогодишни прослави

Ненадејната смрт на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски го застана Охрид.Во рестораните и кафетериите во центарот на градот е тивко и без музика, а хотелите и рестораните ги откажаа предновогодишните забави и прослави.Во меѓувреме телеграми со сочувство до семејството и граѓаните на Охрид испрати Премиерот Зоран Заев, дел од министрите во Владата, како и колеги Градоначалници и Универзитетски професори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

МВР: Продажбата на петарди да се пријави во полиција или на 192

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.„Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се  нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-2a5c2b22723308d326192f4ae7d52bde-V-01

(ВИДЕО) Спасовски ги посети кандидатите за припадници на Единицата за специјални задачи

Министерот Оливер Спасовски и дел од  раководството на МВР денеска го посетија ЗРЦ „Пониква“- Кочани,  каде што полициските службеници  што беа селектирани и во моментов ја реализираат селективната обука за прием во  Единицата за специјални задачи ги презентираа стекнатите професионални знаења.„Ми претставува особено задоволство што денеска со дел од моите соработници сме меѓу вас, да ви честитам за успешното  спроведување на селективната  обука и да ви посакам многу успех во новите предизвици што професионално се поставуваат пред вас како припадници на оваа наша респектабилна полициска единица - Единицата за специјални задачи. Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа, овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите.  Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка  и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи“, рече министерот Спасовски во своето обраќање.Во секој момент припадниците на ЕСЗ, потенцира министерот Спасовски,  стојат подготвени за најтешките и најопасни полициски задачи.„Тимската работа и професионалноста се  главни одлики на Специјалната единица,  затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна единица на Министерството за внатрешни работи.  Јас и моите соработници, свесни за важноста и улогата на припадниците на оваа единица , правиме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. На вас, останува - своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на законите - со цел заедно да изградиме полиција со која што ќе се гордеат граѓаните. Уште еднаш ви честитам и ви посакувам успех“, рече Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кирацовски до семејството на Стојаноски: Македонија и Охрид денеска загубија врвен професионалец и одговорен градоначалинк.

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на градоначалникот на Охрид, професор доктор Јован Стојаноски.„Изразувам искрено жалење и сочувство за прераната загуба на Јован Стојаноски, татко, сопруг, пријател, професор и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството и пријателите, туку и на Охрид и на Република Македонија.Македонија и Охрид денеска загубија врвен професионалец и одговорен градоначалинк.Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на делото што зад себе го остави Јован Стојаноски, како во науката, така и во дострелите во раководењето со општина Охрид.Нека делата што ги остави зад себе бидат водилка за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат успеси и да ја градат сопствената, но и иднината на Охрид и на Република Македонија“, напиша Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi

Гостиварчанец фатен со 1500 парчиња пиротехнички средства

Вчера околу 16 часот во Гостивар од страна на полициски службеници од слобода е лишено лицето Џ.П.(60) од Гостивар.При проверка кај лицето се пронајдени кутии со околу 1500 парчиња пиротехнички средства.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Удрил во две паркирани возила и се здобил со тешки телесни повреди

Вчера во 16.25 часот во Полициска станица Македонски брод е пријавено дека на улица ,,Партизанска’’ во Македонски Брод патничко моторно возило ,,Фолксваген голф’’ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.С.(31), удрило во две паркирани возила ,,Ауди А3’’ сопственост на П.П.(30) и ,,Опел Вектра’’ сопственост на Д.П.(48) од село Речани, кичевско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С. на кого му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48375988_260902457939805_2700587410370068480_n

Петковски на прославата за 13 години постоење на НСДП: Нашиот избор е јасен, да бидеме дел од демократскиот свет

НСДП денеска во ресторантот „Национал“, во Скопје, прослави 13 години од основањето и опстојувањето на македонската политичка сцена.На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата имаше претседателот Тито Петковски.„Поминаа 13 години откако заедничи успеавме на партиската сцена да артикулираме една благородна политичка идеја која се темелеше на принципите на демократијата, слободната и еднаквоста, идеја која пркосеше на тогашните партиски структури во политичкиот живот на Македонија, кои својот легитимитет го втемелуваа на демократски дефицитарни процеси, на социјална стерилност, на уважување на тесни интереси на поедини моќни групи, а сето тоа на штета на јавниот интерес. Низ сите овие години поминавме низ многу премрежја, се соочивме со многу предизвици, тестови за нашата политичка созреаност. Но идеите на кои ја втемелевиме НСДП, ние дадоа политичка виталност да истраеме, да се бориме и да продолжиме да се бориме“, рече Петковски пред членовите на партијата.Претседателот на партијата Петковски истакна дека НСДП покажа дека моралот и вредностите нужно не мора да бидат конфликтни со политичкиткото дејствување, политичките успеси може да се градат и без подлегнување на искушенијата на апсолутната моќ на власта.„Нашата заедничка судбина сакаше да не стави во вртлогот на еден од најтешките исторски периоди со кои се соочи Македонија, а тоа е борбата против режимот на претходната власт. Со години македонското општество беше разјадувано од една екстремна концентрација на политичка моќ и корупиција во еден центар, за кој демократијата и слободата беа најголемата закана. Во тој повеќегодишен мрачен период на политичката сцена, останавме на линијата која ја исцртавме уште при основањето на партијата, а тоа е негување на демократските вредности и нетолерантност за криминалот и корупцијата.Овие лесни мотиви ни дадоа сила и истрајност во патот кој го изодивме како опозиција на една отуѓена и ненародна власт. Успеваме да дадеме и свој белег во затворањето на тоа мрачно поглавје од созревањето на македонската држава. Активно партиципиравме во најзначајни процеси за идината на Македонија кои се отворија со објавувањето на т.н. „бомби“.Соочувајќи ја јавноста со бруталноста и трулоста на претходната власт, македонското општество влезе во политичка катарза, за чие надминување од политичките партии беше потребно да покажат државотворен капацитет, визија за идните развојни линии на државата, и секако кадровски капацитет конкретно да се одогвори на овие политички моменти. Преземавме дел од одговорноста активно да се вклучиме во овие процеси, да дадеме придонес и белег во градењето на капацитетите на државата и нејзиниот одговор за надминување на напласнатите повеќедеценски проблеми кои ги оптеретуваат граѓаните на нашата држава“, порача Петковски.Осврнувајќи се на партиципирањето на НСДП во централната и локалната власт, Петковски нагласи дека партијата презема дел од одговорноста во водењето на државата во најзначајниот историски момент со кој се соочува.„Во овој историски момент, а тргнувајќи од нашите цврсти определби Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото и социјалната благосостојба, а на кои истрајуваме веќе 13 години, нашиот избор и став е јасен, а тоа е да бидеме дел од демократскиот свет, да обезбедиме цврсти гаранции за подобар живот за идните генерации преку полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Петоквски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
FCP_9236

МТСП: Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како дел од Саемот за кариера, денеска пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување, која се однесува на брзорастечките иновативни бизниси. Предвидено е оваа нова мерка да се вклучи во постоечката Програма за поддршка за самовработување. Фокусот ќе биде ставен на младите претприемачи, а освен финансиската помош со мерката се нуди и експертака помош, како и можност за понатамошно финансирање на компании основани со оваа Програма преку инструментите на Фондот.„До сега, од страна на државата не се нудеше заокружен систем на поддршка за основање на ваков тип на бизнис, што ќе содржи како експертска така и финансиска поддршка. Целта на оваа програма е дел од средствата наменети за грантови за самовработување да се искористат за создавање основа за развој на брзорастечки бизнис, кој понатму ќе продолжи да се финансира преку Фондот за иновации и технолошки развој“, рече министерката Царовска која ја презентираше мерката.Царовска потенцираше дека Сите постојни инструменти за поддршка на Фондот се однесуваат на веќе основани претпријатија и не ја опфаќаат фазата на развој од „идеја“ до „докажан концепт“ или „прототип“. Новата мерка ќе го прошири опфатот на финансирање на иновации кон целна група – физички лица и кон делови од иновативниот циклус кои до сега не се опфатени преку инструментите на Фондот.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека со оваа мерка ќе се понуди специјализирана обука и финансиски средства за сите млади луѓе кои имаат идеја и потенцијал за формирање на брзорастечки компании.„Со новата мерка се предвидува формирање на таканаречена ИНГрупа која ќе се формира од лицата кои поднеле апликации со иновативен потенцијал. Очекуваме дека во следната година 150 млади луѓе ќе ја искористат оваа можност и ќе основаат свој бизнис, со кој дополнително ќе се креираат нови работни места“, рече Деспотовски и додаде дека со ова се зајакнува фокусот кон младите и е надоврзување кон постоечкитеинструмент на Фондот со кој се нуди поддршка за стартап компании.Воведувањето на оваа мерка треба да придонесе за поголема оддржливост на Програмата за самовработување и креирање на позитивен циклус на дополнителни вработувања во брзорастечките бизниси. Истовремено во ФИТР ќе пристигнуваат поголем број поквалитетни апликации од новоосновани компании.

Македонија | пред 7 години

7 год.
plakat-KRIK03-1

Со програмата Критичка култура низ филмови завршува фестивалот КРИК 03

На годинашното издание на фестивалот КРИК во делот насловен: Критичка култура низ филмови, утре (недела, 16 декември) и на 17 и 18 декември, во Џебното кино во МКЦ ќе бидат прикажани три филма по избор на Петар Милат, публицист и филозоф од Загреб.Се работи за филмовите  „The Waldheim Waltz“ (2017) во режија на Ruth Beckermann, Araby (2017), режија João Dumans, Affonso Uchoa и Transit (2018), режија на Christian Petzold што премиерно се прикажуваат во Скопје.16 декември (недела), Џебно кино МКЦ, 20 часот„The Waldheim Waltz“ е филм за вистината и лагите или за „алтернативните факти“. Рут Бекерман го документира процесот на разоткривање на поранешниот генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм. Тој покажува брза прогресија на нови обвинувања од страна на Светскиот еврејски конгрес за време на неговата претседателска кампања во Австрија, негирање од страна на австриската политичка класа, појава на антисемитизмот и патриотизмот,што конечно ќе доведат до негов избор. Создаден од меѓународниот архивски материјал и она што Бекерман го снимил во тоа време, The Waldheim Waltz го анализира колапсот на големата илузија на Австрија: дека биле првата жртва на нацистите.Времетраење: 93 мин Земја: Австрија, 2018 Јазик: германски, англиски, француски.17 декември (понеделник) Џебно кино МКЦ, 20 часот„Araby“ е филм за  Андре е осумнаесетгодишно момче кое живее во близина на фабрика за алуминиум во индустрискиот град Оро Прето, во југоисточен Бразил. Еден ден, по една фатална несреќа која се случила во фабриката, тој е пратен во домот на еден од загинатите работници, Кристијано, да собере дел од работите кои му припаѓале на работникот. Таму ќе најде весник, во кој се опишани последните години од животот на работникот, кој целиот свој живот го поминал во сиромаштија и социјално угнетување. Првиот филм, заедничка режија на Жоао Думас и Афонсо Ушоа, ја прикажува авантурата, љубовта и маките на Кристијано, еден фасцинантен лик кој со својот чувствителен поглед нè вo воведува стварноста на најзагрозената класа во Бразил.Времетраење: 96 мин Земја: Бразил, 2017 Јазик: португалски18 декември (вторник) Џебно кино МКЦ, 20 часотФилмот „Transit“ беше во официјалната програма на Берлинале и на фестивалот „Браќа Манаки“.  Германските трупи се пред портите на Париз. Жорж во последен момент бега во Марсеј. Багажот му се состои од оставината од писателот по име Вејдел кој се самоубил од страв од прогон. Неговата оставина се состои од ракопис, некои писма и уверение за виза од мексиканската амбасада. Влез во овој пристаништен град им се дозволува само на оние што можат да докажат дека ќе заминуваат, што значи дека ви треба дозвола за влез од потенцијална земја домаќин… Филмот се одвива во современ Марсеј каде што овие ликови од минатото се движат, на тој начин бегалци од минатото се среќаваат со бегалци од денешнината, историјата се сретнува со сегашност и се создава еден вечен транзитен простор…Времетраење: 101 min. Земја: Германија 2018 Јазик: германскиСелекторот  Петар Милат работи како програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa [Загреб, Хрватска], каде што е задолжен за издаваштво, експериментална музика и филмски програми. Од 2008 година тој е директор на Филмскиот фестивал за човекови права, фестивал на cinéma d’auteur engagé. Главниот фокус на неговото истражување е врската помеѓу нормативната социјална и естетска теорија. Во 2018 година бил член на жирито на фестивалот за кратки филмови во Оберхаузен.Со оваа тридневна филмска програма завршува годинешното трето издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Во 14 фестивалски денови во Скопје гостуваа светски познатите мислители Маурицио Лазарато, Алфредо Саад Фиљо и Крестон Дејвис, потоа активистите од FAIRCOOP и Bank of the Commons, потоа уметниците од Германија - Ангела Мелитопулос и од Словенија – Ника Аутор, како кураторката од Берлин, Катрин Бекер. Се одржа промоција на книгата „Мало фолио за театар“ од Иван Додовски на која учествуваа Милица Стојанова, Владимир Милчин, Никола Ристановски и Искра Гешоска, како и  меѓународна дискусија за критиката во регионот со учесници од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Во Скопје настапи култната музичка група „Millions of dead tourists“ од Грција. Беше презентиран меѓународниот проект „Простори на слободата“ на Гете институтите во Европа, на која гостуваше првиот човек  на институцијата, Јоханес Еберт. Се одржаа две работилници за критичко пишување со Маја Ќириќ и Иван Додовски, а дискурзивната програма завршува вечерва (15 декември) со предавањето на Ана Вујановиќ, една од најзначајните  авторки и кои ги спојуваат световите на критичката теорија и современите уметности. Разговорите со гостите од различните критички области ги модерираа Артан Садику, Елена Вељановска,  Никола Гелевски и Бранимир Јовановиќ.Фестивалот годинава ја обработуваше генералната тема: АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување.КРИК - Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, n.b.k. Video-Forum од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија), Проектниот простор Прес ту егзит (Македонија).Контрапункт - асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондација отворено општество – Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 - 2020.Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје, Младински културен центар и порталот окно.мкПостојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Стојаноски ќе биде погребан во понеделник на охридските гробишта

Утре Советот на Општина Охрид ќе одржи вонредна седница на која ќе биде изгласана одлука понеделник да биде прогласен за ден на жалост во Охрид.Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе биде одржана во понеделник со почеток во 10 часот, а погребот ќе започне во 12 часот на гробиштата во Охрид.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БИЛ НА КОЛЕГИУМ ВО МОМЕНТОТ НА ИНФАРКТОТГрадоначалникот на Охрид Јован Стојаноски утрово бил во својот кабинет, каде одржувал работен колегиум , по што доживеал здравствени проблеми и бил пренесен во Општа Болница.Од Интерно одделение на општа болница бил транспортиран во Кардиолошки завод , а починал во време на транспортот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

Заев за смртта на Стојаноски: Беше колега, пријател, загубата е огромна

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, Проф. д-р Стојаноски: Загубивме колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за ОхридПретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
47680811_322446588594440_7055429234830868480_n

Oбјавeн конкурс за откуп на фотографии на тема "Винтерленд во Скопје"

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2018 година.(„Службен гласник”на Град Скопје бр.2,3/2011 година), Град Скопје објавува:КОНКУРС ЗА OТКУП НА ФОТОГРАФИИНА ТЕМА: ВИНТЕРЛЕНД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕПраво на учество на Конкурсот имаат сите заинтересирани физички лица, согласно утврдените барања:1. Доставените фотографии треба да се изработени од аматер/хоби фотограф2. Доставените фотографии треба да се изработени во дигитален формат, со висока резолуција (мин 1200х1800)3. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси,Техичко-уметнички критериуми- Да се долови новогодишната атмосфера и енергија- Естетика на фотографијата.(Фотографијата ќе се оценува според композицијата.Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла).- Светлото во фотографијата .(Фотографијата не треба да биде премногу темна , нити премногу светла.Фотографијата мора да има доволно видливи детали).- Напредни естетски детали-(тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс,движење и сл).4Ќе бидат откупени 3 (три) фотографии, и тоа по следниве износи:1. 6,000 денари2. 4,000 денари3. 2,000 денариГрад Скопје ќе склучи договор на свој трошок со учесниците на Конкурсот од кои ќе бидат откупени фотографиите, со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи во Република Македонија а особено прашањата за регулирање на авторските права.Сите доставени фотографии ќе бидат изложени на мини изложба организирана на Винтерленд во почетокот на 2019 година.Доставените фотографии што нема да бидат откупени ќе може да се подигнат во рок од еден месец по објавувањето на резултатите од Конкурсот.Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во КонкурсотСекој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со шифра, а другиот со документација со иста шифра што ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.Адресата на која треба да се достават предлог фотографиите е:Град СкопјеСектор за локален економски развојбул. „Илинден” бр. 82, 1000 СкопјеСо назнака „за Конкурсот за откуп на фотографии“Или лично, во Архивата на Град Скопје.За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 - Одделение за туризам.● Конкурсот трае 5 дена, од денот на објавувањето.● Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат земени во предвид

Скопје | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Жерновски, Богоев и Ристовски со неверување се простија од градоначалникот Стојаноски

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев директорот на театар Комедија се простоија од градочаланикот на Охрид Јован Стојаноски кој утрово почина откако доживеал тежок инфаркт.„Почивај во мир, почитуван градоначалник“, напиша Жерновски„Вчера се видовме и дружевме. Не ми се верува. Лесна ти земја друже Јоване“, напиша Богоев.„Почивај во мир другар.Навистина ме шокираше веста.Голем другар,пријател,сопартиец. Охрид загуби голем градоначалник. Сочуство до семејството“, напиша Ристовски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2300119236685000&set=a.493766630653612&type=3&theaterhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213703850132051&set=a.2445459617397&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela-2

Села му се налути на Заев поради Косово

Ставот на македонскиот премиер Зоран Заев дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент, претставува националистичка изјава која пред сè е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави лидерот на Алијанска на Албанците Зијадин Села.Села, меѓу другото, му порачува на премиерот Зоран Заев, како што вели, да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.Од Алијансата за Албанците, се вели во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да ѝ го честита на косовската влада формирањето на Армијата на Косово.https://www.facebook.com/ZiadinS/posts/1442159649248170

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полициски синдикат: Полициските службеници на терен без зимски јакни

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска на прес-конференција информира дека неодамна една група полициски службеници земале униформа. Според нив, се работи за пролетна јакна со која полицајците треба да работат во зимски услови.– Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа пролетна јакна полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат. Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни. Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и да се поделат на колегите, изјави портпаролот на Независниот синдикат на полицијата Дејан Саздов пред Собранието на Република Македонија.Доколку ресорното Министерство не им подели зимски јакни на полициските службеници тогаш, како што велат, тие немаат обврска да носат униформа затоа штоа таа е надвор од сите станадради и не е согласно правилата и прописите на Министерството.– Легимитетот ни го дават околу три илјади членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање – штрајк до остварување на сите наши права. Бараме Министерството да не вклучи во процесот на преговарање за нов колективен договор затоа што никогаш повеќе нема да дозволиме да се потпише штетен колективен договор за припадниците на полицијата, рече Саздов.Тој информира дека НСП серизоно изминатиот период ја разгледува можноста МВР да активира дел од резервниот состав на полицијата за одредени полициски станици и организациски единици кои во нивниот состав веќе им е предвидена одредена бројка на припадници на резервниот состав на полицијата. Овој предлог, како што рече, го доставуваат со цел да се растовари редовниот состав на полицијата од нивните секојдневни патувања од сите полициски станици на територијата на Македонија и вршат најразлични дејствија на територијата на Град Скопје, а притоа се влијае на нормалното функционирање на матичните полицикси станици.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Андоновска: Филипче и Заев да стават мораториум на сите проекти за јавно-приватно партнерство во здравството

Секојдневно сме сведоци дека здравствениот систем во Република Македонија континуирано се руинира, а здравствените работници се деградираат и понижуваат. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.„Стана повеќе од јасно дека министерот за приватно здравство, Венко Филипче, во договор со комерцијалистот Зоран Заев, и во соработка со најнеспособниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов го деградираат и во континуитет го приватизираат здравствениот систем. Градоначалникот на Скопје, го остави дворот на Клинички центар да се претвори во депонија, а за сообраќајниот хаос во клиниките ги обвинува лекарите и здравствените работници.Повеќе од очигледно е дека оваа тројка на власт, не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Заради тоа ги ставаат инвестициите во приватниот здравствен сектор, а во континуитет го уништуваат јавното здравство и ги понижуваат здравствените работници.Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобруваења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!Министерот за приватно здравство, наместо да ги зајакнува институциите на јавното здравство, прави континуирани напори како да приватизира некој дел од него. Пред да се реализира експериментот на владата на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче за префрлање на детска кардиохирургија во приватно здравство, пациентите и граѓаните треба да добијат повеќе одговори. Затоа го прашуваме министерот Филипче каде се професорите и докторите од педијатрија и детските хирурзи да дадат свое мислење за овој проект? Сте ги прашале ли министер засегнатите родители? Знаете ли министер колкава е бројката на смртност, колку дечиња се реоперирани поради постоперативни компликации, каков квалитет на живот имаат овие деца, дали имаат соодветна терапија, во чии раце ќе ги доверите нивните животи, колку се стручни луѓето кои ќе оперираат и до каде сте министер Филипче со најавениот фонд за финансирање и лекување во странство на деца до 18 години предвиден во програмата на СДСМ, или и ова е една од многуте предизборни лаги???“, изјави Андоновска.Таа кавно го повика министерот Филипче и премиерот Заев, да стават мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на трансплантацијата.„Постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи.Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури. Во спротивно најавениот развој на трансплантацијата ќе биде само уште едно неостварено ветување. Воедно апелираме до министерот Филипче, итно да го прекине проектот за детска кардиохирургија, мораториум на операциите и отворање широка јавна дебата од сите чинители, како би се донело најсоодветното решение во интерес на овие дечиња и нивните родители.СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.Апелираме уште еднаш до премиерот Заев и министерот Филипче, да се стави мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на транпслантацијата и детската кардиохирургија.Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и пол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и разградувањето на здравствениот систем“, вели Андоновска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска во шок: Охрид изгуби голем градоначалник

Министерката за правда Рената Дескоска објави статус на социјалната мрежа Фејсбук во врска со смртта на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.„Со Јован се запознавме преку политиката и соработувавме коректно и професионално. Вчера на средбата на ЗЕЛС со Владата во Александар Палас седев до него. И по разговорот за професионалните предизвици негови и мои, прв пат започнавме и приватен разговор. Со гордост и радост ми кажуваше за неговите деца, за нивните студии. Се зачудив дека има 24-годишно дете. Со неговата позната насмевка ми рече: "Млад се женев." Зборувавме за тоа што е најважно во животот. Денес тие зборови ми звучат уште повистинито. Во шок сум од веста што ја примив денес! Во вакви моменти човек се потсетува за вистинските вредности во животот, а особено за вредноста на животот. Почивај во мир! Охрид загуби голем градоначалник“, напиша Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krasimir-karakachanov-960x540

Каракачанов: Ќе гласам против членство на Македонија во НАТО

Ако Македонија не го смени своето однесување, нема да гласам за нивен влез во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова.Тој вели дека во комисијата која се состанува за решавање на контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост.-Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО. Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
galeb-660x330

Во МНТ: Премиера на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ

Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 декември во фоајето на Македонски народен театар ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.Македонски народен театар со особено задоволство ја најавува премиерата на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ. Премиерата на претставата ќе се одржи на 18 декември, во 20 часот, на големата сцена во МНТ.Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ го поставиле режисерите Димитар Ќостаров, во 1960 година, и Бранко Ставрев во 1990 година.Нагласувајќи дека станува збор за дело од светската класика режисерката Нина Николиќ за својата верзија на „Галеб“ вели:„’Галеб‘ е текст за храброста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои сѐ уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките/театарските кругови и во општеството. Станува збор за текст во кој е јасно нагласено дека човек мора до крај да се бори за она во што верува и за она кое природно му следува“, додавајќи дека од друга страна „драмата содржи приказна актуелна за сите нас, луѓето, кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме подготвени до крај да се бориме за невозвратената или неостварливата љубов во која веруваме. Драмата раскажува приказни кои се универзални и кои се движечка сила на човекот воопшто, бидејќи ништо не се променило од пред 120 години кога Чехов го напишал текстот“.Во претставата играат актер(к)ите Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.Во поставувањето на претставата учествуваше меѓународна екипа на соработници, меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски. Постојани соработници на повеќе претстави на Нина Николиќ се драматургот Драгана Лукан Николоски и костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска.Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 декември во фоајето на Македонски народен театар ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорчев: Германската и швајцарската амбасада даваа преку 2000 визи месечно за македонски граѓани кои се селат

Изминатите денови, недели и месеци сведоци сме на невиден егзодус, на невидено до сега иселување од Република Македонија.Се иселуваат ученици, си заминуваа млади, си заминуваат цели семејства, се иселуваат цели општини и села. Неспособноста на Владата на Зоран Заев, на неговите министри резултира со тоа што граѓаните ја губат надежта во Република Македонија, изјави Влатко Ѓорчев на денешната прес-конференција.„Наместо живот во Македонија, донесоа трајно иселување невидено како никогаш досега, донесоа егзодус, донесоа едноставно безпарица, заминување и дигање раце од животот во оваа држава.Ќе ви прочитам неколку бројки кои што се и тоа како загрижувачки кои што ги кажуваат трендовите. Конкретно, амбасадата на Сојузна Република Германија посочи и кажа дека издала по 75 визи дневно, внимавајте тоа се околу 1500 иселени граѓани од Република Македонија само во текот на еден месец. Годишно зборуваме за една година за околу 20 илјади луѓе, можеби и повеќе. Никој не ја знае точната бројка.Амбасадата на Швајцарија оперира со бројка од 500 до 700 визи месечно. Значи ако ја ставиме на една страна амбасадата на Германија со околу 1500 визи месечно, амбасадата на Швајцарија со околу 700 визи, ако на тоа ги додадеме другите земји како што се Белгија, Австрија, Словенија, Норвешка,Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и цела низа на други европски земји, доаѓаме до поразителниот заклучок. Наместо живот Владата на Зоран Заев донесе иселување, донесе невиден егзодус од Македонија, каде што особено заминуваат младите, каде што заминуваат цели семејства. Тоа е тажна и болна слика на економските политики на Зоран Заев и на неспособноста на неговите министри.Би сакал исто така да потсетам на бројките од вчера , кои што болат, кои што се тешки, кои што навистина ја даваат сликата. Конкретно во Штип само од почетокот на оваа година, значи зборуваме од Нова Година до сега, од Штип се отпишани 77 ученици. Источна Македонија, масовно се иселува. Ако видиме во делот на Кочани имаме иселување на 20 тина ученици. Само во овие два три града зборуваме за 130, 140 иселени ако ги додадеме и околни помали општини. Навистина загрижувачки бројки.Ако само во Штип видиме дека за 10 месеци се иселиле 77 ученици, тоа значи дека ако ги додадеме нивните родители на овие ученици, нивните семејства, децата кои што не одат на училиште само од Штип се иселени околу 400 граѓани. Тоа е 1 процент од популацијата на овој голем, најголем град во Источна Македонија, односно тоа е некаде 4 до 5 проценти на младата популација. 4 до 5 проценти на младата популација иселени само во една година. Ова е алармантно.Би сакал да ги искористам бројките од Заводот за статистика кој што го бележи одјавувањето од Македонија, формалното одјавување и заминување со пополнување на документи. Конкретно Заводот за статистика на Република Македонија за 2017 година вели дека најмногу се иселуваат граѓаните на општина Гостивар и граѓаните на општина Делчево“, изјави Ѓорчев.Исто така тој додаде дека се иселува Западна Македонија, се иселува и Источна Македонија. Нема место од Македонија од кое што луѓето не заминуваат. Значи час поскоро итно, утре или потоно речено вчера Владата на Зоран Заев треба да преземе мерки околу ова.„Би сакал исто така да обрнам внимание и на егзодус од неколку општини во Македонија исто како примери.Имаме ситуација во која што иселувањето од Тетово и тетовско, од Боговиње, понатаму од Желино, од Теарце се засилува. Луѓето си заминуваат, луѓето не им веруваат на лажните ветувања на Зоран Заев дека ќе донесе живот, ќе донесе правда и безбедност кога се случува токму спротивното.Места каде што паралелките имале по 30тина деца сега одвај имаат 20 или15 деца, се затвораат училишта, се затвораат паралелки. Истото се случува од егзодусот од Гостивар, од општина Врапчиште, од Форино, од другите населени места од Чегрене, заминуваат луѓето од Маврово Ростуше, заминуваат луѓето од Кичево и кичевско, заминуваат луѓето од Дебарско, од Струшко исто така се прави. Липковско има невиден, невиден егзодус, нема никакви проекти од Владата на Зоран Заев. Арачиново исто така, а истовремено се иселува и Источна Македонија, јужниот дел Пелагонија, се иселуваат луѓе од Скопје.Значи оваа Македонија на Зоран Заев се иселуваат и македонците и албанците и труците и сите останати без оглед на националната или верската припадност.Станува збор навистина за поразителни бројки, станува збор за поразителни статистики кои што долгорочно ја засегаат иднината на Република Македонија.Уште еднаш со жалење можам да констатирам, а тоа и секој го гледа. Секој може да види дека Зоран Заев и неговите министри ги разочараа граѓаните на Република Македонија, дека се случува невидено до сега заминување, иселување од Република Македонија, се случува егзодус.Навистина тажна и поразителна слика“, вели Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети победник на „Конкурсот за драмски текст“

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети е прогласен за победник на „Конкурс за драмски текст“ – Распишан од „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и „Драмски театар – Скопје“.-Драги, колеги, учесници во конкурсот и вљубеници во македонскиот театар и македонската драма. Чест ми е, како Претседател на „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и Претседател на жири комисијата за распишаниот конкурс, во состав: Југослав Петровски (претседател),  Драгана Лукан (член) и Викторија Рангелова (член ), да ви соопштам, дека на првиот конкурс за најдобар драмски текст – кој го распишува „Здружението“ е прогласен – драмскиот текст:“Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети.Водејќи се по основните принципи и задачи, а особено целите – зошто е формирано оваа здружение, го избравме драмскиот текст -„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети , за најдобар, од сите останати текстови пристигнати на конкурсот.1. Овој текст во себе содржи најмногу елементи  и квалитети кои ги форсира и во иднина ќе инсистира на нив “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“.2. Овој текст, се издвојува од другите, пред се по тоа што има квалитетно изработени драмски ситуации, има добро изградени карактери, и особено е битно што во себе ги има сите занатски ( драматуршки ) елементи кој еден вистински драмски текст мора да ги има во себе, и истите се направени на добар и квалитетен начин.За овој текст е исто така карактеристично што во себе има надградено една едукативна  нитка и носи јака современа порака – што е битно за публиката на која се обраќа текстот, а тоа се децата. Значи се работи за драмски текст напишан за деца, кој по нас е исто така квалитет плус, бидејки сметаме дека оваа публика е мошне значајната, на која современите драмски писатели мора што по често да и обрнуваат внимание.( Образложението на жири-комисијата – во целост ќе биде прочитано на денот на  -“Јавното читање„ на наградениот текст. )Јавното читање на текстот ќе се одржи во “Драмски театар – Скопје“, за што, сите заинтересирани ќе бидат обавестени, и лично, и преку медиумите.По “Јавното читање на наградениот текст“ ќе се отвори јавна – дебата, на која ќе се зборува за состојбата на македонската драматургија, како и за целите и правците на делување на „Здружението“ – во правец на подобрување на моменталната состојба со македонската драма, истакна Југослав Петровски, претседател на “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија.“

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања