Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, еден со тешки телесни повреди

Вчера во 11,30 часот на крстосницата од улица "Ангел Динев" и улица "Есперанто" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило "Мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Скопје и патничко моторно возило "Сеат Ибица" исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(71) од Скопје.По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница "Свети Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО)Автомобил излета на стариот пат Охрид - Струга

Автомобил „Сеат“ кој превезувал неколку лица ноќва излета од коловозот на стариот пат кој ги поврзува Охрид и Струга во близина на болницата „Свети Еразмо“.Според првите непотврдни информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48355048_741450849562028_7296805722556203008_n

Студентите од Тетово во вторник најавуваат протест, имаат 14 барања

Во вторник, 18 декември, во 12:30 часот студентите од Тетово најавија протест. Како што се наведува во најавата за протестот со наслов „Протестирај со студентите!!!“ (Protesto me Studentët!!!), студентите од Тетово повикуваат на напуштање на предавањата и протест за иднината, како на сегашните студенти така и за иднината на децата. Збирното место е градскиот плоштад во Тетово, од каде што студентите планираат да ја започнат својата борба.Во своето известување објавено на страницата на „Фејсбук“ наречена „Револтирани студенти“ (Studentët e Revoltuar) тетовските студенти наведуваат дека барањата се упатени кон Министерството за образование, раководствата на универзитетите и власта.Под фотографија на која пишува „Ние сакаме молив и тетратка, не сакаме насилство“, наведени се 14. барања на студентите, кои ви ги пренесуваме интегрално.1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;13. Отстранување на професорите што се осудени со судска пресуда за некое кривично дело;14. Ставање крај на дискриминацијата на жените и нивното условување со безобразни акти во замена за оценка.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=740844349622678&id=740731412967305

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagaduvanje

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Шилегов глуми градски шарлатан, а Јани Макрадули спие

Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама. Петре Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години раководи со владата и нема суштински мерки против загадениот воздух, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДСМ не презема никакви мерки. Шилегов глуми градски шарлатан и игра игри, а заменик министерот за животна средина Јани Макрадули спие.Едноставно СДСМ мува не ги лази што граѓаните наместо чист воздух со месеци дишат отров.Додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и тоа:-         Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија,-         субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети,-         субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,-         забрана за употреба на петрол и коксГраѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани и бараат веднаш, власта да ги прифати нивните предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.„Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта. Директни жртви на црнилата кои надвиснаа над Република Македонија. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во борбата против ова зло на криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев.Во недела нека ни се приклучат на протесниот марш во Велес со почеток во 13 часот како и наредната среда пред владата.Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_3826

Еко акција во Козле

Комуналните служби на Општина Карпош денеска имаа голема акција за чистење на населбата Козле, на потегот од ООУ „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.„Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а патем го отстрануваа и погабаритниот отпад: пластика, хартија и стакло. Локалната самоуправа упатува апел до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина“, велат од Општина Карпош.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
Zaev

СДСМ: По децениска негрижа и неодговорност, проблемот со загадениот воздух се решава со системски мерки

Децениските криминални политики на на ВМРО ДПМНЕ, придонесоа за симстемско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина, доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат, велат од владејачката СДСМ.„После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристао од институциите.Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош.Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот.  Од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија, како Прилеп и Битола. Истовремено ќе се субвенционираат трошоците за набаква на електрични и хибридни автомобили и трошоците за вградување на погон на ТНГ на автомобилите.„Со сериозен меѓуинституционален пристап се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. Владата и сите надлежни институции остануваат посветени на обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите.Со преземање на сите овие мерки и вклучување на нови , владата предводена од СДСМ продолжува со активностите во справување со долгогодишниот проблем со загадувањето со цел почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sara

Извршена трансплантација на коскена срцевина на Сара Настеска

Деновиве беше извршена трансплантација на коскена срцевина кај Сара Настеска од Охрид, 15-годишното девојче кое ја крена цела Македонија на нозе.Добри вести доаѓаат од Германија каде што беше зафатот, а според информациите, Сара се чувствува добро.– Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара.Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protesti-demonstracije-u-francuskoj-francuska-40-620x350

Најавени протести на „Жолтите елеци“ во повеќе европски земји

Викендов во Париз ќе се одржат петтите по ред протести на „Жолтите елеци“, вели шефот на париската полиција.Тој изјави дека безедносните служби како и минатиот викенд ќе постават околу 8 000 полицајци и 14 оклопни возила. Исто така ќе има и повеќе групи на патролна полиција чија цел ќе биде фаќање на вандалите. Протестите се најавени и во другите француски градови.Францускиот претседател Емануел Макрон, по серијата протести оваа недела им се обрати на Французите, но тие не беа задоволни од неговите предложени мерки, па најавија продолжување на протестот во наредниот период.Исто така демонстранти со жолти елеци се собраа и во Велика Британија, кои изјавија дека го поддржуваат Брегзит, но не се сложуваат со она што моментално го прави британската власт.Иако се уште нема информации, се очекува овие протести да се одржат и во Белгија и Холандија.Протестите на жолтите елеци ги поттикнаа и останатите земји, па сличен ваков протест се  најавува и во Хрватска. Тие се најавени во три града Загреб, Пула и Риека за денес со почеток од 12 часот. Организаторите на протестот ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус, како и од  состојбите во политичкиот и социјалниот живот.

Свет | пред 7 години

7 год.
1544819469957-untitled-2-830x0

(ВИДЕО) Трамвај удри во зграда, па се преврте

Најмалку 28 лица се провредени во сообраќајна несреќа во Лисабон, кога трамвај се излета од шините. Според информациите помеѓу повредените се и две деца од Велика Британија.Еден од сведоците изјави дека трамвајот пробал да закочи, па удрил во аголот од зградата. Слушнал удар, а потоа луѓе како викаат.https://www.facebook.com/francisco.moura.pinheiro/videos/2091061180916599/

Свет | пред 7 години

7 год.
horoskop-kwiecien-screen

Финансиска добивка викендов ќе имаат овие три хороскопски знаци

Овие три знаци викендов ќе имаат добра финансиска добивка...СкорпијаИмате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов. Финансиите конечно ќе ви се зголемуваат и ќе може да се опуштите. Слободните можеби ќе се најдат во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавуваат и ќе разговараат.СтрелецНе ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.ВагаВо работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно време, во недела пообилни врнежи од снег

Денес не очекува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер. Во крајните западни и источни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринската температура ќе се движи во интервал до -1 до 6 степени, а дневната од 4 до 10.Во Скопје променливо облачно со температура од 2 до 7 степени.До вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. Пообилни врнежи од снег ќе има во недела и вторник и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Магла на планинскиот превој Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„Намалена видливост до 50 м поради магла има на планинскиот превој Буково. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivor-mickovski-11

Мицковски: 300 000 евра и Парни Ваљак за Нова Година, ваљак да ве прагази мамицу вам...

Граѓанскиот активист и поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицкоски на својот Фејсбук профил Повторно „распали“ по власта. Тој напиша:„300 илјади евра и Парни Ваљак за Нова Година. Ваљак да ве прегази мамицу вам ретардирана“.Мицовски со оваа објава го искажа својот став во врска со цената на тендарот за овогодишното украсување на главниот град.

Скопје | пред 7 години

7 год.
stop-policija

Сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје

На автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско, се случила сообраќајка.Дознаваме дека сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Над 400 дрвја осудени на смрт, бидејќи стеблата им се зациментирани

За прв пат е креирана мапа со локации од повеќе од 400 дрвја во Скопје кои се буквално осудени на смрт бидејќи стеблата им се зацементирани.https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/354952581721958/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Shekerinska-

Шекеринска: Сериозни казни за организторите, инаку немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април

Вицепремиерот и министер за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска, вечерва во Отвореното Студио 1 даде објаснување за актуелниот закон за амнестија.Според неа:„Законот не влегува во намалување и зголемување на казните, туку ги дефинира кои се тие кривични дела за кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и судија ќе ги осудува тие кои смета дека се организатори и починители на насилство врз основа на неколку дела. За нив има сериозни казни. Ако ја игравме така играта немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април. Кога дискутиравме во јули месец за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за генерална амнестија за предметите од СЈО, мојот став и тогаш и денес е ист дека за 27 април каде што бевме првите и главни жртви, јас се чувствувам дека имам кредибилитет да кажам како жртва подготвена сум да простам и поддржам таков закон. Мислам дека имаме право да одлучиме на таков начин, но кога ги анализирам предметите на СЈО и бомбите тие злоупотреби, тој криминал, насилие, не бевме ние жртви, сите бевме жртви, цела држава“, рече Шекеринска.За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздраве од траумата.-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.Таа додава дека иако биле жртви, имале одговорност како луѓе во владата да ѝ помогнат на државата да продолжи напред кон целта, а тоа е државата да се одлепи од дното, да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ.Шекеринска објасни дека Владата не е опција да прави пазар и да уценува судии и обвинители и затоа предлог-законот покажува дека политичарите треба да се занимаваат со својата, а судството со нивната работа.- Целта на законот е таа одлука да ја остави во рацете на правосудството, додаде Шекеринска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vucic-111

Вонредно обраќање на Вучиќ: “Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста констатираше дека денес по долгогодишни закани официјално е формирана таканаречената војска на Косово. Претседателот истакна дека Албанците покажаа дека не се грижат за почитувањето на правата и правдата.“Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав. Овој потег се заканува на мирот и безбедноста. Србија има поднесено барање за свикување седница на Советот за безбедност, јас сум подготвен како претседател на седницата да бидам присутен”, рече Вучиќ.Тој на прес конференција истакна :„Сѐ што направија Албанците направија спротивно на нормите на јавното право и на сопствениот највисок правен акт уставот и покажаа, како и нивните заштитници и спонзори, дека не им е до почитувањето на правото и правдата туку сакаат спроведување на сирова сила, напади врз Србите и нескриен напад врз Србија“.Тој кажа дека Србија вложила големи напори да ги зачува мирот и компромисот, а дека денес е сосема јасно дека ни Албанците ни нивните спонзори не сакале мир. Како косовски спонзори Вучиќ ги означи САД, Британија и Германија.Тој им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.Вучиќ им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
kuka-pozar

Изгоре куќа во Трубарево, на две семејства им е потребна помош

Куќа во која живееле две семејства, денеска речиси целосно изгоре во пожар во Трубарево. Пожарот избил во оџакот на куќата и потоа ги пеплосал просториите за живеење. На семејствата им е потребна секаква помош за да можат да си го обноват својот дом.Сите граѓани кои можат да понудат било каква помош може да се обратат на следните броеви:077 905 589071 702 697

Македонија | пред 7 години

7 год.
NBRM

31. сесија на Клубот на истражувачи во НБРМ

Во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови: „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија.Целта на првиот презентиран труд од авторките Фотова-Чиковиќ и Цветкоска е да се оцени релативната ефикасност на деловните банки во Република Македонија, со користење на ДЕА-техниката – прозорска анализа. Врз основа на пристапот на профитабилност, во истражувањето се избрани два инпути и два аутпути. Примерокот за анализа користен од авторките се состои од четиринаесет деловни банки во земјава и набљудуван е периодот од 2007 до 2017 година. Според резултатите за просечната ефикасност за целиот набљудуван период, коишто на сесијата ги презентираше Виолета Цветкоска, авторките заклучуваат дека групата на големи банки покажува највисока ефикасност. Во рамки на презентирањето на трудот во име на двете авторки, Цветкоска посочи дека во десетгодишниот период заклучно со 2017 година, според нив, македонскиот банкарски сектор во целина, највисока ефикасност покажува во 2007, а најниска во 2011 година. Според нивните согледби коишто се темелат на спроведената анализа, во периодот од 2008 до 2011 година, намалувањето на ефикасноста се поврзува со глобалната финансиска криза, а потоа ефикасноста забележува пораст.Во завршницата на претставувањето на трудот беше нагласено и дека резултатите од истражувањето даваат информации за регулаторите, креаторите на политиките и менаџментот на деловните банки, за натамошно подобрување на еден од важните индикатори за успех на финансиските институции, односно нивната ефикасност.Целта на истражувачкиот труд на Рамадани и Пандилоски, којшто во името на двајцата автори го презентираше Гани Рамадани е да се анализираат детерминантите на движењето на инфлацијата во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како што беше посочено и на сесијата, симултаниот тренд на дезинфлација низ целиот регион од 2012 до средината на 2016 година го наметнува прашањето дали и до кој степен ниската инфлација во еврозоната и другите заеднички фактори влијаеле врз дезинфлацијата во ЈИЕ. Користејќи тримесечни панел податоци за десет земји од ЈИЕ, за периодот меѓу 2004 и 2017 година, во трудот, двајцата автори моделираат хибридна нео-кејнзијанска Филипсова крива базирана на мала и отворена економија. Според презентираната анализа, клучни се ефектите од светските цени на храната и енергијата, како и ефектите од ценовните притисоци на еврозоната, врз дезинфлациските движења во земјите од ЈИЕ.Генерално, истражувањето покажува дека дезинфлаторните прелевања од еврозоната се важен фактор за земјите со поригиден режим на девизен курс, како и за оние со поголема трговска размена со еврозоната. Понатаму, анализата на хетерогеноста покажува дека и земјите со помалку ригидни режими на девизен курс, но со релативно висока изложеност на трговска размена на пазарот на еврозоната, се чини дека се чувствителни на прелевање на инфлацијата од еврозоната. Во завршницата на своето излагање, Рамадани посочи дека цикличната невработеност не се покажува статистички сигнификантна во примерокот, што е во согласност со неколку неодамнешни наоди за израмнување на Филипсовата крива во многу економии во светот.На крајот, поттикнати од изнесените видувања и заклучоци, присутните на сесијата дискутираа за повеќе прашања и аспекти на темите на двата презентирани труда.Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во март 2019 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
shakira

Шакира затајувала данок, државата ја гони

Шпански државен обвинител поднесе обвинение за затајување данок против колумбиската пејачка Шакира, изјави денеска портпаролот на државниот обвинител.Обвинителот наведува дека таа избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра во период од три години, додека живеела во Каталонија, јави шпанската новинска агенција Еуропа прес.Ова е најнов случај на позната личност обвинета за неплаќање данок во Шпанија, по истрагите во врска со фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Магазин | пред 7 години

7 год.
krazba

Обвинителството гони лице за тешка кражба кое украло 120 илјади денари и предмети

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави oбвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетата, како што посочија од ОЈО на 15 август минатата година, со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја отворила влезната врата на домот во сопственост на оштетеното лице, при што одзела туѓи предмети со намера противправно да ги присвои. На овој начин биле одземени еден мобилен телефон, две златни ланчиња, медицински златни навлаки за заби, сребрена пара со ликот на Гоце Делчев и друг накит, во вкупна вредност од 120.000 денари, велат од обвинителството.Заедно со обвинителниот предлог, додаваат оттаму надлежниот обвинител до судот достави и предлог на обвинетата да и биде определена мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасноста од бегство, како и на опасност таа да го повтори кривичното дело кое и се става на товар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
karin-knajsl

Кнајсл за одлуката на Косово: Мирот не се постигнува со формирање на војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата која претседава со ЕУ, Карин Кнајсл оцени дека денешната одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не придонесува за мир.Добрососедските односи се важен предуслов за напорите за интеграција на Косово во ЕУ, пред се, нормализацијата на односите со Србија е од приоритетно значење, вели Кнајсл во соопштението.Косовската влада денеска ја изгласа одлуката за менувањето на Косовските безбедносни сили. По ова пристигнаа низа реакции. Српскиот министер за надврешни работи Ивица Дачиќ вели дека формирањето на косовска војска е „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ”.Тој објави дека ќе побара и итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по одлуката на Косово за формирање на војска, објави АП. Со сличен став е и српската опозиција. Формирањето на Косовска војска ќе го дестабилизира целиот регион, посочија опозициските политички партии и движења во Србија по изгласувањето на одукаата на Косовската влада за формирање на војска.На одлуката на Косово се спротистави и Кирап. Портпаролот на Владата на Кипар, Продромос Продром, вели дека неговата земја е загрижен за постапките и одлуките на Приштина кои не се во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека жали што косовскиот парламент донел одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија и покрај забраната на алијансата.Германија, пак, соопшти дека усвојувањето на законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не смее да биде искористено за ескалација на насилството и ги повика Белград и Приштина на воздржаност. Покрај Германија, и САД ја изразија својата поддршка за трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово, соопшти амбасадата на САД во Приштина.

Свет | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Скопјанец од Волково го давел сопствениот татко, ОЈО покрена обвинение

Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставен е Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Телесна повреда од чл.130 ст.2  во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот се товари дека на 14.12.2018 година во семејната куќа во с. Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ungarija-protesti

(ВИДЕО) „Орбане, оди по ѓаволите“, Илјадници Унгарци го опсадија парламентот

Унгарските граѓани масовно протестираат против т.н. „Закон за робови“. Во синоќешните, досега најмасовни демонстрации, унгарската полиција уапси 35 лица, и со солзавец се обидуваше да ги растера илјадниците граѓани во Будимпешта. Унгарците се генерално револтирани од целокупната политика на деснонационалистичката влада на премиерот Виктор Орбан, но, дел од граѓанските здруженија велат дека новите реформски закони се поразителни за современо демократско општество. Според синдикалните организации, новиот закон ги претвора работниците во современи робови.https://twitter.com/DragosIonita/status/1073318126174027776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073318126174027776&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Forbane-odi-po-gjavolite-iljadnici-ungarci-go-opsadija-parlamentot-video„Протестираме против новиот закон со кој се зголемува бројот на прекувремени работни часови од 250 на 400. Ваквите закони не враќаат во робовладетелството. Ова е „робовладетелски закон“ - велат од Унијата на синдикални организации.Според анализите на синдикатите, законот им дава можност на компаниите, плаќањето за прекувремената работа да го одложат до три години. Појаснуваат дека 400 прекувремени часови се еднакви на дополнителни 50 работни денови годишно. Истовремено, пак, владата на премиерот Виктор Орбан, тврди дека од реформите работниците ќе имаат корист, како и компаниите кои треба да го надоместат недостигот од работна сила.Во средата, при донесувањето на Законот, пратениците од опозициските партии со свирчиња и со силни извици се обиде да го спречи донесувањето на законот, но сепак не успеа во својата намера. Беше усвоен и законот за создавање нов систем на административни судови под надзор на министерот за правда, за кои опозицијата и критичарите сметаат дека нема да бидат независни. И групите за човекови права во меѓувреме посочуваат дека новиот закон за административните судови може да води до политичко влијание врз судската власт. Унгарците го изразуваат незадоволството и во Незадоволството е насочено и против целокупната политика на деснонационалистичката влада, меѓу што и против рестриктивниот Закон за високо образование, кој доведе до одлука за иселување на либералниот Централноевропски Универзитет од Унгарија.

Свет | пред 7 години

7 год.
27-april

Еве што збореле на „вибер“ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април

На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката,  како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.Претходно на денешното рочиште во Кривичниот суд  за настаните од „27 април“ се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.Во вибер комуникација меѓу Јохан Тарчуловски и Даре УМС Бутел од март 2017 година, од Јохан се бара да им среди кај Чавков за некое дело за неколку деца, на што обвинетиот Тарчуловски му одговра дека ќе среди. Потоа во порака Даре му пишува на Јохан да се јави кај судија да среди за постапката.Во комуникација, пак меѓу двајцата на 27 април Јохан го известувале за состојбата надвор пред Собранието, а тој му пишува да извршат појак притисок.Во комуникација пак од јануари 2018 година меѓу Тарчуловски и Борис од кабинетот на Иванов, Јохан пишува дека не попуштаат за 27. и дека не се држат до ветеното.На судењето е презентирана и порака меѓу Мицкоски и Тарчуловски. Мицковски пишува „последното инфо од денеска е позитивно, дека утре и задутре ќе се решава” . Јохан пишува „а имаат ли сите жалби поднесено“, Мицковски одговара „да сите, а Јохан да сите 36“.На 16 јануари 2018 година Тарчуловски му кажува на Христијан Мицкоски дека оди во Обвинителство да даде изјава.Тарчуловски на 26 декември му пишува на Мицкоски “Не би било фер, ни корекно да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контра ефект. Ќе почнат поголеми напади и плукања по нас. На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања