Преговорите за идните односи Брисел-Лондон продолжуваат в сабота
Британската премиерка Тереза Меј синоќа најави дека в сабота одново ќе отпатува за Брисел на преговори за финализирање на предлог-документот за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит.Меј, по враќањето од Брисел, каде за ова прашање разговараше со претседателот на Европската комисја, Жан-Клод Јунекр, истакна дека на преговорите не успеале да ги надминат сите разлики околу предлог-документот.– Остана некои прашања за кои се уште разговараме. В сабота ќе се вратам во Брисел на дополнителни средби, вклучително и со претседателот Јункер, со цел да се обидеме да го финализираме овој процес, изјави Меј.Претходно, како што јави МИА, портпарол на ЕУ синоќа соопшти дека Меј и Јункер на средбата во Брисел постигнале напредок во врска со планот за идните односи, но дека се уште нема конечен договор.– Постигнат е многу добар напредок. Работата продолжува, истакна портпаролот по завршување на средбата што траеше околу час и половина, без да соопшти детали.Меј се обидува да постигне договор за идните односи на Велика Британија со ЕУ, со цел да обезбеди поддршка во Долниот дом на британскиот Парламент за Предлог-договорот за Брегзит, што беше постигнат минатата среда.Брисел и Лондон се надеваат дека ќе го усогласат планот за идните односи пред Самитот на ЕУ посветен на договорот за Брегзит, закажан за в недела.Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека очекува планот да биде договорен пред Самитот, бидејќи, како што рече, в недела не сака да дојде во Брисел на нови преговори.
Свет | пред 7 години