Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
mijalkov-1

Мијалков до Мицкоски: Нели клечеше и се колнеше во Македонија, каква конструктивност му вети на Хан?

Поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, кој неодамна беше исклучен од партијата, повторно упати отворено писмо до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во него тој наведува дека ниту едно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународната сцена од сестринските партии.Во продолжение интегрално го пренесуваме отвореното писмо:Христијан,Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската народна партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина.Се надевам и посакувам во иднина секој прв човек на ВМРО дека ќе биде фактор кој ќе биде прашан околу тоа дали ќе има една или две партиски делегации и кој ќе биде во тие делегации. Ти не си фактор и наместо да ја обединиш и зацврснеш партијата, ти ја слабееш и ја делиш.За тоа си крив ти, твоето лицемерие, лажниот патриотизам и твојата незаинтересираност за иднината на Македонија.Во иста вечер јавно да те бламираат и да ти пишуваат пораки на социјалните мрежи и Дорис Пак и Јоханес Хан не говори ништо друго, освен што покажува дека и тие ги прочитале твоите лаги и не ти веруваат. Одлучиле да ти твитнат за да не ти текне да си пренесеш само тоа што ти одговара и да лажеш дека имаш поддршка за штетата што ја предизвикуваш и по Македонија и по ВМРО.Така е тоа Христијане кога играш дупло. Така е тоа Христијане со искусни политичари кои знаат дека твои советници од доверба шетаат по Скопје и зборуваат “а да си побаравме ние друг партнер, на исток”.Јасно е зошто партијата не праќа соопштение за средбата со Дорис Пак и Јоханес Хан.Во иста вечер претседателката на асоцијацијата на жени во рамки на ЕНП, Дорис Пак да ти каже дека твојот лажен патриотизам е неприфатлив за Европа, а од друга страна Еврокомесарот Јоханес Хан да ги нотира твоите заложби да не го опструираш процесот во парламентот е бламажа од светски, а не само од европски рамки.А, што правиш ти Христијане ? Праќаш банални соопштенија, додека луѓево со кои што се среќаваат твоите соработници организираат протести пред домовите на пратениците.Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без тазлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ?Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ? Има ли твојата “борба за Македонија” цена и која е таа ? Дали ќе организираш протести и дали во Собранието ќе ги искористиш сите средства за да го блокираш договорот од Преспа, а такви средства имаш многу ?Ќе предложиш ли Христијане неколку илјади амандмани или ќе ти бидат виновни други пратеници кои не биле доволно ангажирани ? Ќе организираш ли секојдневни протести пред Собрание за да покажеш колкава поддршка имаш од народот или ќе ги обвиниш структурите дека биле пасивни ? Ќе сториш ли нешто или ќе се правдаш како имало нова реалност, а ти кутриот не си моќен да преземеш ништо ?Ти кажав и пак ќе ти кажам, тоа што го правиш не е чесно и не доликува на човек што треба да го води ВМРО. Сакаш да дојдеш на власт ама ти да си патриотот, а другите да се предавници. Сакаш да газиш преку туѓи животи. Кукавички и ниско од некој што треба да води организација како ВМРО.Прочитан си Христијане дека играш двојно со нашето членство и целиот народ. Извини се на членството за двојните игри и лицемерито. Извини се и на граѓаните на Македонија што ги лажеше дека ти ќе си го бранел името до крај.Христијан,Подолг стаж во ВМРО имам и од тебе и од твоите соработници. Овие писма до тебе имаат само една цел, а тоа е да го спасиме и направиме посилно ВМРО. Ти не си ВМРО. ВМРО е над тебе. Ти си времено на функција во ВМРО. Доколку ВМРО загуби на претстојните избори затоа што е изолирано, тоа ќе биде само заради тоа што немаш капацитет. Крајно време е да размислиш и одлучиш, за вракање на прозападниот курс, зацртан во трајните определби на партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
leto

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“,Наташа Поповиќ, в недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“  со почеток во 19 часот  ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.Младиот пијанист Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиотконзерваториум под менторство на професоротВалериПиасетски, почесен уметник на Рускатафедерација, Александар Синчук стана лауреат на многупрестижнинатпревари по пијано.Меѓудругите има и Прва награда на Четвртиот Меѓународеннатпревар на Рахманинови златенмедал на Деветтиот меѓународеннатпревар за младипијанистиво сеќавање на ВладимирХоровиц.Во февруари 2009 година, Александар Синчук успешно дебитираво салатаКарнегиХол во Њујорк.Во 2010 година младиотпијанистизведе 37 концерти на големата турнејаниз САД. Во 2014 година, Александар Синчук ја заврши престижната Дипломска програма со почести на музичкаташкола USC Торнтон во ЛосАнџелес, САД, во класата на  светскипознатиотпијанистДаниелПолак. Во февруари 2017 година, Александар Синчукучествуваше на церемонијата за затворање на третитеСветскиИгринасловени како ЦИСМ во Сочи.Неговите настапи денес се одржуваат во најдобритеконцертнисалинизРусија, како што се Големата сала на Московскиотконзерваториум, СалаСветланов во Меѓународниотдом на музиката во Москва, Концертнатасала на Марински театар и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, ЈужнаКореја ...Од 2014 година Александар Синчук е ангажиран во педагошкатаработа.Во 2015 година почна да работи како асистентпрофесор на Московскиотдржавенконзерваториум.Тојчесто дава мастеркласови во Европа, Америка и Азија.Флејтистот АртемНауменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Со музика започнувауште од петгодишнавозраст. На 10 години Артемвлегува во Централнотомузичкоучилиште во Москва, и студира со професоритеЈуриДолжиков и Александар Голишев. Во 2010 година, го завршуваучилиштето со почесенуспех и го продолжува своето образованиена  Државниот конзерваториум „Чајковски" во Москва, исто така со професорГолишев  каде што дипломира со почести во 2015 година. Две години подоцна, Артеммагистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз во класата за камерна музика на професоротМишелМорагуес.Тој е лауреат на Интернационалниоттелевизискинатпревар во 2006 година и победник на Меѓународниотнатпревар во Падова, Италија, во категориите на дувачкиинструменти и виртуози во 2007 година. Победник е и на  натпреваротМладиталенти на Русија во 2008 година. Науменко ја добинаградатаНационалентриумф и бешепрогласен за младпобедник во областа на литературата и уметноста во 2007 година.Науменко редовнонастапува и  во парискиансамбли, како и во дувачкиотквинтет„Апалон“ и триото„Фламиарт“. Настапувал исто така и со Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Државниот камерен оркестар„Московскивиртуози“, Лирскиотсимфонискиоркестар на Париз, Претседателскиоторкестар на Русија, Државниот дувачки бенд на Русија, СимфонискиотфилхармонискиоркестарСаратов , Омск, Кострома, Јарослав. Тојнастапил и со Чешката филхармонија (диригентПинхасСтајнберг) во 2010 година, и редовно добива покани да настапи како првафлејта во камерниоторкестар„Московскивиртуози“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
edinstvena-makedonija-so-mukoski-sredba

Единствена Македонија: Задоволни од средбата со пратеникот Мукоски

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување  избори „Македонија- блокира“ синоќа во рамките на народниот собир во Вевчани  оствари средба со пратеникот Крсто Муковски во неговиот дом, соопшти Единствена Македонија.Оттаму велат дека со Мукоски разговарале во пријатна атмосфера на кафе, со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот. На средбата, како што велат, биле разменети мислења за актуелната состојба во државата, во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоја цена да избрише сè што е македонско и зошто пратеникот Муковски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сè уште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Муковски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
todorov-han

ФОТО: Тодоров разговарал со Хан за перспективите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

„Утрово остварив средба со Евро Комесарот Г-динот Јоханес Хан, на која разговаравме за евро-перспективите на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите оние кои мислат поинаку од актуелното раководство на партијата. Од двете страни беше изразена силна подршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија.Од страна на Евро-Комесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна подршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија“, напиша ексминистерот за здравство, Никола Тодоров.https://www.facebook.com/TodorovNikola/posts/2222864067748268

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Трамп вербално нападна новинари: „Одвратни сте и невоспитани, седи доле“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа имаше конфликт со новинарите на конференцијта за новинари по повод вчерашните избори за американски Сенат и Претставнички дом на Когресот.На еден од новинарите му рекол да седне, а на другиот но нарекол „невоспитана и одвратна личност“.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/372685003476212/Како што наведува новинаската агенција, Трамп се изнервирал бидејќи новинарите му поставиле прашање за тоа зошто мигрантската колона во Мексико ја нарекува „инвазија“ на САД.Исто така му е поставено прашање, зошто на емотивна предизборна кампања се појавува мигрант осуден на смрт поради убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година.Белата куќа соопшти дека ја одзема привремено акредитација на дописникот на Си-Ен-Ен во американското претседателство, Џим Акоста, пренесе „Асошиејтед прес“.Одлуката беше донесена по жестоката расправија вчера меѓу Акоста и претседателот Доналд Трамп. Тој започна откако на прес-конференција Акоста постави прашање на Трамп за карванот со мигранти, движејќи се од Латинска Америка кон јужната граница на САД. Кога Акоста се обиде да постави дополнителни прашања, Трамп рече: „Доста!“. Потоа соработничка на Белата куќа се обиде да го земе микрофонот на новинарот. Сепак, нејзиниот обид се покажа како неуспешен.Прес секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс го обвини Акоста за неприфатливо однесување спрема соработничка на Белата куќа, која се обиде да му го одземе микрофонот.Новинарот потврди на Твитер дека знае дека е лишен од пристап до Белата куќа, пренесе ДПА. Тој постојано влегува во спорови со претседателот.Си-Ен-Ен го поддржа својот новинар. 

Свет | пред 7 години

7 год.
zaev-dimitrov

Владата ги ќе им даде пари на општините што неодговорно се задолжувале

Одлуката на Владата за подмирување на половина од неизмирените обврски на општините со пари од државната каса е проблематична, бидејќи во суштина со парите на граѓаните се плаќа неодговорното работење на општинските власти, наместо тие пари да се искористат за нови проекти.  Додека властите велат дека ова е значајна поддршка за општините, експертите се спротивставуваат, велејќи дека со оваа мерка се дава порака дека се покриваат незаконските дејствија, неодговорното работење и недостатокот на отчетност, пишува „Порталб“.За одлуката на централната власт, наместо за нови проекти кои ќе ја подобрат состојбата во патиштата, здравството, образованието, животната средина и другите области со витална важност за граѓаните, да се покриваат долговите, упатените во проблематиката велат дека најпрвин треба да се изврши анализа и проценка за тоа кој и како се задолжувал.Експертите и граѓанските организации бараат прецизно да се посочат имињата на тие што се задолжувале.– Стопанските субјекти се изложуваат на некоректно и дискриминирачко дејствување од државата. Се создаваат трговски девијации во пазарот на капитал. Ваквиот инструмент дава порака во насока на синдикализирање на расходувањата од неодговорното работење на избраните и именуваните функционери. Кога ќе се синдикализира трошењето од неосигурани ризици, се создава неодговорност (moral hazard). Во суштина, свесни дека ќе поминат неказнети за неодговорното работење со даночните средства на граѓаните, се создава ситуација на недостиг од каква било грижа за управување со ризици, во согласност со можностите и ресурсите на општините од страна на неодговорните градоначалници. Трошоците поради неодговорното работење во заробената држава паѓа на товар на тие кои не се виновни за неодговорност. Министерот да направи анализа во врска со тоа како се собирани долговите и да побара отчет, а за ова треба да се вклучи и Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство – велат од  Центарот за економски анализи (ЦЕА).Невладините организации сметаат дека одлуката на Владата да ги подмири долговите на општините не е исправна, затоа што не е направена анализа во врска со тоа кој и на каков начин ги создал долговите, а велат и дека оваа мерка е штетна за граѓаните бидејќи втор пат им се нанесуваат финансиски штети.Активистот Арианит Џафери од „Еко Герила“, бара на оние што ги направиле долговите да им се конфискуваат имотите и парите потоа да се вратат кај граѓаните. Во спротивно, подмирувањето на долговите ќе биде бесмислено, вели тој.– Не е лошо што Владата планира да подмири половина од општинските долгови, но истовремено треба да се извршат ревизии и да се спроведат истраги за да се открие во какви околности се создадени тие долгови, од кои причини, односно кога и од кого, и да се повикаат на одговорност пред органите на правдата градоначалниците кои ги направиле тие долгови. Виновниците за создадените долгови треба да се казнат и да ги вратат парите сразмерно на висината на долгот, исто така преку конфискување на нивните приватни имоти, доколку е потребно. Граѓаните еднаш биле оштетени кога се создал долгот, сега по втор пат се оштетува нивниот личен буџет со нивно подмирување, додека виновниците продолжуваат да имаат слобода да злоупотребуваат уште повеќе во иднина. Ако не им се даде добра лекција, џабе ќе се подмират долговите, без разлика на нивниот износ – вели Џафери.Операцијата за подмирување на долговите на општините официјално ќе започне со носењето на ребалансот на буџетот. Според објавените пресметки, ќе се доделат безмалку 50 милиони евра, со кои ќе треба да се покријат 51 отсто од долговите на општините. Вкупниот долг што го имаат пријавено локалните самоуправи, до крајот на месец септември, достигнува 81,3 милиони евра.– Финансиската помош од 51 проценти од вкупниот износ е сериозна помош. На јасен начин создаваме механизам за спречување на акумулирање на долговите во иднина и јасно тврдиме по втор пат немаме намера да направиме вакво нешто и тоа нема да се случи. Сега има простор да се помогне, во овој момент го решаваме проблемот со долгот – рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.Парите од централниот буџет кои ќе завршат во општинските сметки ќе бидат со стриктна намена и неповратни. Општините очекуваат од Владата да се дадат упатства за дејствување.Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дополнителни механизми за контрола на локално ниво со цел спречување на создавање на долгови.– Како системско решение, општините не треба да влегуваат во нови долгови, предвиден е контролен механизам во член 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Имено, општините можат да ги планираат приходите најмногу до 10 отсто од просекот на нивните приходи за последните три години – вели Фазлиу.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ali-ahmeti

Ахмети ќе бара претседател кој ДУИ ќе го поддржи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ке го бранат.„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен но се уште е рано да се збори за тоа.„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimitrij-kalojan-21085

Денес е Митровден-За многу години, вечно име и вечна слава

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните.Празник на заштитникот на градот Солун и почеток на зимската половина од годинатаИменден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа и празникот Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец и мироточив. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината.Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.Народниот обичај наложувал денес да се остане дома. Се верувало дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата.Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден никако не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45593417_1417597505039833_6348832815999614976_n

Петар Богојески се сретна со комесарот Хан

Предводникот на втората делегација поканета на самитот на „Европската Народна партија“ во Хелсинки, Петар Богојески оствари средба со еврокомесарот Јоханез Хан.На средбата станало збор за европската перспектива на Македонија и приликите во ВМРО ДПМНЕ.Како што не информира Богојески, тој покрај со Хан се сретнал и со лидерството на „Це Де У“ на Ангела Меркел како и со Јозеф Дол и други комесари на Е.У.ВМРО ДПМНЕ во Хелсинки има две делегации, едната ја предводи Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, додека другата е предводена од Петар Богојески кој отпатувал во Хелсинки по покана на „Европската народна партија“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Конференција за медиуми и политика во Македонија

Конференција за медиумите и политиката во Македонија ќе се одржи денеска во организација на Програмата за медиуми во Југоисточна Европа на Фондацијата „Конрад Аденауер“.На јавната конференција ќе се презентира анкета за јавното мислење за медиумите и надворешните работи.За резултатите од анкетата на панел дискусија ќе дебатираат Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Драган Секуловски извршен директор на Здружението на новинари на Македонија и Ивица Соколовски, менаџер истражувач во ИПСОС Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пет сообраќајки и 138 непрописно паркирани возила вчера во Скопје

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно пет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една било полесно повредено едно лице, а во три сообраќајки била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Од сообраќај биле исклучени вкупно 15 возачи, од кои тројца го управувале возилото под дејство на алкохол, седум пред да се стекнат со право на управување и пет возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и девет нерегистрирани возила.Затекнати биле 138 возила непрописно паркирани.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 82 возила.Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Како да бидете најефективни на вашето работно место

Канцеларијата е просторот во кој го поминуваме најголемиот дел од нашиот работен ден и за таа цел треба да биде организирана на начин кој соодветствува со нашите потреби, инспирира креативност и ни овозможува најефикасно и продуктивно да го искористиме нашето работно време.Еве ги нашите предлози како да го опремите овој простор:Одберете компјутер според вашите потребиПрвиот и незаменлив елемент којшто е клучен за нашето работење е лаптопот. Одберете лаптоп кој соодветствува со вашиот буџет и со потребите и природата на вашето работење. За ефективно и брзо извршување на работните задачи одберете квалитетен HP лаптоп или DELL лаптоп, со одлични перформанси или пак доколку се занимавате со графика, веб дизајн, програмирање и слично, одлучете се за поскап MacBook лаптоп кој е квалитетна и моќна машина создадена токму за таа цел. Од друга страна, доколку лаптопот ви е потребен исклучиво за основни работни задачи и документирање на вашите активности, како и пребарување на Интернет, користење на социјални мрежи и слично, одлучете се за овој лаптоп со пониска цена, кој вклучува лиценциран Windows 8.1 и ташна за носење.Таблет наместо нотесЗа подобра организација на многубројните работни активности,наместо употребата на класичен нотес, одлучете се за преносен таблет компјутер, кој е лесно пренослив, има значително помала цена од лаптоп, а може да собере и организира многубројни податоци.Автоматизирајте ги процесите со помош на софтверДоколку сакате да ги намалите вашите трошоци преку поефикасно организирање и евидентирање на сите процеси во вашето претпријатие, набавете го Pantheon софтверот за мали и средни претпријатија.Организирајте и уредете го просторот удобно и креативноОткако ќе ги обезбедите клучните потребни елементи од електроника, можете да преминете на поширокото уредување на вашиот канцелариски простор како удобен и креативен простор за работа. Одберете квалитетно канцелариско биро со поголема работна површина и повеќе фиоки за складирање на вашите секојдневно потребни документи и предмети. Бирото е потребно да го чувате уредно и чисто, а тоа најдобро можете да го направите преку организирање на сите кабли со помош на отвори за кабли кои се монтираат во самото биро, носач на кабли со шест отвори или пак флексибилен носач. Потоа, набавете удобен стол на кој ќе можете да седите исправени и кој ќе биде квалитетна потпора за вас во текот на денот.Заштитете се од кражбиНе заборавајте да се заштитите од кражби, особено доколку користите скапа технологија во вашиот канцелариски простор и поставете алармен систем.Прочитајте повеќе на Friday.mk

Магазин | пред 7 години

7 год.
han

Хан: Мицкоски се заложи да не го опструира Преспанскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ нема да го опструира носењето на амандманите, му ветил Мицкоски на еврокомесарот Хан на средбата за време на самитот на Европската народна партија во Хелсинки.-Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во собранието. На ЕУ интеграции им е потребна конструктивна опозиција, напиша Хан на твитер.Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение за средбата, но во него нема информација за разговорите околу спроведувањето на договорот.Освен официјалната делегација, во Хелсинки на поканата на претседателот на Европската народна партија, Жозев Дол се и исклучените Петар Богојески и Никола Тодоров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ: Во Гевгелија решен деценискиот проблем со водата

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.„Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества на чиста вода за пиење. Со новиот систем во кој има три нови бунари ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години“, се вели во соопштението на СДСМ.Со тоа, како што наведува владејачката партија, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела

Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев нема мандат да го менува Уставот на Македонија. Граѓаните на 30-ти септември јасно и дадоа до знаење на власта дека не се согласуваат со менување на Уставот и уставното име на државата. Не се согласуваат со бришењето на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја. Над 1.2 милиони гласачи јасно кажаа дека не се согласуваат со капитулацијата која ја потпиша владата на Заев во Преспа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Заев и СДСМ никаде во својата програма не ветија дека ќе го менуваат уставното име на државата. На гласачите не им најавија дека доколку гласаат за СДСМ, гласаат историјата да им ја пишува некоја од соседните држави, или пак дека гласаат за променет идентитет и јазик како и откажување од Македонците во соседството и се што е македонско. Однесувањето на одродената и криминална власт претставува груба манипулација со волјата на граѓаните.,,Единствена причина зошто СДСМ ја погази демократијата и волјата на граѓаните, зошто ги распродава државните и национални интереси е спас на политичката кариера на Зоран Заев. Зоран Заев е подготвен по секоја цена да продолжи со своето криминално владеење, да продолжи со раздавањето на тендери и грантови на високи државни и партиски функционери. По секоја цена без разлика дали е тоа името на државата, идентитетот или јазикот, Заев сака да продолжи да возат камионите на Вицето, да растат стеблата марихуана, да продолжи да се богати кланот Заеви на грбот на народот.Стравот кај Заев и криминалниот картел на власт е огромен. Тие знаат дека доколку ја загубат власта ќе треба да одговараат за сите криминали, знаат дека никој нема повторно да го аболицира или амнестира кланот за неговите криминали. Правдата ќе ги стигне и сите оние кои наместо да го казнуваат го амнестираат криминалот на власта. Игнорирањето на волјата на граѓаните скапо ќе го чини СДСМ и Заев, на наредните избори волјата на граѓаните ќе биде уште посилно изразена, а Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела”, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-1

Груевски денес треба да се јави во Шутка

Пленарната седница е следен чекор на која ќе се одлучува дали на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, ќе му биде одземен пратеничкиот мандат. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со мнозинство гласови го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.Одлуката беше донесена со мнозинство гласови, но на гласањето не присуствуваа членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои дојдоа на седницата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.Претседателот на Комисијата Павле Богоевски се согласи да му се одземе мандатот на Груевски, бидејќи делата кои за кои се товари го прават недостоен за вршење на пратеничката функција, пишува 24 Вести.Александар Кирацовски, кој е член на Комисијата од СДСМ, пак, апелираше ова да биде поука за сите сегашни и идни функционери да не ги прекршуваат и заобиколуваат законите заради тоа што правдата е еднаква за сите.Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои иако немаат член во Комисијата, се изјаснија дека се против одземањето на мандатот на Груевски и оценија дека расправата е избрзана ако се има предвид формирањето на Координативното тело за процесот на помирување.На седницата не присуствуваше Груевски бидејќи беше на судење за предметот „Титаник“.Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.  Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.Груевски денеска треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната. Тој беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Земјотреси почуствувани во Македонија

Вчера се стресе и Македонија, поточно Дојран каде се почувствува потрес од Грција со јачина од 3 степени.По силниот потрес на Закинтос има многу потрес ии денеска во грција со јачина од 2 и 3 степени.Се тресе и Турција, и Романија, а последниот потрес е со јачина од 3.3 степени по Рихтер.Силни потреси од 3 степени има во Турција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во интервал од 14 до 18 степени. Во Скопје температура до 17 степени и попладне со повеќе сончеви периоди.Утре ќе има зголемена облачност, претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Основачот на интернетот: Време е Гугл и Фејсбук да бидат уништени

Основачот  на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.– Неприкосновеноста на Гугл и Фејсбук е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени, изјави експертот по информатички науки.Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“, нагласи тој категорично.– Доколку пуштите капка љубов на Твитер, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг, посочи Бернерс-Ли.Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли 1989 година ги изработи протоколите, по кои интернетот функционира и ден денешен.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Државниот обвинител на САД Џон Сешонс поднесе оставка

Државниот обвинител на САД Џеф Сешонс поднесе оставка на функцијата по барање од претседателот Доналд Трамп со чии остри напади се соочуваше повеќе од една година поради тоа што се повлече од истрагата за руското мешање во претседателските избори во 2016 година. Сешонс оставката ја објави во писмо упатено до Трамп. Американскиот претседател пак, на Твитер наведе дека за вршител на должноста го поставува шефот на кабинетот на Сешонс, Метју Витакер, поранешен сојузен обвинител на Ајова.

Свет | пред 7 години

7 год.
dijalog

Тачи: Порадо би водел дијалог со ѓаволот отколку со Вучиќ

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави синоќа, пред денешното продолжување на дијалогот со Србија, дека порадо би водел дијалог „со ѓаволот отколку со претседателот на Србија Александар Вучиќ“.Во интервју за приштинската агенција Косовапрес, Тачи ги оцени како тешки состаноците кои ги има со претседателот на Србија во дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина.Тачи ги повика претставниците на партиите на Косово да покажат поголема државничка свест за донесување што побрзи одлуки за политичкото претставување во дијалогот, на што поширока политичка основа.Тој одби да ја коментира одлуката на косовската влада за воведување такса од 10 отсто за производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина и истакна дека секоја институција самостојно ги носи одлуките и сноси одговорност за нив.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, од денеска до 16 ноември, ќе престојува во Македонија со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. „Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци, вели во пишаната изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови судски рочишта за „27 април“, „Топлик“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година, за „Топлик" и „Титаник 3".Случајот „27 април“ се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносниет камери во ходинкот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.Обвинителството на снимките посочува поголем број од обвинетите и се бележи на записник нивното движење и дејствија низ ходниците.Судечкиот совет во предметот „27 април“ на почетокот на неделава одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“.Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ustav-2

Почна втората фаза за менување на Уставот, власта и опозицијата со спротивставени ставови

Со почетокот на седницата на Комисијата за уставни прашања на која се расправа за нацрт уставните амандмани стартуваше втората фаза од постапката за менување на Уставот на Република Македонија.Седницата на собраниската Комисија почна вчера со обраќање на премиерот Зоран Заев, кој ги образложи четирите нацрт-амандмани, а продолжението е закажано за денеска во 11 часот.Пред членовите на Комисијата, премиерот посочи дека предложените нацрт амандмани се во согласност со меѓународното право и меѓународните стандарди за човековите слободи и права, како и согласно интересите на Република Македонија  и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции. Оцени дека нацрт-амандманите заслужуваат поддршка од сите пратеници во Собранието.– Пратениците, со поддршка на иницијативата, ќе покажат дека се за европска иднина на Македонија, рече Заев пред Комисијата за уставни прашања.За опозицијата пакетот уставни измени се носи без консензус, а пратениците немаат мандат да расправаат за измените на Уставот бидејќи референдумот бил неуспешен. Единствен излез од ситуацијата, според нив, е да се оди на нови избори. Дел од нив сметаат дека не треба да се менува името на државата во Преамбулата на Уставот, а Илија Димовски предложи дополнување на нацрт-амандманите со кое ќе се одреди нивниот рок на траење. Побараа и седницата на Комисијата за уставни измени да се пренесува во живо.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45544753_2205027969777489_5654303666132221952_n

Демострантите пред судот: Иванов да го сопре прогонот врз Груевски

„Вечерва самоиницијативно, како почитувачи на ликот на пораешниот претседател Никола Груевски и се собравме пред зградата на Основниот суд Скопје 1 да упатиме неколку пораки“, изјави Александар Трајковски.Според него ова е политички прогон. Она што е смешно во целата ситуација е тоа што главниот доказ, Мерцедесот е се уште во Владата на Република Македонија и секојдневно се користи за секакви потреби како што и се портребни на државата.„СЈО има за цел да работи на уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. Сите обвиненија се базирани на незаконски начин, и истите не можат да претставуваат доказ во судска постапка“, рече тој.Тој ги рече дека на ги охрабруваат судиите во овој суд да работат согласно законите на Република Македонија, и упати барање до кривичниот совет да го разгледа барањето за одложување на казната на Груевски иситото да го прифати.„Го повикуваме престедателот на Република Македонија, кој е единственитот политичар кој има кредибилитет да го прекине овој политички прогон. Ние како граѓани, упатуваме поддршка до претседателот да ги застапува македонските национални интереси.Исто така тој упати поддршка до Груевски, Ние како грагани сме благодарни за се она што го направи Никола Груевски додека беше престедател во Владата. Неговата борба за правда станува и наша борба за правда. Она што му се случуива на него денес, може да сe случи на секој од нас. Македонискот нерод нема да го заборави она што тој го направи изминатите 10 години“, изјави Трајковски. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања