Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
grujo

Груевски избегал за да не оди во затвор?

Властите не можат да го најдат Никола Груевски ? Дали Никола Груевски е достапен за властите и каде е во текот на целиот денешен ден ? Ова прашање кружи меѓу новинарите кои цел ден не се во можност да стапат во контакт со екс премиерот кој последен пат на апликациите Вибер, Ватсап и Телеграм бил вклучен вчера во 22 часот и 31 минута.Од тогаш тој е исклучен , а не е достапен ни на повици на мобилниот број со кој претходно комуницираше.Денес судот донесе конечна одлука дека Никола Груевски мора да оди во затвор по пресудата за случајот „Тенк“ од како претходно се исцрпија сите можности за одлагање на отслужувањето на казната од 2 години.Груевски се покажа како добро информиран и во неколку наврати јавно ги предвиде постапките на судот и пресудата.Неговото интернет исчезнување од синоќа го отвора прашањето дали тој знаел денес каква одлука ќе донесе судот и дали можеби презел некакви чекори претходно ?ГРУЕВСКИ ДЕНЕС НЕ СЕ ЈАВИЛ ВО СУДОТ ? !Никола Груевски нема пасош, бидејќи истиот му е одземен како мерка за обезбедување. Тој секој петок мора да се јавува во судот, за да го потврди своето присуство во земјава. Денес никој во судот не можел да потврди дали Груевски дошол да се пријави.НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ КОМЕНТИРА ДЕКА ИЗБЕГАЛНа социјалните мрежи веќе кружат постови дека Груевски избегал од земајта, а државата се споредува со Турска серија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45657110_10155431882731706_8339611253605400576_o

(ВИДЕО) Роденденска дружба со лицата од домот „Мајка Тереза“

По повод роденденот на општина Карпош, денеска, градоначалникот Стефан Богоев го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, а кој е во состав на ЈЗУ Герентолошкиот завод „13-ти Ноемви“.- Општина Карпош прославува 42 од своето постоење, и за таа цел, веќе две недели, имаме бројни активности со кои го одбележуваме, за нас, овој значаен датум. Во тој контекст е и денешната посета на Домот „Мајка Терезa“, со цел да ги посетиме оние кои ни се блиски и драги, а кои живеат тука во нашата општината. Идната недела е и Вашиот јубилеј - 60 години од постоењето на Герентолошкиот завод, така што тоа е уште еден повод да се подружиме и да поминеме пријатни мигови заедно, им порача градоначалникот Богоев на постарите лица кои престојуваат во оваа установа.Во оваа пригода, тој на сите жители на овој дом, им врачи пригодни подароци, 70 пакети со кондиторски производи и средства за лична хигиена.Во топла атмосфера, со весела игра и песни од најмладите-дечиња од градинката „Орце Николов“, постарите жители на Карпош минаа еден час во разговор со својот градоначалник и вработените во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, а домаќини на гостите од Општината беа директорката на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“ - Скопје д-р Салија Љатиф Петрушовска и Дејан Петров, раководител на одделот „Мајка Тереза“.На овој начин Општината уште еднаш ја потврди континуираната грижа што ја води за најстарите жители од својата територија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
thumbnail_skopje_na_tochak-baner_970x250px

Во недела „Скопје на точак“

Замислете град со стотици илјади точаци. Тоа било Скопје во 60-те години кога немало место каде да го паркираш својот велосипед. Стари и нови, од пони до партизан велосипеди, мали и големи, сите вртеле педала низ улиците во градот покажувајќи дека животот може да тлее во здрава средина, без издувни гасови, стигнувајќи на работа, дома, во школо, на факултет, на средба, секаде со велосипед.Време е да се врати духот на минатото и да им се покаже на сите граѓани на Скопје дека градот може да живее на велосипед. Сојуз на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје во недела, 11.11.2018, во 11.00 часот, го организира велосипедскиот караван Скопје на точак со партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје. Секој е поканет да се пријави и да дознае повеќе за оваа иницијатива на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocak. Тука може да најдете информации и за наградите во склоп на лотаријата која ќе се одржи по самиот круг низ градот.Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед на овој настан секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче. Агендата е:-11:00 - 12:00 поделба на стартни броеви - лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден)-12:00 Старт на караванот-12:30 Крај на караванот-12:35 - 13:00 Лотарија-13:00 - 13:30 Велосипедски дружењаСтартот на Скопје на точак е од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица М. Т. Гологанов и се вози право до Католичка црква.Од таму се продолжува по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. Кочо Рацини. Таму се вози преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.Пријавувањето е бесплатно на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocakи завршува во сабота, 10 ноември 2018 година, во 23.59 часот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45657533_2153673621565585_2172158522878328832_o

Се зголемува безбедноста во сообраќајот во Аеродром

Денеска се реализираше сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“ пред трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром.Оваа акција е дел од едукативните проекти од областа на сообраќајот, во кои се вклучени ученици од седмо и осмо одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“.Специјално формираните училишни сообраќајни единици составени од ученици од овие две основни училишта ќе имаат посебна улога во однос на регулирањето на сообраќајот, под надзор на полициските службеници.Акцијата ја спроведува Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со Општина Аеродром и компанијата „Пнеуматик“.Општина Аеродром ги поддржува овие акции за безбедност на сите учесници во сообраќајот, а во таа насока неодамна постави хоризонтална и вертикална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45717278_2059310500781818_8672828616159002624_n

Делегација на Град Скопје во официјална посета на Бордо

Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот Шилегов, членови на Советот на Град Скопје, како и на повеќе директори на градските јавните претпријатија се во повеќедневна посета на градот Бордо, Република Франција.За време на средбата остварени се поголем број на средби со претставници на администрацијата, јавните претпријатија и институции на Градот Бордо од областа на урбанизмот и урбанистичкото планирање, јавниот превоз, како и подигнување и одржување на зелени површини.Во рамки на посетата градоначалникот Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Бордо, Алан Жипе (Alain Juppe) на која градоначалниците дискутираа на повеќе теми, пред се од областа на инфраструктурата, јавниот превоз и урбанистичкото планирање. Градоначалниците разговараа и за регионалните случувања, како и за продлабочување на соработката помеѓу двата града и можностите за размена на искуства.

пред 7 години

7 год.
41897906_1985141868198682_8841070576861708288_o

Во понеделник без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и КанализацијаИсто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.   

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski

Судот повторно го одби Груевски, тој мора во затвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во случајот „Тенк“.На седницата Кривичниот совет според фактите и доказите во жалбите, донел решение со кое ги одбил жалбите и го потврдил решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките, Основниот суд Скопје 1 – Скопје.Ова значи дека откако Груевски ќе ја добие одлуката на рака, ќе треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

Камчев и Мијалков биле прислушувани како осомничени во „Империја“?

Осомничените во најновата истрага на СЈО, „Империја“, биле под посебни истражни мерки, што значи дека најверојатно нивните телефонски комуникации биле прислушувани, но со наредба од судот, а за потребите на истрагата. Ова во своето соопштение го открива СЈО, по што може да се заклучи дека и обвинетиот за масовното нелегално прилушување, Сашо Мијалков, бил прислушуван, но на легален начин.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, се наведува во соопштението на СЈО.Од Специјалното јавно обвинителство денеска информираа дека по спроведена опсежна предистражна постапка отворена е истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20180916184701

Камчев соопшти дека е подготвен на соработка со СЈО

Компанијата „Орка холдинг“, чиј сопственик е Орце Камчев , во негово име соопшти дека е подготвена да соработува со СЈО.„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност,  изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економските проспиритет во земјава“, стои во пишаната изјава која е испратена како соопштение во име на Орце Камчев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

НАЈНОВА ВЕСТ : Уапсен е бизнисменот Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев е еден од приведените по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство, се вели во соопштението.Од СЈО истакнуваат дека Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

СЈО ги сомничи Камчев и Мијалков за „Империја“

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство, се вели во соопштението.Од СЈО истакнуваат дека Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski

Груевски ќе остане пратеник

Собранието денес одлучуваше за одземањето на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Пратениците со 58 гласа „за“ и 29 „против“ не изгласаа одземање на мандатот. Пратеникот Груевски не беше присутен на расправата.Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде предлог мандатот да му биде оземен.За Груевски да во врати мандатот, потребно беше потврдно да гласаат 80 пратеници односно 2/3 од вкупниот број.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богојески: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ требаат итни мерки за санација на последиците

Се грижам за иднината на ВМРО-ДПМНЕ и не сакам да се реализираат последиците кои ги најавија европските партнери, вели членот на партијата Петар Богојески по средбите со функционери на ЕПП.Петар Богојески, неодамна разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со експресно исклучените членови на партијата - пратеничката Емилија Александрова и поранешниот партиски функционер Никола Тодоров, присуствуваа на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки, на лична покана од нејзиниот претседател Жозеф Дол. Токму на оваа втора партиска постава ѝ беше посветено исклучително внимание, за што сведочеа голем број нивни средби со претставници на ЕПП. Богојески за ДВ ги сподели впечатоците и пораките од соговорниците, но и нивната загриженост за насоката во која се движи најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Но избегна поконкретно да ги коментира наводите што неофицијално доаѓаат од кругови на ЕПП, дека ако партијата не се демократизира, може да биде исклучена од ова семејство, целосно да ја загуби поддршката, да биде прогласена за антизападна структура што шири евроскептицизам...

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Закажано „оставање на третите деца пред Влада“, откако е укинат додатокот

Неформална ФБ група започна кампања за ,,масовно оставање на трето дете пред Влада“.,,Оставањето“ е закажано за 11 ноември од 11 часот до 16 попладне.,,Поради укинување на мерката додаток за трето дете, настанот е организиран со цел да им се помогне на оние кои не можат да се снајдат со проблемот ,,каде да го остават своето трето дете“-стои во ироничната покана на овој настан закажан на ФБ.Во ироничен продолжуваат:*НАПОМЕНА*-Без лажење, знаеме кое ви е второ дете и прво-Без манипулации, да го донесете на комшијата иако личи на вас-Без лажни вести околу овој настанОваа иронична реакција на социјалните мрежи осамна по најавата на владата дека ќе се укине додатокот за трето дете.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објасни дека по направените анализи, утврдено е дека мерката не ја остварила својата цел, а додатокот во принцип го добиваат и семејствата кои немаат финансиски проблеми, па поради тоа средствата не се распределни праведно на социјално загрозените кои имаат потреба од ваква помош.Висината на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) за 2018 година е во износ од 8.362,00 денари.На овој линк може да ги прочитате условите за стекнување на право за оваа помош.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Kralsko-semejstvo

Како заработуваат Вилијам, Кејт, Хари и Меган

Британското кралско семејство е едно од најбогатите во светот, а кралицата Елизабета е во врвот на најбогатите монарси на нашето време. Нејзините потомци и роднини исто така имаат многу пари, но, спротивно на верувањето на многумина, принцовите и принцезите кои не се директни потомци на круната, сепак, треба да работат.На пример, иако се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија се ангажирани на вообичаени работни места. Принцезата Беатрис работи во софтверска фирма неодамна промовирана во Лисабон, каде што се дружеше со Јелена Ѓоковиќ. Принцезата Евгенија е директор на уметничка галерија.Принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и нивните жени се вработени во кралската палата и нивната работа е да го промовираат кралството. Од страна на кралицата Елизабета доделени им се бројни задачи, па така одат на хуманитарни настани, отвораат училишта, болници, се грижат за фондации и го посетуваат целото кралство за да им се доближат на обичните смртници.Нивните патувања, облека и други трошоци делумно се покриени од страна на даночните обврзници, а исто така имаат и приватна сопственост, како и наследство од принцот Чарлс. Вилијам и Хари го имаат наследството на нивната покојна мајка Дајана.Од ноември минатата година, дел од нив е и Меган Маркл. Поранешната актерка, освен од даночните обврзници, сè уште заработува сопствени пари. Иако таа ја напушти актерската кариера, нејзините сцени сè уште се појавуваат и парите се слеваат на нејзината сметка. Пред да се омажи ја продаде куќата во Канада, па затоа на нејзината сметка има 1,6 милиони долари.Иако многумина ги нарекуваат паразити, британските принцови и принцези навистина остваруваат добивка во својата земја. Некои истражувања покажуваат дека кралското семејство е еден од најважните брендови на Велика Британија и има огромно влијание врз туризмот. На пример, свадбата на Хари и Меган на Велика Британија и донесе приход од 500 милиони фунти.

Магазин | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Прегазено 5-годишно дете

Вчера околу 15.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Ресен, Н.Ј.(20) од село Царев Двор, управувајќи патничко возило „JEEP LIBERY“, удрила во петгодишно девојче од Ресен.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Битола.Увид на местото нa настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета.„Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и тројца поради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и седум пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР

Скопје | пред 7 години

7 год.
tetovski-balisti-porachuvaat-kje-gi-ubieme-srpskite-reprezentativci-za-direktno-mesto-na-ep-foto

„Војводи“ против „Балисти“ – Инцидентите на пауза, омразата продолжува

Инцидентите помеѓу навивачките групи на Тетовските фудбалски клубови „Шкендија“ и „Тетекс“ – „Балисти“ и „Војводи“ престанаа, и од минатата недела до денес, не се регистрирани нови случаи. Сепак, омразата и нетрпеливоста помеѓу овие две навивачки групи продолжува и понатаму, и е далеку од надминување. По средбата со МВР, двете групи истапија со свои ставови за настанатата ситуација, пишува Цивил Медиа.„Војводите“ реагираа први, со соопштение на нивната страница, и остри реакции кон порталите кои известиле дека „Војводите“ им пружиле рака на помирување на „Балистите“. Тие бараат од сите медиуми да го објават нивното соопштение во кое меѓу другото, се вели: „На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на Шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација.“ Како една од причините за непомирување со „Балистите“, навивачката група на Тетекс го наведува името на навивачката група на „Шкендија“ – „Балисти“ за кое велат дека е навредливо за секој Македонец, бидејќи е поврзано но нивната историја и поттикнува ораза и нетрпеливост.„ Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме.“- се вели во дел од соопштението на Војводите.Од навивачката група на фудбалскиот клуб „Шкендија“, во изјава за ЦИВИЛ Медиа и Дрејт по инцидентите од минатата недела, велат дека немаат намера да се занимаваат со нив. Сепак, водачот на навивачката група, Исак Лума, изјави дека сака да испрати две пораки до членовите од „Војводи“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

ЗАМСТАС бараат превземање на соодветни мерки за случајот на КАРИЛ

Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС најостро ги осудува насилствата во здравството акцентирајќи го и последниот  немил настан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).„Апсолутно е недозволиво една хумана професија каква што е сестринската да биде жртва на вакви насилства. Физичкиот напад над медицинската сестра, која била на своето работно место е атакт и на целата фела.Зарем покрај сите голготи со кои се соочуваме изминативе години и со кои се обидуваме да се избориме за нашите права, сега сме во ситуација кога треба да се плашиме и за својот живот?!Аларманта е состојбата во нашето здравство бидејќи безбедноста при работа е една од основните начела која треба да ја има секоја професија. Главното прашање е зошто ни се случува сето ова? Што е тоа што го пропуштаме и зошто вакви ситуации ни се случуваат само во јавните здравствени установи? Постои ли виновник за направениот пропуст и загрозениот живот на медицинската сестра?Како и до сега, Унијата транспарентно, јавно и гласно ќе зборува за неправдите и работите кои мора да се променат. Осудувањето на овој чин од страна на Министерството за здравство е нивна морална обврска но, истотака и превземањето на соодветни мерки.Во последните изјави на МЗ се вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат дежурства на полицијата. Прашањето е зошто и до сега не беа истите вклучени, знаејќи дека ова не е прв ваков случај? Дали е ова единствениот начин и што е тоа што треба да го промениме внатре во здравствените институции како не би се случувале вакви инциденти и во иднина?Од името на над 5000-то членство на Унијата апелираме до сите надлежни институции сериозно да ги прифатат нашите критики и да превземат соодветни мерки.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pokana-eng

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон„ ќе биде отворена на 10 ноември, со почеток во 19 часот, галерија Eville Soe во Софија.„Хексагон„ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба.Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добиваат универзални уметнички димензии.Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.Изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 09 декември.

Магазин | пред 7 години

7 год.
viktorija

Исчезнатата Викторија се врати дома

Петнаесетгодишната Викторија која пред една недела беше пријавена за исчезната, вчера се вратила во куќата на нејзините родители. Како што соопштуваат од МВР, нејзината мајка ја известила полицијата дека малолетничката се вратила дома во село Суводол.За сега не е познато што се крие во позадина на исчезнувањето на девојчето, но од полицијата соопштуваат дека се испитуваат деталите за нејзиното исчезнување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

СЈО во 6 часот утрово влезе во сите фирми на Орце Камчев

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце Камчев !Информацијата предмалку за Скопје1.мк ја потврдија и од СЈО.Според првите информации СЈО од 6 часот утрово врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
holangjanec

Холанѓанец сака да ја промени годината на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот“

Еден Холанѓанец смета дека треба да има право законски да ја промени својата година на раѓање бидејќи „трансродовите луѓе можат да го променат полот”, пишува УНИЛАД.69-годишниот Емил Рателбан сака официјално да има 49 години бидејќи на тој начин може да се врати на работа и да добие шанса да го видат повеќе жени на „Тиндер“.Емил, кој е гуру за самопомош, тврди дека неговите лекари му кажале дека има тело на 45-годишен маж, па затоа поднел барање во документите да му го променат датумот на раѓање на 11 март 1969 година, иако бил роден на 11 март 1949 година.Локалните власти го одбија неговото барање поради што тој ги тужеше повикувајќи се на тоа дека „трансродовите луѓе можат да го променат полот, па и тој би требало да може да ја промени возраста”.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozar

Апокалиптични сцени од Калифорнија: Десетина илјади луѓе евакуирани поради пожар

 Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан ФранцискоПожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања