Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
IMG_5339

Кошаркарките на Бадел и Шкупи утре ќе играат во Кисела Вода

Утре во спортската сала „Независна Македонија“ сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 на домашен терен ќе ги одмери силите со тимот на ЖКК Шкупи – Скопје. Почетокот на натпреварот кој ќе се одигра во рамки на петтото коло од првата кошаркарска лига е од 12:00. Додека, истиот ден девојките на јуниорската екипа на Бадел на гостински терен ќе игра за победа против тимот на ЖКК Крива Паланка.Утре уште еден клуб од Кисела Вода во Крива Паланка ќе се бори за победа. Во рамки на втората кошаркарска лига – исток, кошаркарите на Академија ФМП ќе и спортивстават на екипата на КК Крива Паланка.

Спорт | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Битолчанец излетал од коловозот, пренесен во болница

Вчера на регионалниот пат Битола - с.Новаци пред с.Логоварди патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело.Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velosiped

Велешанец удри велосипедист

Вчера во Велес на улицата „Вардарска“ патничко моторно возило „Пежо 307“ со велешки регистерски таблици управувано од О.Т.С. (44) од Велес удрило во велосипед управуван од П.Т. (74) од с.Башино Село-велешко.П.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobr1

Автомобил удри 15-годишник во Штип

Вчера во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Фолксваген поло“ со штипски регистерски таблици управувано од Б.М. (68) од Штип, удрило во пешак на возраст од 15 години од с.Радање-о.Карбинци.Б.М. бил пренесен во Клиничката болница во Штип.Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45794028_347509909128390_7106298505362145280_n

Државата им обезбеди дом на 96 бездомници затекнати под Кале

,,Ромите затекнати под Кале сега имаат дом, документи и речиси сите примаат социјална помош. Се грижиме за секое семејство и секое дете. За нивната интеграција се ангажирани ромски организации, кои работат со нив по 12 часа, во две смени. Им помагаат да најдат работа, да добијат пристап до здравство, образование и сите услуги кои им следуваат од државата“-вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.Владата на РМ и обебеди дом на вкупно 96 лица, од кои 66 се деца.,,Ние сме социјална држава и се грижиме за сите граѓани да имаат достоинствен живот и еднакви услови. Со премиерот Зоран Заев  бевме во посета на привремените живелишта во Визбегово. Лицата тука имаат можност да почнат со работа, а децата им се вклучени во образовниот процес. Секој од нив има документи и поголемиот дел се корисници на социјална помош. Од идната недела нашите социјални тимови ќе прават мапирање на лицата под Кале, со цел да понудат сместување за сите оние кои се без живеалишта“-вели Царовска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-2

Протест пред домовите на пратениците Василевски и Арнаудов во Охрид

Денеска граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, заедно со повеќе организации кои и се приклучија, и политичката партија Единствена Македонија, со организиран превоз ќе носи демонстранти во Охрид за да организираниот протест пред домовите на пратениците кои гласаа за уставните измени, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.На Фејсбук страната „Македонија блокира“, пишува дека автобусот за Охрид треба да тргне денес во два часот попладне од пред Соборниот храм во Скопје.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1747055352072167&id=1742214352556267&__xts__[0]=68.ARACXc5M-FQOiosd_1A6X2oqi-B6q7oSInnTUstSewebPon3ut722HZoYi-I2rEauivyQLmcEB6-oigCQQSbAPklVeZ1JUQVkDteyo_4MQLqVdSj-_5Vm3OC-KxDyE6dExae6VoLuyFjPo532VhFpcifVsvHQ1J5WJm4FGEYDVtSeW6zochERhBM1cIjgdJj7WGL1oollfV-qjrSq1JRhHsVADdB_0Hs0WatcF8obLAqPt_7byHY3KJDV_V56jCramkFL2rkpLy8Asmv7CVWqHrcEP8x5e01H1hwEMwwfRHHKnsQPkSBtk3lGkHDvZtpdqxE7NFWOkPe5fmno8mC49oi&__tn__=-RВо средата, со запалени свеќи и патриотски песни, група демонстранти протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, кој во Собранието исто така гласаше за почнување на процесот за уставните измени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најмалку девет жртви во пожарите во Калифорнија, десетици исчезнати

Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летовалиште Малибу е загрозено од друг пожар што брзо се шири.– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто, каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.Тројца загинати се пронајдени вчера вон една куќа и уште една во куќа.Десетици се сметаат за исчезнати.Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живета таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Вкупно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Турција ќе почне масовно производство на сопствен тенк

Турција денеска потпиша договор за масовно производство на сопствен тенк „Алтај“ со турскиот производител на воена техника Би Ем Си (БМЦ).Договорот е дел од напорите на земјата за проширување на одбранбената индустрија. Турција се стреми кон производство на сопствени тенкови, воени хеликоптери и друга воена опрема.Според договорот, компанијата првично ќе произведе 40 тенкови „Алтај“, а првиот ќе и биде доставен на армијата за 18 месеци. Веднаш потоа е предвидено да бидат изработени уште 210 тенокови.Во проектот се вклучени и други турски фирми – Рокетсан, Аселсан, МКЕ и Хавелсан.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Првпат по седум месеци цената на нафтата пониска од 70 долари за барел

Цената на суровата нафта „брент“ денеска се намали под 70 американски долари за барел, првпат после 10 април 2018 година.Според аналитичарите, цената на нафтата продолжува да се намалува поради зголеменото производство во САД и Саудиска Арабија, но и поради помошта што САД им ја дава на некои земји со распределба на поефтино количество на нафта откако Вашингтон ги обнови санкциите кон Иран со ембарго на увоз на нафта од оваа земја.Американскиот Стејт департмент во понеделникот ги обнови санкциите кон Иран. Под разни ограничувања се најдоа повеќе од 700 правни и физички лица на Исламската република, како на пример банки и компании од морскиот сообраќај и воздухопловството.Државиот секретар на САД, Мајк Помпео тогаш изјави дека санкциите нема да донесат никакви економски штети и дестабилизација на пазарот со нафта.-САД им помага на Италија, Грција, Турција, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван. Сите тие земји покажаа подготвеност да го намалат увозот на иранска нафта во последните шест месеци. А две земји целосно прекинаа со увоз на нафта од Иран и нема да го обноват се додека има санкции, изјави Помпео во понеделеникот.Цената на декемврските „фјучерси“ на нафта (купопродажни договори за продажба на нафта кои треба да се реализираат во иднина) за американската „лесна“ нафта се намали до 60,13 долари за барел.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ujp

Канцелариите на УЈП отворени за регистрација на граѓаните

Во текот на денешниот ден, (сабота, 10 ноември), сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) на УЈП ќе бидат отворени за граѓаните за да може да се регистрираат во системот на Е-ПДД.Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8.30 до 14 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soncevo

Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.Утринската температура ќе се движи од нула до осум степени, а дневната температура од 15 до 20 степени.Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер.Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 18 степени.Продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината

Македонија | пред 7 години

7 год.
eko

Се воведуваат еколошки налепници и субвенции за електромобили

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска ќе ги презентира новите измени на Законот за возила со кои ќе се воведат еколошки налепници и субвенции за електрични и хибридни возила.Министрите за внатрешни работи и за економија Оливер Спасовски и Крешник Бектеши вчера ги најавија измените во Законот за возила со кои на лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли.Сите возила ќе бидат означени со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања

Третиот нацрт-амандман, што се однесува на членот три од Уставот на Република Македонија е на дневен ред на денешното продолжение на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања.Со нацрт-амандманот практично се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.Шефот на македонската дипломатија вчера на седницата само кусо го појасни третиот нацрт-амандман, а денеска пратениците ќе ја отпочнат расправата по него.-Врз основа на Договорот се утврдува меѓусебната постоечка граница меѓу Репбулика Македонија  Република Грција како неповредлива меѓународна граница, при што се презема реципрочна обврска ниту една од двете држави да нема некакви претензии кон кој било дел од територијата на соседната држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебно постоечка граница. Двете држави, исто така се обврзаа дека нема да поддржуваат претензии од трети страни во однос на неповредливоста на нивната заедничка граница, рече Димитров.Република Македонија и Република Грција се обврзаа, додаде тој, да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседот и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени кон суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.Исто така, нагласи Димитров двете држави презедоа обврска во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации да се воздржуваат од закани или употреба на сила, со намера да се наруши нивната меѓусебно постоечка граница.Министерот појасни во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на РМ е неделива и неотуѓива, постојната граница на РМ е неповредлива, РМ нема територијални претенизи кон соседните држави, а границата на РМ може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност согласно општо прифатените меѓународни норми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, во второ читање.Расправата почна вчера, а согласно собранискиот Деловник, може да трае најмногу три дена.Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението истакна дека ребалансот базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП.-Се врши минимална корекција на приходната страна на Буџетот и приспособување на одделните делови од буџетската потрошувачка до крајот на годината. Позначајни дополнителни средства се алоцираат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Со цел подобрување на фискалната позиција на општините се предвидуваат и три милијарди денари за финансиска поддршка на општините и единките корисници основани од нив, пред сѐ училишта, за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, објасни Тевдовски.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта води катастрофална економска политика, а со ребалансот, наместо да овозможи реализирање капитални инвестиции, значително ги крати средствата, посебно за здравството и образованието. Тие сметаат дека е погрешна и одлуката за финансиска поддршка на општините со која, преку алоцирање поголем дел од буџетските пари, ќе им се помогне на локалните самоуправи да ги подмират или намалат долговите.Реплицираше министерот Тевдовски, потенцирајќи дека фискалните параметри се одлични, а остварувањето на приходите е според проекциите што е првпат случај по подолго време.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба.Синоќа пред затворот новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми беа во исчекување на Груевски. Официјални информации за тоа дали решението му е доставено немаше, но неофицијално, биле направени три обиди од судските курири во неговиот дом лично да му го достават решението.Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес. Решението на Груевски може да му биде врачено в понеделник, кога поранешниот премиер треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.Груевски завчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kamcev

30-дневен притвор за Орце Камчев, спроведен е во Шутка

Доцна ноќеска судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски.Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка.Во новата истрага на СЈО кривично се гонат вкупно 13 лица. Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

Неколку граѓани пред домот на Груесвки, не даваат да оди во Шутка

Група на граѓани се собира пред домот на екс-премиерот Никола Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка.Групата граѓани кои се собираат пред домот на екс-премиерот носат знамиња со сонцето од Кутлеш.Судскиот курир кој требаше да му го достави решението за јавување во затворот во „Шутка“ вчера три пати се обидел да го добие Груевски на адресата по лична карта, но не успеал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ го осуди Груевски затоа што влегол во службено возило

„“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази.Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт.Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт.Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките  нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев.Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев.Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои,  а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата.Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси.Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне,  граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско.Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре.  Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce_kamcev_-_01-640x426

Твитер галерија: Орце ја купил Шутка оти ќе градел хотел, а ќе се смири и со Мијалков

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.ЕВН известува дека од 03.10.2018 година, напојувањето  на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија, ќе биде исклучено. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување  од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.-наплатна станица Петровец во период од 24.10.2018 до 24.11.2018 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Од 16.10.2018 ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино, од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота, во наредните 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница. Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

Груевски се уште не се појави во „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски ниту утринава не се појавил во истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да одлежи двегодишна казна, дознава „Фокус“ од извори во затворот.Тој во текот на вчерашниот ден не го примил решението на Кривичниот совет со кое се известува дека неговото барање за одложување на издржувањето на казната не се прифаќа, бидејќи во неколку наврати судскиот доставувач не успеал да го пронајде.Штом Груевски го прими лично решението тоа веднаш станува извршно, односно мора доброволно да се упати во затворот, бидејќи во спротивно ќе биде спроведен со полиција. Сепак постои можност екс премиерот во текот на денешниот или утрешниот ден самиот да се упати кон „Шутка“, без да го прими решението. Доколку тоа не го стори, решението во понеделник ќе му биде предадено во Кривичниот суд, се разбира, доколку се појави на судењето за случајот „Титаник“.Груевски на двегодишна затворска казна беше осуден како обвинет во случајот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ghfghfh

Боркица ги известила судските доставувачи дека Груевски не е дома

Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Никола Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле, објави ТВ 24.Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-1

Твитер галерија: Грујо го бркаат низ Скопје како покемон

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Гостиварка паднала од балкон при обид да поправи ролетна

Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон.Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј, вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните плочки. Од падот се задобила со повреди на главата и медицинско возило пренесена во гостиварската болница.По укажаната помош У.Ј. итно префрлена е и задржана на скопските клиники.Извршен е увид и се расчистува случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rociste

Милион ипол евра за бивши функционери

Државата издвоила милион ипол евра за бенефиции за поранешни функционери, од министри и пратеници до директори на јавни претпријатија и државни органи. Тие и по престанокот на мандатот добиваат апанажа. Некои од нив имаат лични возачи и обезбедување, пишува Радио Слободна Европа.По смената на власта, 70 поранешни функционери кои ги назначува Владата, 39 пратеници и десетина поранешни функционери кои ги назначува Собранието една година по завршетокот на мандатот добивале апанажа. Според пресметките од податоците што ги добивме од институциите, за апанажа се потрошени над милион ипол евра.Пратениците, министрите и други функционери кои ги назначува Владата, Собранието и Претседателот имаат законско право да добиваат плата од државата и по завршувањето на нивниот мандат.Груевски зел 16 илјади евра, Димитриев не сака апанажаПоранешниот премиер Никола Груевски, искористувајќи го правото на апанажа со плата од 84.514 денари, од државата за една година добил 16 илјади и петстотини евра. Според податоците од Владата, барањето Груевски го поднел на 19 јануари 2016 година, кога на негово место застана привремениот премиер Емил Димитриев, односно кога му престанал работниот однос. Оттаму додаваат дека Димитриев не побарал апанажа, зашто по престанокот на неговиот мандат седна во пратеничката клупа.Според одговорите кои ги добивме од Владата, по смената на власта, 70 луѓе, кои како функционери ги назначува Владата, побарале да го искористат правото на апанажа. Тоа право го искористиле поранешниот портпарол Александар Ѓоргиев, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. На оваа листа се и поранешниот директор на Државниот архив Филип Петровски, кој ова право го користел до крајот на јуни. На листата на оние кои и по завршувањето на функцијата живееле на државна сметка се и Влатко Поповски, кој ја водеше Агенцијата за вработување, потоа Шабан Салиу, кој беше назначен како в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, државни секретари, директори на казнено-поправни установи, на инспекторати, на управи кои се дел од разни министерства, членови на комисии за продажба на земјоделско земјиште...Од бившите министри само Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески јавно потврдија дека 12 месеци користеле апанажа откако си дадоа оставки по случувањата на 12 мај 2015 година.Според Законот за именувани и избрани лица, поранешните функционери можат да добиваат плата и до една година по престанокот на мандатот, во зависност од тоа колку време седеле на функционерската фотелја. Дополнително, правото на апанажа можат да го искористат и доколку сами си поднесат оставка или, пак, доколку се разрешени од функција.И додека чекаме од Владата, како што ни ветија, да соопштат колку пари отишле за апанажа, по слободна пресметка може да се каже дека најмалку 730 илјади евра за оваа намена се потрошени од владината сметка, ако се земе предвид дека најмалата можна плата според законот за плати на функционери е 53 илјади денари. (Според тоа, ако за еден функционер месечно се одвојувале по 53 илјади денари, тоа годишно е речиси 10.500 евра за еден човек. Ако оваа годишна плата се помножи по 70, колку што функционери примале апанажа, се стига до бројката од речиси 730 илјади евра.)Но, во овие бројки не спаѓаат апанажата за Груевски, пратениците кои по парламентарните избори не се вратија во собраниските клупи, како и функционери и членови на управни одбори кои ги назначува Собранието.Па така од обвинителството ни потврдија дека поранешниот Јавен обвинител Марко Зврлевски го искористил правото на апанажа. Според законот за плати, неговата изнесувала 67 илјади денари, односно за една година добил 13 илјади евра.На пример двајца од петтемина членови на Антикорупциската комисија, по давањето на оставките, сега го ползуваат правото на апанажа, останатите се вратиле на претходните работни места.Барања за апанажа до Собранието поднесоа и поранешните членови на Државната изборна комисија, односно поранешниот претседател Александар Чичаковски, кој беше назначен од редот на експертите по Пржинскиот договор, потоа членовите Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.Нивните оставки дојдоа по големиот притисок во јавноста кој настана откако американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли обелодени дека членовите на ДИК си поделиле 12 бонуси за изминатите изборни циклуси. Претходно на мета беа и нивните барања за патни трошоци од неколку илјади евра.Апанажата ја олесни собраниската каса за околу половина милион евраСо законот се предвидува пратеник да може да добива и плата и до година ипол со цел да го исполни старосното право за пензија.По промената на составот на пратеници во Собранието по последните парламентарни избори во 2016, правото на апанажа го искористиле 39 пратеници. Според законот за плати за избрани лица, тие од државата земале една година плата и собраниската каса тоа ја чинело околу половина милион евра.Правото на апанажа го губат само оние функционери кои по државничката функција му се враќаат на претходниот професионален ангажман.Кој сè користеше полициско обезбедување?Покрај апанажата, поранешните функционери имаат право и на други бенефиции. На пример поранешниот премиер Никола Груевски има право на шестчлено полициско обезбедување кое сам го избира, како и на службено возило и возач десет години според принципот колку дена како премиер толку денови и бенефиции по симнувањето од власт.Додека, пак, неговиот следбеник Емил Димитриев од државата, според законот, доби лично обезбедување во времетраење на година ипол, колку што бил на функција привремен премиер.„Да, го искористив тоа право согласно законот за влада, тој период помина и повеќе не го користам ниту возилото, ниту обезбедување“, ни одговори Димитриев.Од Министерството за внатрешни работи не сакаат да одговорат колку пари од нивната сметка се потрошени за обезбедување на поранешните премиери, нити за обезбедувањето на поранешните функционери кои тоа право го користеле и до три години откако им завршил мандатот. Оттаму само кратко ни пишаа дека тоа биле класифицирани информации.„Бидејќи бараните информации се од доверлива природа, односно со одреден степен на класификација заради кои било воспоставено обезбедување на поранешните функционери, истите не може да се споделат со јавност“, се вели во писмениот одговор од МВР.Оваа привилегија за шестчлено обезбедување на поранешните премиери е донесена во 2013 година, со измени на законот за влада. Поранешната власт го правдаше тоа со аргументот дека така ќе се зајакнела позицијата на премиерот во борбата против криминалот и корупцијата не стравувајќи од одмазда кога нема да бидат на власт. Тогашната опозициска СДСМ, пак, нешто подоцна поднесе и предлог измени на законот со цел укинување на одредбата со која Груевски ќе има право десет години на лично обезбедување. Според тогашното образложение на СДСМ, немало потреба да се трошат пари за такво нешто, затоа што во МВР има надлежни органи кои во случај на опасност ќе можат да се грижат за него во зависност од процената за ризик и со тоа ќе се заштедат повеќе пари во буџетот.Државата до пред три месеци плаќаше за шестмина обезбедувачи и две возила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Тоа право го уживаше Мијалков три години откако си поднесе оставка од директорското место, пишуваа медиумите.По смената на власта до летово, вакво право уживаа и поранешните функционери Никола Тодоров, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска како и поранешните директори на УБК Владимир Атанасовски и Љупчо Андоновски.Ваквата привилегија поранешните функционери ја добија во 2016 година со измената во уредбата за личности и објекти кои се обезбедуваат. Според неа, министерот за внатрешни работи може да им одреди обезбедување на поранешни функционери доколку постои висок степен на опасност по нивниот живот во времетраење на опасноста.Претседателот на државата со најмногу привилегии по завршувањето на мандатотЛично обезбедување, службен возач, посебен кабинет по негов избор и персонал од најмногу три стручни лица, платени материјални трошоци, како и пензија од речиси две илјади евра, се привилегиите што ќе ги добие претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов по завршувањето на неговиот втор мандат. Иванов ќе се пензионира на 58-годишна возраст, додека неговиот претходник Бранко Црвенковски замина во пензија на 51 година. Но, Црвенковски овие права ги искористи подоцна, затоа што му беа ставени во мирување додека раководеше со партијата СДСМ. Според буџетот за 2018 година, годишните трошоци за поранешен претседател изнесуваат 160 илјади евра.Во оваа сума не влегуваат пензијата на Црвенковски и пензијата на сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма која изнесува 30 проценти помалку од платата која за време на мандатот ја добивал Трајковски. Пензискиот фонд за нив двајца годишно издвојува речиси 35 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања