Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Дедо и внук повредени во сообраќајка кај Радовиш

Вчера на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај с.Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици, излетало од патот и се превртело.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Р.С.(21) од с. Лубница-Конче и сопатникот Р.К.(71) од с.Конче.Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Автомобил се преврте на патот Кавадарци-Ресавска спирка, возачот со тешки телесни повреди

На регионалниот пат Кавадарци-Ресавска спирка патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со кавадаречки регистерски таблици  се превртeло на коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Н.И. (24) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници А.Н.(23) и Н.И.(24) и двајцата од Кавадарци.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

Прекин на сообраќајот поради снимање на филм

Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 ноември) сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.Како што информираат од продукцијата на филмот, улицата ќе биде затворена за сообраќај во наведените три дена во периодот од 15 часот до 6 часот, наредниот ден.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

УХМР најави промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринскaта температура ќе достигне до 2, а дневната до 18 степени.Во котлините е можна појава на магла.Во текот на наредните два дена се очекува сончево време, а дневните температури да се искачат над 20 степени. Од среда се очекува  северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најморничавиот тест на личноста: 5 прашања што ја откриваат вашата срж

Станува збор за тест на личноста чија цел е да ја поттикне вашата потсвест. Прашањата се дизајнирани на тој начин што извлекуваат одговори од вашиот автоматизиран прелингвистички мозок.Станува збор за тест на личноста чија цел е да ја поттикне вашата потсвест. Прашањата се дизајнирани на тој начин што извлекуваат одговори од вашиот автоматизиран прелингвистички мозок. За да ги добиете најточните резултати, потребно е да давате БРЗИ и ИСКРЕНИ одговори. Не постојат точни и грешни одговори, бидејќи прашањата се лични и се однесуваат само на вас.По секое прашање следува кратко објаснување. Подготвени сте? Можете да почнете!1. ПтицаЗа време на вашиот омилен период од денот денот, вие седите во парк и размислувате за животот. Одеднаш забележувате птица пред вас, што ве зјапа право во очи. Каква боја е птицата?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Шарена – Вие имате позитивен поглед кон животот.Бела – Вие сте смирени.Темна/црна – Чувствувате дека некој ве прогонува.2. БалонЗаклучени сте во соба со само еден црвен балон. Рацете ви се врзани зад грб. Како ќе го пукнете балонот?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Одбивате да го пукнете – Вие понекогаш се плашите дека ќе направите нешто што ќе ги влоши работите.Со рацете (свртени наопаку) – Вие сте со отворен ум и не им дозволувате на препреките да ве спречат да се движите по патот.Со забите – Вие се впуштате во нештата без да размислите и понекогаш не се грижите за последиците.Други покомплицирани методи – Често претерано размислувате за животот и ситуациите во коишто моментално се наоѓате.3. КрвСе гледате во огледало и забележувате дека рацете ви се крвави. Чија крв е тоа?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Не се знае – Вие дозволувате животот да ви се случува, без да преземате контрола.Сопствената – Се плашите од грешки и неуспех.На пријател – Се плашите дека ќе останете сами.На непријател – Често ги преземате работите во сопствените раце и добивате позитивни, но и негативни резултати.4. Спална собаДоцна е навечер, а вие лежите во својот кревет. Слушате звук на гребење на прозорецот. Што помислувате дека е?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Ништо/дрво – Не е лесно да ве исплашат, самоуверени сте.Нешто натприродно – Вие често мечтаете, но свесни сте и дека лоши нешта можат да се случат.Човек со лоши намери – Вие сте реалист, што верува дека несреќата се крие зад секој агол.5. ОчевидецНекој ве набљудува, но вие не го забележувате злото присуство. Тоа ги знае сите ваши тајни. Ве мрази. Сака да ве убие. Каде се крие ова суштество?ШТО ЗНАЧИ ВАШИОТ ОДГОВОР?Одговоривте дека ве набљудува од далеку? Грешите!Помисливте дека е во истата просторија со вас? Блиску сте.Можеби почувствувате дека е зад вас? ВО ПРАВО СТЕ!

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ ги распушти сите партиски комисии

На вечерашното заседание на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ било одлучено да се распуштат сите партиски комисии и да се формираат нови - дознава Скопје1.мк од извори во партијата.Како што дознаваме било одлучено и повторно да се ажурира целото партиско членство.На состанокот било реферирано и за случувањата при посетата на партиската делегација на самитот на Европската народна партија во Хелсинки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-vasilevski

Василески: Јас останувам ВМРО, треба да се стави крај на подлебите, Албанците се наши браќа

Пратеникот Сашо Василевски за протестите пред неговиот дом вели дека се притисоци, а работата според него е премногу сериозна. Писмото кое демонстрантите му го доставиле, а со кое се бара тој да не гласа за уставни измени е доставено предоцна, вели Василевски, додајќи дека тие треба да го достават и до ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот кој гласаше за отпочнување на процесот за уставни измени рече дека треба да се стави крај на поделбите меѓу Македонци и Албанци бидејќи како што рече Василевски, „тие се наши браќа и така треба да живееме“.„Писмото треба да се достави и до друга адреса, тоа е мојата матична партија. Тие во изминативе 11-12 месеци не преземаа никакви активности за релаксирање на оваа состојба. Јас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива. Лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема“, рече Василевски.Запрашан што се случува во ВМРО-ДПМНЕ од каде Василевски го исклучија, тој рече дека таа партија е кодот на македонскиот народ. Пратеникот вели дека иако е исфрлен, тој е ВМРО и ќе остане ВМРО.„Во моментов сум исклучен од партијата, но мене никој не може да ме исклучи. Во ЕПП, во Хелсинки беа повикани две делегации, а тоа кажува многу. Тоа кажува дека моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е изолирано од ЕПП. Затоа беше повикана втора делегација, која е за реформи и демократски систем на размислување во партијата, оти никаква дебата не беше отворена по повод уставните измени. Не можете вие како лидер на партија да се затскривате зад нардорот, зад тие виртуелни милион и двесте илјади гласачи. Тоа не е дозволиво за лидер на најголема опозоциона партија. Имаше референдум, беше кажано дека ќе се излезе или нема да се излезе. Мојата партија бојкотираше, затоа овие бројки не се реални“, додаде Василески.Пратеникот вели дека пратеничката група на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ имала официјална средба со Палмер, каде оствариле средба за прашањето што доколку пропадне договорот со Грција. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1

Мицкоски го кани судијата Наумоф: Дојдете, сакаат да ни го сменат името, ја уништија економијата

Лидерот на обозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во свое лично име и во името на партијата, му го честиташе изборот за судија на Фил Наумоф посакувајќи му успех и просперитет, како на професионален така и на приватен план.„Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам мојата особена гордост што еден Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското.Би сакал лично да упатам покана до Вас, да ја посетите нашата држава. Сигурен сум дека имаме заеднички теми за кои што би разговарале и сфери од заемен интерес, кои што би можеле во иднина заеднички да ги истражуваме и реализирамеДенес Република Македонија се наоѓа на крстосница од која зависи нејзината иднина. Имаме моментум каде неодговорни политичари напаѓаат врз достоинството и честа на нашата држава, име кое сакаат да се смени, економија која се уништува, образовен систем во кој не се инвестира, здравство кое се уништува, култура која се запоставува.Нашиот концепт, концептот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја развиваме Македонија како земја на среќни граѓани, Македонија земја со силна економија, интегрирана и рамноправна со другите европски држави и народи.Посакувајќи Ви добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, почитуван Судија, изразите на моето највисоко почитување“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1102786459896812?__xts__[0]=68.ARABPy9d39Y1lkxM68WN-pnzxPWJzwzZS9xTME77NaKOAqjSsY4bdi07SJNxeb6S2qt-XbvAtHlz5hDkoeAwc877PDztanN7cwkicdda1kE2_zMlIOuqaHaLCt7aFB26Uvb3L3YBwpHMVdZ9qDwlMxD2NRFR6DtpgkZoNpKPaC0R2Kh3TWnf07GMVwfUmTg0ALZ726aXvlznhffMtJSbcBeVOVu2pWBaVKncjKpI-LKvwsXL6_9jfPLeDZPSbc8iOkzF7xQEt9cT54ICpRrb3aFC8zAQZPIlZWTtTJAS6dZo5GbGRhRW7StrMEsVImF4ccJCmo5QaJSX8Tj9juf2RY7YRJCWRmvdSz352so_g-K9jiOMkp8&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

( ВИДЕО ) Какви закани во Охрид беа упатени до пратениците и власта ? !

Од закани со бесење, до предупредувања и прашања кој ќе ги чува после 5 месеци од како ќе го сменеле уставот. Повици да се тргнела полицијата на страна и повици дека пратениците ќе бидат обесени на палмите во Охрид.Еве како изгледаше вечерва предавањето на писмото во Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

( ВИДЕО ) Интегрално видео од инцидентот пред домот на пратеникот Василески

Скопје1.мк го објавува целиот видео материјал од случувањата пред домот на пратеникот Сашо Василески и инцидентот кој го предизвика Јанко Бачев изговарајќи навреди, пцости, вулгарности и други недолични зборови и тоа пред целата јавност.Пратеникот Василески остана присебен и ладнокрвен и не влезе во расправија на ниско и приземно ниво.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljuben-376kcfwvp2fotsn2kdmubk

Протест кај Арнаудов, демонстрантите го повикаа да не биде предавник

Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои од Скопје патуваа до Охрид за да му достават писмо, кое како што велат, содржи барање за тој да не гласа за уставни измени. Тие пред неговиот дом гласно викаа да не биде предавник како неговиот колега Сашо Василески и да ги прими во неговиот дом.„Пред овој човек тука сакаме да му се обратиме на вмровски, знаеме со какви корени е, каква идеологија е. Вечерва сме тука за да го потсетиме, да го предомислиме за својата одлука, бидејќи Охрид не е предавнички град. Ќе се срамат цела генерација од него. Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство“, рече Бачев пред домот на Арнаудов.Силното полициско обезбедување кај Арнаудов не дозволуваше демонстрантите да се доближат до неговиот дом.Претходно, демонстрантите беа пред домот на пратеникот Сашо Василевски каде имаше и вербална расправија помеѓу него и демонстрантите кои му упатија погрдни зборови. За нив, пратеникот Василевски е „предавник“ и „кодош“ на кого му била кажана само вистината а никој не му се заканувал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kejt-Burnz

Кејт Мери Брнс е кандидат на Трамп за амбасадорка во Македонија

Ако номинацијата на Трамп ја помине сенатската комисија за надворешни работи, Кети Брнс треба да го започне својот мандат како амбасадор во Скопје најрано од крајот на јануари 2019 г.Со ранк на професионалец во Стејт Департментот и дипломат со над 20 годиншно кариера, Кети Брнс во моментов е заменик шеф на мисијата на САД во Атина, а има служено на повеќе дипломатски позиции меѓу кои и како заменик амбасадор на САД при ОБСЕ и специјален советник на мисијата на САД при НАТО во Брисел.Ова би било нејзина прва позиција како амбасадор. Инаку Брнс се дипломирала и магистрирала на престижниот Џорџ Таун универзитет во Вашингтон и зборува Шпански, Унгарски и Турски, а добитниик на повеќе престижни награди во рамки на Стејт Департментот.Веста за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа, а на својот профил на социјалната мрежа Твитер, ја сподели и актуелниот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Офицер на австриската војска бил руски шпион

Пензионираниот офицер на австриската војска , кој шпионирал за Русија , бил вработен во Министерството за одбрана на Австрија.Според весникот ,,Профил” , тој имал пристап до доверливи информации за одбрамбените сили на Австрија. Тој бил откриен врз основа на информации од ,,пријатерлска разузнувачка служба”, најверојатно од германската служба МАД. Првиот контакт на шпионот со руските разузнувачи бил остварен далечната 1989 година за време на неговата посета на Техеран.Тој во текот на годините, им праќал на Русите доверливи информации за што бил платен со 300 000 евра. Москва била заинтересирана пред се за европските борбени авиони ,,Ерфајтер”, а шпионот делувал професионално и имал неупадлива функција во раководењето со војската. Секои две недели праќал извештаи под име ,,Јуриј”.Задачите ги добивал преку приемник, а своите пораки ги пишувал со тајно писмо или директно преку сателитска комуникација.Непосредно пред да биде откриен, пензионираниот полковник праќал информации, за мигрантите во Австрија, како и профили на високи офицери во австриската армија.Државното обвинителство потврди дека во тек е истрага против овој 70 годишен полковник, кој не успеал да ги уништи доказите против него, иако бил предупреден од Русите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Попова: Скопје се гуши, а Шилегов приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа

Скопје веќе неколку дена по ред се наоѓа помеѓу 10 најзагадени градови во светот, а Шилегов не презема ништо за да ја подобри ситуацијата, реагираше денеска  Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.„Во текот на вчерашниот ден на неколку локации во Скопје измерени се енормни стапки на загаденост за овој период од годината. Мерната станица кај Ректорат измерила ниво на канцерогени ПМ 10 честички во висина од 169  µg/m3, што е три пати повеќе од дозволеното, додека мерната станица во Центар покажала ниво на загаденост од 100  µg/m3, односно два пати повеќе од дозволеното.Ветуваа живот, а донесоа смог, загаден воздух и зголемен број на канцерогени честички во воздухот. Најголемото предизборно ветување на Шилегов дека ќе обезбеди почист воздух не го реализира, ниту презема било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив централната влада, од чии партиски редови доаѓа и Шилегов крати од Буџетот за животна средина.Ниво на загаденост од два до три пати над дозволеното во период пред отпочнување на грејната сезона е алармантно и недозволиво. Шилегов е директен виновник за ваквата ситуација. Иако повеќе од една година е градоначалник нема преземено Шилегов од опозиција ветуваше итни мерки за справување со загаденоста на воздухот, за сега  да приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа, додека Скопје се гуши.Господине Шилегов, граѓаните не ве гласаа да кажувате колку не работите и од тоа да правите хумор, бидејќи на граѓаните не им е до смеа кога со респираторни болести ги полнат болниците. Скопјани очекуваат работа, а не хумор од човекот кој според функција е градски татко. Ако не сте способни да се справите со реалните проблеми на граѓаните поднесете си оставка“, изјави таа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
silegov-1

Град Скопје ги негира обвинувањата за загадениот воздух

Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на советничката во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.1. Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат имаше засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран. Така, во месеците септември и октомври имаме зголемување на изречени казни за 100 % во однос на овие месеци минатата година, каде имаме 269 мандатни казни (дел од нив пратени на извршител за наплата, најголемиот дел во вид на извршување на општокорисна работа), како и 200 превентивни опомени за физички и правните лица. Зајакната контрола има и на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата на улица со камиони со валкани тркала и непокриени со церади. 2. Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,3. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.4. Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.5. Од аспект на зеленилото, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни. Покрај ова, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.6. Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни прес-конференции, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух“, стои во реакцијата од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Новинарот бил растопен и фрлен во канализација

Турските истражни органи соопштуваат нови детали поврзани со бруталното убиство на новинарот на Вашингтон Пост, Џамал Кашоги.Убијците на Кашоги, кои брутално го убиле на 2 октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, го задавиле новинарот, неговото тело го распарчиле, потоа парчињата ги растпиле во киселина, за на крај да ги исфрлат остатоците во канализација.Деталите денеска ги објави турскиот весник ,,Сабах”, повикувајќи се на извори од истрагата. Tоа било утврдено со испитување на примероци земени од канализацискиот систем во резиденцијата на саудискиот конзул.Властите во Саудиска Арабија негираа поврзаност со убиството, но конечно под притисок на меѓународната заедница признаа дека Кашоги го убиле, но без одобрение од кралското семејство во Ријад.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Воведуваме три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес - 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК.Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека детскиот дијабетес како еден од најголемите предизвици на Министерството за здравство е надминат.„Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови“, потенцираше министерот Филипче.Министерство за здравство воведе три нови типови на Инсулин, кои се најнова генерација на лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибата.Министерството за здравство, сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. За почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата. Со набавката на овие сензорни мерачи ќе им олесниме и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.„Ние како Министерство, но и како општество секако треба многу повеќе да обрнеме внимание на стиматизирањето на децата со дијабет. Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетисот не е заболување тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетис“, изјави министерот Филипче.Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетис и секојдневно примаат инсулинска терапија.Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетис, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетис ќе изнесува барем двојно повеќе.Министерството подолжува и понатаму да ја крева јавната свест преку едукација, трибини, да обезбедува најдобри и најсовремени терапии и лекови за пациентите со дијабетес и да соработува со граѓанските организации за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата со дијабетес. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се одржа едукативната тура „По стапките на ослободителите“

Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје денеска се одржа бесплатна едукативна тура „По стапките на ослободителите“, во која граѓаните имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.Збирното место за учесниците во турата беше напладне, пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Присутните граѓани имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.Турата продолжи пеш кон Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември и спонтаната народна веселба што се одржала по ослободувањето на Скопје, а на која присуствувале главните чинители на ослободувањето и членови на президиумот на АСНОМ.Едукативната тура заврши пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.Иста ваква тура ќе се одржи и утре со почеток во 12 часот, пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад Археолошкиот музеј, на кејот на Вардар), по истата рута, а во понеделник и во вторник, едукативната тура Градот Скопје ќе ја организира и за учениците од градските средни училишта.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

„Ауди“ со косовски регистрески ознаки украдено на Партизанска

Возило со косовски регистерски ознаки било украдено вчера на булеварот „Партизански одреди“.„Вчера во 18:15 часот во Секторот за внатрешни Скопје 50-годишниот Ш.З. од Косово пријавил дека на булеварот “Партизански Одреди“ непознат сторител извршил одземање на патничко моторно возило “Ауди“ со косовски национални ознаки.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Најмалку 11 загинати во поплавите во Јордан

Потрагата по исчезнати продолжува , соопштуваат јорданските власти. Поплавите погодија неколку области , меѓу кои и историскиот град Петра , каде се евакуирани стотици странски туристи.Меѓу туристите од целиот свет , има и Македонци , кои морале да бегаат пред надојдените води во древниот град Петра. Скопјанецот Стево Новковски вчера моррал да се спасува пред силните води во близина на познатата светска туристичка дестинација.Вчерашните поплави следуваат по големите поплави во близина на Мртвото Море , во кои загинаа над 20 лица , од кои повеќето деца , кога ученички автобус се преврте во надојдените води.

Свет | пред 7 години

7 год.
45782405_312388302823172_1888706645735768064_n

Нови 42 дрвја во паркот на Франкофонијата

Општинска Организација СДСМ Центар обезбеди нови 42 садници за дополнување на зеленилото во општината. Целта на иницијативата е да создадеме поубав и позелен центар, со подобри услови за живот за сите граѓани.Членови од општинската организација, заедно со СДММ Центар, денеска ги посадија новите дрвја во паркот на Франкофонијата. Акцијата беше организирана по повод 42 години постоење на Општина Центар, а кон неа се приклучи и градоначалникот Саша БогдановиќПрeтседателот на ОО СДСМ Центар Горан Герасимовски најави дека оваа иницијативата прераснува во традиција. Отсега секоја година за роденденот на општината ќе се засадуваат нови дрвја на различни локации.

Скопје | пред 7 години

7 год.
struja-1

Дел од Центар, Карпош и Ѓорче во понеделник без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека на ден 12.11.2018 година (понеделник), заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.Корисниците од дел од ул. Максим Горки, од Тренд кафе до Слаткарница Марфи во Општина Центар, ќе останат без електрична енергија од 10 до 13 часот, додека од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Лондонска згр. бр. 46, објектите околу Пазарчето Тафталиџе и ул. Московска згради, бр. 5 и бр. 7 од Општина Карпош.Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Македонска Преродба, а од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул.Исаија Маџовски во Општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f355084

(ВИДЕО) Откриено над 2 000 години старо вино во кралска гробница во Кина

Кинеските археолози велат дека нашле сад со вино постаро од 2 000 години во древен гроб. Бронзениот сад содржи околу 3,5 литри вино кое датира од времето на династијата Хан (202 – 8 година пред нашата ера.).Садот бил ископан во септември и се верува дека му припаѓал на локален моќник од древниот град Лујанг во централна Кина.

Свет | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

Апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 22:30 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“ при пасошка контрола било констатирано дека 31-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје се наоѓа на листата  со мерка „Апси”.Во 23:55 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пијан Охриѓанец со нож дивеел во ноќен клуб

На десетти ноември оваа година, во 00.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25 ) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика.Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта, се наведува во соопштението на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања