Заев: Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО
По ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Парламентот на Грција, премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук-профил напиша дека Грција е прва земја што го ратификуваше Протоколот. – Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО, напиша Заев на Фејсбук.
Македонија | пред 7 години