Промени тема
Контакт

„Наследивме катаклизма, а денес образованието и науката забрзано напредуваатд“, вели Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library81j9m79r686jcEMUlzU

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука, оценувајќи дека по наследената „катаклизма“ во образовниот систем, денес образованието и науката забрзано напредуваат.

„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна Јаневска.

Министерката посочи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница.

— реклама —

Како едни од најзначајните достигнувања ги издвои системската поддршка за талентираните ученици, целосното покривање на трошоците за учество на меѓународни олимпијади, зголемениот број стипендии, развојот на стручното и дуалното образование, како и обезбедувањето навремена испорака на учебници.

„Трета година по ред, сите ученици ќе ги добијат учебниците на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици кои со години недостигаа“, рече Јаневска.

Таа информираше дека е значително зголемена поддршката за учениците со посебни образовни потреби преку ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното образование и за првпат 150 асистенти во средното образование.

— реклама —

Во делот на студентскиот стандард, министерката посочи дека е проширен опфатот на субвенционираниот студентски оброк, олеснети се условите за добивање стипендии и воведени се нови категории стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби.

Јаневска истакна дека во образовната инфраструктура се инвестирани околу 70 милиони евра во повеќе од 90 проекти, меѓу кои изградба на нови училишта и спортски сали, реконструкција на студентски домови и деблокирање на изградбата на новиот објект на ФИНКИ.

Според неа, во 160 училишта е инсталирана нова ИТ-опрема и обезбеден е безбеден пристап до интернет, додека повеќе од 1.000 наставници се обучени за примена на вештачка интелигенција во наставата.

— реклама —

Министерката се осврна и на процесот на оптимизација на училишната мрежа, нагласувајќи дека никој нема да остане без работа.

„Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните седум години имаме 17 илјади ученици помалку“, рече Јаневска.

Таа посочи дека во првите две години од мандатот платите во образованието се зголемени за над 20 проценти, а со договорот со СОНК е обезбедено нивно континуирано зголемување и во наредниот период.

Во високото образование и науката, буџетот за универзитетите е зголемен од три милијарди денари во 2022 година на осум милијарди денари во 2026 година, додека буџетот за наука е речиси двојно зголемен.

Јаневска потсети дека Министерството во 2024 година наследило долгови од околу пет милијарди денари, кои, како што рече, биле сервисирани за да се обезбеди нормално функционирање на образовниот систем.

„Запревме слободен пад и сега веќе Македонија забрзува. Образованието и науката се столб на развојот и затоа остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава“, порача министерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Јаневска: за две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти

Македонија | пред 2 седмици

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска за случајот со д-р Василевски: МОН нема ингеренции за вработувањата на Медицинскиот факултет, ДПИ ќе постапува ако има избор во звање

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања