Промени тема
Контакт

Нордиските земји ѝ порачаа на Америка: За статусот на Гренланд одлучуваат само Данска и Гренланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
grenlan
Unsplash

Министрите за надворешни работи на Данска, Финска, Исланд, Шведска и Норвешка денеска, поради изразените претензии на Соединетите Американски Држави кон Гренланд, во заедничка изјава повторија дека за статусот на оваа самоуправна територија можат да одлучуваат исклучиво Гренланд и Данска, чиј составен дел е островот.

„Заеднички повторуваме дека за прашањата што се однесуваат на Данска и Гренланд одлучуваат само Данска и Гренланд“, се наведува во изјавата објавена на официјалната интернет-страница на Министерството за надворешни работи на Данска.

— реклама —

Нордиските земји потсетија дека Данска и Гренланд се меѓу основачите на НАТО и дека со децении соработуваат тесно со САД во сферата на безбедноста на Арктикот. Во тој контекст е спомнат и Одбранбениот договор меѓу Данска и САД од 1961 година.

Во заедничката позиција се нагласува дека безбедноста на Арктикот се темели врз почитување на основните принципи на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, вклучително и неповредливоста на границите. Како членки на НАТО, нордиските држави истакнуваат дека остануваат посветени на зачувување на безбедноста, стабилноста и соработката во арктичкиот регион.

— реклама —

Во изјавата се наведува и дека овие земји веќе презеле чекори за зајакнување на одбраната на Арктикот преку нови капацитети, активности и зголемено присуство, како и дека ја поддржуваат засилената улога и будност на НАТО во регионот.

— реклама —

„Значително ги зголемивме нашите инвестиции во арктичката безбедност и подготвени сме да направиме уште повеќе, во тесна координација со САД и другите сојузници во НАТО“, се вели во соопштението.

Претходно денеска, премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги повика Соединетите Американски Држави да го почитуваат дијалогот преку соодветни дипломатски и политички канали и да ги користат форумите што се засноваат на постојните меѓународни договори.

— реклама —

Во меѓувреме, лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска со заедничка изјава на поддршка за Гренланд реагираа на ставовите на висок функционер на Белата куќа, Стивен Милер. Тој изјави дека американското полагање право на контрола врз Гренланд претставува „официјален став на Владата на САД“ и дека „никој нема да војува со Америка за иднината на Гренланд“.

Гренланд е самоуправна територија во рамки на Кралството Данска, со сопствен премиер, влада и парламент составен од 31 пратеник избрани на национални избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања