Нова ескалација, Груевски пак му пиша на Заев: Народот ве крена од власт, а сега останува органите на прогонот да не се прават слепи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-librarysnitfi36v2r9arHHYIU

Поранешниот премиер Никола Груевски повторно се огласи од Будимпешта со обемен текст на „Фејсбук“, реакција на вчерашната објава на поранешниот премиер Зоран Заев. Во објавата, Груевски со објава на фотографија од Заев на негово маскембалско појавување, упати серија политички и корупциски обвинувања кон Заев, притоа наведувајќи дека неговата поранешна влада била подготвена на отстапки кои, според него, ја чинеле државата национални интереси.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Груевски го нарече текстот на Заев „внимателно маскирана нервоза“, тврдејќи дека Заев лично стои зад партиските соопштенија на СДСМ. Според него, реакцијата на Заев е последица на „разоткривање на неговата дволичност, алчност и злоупотреби“.

Обвинувања за економски интереси и врски со Русија

Еден од клучните делови од текстот се однесува на наводната трговија со руско железо.

„Не тврдам дека Русија му дала нешто. Тврдам дека тој дава – пари за да купи железо кое го препродава, на фирма со скриена сопственост,“ пишува Груевски, обвинувајќи дека Заев приватно соработува со руски компании, и покрај неговиот јавен проевропски и антируски став.

Истовремено, тој повтори претходни тврдења дека Заев добил „300 милиони евра во криптовалути“ како компензација за политички договори – тврдење кое Заев во минатото го отфрли како целосна невистина.

Критики за Преспанскиот договор и домашната политика

Груевски ја посочува промената на името како најголем политички неуспех на Заев:

„Грција доби повеќе отколку што некогаш сонувала. Тоа Заев го прифати, јас не.“

Тој го нападна и начинот на кој, според него, Заев ги водел економските политики, наведувајќи дека бројот на вработени се намалил и дека биле „оштетени граѓаните со дивоградби, тендери, рекет и злоупотреба на службената позиција“.

Во објавата повторно беа споменати и случаи што во минатото беа во центарот на јавноста: „Рекет“, наводната продажба на марихуана на црно, како и тврдењето дека Заев им доделувал концесии на фирми поврзани со него.

Наводи за притисоци врз судството

Груевски повтори тврдења дека Заев вршел притисок врз судот и обвинителството:

„Објасни како судијата Кацарска доаѓаше во кабинет да ги слушне казните. Објасни за пратениците кои беа уценувани да гласаат за уставните измени.“

Заев во својот ноќешен текст ги негираше сите овие обвинувања, нарекувајќи ги „измислици и проекции“.

Лични тонови и продолжување на политичкиот конфликт

Груевски го обвини Заев дека „и од политичка пензија управува со СДСМ“, тврдејќи дека партиските соопштенија се негово лично писмо.

Тој својот текст го заврши со порака:

„Народот ве крена од власт, а сега останува органите на прогонот да не се прават слепи.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Македонија | пред 4 часа

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Го браниш својот криминал кој се запленува во форма на дрога во родната Струмица

Македонија | пред 8 часа

zaev-2

Се огласи Заев, се закани со тужба: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Македонија | пред 9 часа

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања