„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од алкохол до мотори: Трите избори што, според хоспис-сестра, го скратуваат животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Магазин
media-librarym0daidqh1emk0b37MbR
YouTube

Медицинската сестра од хоспис (простори за нега на терминални пациенти) Julie McFadden сподели три работи што никогаш не би ги правела, откако со години се грижела за луѓе во нивните последни денови од животот. Низ својата кариера сведочела на илјадници смртни случаи и, како што вели, одблиску видела како телото реагира кога здравјето сериозно попушта.

— реклама —

Таа е авторка на книгата „Nothing to Fear: Demystifying Death to Live More Fully“ и преку својот Јутјуб-канал редовно зборува за палијативната нега и процесите што се случуваат на крајот од животот. Токму врз основа на тоа искуство, издвојува три навики и одлуки што, според неа, имаат тешки и често фатални последици.

1. Секојдневно консумирање алкохол
McFadden предупредува дека широко прифатената идеја оти „умереното“ секојдневно пиење е безопасно – не е точна.

— реклама —

„Клинички е докажано дека секојдневното пиење не е добро за здравјето“, нагласува таа.

Самата признава дека во минатото била алкохоличар, но веќе со години е трезна. Според неа, проблем претставува и секојдневното пиење, но и повременото прекумерно консумирање.

„Црниот дроб е прекрасен орган што извршува многу витални функции. Кога ќе откаже, последиците се сериозни“, вели таа, додавајќи дека видела доволно луѓе кои починале од цироза и други болести поврзани со алкохол.

„Тоа не е добра смрт, а најважно – може да се спречи“, потенцира McFadden, нагласувајќи дека црниот дроб има способност за опоравување доколку се престане или значително се намали пиењето.

2. Пушење и вејпинг
Иако многумина го сметаат вејпингот за „побезбедна“ алтернатива, медицинската сестра е категорична дека и пушењето и вејпингот се подеднакво штетни.

„Вејпингот не ги оштетува само белите дробови, туку целиот кардиоваскуларен систем“, предупредува таа.

Дури и ако не дојде до емфизем, хронична опструктивна белодробна болест или рак на белите дробови, последиците се јавуваат на срцето и крвните садови – со истенчување на нивните ѕидови и сериозни проблеми со циркулацијата.

„Гледањето луѓе како умираат од овие болести не е убаво. Иако хоспис-негата може да обезбеди мирна смрт, чувството на недостиг од воздух никогаш не е пријатно“, додава таа.

3. Возење мотоцикли и слични возила
Третата работа што McFadden целосно ја избегнува е возењето мотоцикли, квадови и слични возила. Оваа одлука, како што вели, произлегува од искуството во одделите за интензивна и трауматолошка нега.

„Со кацига или без кацига – не е добро“, нагласува таа, посочувајќи дека видела „огромен број тешки несреќи и смртни случаи“ поврзани со вакви возила. Според неа, изложеноста и ризикот се толку големи што тоа едноставно не е нешто што би го прифатила, без оглед на мерките за заштита.

Пораката што McFadden ја испраќа е јасна: многу од најтешките и најболни смртни исходи што ги видела низ годините биле последица на избори кои можеле да се избегнат или променат навреме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

Целта на Законот за пушење со забраните и казните е исправна, но пристапот е погрешен?

Коментари | пред 2 дена

media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Македонија подготвува најстрог закон за пушење досега: целосна забрана во јавни простори и високи казни

Македонија | пред 2 дена

media-libraryuu8v0mkkac7fcDx4VBr

Научен пресврт: Откриен механизам што може да го врати мозокот и кај напреднат Алцхајмер

Магазин | пред 3 дена

klinika-hirurski-kliniki-

Од 1. јануари поскапи и здравствените услуги - специјалистичкки преглед од 380 на 720 денари, за Клековски поскапувањето е „симболично“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања