Промени тема
Контакт

Одложено судењето за Онкологија – одбраната на Васев бара предметот да го преземе обвинителот Коцевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nino

Судењето за случајот со Клиниката за онкологија, во кој првообвинет е поранешниот директо Нино Васев, е одложено за 8 октомври. Причината е барањето на неговата одбрана државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство.

Судијката Снежана Марковска информираше дека поради поднесениот предлог за преземање на кривичното гонење, за кој треба да одлучи јавниот обвинител на РСМ, не се исполнети услови за водење на постапката, па главната расправа е одложена.

— реклама —

Адвокатот Боби Спиркоски, кој сега е нов бранител на Васев заедно со адвокатот Дељо Кадиев, достави до судот официјално барање за делегирање на надлежноста од ОЈО Скопје кон државниот јавен обвинител. Претходно, адвокатите Мартин Митровски и Никола Ставрев го повлекоа полномошното.

— реклама —

Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска побара одложување на рочиштето, истакнувајќи дека не може да се произнесе по барањето на одбраната и дека тоа мора да се проследи на надлежна адреса.

Денешното рочиште требаше да продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, кои беа повикани во Основниот кривичен суд во Скопје.

— реклама —

Обвинетите се поранешниот директор на Онкологија Никола Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Тие се товарат за „несовесно лекување“ и продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“, бидејќи кај 29 пациенти биле администрирани неподобни терапии со неправилни дози и без соодветна здравствена проценка.

Во постапката учествуваше и онкологот Мери Пешевска, која призна вина и доби две години условна казна затвор.

Покрај ова обвинение, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се води уште една постапка за злоупотреба на службената положба и проневера, со која, според обвинението, на државниот буџет му е нанесена штета од над 2,2 милијарди денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања