БУГАРИЈА

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Не само Цар Самоил туку и св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј се решена работа за Османи

Не само Цар Самоил, туку и св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј и други две историски личности се решена работа за Бујар Османи, министер за надворешни работи. Тој вика дека историската комисија на Бугарија и Македонија заедно се договориле за овие прашања. Според него, сега само се усогласува како да се впишат овие важни историски, македонски личности, во учебниците.„Св. Климент Охридски, св. Кирил и Методиј и Цар Самоил се решени во 2019 година. Не се објавени бидејќи чекавме да најдеме начин кога како ќе се објават текстовите. Членовите на комисијата од нашата страна стојат зад тој текст. Во моментот се зборува дали тие текстови и содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците. Дали ќе се препорачаат истите за учебниците или ќе бидат поинакви формулации за нив. Тие нека ги објаснат тие детали, бидејќи се стручни. Има конструктивност, има одредено уважување на мислењето на другиот. Тоа беше клучен проблем до сега. Секој имаше замисла и мислеше дека тоа мора да биде конечното решение“, кажа Османи.Тој не одговори која е историската личност за која почнале конструктивни работи како што кажа бугарскиот премиер Кирил Петков.„Најголемата кочница во нивното разбирање беше како текстовите договорени за чествување ќе се препорачаат за учебниците. На овие средби е постигнат напредок во тоа како може да се препорача. Не е финализирано бидејќи треба да се конкретизира во текст. Тие работат по периоди, среден век, тој период, друг период. Битно е дека се договорени пристапот и принципите. Тоа е поважно од конкретно решение. Од моја страна битно е да се гледаат често“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Напредокот на историската комисија е „позитивната атмосфера“, кажа Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не кажа кој е точниот напредок во историските преговори меѓу Македонија и Бугарија. Единствено што посочи е дека има позитивна атмосфера меѓу работните групи. Според него, тоа е доволно, бидејќи е важно Владата да не дискутира за историски прашања.„Во последните две седници атмосферата е поинаква, конструктивна, без меѓусебни навреди и напаѓања, обид да се разберат меѓусебно, обид да се најдат начини како да се уважи мислење на едниот или другиот во однос на историските прашања. Тие средби, според извештаите, во изминатите две години беа тешки и напорни. Атмосферата сега влева надеж. Комисијата не треба да постигне резултати, туку да ја задржи темата таму, научно да ја работи, а да биде постојано конструктивна за да политичкиот процес има доверба во тој инструмент. Ние со Владата не збориме за историски прашања, тоа е целта. Двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба“, кажа Османи.Министерот смета дека македонскиот Устав е селективен.„Јас ги ценам тие организации, тие институти, прават добра работа, добро е што алармираат. Апсолутно нема простор за загриженост, бидејќи не правиме ништо што не е транспарентно. Мислам дека внесување на заедниците, не само бугарската, туку и останатите, внесени се само 7-8 заедници, а не се сите, а тие го чувствуваат како селективност. Не се внесени Црногорците, Хрватите, Бугарите. Дека тоа ќе го направиме пред почеток на преговорите – тоа е тешко. Дека можеме да го направиме во текот на преговорите или при крај – тоа е можно. Тоа се разговара со Бугарија“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

51826955120_45b1d3c173_c

Османи со нови детали за протераните руски дипломати и обидите за наршување на односите со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е точна констатацијата на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој кажа дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој кажа дека и оваа недела имало такви обиди, преку јавувања од институции.„Јас сум задоволен што се потврдува и со факти, посебно го кажуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ немаат интерес од интегрирање на Европа. Ние цело време тоа го кажуваме, дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот. Проширувањето е безбедносно прашање, а Бугарија се наоѓа во нашиот регион. Сметам дека констатацијата е точна, дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. Не исклучувам дека во нашата држава има и ќе има се повеќе вознемирени луѓе кои работеа оваа перспектива да не се случи. Оваа недела се јавувале од Македонија во Бугарија каде кажувале дека немало потреба од ангажман, дека ќе се оди на избори, немало да има решение. Имало и луѓе од институции кои се јавувале“, кажа Османи.Тој не одговори дали дипломатите на Русија кои се протерани од Македонија, се поврзани со лошите односи со Бугарија: „Не можам да зборам за конкретните активности јавно кои ги имаат преземено дипломатите. Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.17.40

Петков: Имам добри вести за историската комисија, има реална можност да се надминат некои работи кои беа тешки

„Западен Балкан, со кризата во Украина, мора да биде што постабилен. А тоа е можно со пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“. Ова е ставот на Кирил Петков, премиер на Бугарија, во однос на почетокот на преговорите. Тој вели дека има добри вести за историската комисија: „Некои работи кои беа тешки да се надминат, сега има реална можност за надминување“.„Со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки, си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени. Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ, што е можно побрзо. Нашата Влада сака да го постигне овој резултат. Имаме неколку одредници, како што се заштитата на правата на малцинствата. Во блиска координација сме со европските партнери, кои служат како трета страна во преговорите. Очекуваме специфичен јазик на кој заедно ќе работиме во преговорите. Се надевам дека ќе го постигнеме резултатот. Историски, многу е подобрен нашиот однос во последните три месеци. Имаме заедничка цел“, кажа Ковачевски.Тој тврди дека е оптимистичен дека ќе се постигне договор што е можно поскоро.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.57

Не се решени прашањата кои Бугарија и ги спори на Македонија

Историските прашања кои за Бугарија се спорни, остануваат нерешени. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека има подобрена комуникација меѓу двете држави. Смета дека има групи кои не сакаат дијалогот со Софија да не оди во добра соработка.„Во врска со политичките прашања, министерствата за надворешни работи работат. Се на ниво на размена на документи. Уште нема конечен документ за кој сме договорени. Штом се случи тоа, ќе го споделиме со релевантните институции во двете земји. Имаме подобрена комуникација. Нашите министри работат на инфраструктурни проекти важни за двете држави“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

thumbnail_nm-bg

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот.Со потпишување на овој меморандум се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност.Покрај веќе утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива наиз територијата на Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Министерство за млади и спорт од Република Бугарија ќе го поддржи неговото одвивање на нивна територија, а РСМ на територија на нашата држава.Од страна на Агенција за млади и спорт се предложи активноста за одржување на средношколски игри, кој ќе се одржат во Охрид со учество од над 600 учесници од двете земји. Друга активност , со која се дополни оперативниот план е посета на Младинските центри во РБ, кој работат согласно стандарди на Совет на Европа, со цел размена на искуства.На крајот од средбата работните групи помеѓу АМС и ММС се договорија во најкус можен рок да подготват акциски план со конкретни термини за реализација на активностите од оперативниот план ,како и да дополнат нови активности, кои се надвор од оперативниот план, но можат да се реализираат во периодот до јуни месец.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања