ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

бугарија

ss_3

„За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ, жална работа“, вели Стојков

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин реагира откако советниците во Благоевград остро се спротивствија на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, кое требаше да се случи на 30 месецов.Тој вели дека за Бугарија провокација е постоењето на македонскиот народ. Вели дека неразбирливо е како тоа Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите. Додава дека тоа е демократијата во Бугарија.„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков на својот Фејсбук-профил.

Коментари | пред 3 години

evrovizija

Црна Гора и Бугарија се откажаа од учеството на Евровизија

Црна Гора го откажа учеството на Евровизија следната година. Причина се расположливите ресурси и трошоците на јавниот сервис.„ Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постојните ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот јавен сервис.Според некои медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

Магазин | пред 3 години

dfasdfasdf

(ВИДЕО) По палењето, се моча на вратите од бугарскиот клуб во Битола: „Кога зградата на клубот ќе се претвори во тоалет“

На социјалните медиуми се појави видео од лице кое уринира пред вратите на бугарскиот културен клуб “Ванчо Михајлов” во Битола. На снимката се гледа како мажот уринира и по прозорците, а во описот на објавувачот стои: „Кога зградата на клубот Ванчо Михаилов ќе се претвори во тоалет“. Снимката од 23 секунди наиде на поддршка од Македонци, но и остри реакции од Бугарите.Засега нема реакции од официјалните претставници на клубот.Клубот претходно беше опожарен од страна на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски што предизвика низа бурни реакции во јавноста, најголем дел од нив како поддршка за стореното, меѓутоа на Алабаковски му беше определен притвор кој подоцна беше укинат.Отварањето на бугарскиот клуб со вакво име предизвика низа полемики во јавноста за тоа дали и кој требало да даде дозвола за основање на ова здружение, по што по предлог на Министерството за правда се формираше посебно тело кое во иднина пред да биде формирано некое здружение ќе проценува дали предложеното име е прифатливо.

Македонија | пред 3 години

1-5

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.„ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност.ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, се вели во сооопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Почнуваат нови распити на роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева, изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.– Сите пронајдени предмети беа вратени, а секој од предметите беше запечатен посебно. Беа направени 45 аутопсии. Од сите беше земен биолошки материјал, од којшто беше извлечен ДНК профилот. Со барање за правна помош до судските власти во Република Северна Македонија, беа идентификувани и наследниците на жртвите, од кои беше земена и ДНК – дополни Милева.Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија рече дека во моментов предистражната постапка е запрена бидејќи е изготвена втора молба за правна помош до македонските истражители. Според неа, на распит треба да бидат повикани преживеани во несреќата и блиски на загинатите.– Сите треба да бидат запознаени со нивните права и обврски според бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат предадени материјали од истрагата, како и да бидат и информирани за текот на кривичната постапка – рече таа.За оваа кривична постапка во Бугарија се испитани околу 30 сведоци, меѓу кои шоферот на македонскиот автобус, преживеаните патници, како и очевидци. Сега, според Милева, е на ред обвинителството на Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Angel-Dzambaski

Провокациите од Бугарија не запираат: Ние сме еден народ разделен со вештачка граница

Европратенкот од Бугарија Ангел Џамбаски испрати нова провокација кон македонскиот народ, овојпат по повод 126 години од раѓањето на водачот на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов.„Легендарниот водач на ВМРО, го водеше во пресвртните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во организацијата и во бугарското општество.Денеска лагата владее кај Вардар.Лага која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во своето творење. Неговото име сè уште буди страв кај предавниците и србоманците во Северна Македонија, па се плука по се што е можно, а неговите зборови се извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот.Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно гледаме како се дефинира Иван Михаилов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси. Со народот од Деве Баир ние сме еден народ разделен со вештачка граница.Нашата борба за единство продолжува. Исто како што ни ветија големите водачи на ВМРО.Поклон кон животот и делото на Иван Михаилов!“, напиша Џамбаски од бугарското ВМРО на социјалните мрежи славејќи го името на Ванчо Михајлов.

Македонија | пред 3 години

ucebnici

На брза лента: Ќе се менува историјата во учебниците за петто и шесто одделение, откриени измените

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна МакедонијаЗаедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:- неосновани историографски сугестии за античката историја,- недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,- фактографски непрецизности.Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците).5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија:1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани.4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

Македонија | пред 3 години

Sv-Kliment-Ohridski-scaled-900x676

Кои се и што се: Историската комисија одлучи и за Св. Наум, Цар Самоил, Св. Климент Охридски

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈМисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИДелото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св. Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот царСимеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура. Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал, како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Северна Македонија и Република Бугарија.Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИДелото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици. Меѓу нив, Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа. Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име. По неговата смрт, култот на Св. Наум се утврдува на териториите на денешните држави Република Северна Македонија, Република Бугарија и соседните земји. Подоцна неговиот култ се распространува и кај дел од муслиманското население.Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при соодветни годишнини и јубилеи.ЦАР САМОИЛЦар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија.Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Македонија | пред 3 години

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Ќе се менуваат учебници, има договор за св. Кирил и Методиј - ова се решенијата на историската комисија

Во изјава за медиуми на копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев кажа детали за усвоените решенија на Комисијата за заеднички чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за 6 одделение во Македонија и 5 клас Бугарија.Постигнат договор за Цар Самуил и Светите браќа Кирил и Методи со кој ќе се менуваат и македонските и бугарските учебници.Ѓорѓиев открива дека заедно со Бугарија ќе се чествуваат овие славни личности. Сепак посочува дека овие препораки на комисијата не се задолжителни за Владата туку останува самата Влада да одлучи.Препораки има и за антиката која не смее да се романтизира, вели Ѓорѓиев и истата повеќе нема да се претставува од модерно гледиште на национални држави.

Македонија | пред 3 години

299377799_5553400938016086_2814319179589361660_n

Приведен возачот на автобусот кој се преврте во Бугарија

Возачот на српскиот автобус, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, доби 24 часа притвор, соопшти бугарската полиција.МВР соопшти дека причината била или човечка грешка или технички проблем.Возачот на автобусот бил негативен на алкохол и дрога.Сообраќајната несреќа најверојатно е предизвикана од човечка грешка, соопштија од обвинителството на прес-конференцијата.Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал. Во автобусот имало 38 деца, 10 возрасни и еден возач. Патниците успеале да излезат од превртеното возило низ прозорците кои морале да ги скршат.Како што јавува БТА, по несреќата што се случи синоќа на автопатот Тракија, во болница се задржани 12 деца и двајца возрасни.Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ за ТВ Прва изјави дека се повредени десет деца, а еден возрасен e со сериозни повреди на долните екстремитети.

пред 3 години

837B12BA-F55D-49D7-92D1-2DBEC2EBB217

Сведоштво: Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот

Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство таму, реагираше Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија кој присуствуваше на денешната 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.„Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Тодор Александров и Ванчо Михајлов не ги почитуваме. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас“, рече Ѓоргиев.

Македонија | пред 3 години

andrej-kovacev1

Прва провокација од Бугарија за „Илинден“, европратеникот Ковачев го прогласи за бугарски празник

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ, го прогласи Илинден за бугарски Велигден. Ваквите антимакедонски ставови на Ковачев не се реткост, а провокациите се постојани. Тој сподели фотографија на која на бугарски е испишан натпис.„Илинден, мајко, Илинден - за Бугарите Велигден. Да се ​​потсетиме заедно!“, напиша Ковачев.Веќе општопознато е дека Бугарија и бугарските политичари имаат проблем кога е во прашање македонската историја. Овие прашања се решаваат преку историскаста комисија, а јавноста има впечаток дека Бугарите сакаат да присвојат се што е македонско од историјата.

Актуелно | пред 3 години

1-5

Бугарско-македонскиот клуб: Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат

Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија постигнат со прифаќањето на европскиот предлог од двете земjи. Ги поздравуваме нашите две влади и два парламента за пројавената политичка смелост, како и усилбите на Франција и Европската унија за постигнатото решение. Јасно осознаваме дека ова е само почеток на еден сложен и повеќедимензионален процес кој треба да добие општествена поддршка во двете држави.Ние во КБМП сме убедени дека тоа може да биде постигнато само со активна и сесрдна размена на сите нивоа меѓу двете општества и остварувањето на заеднички цели со потенцијалот и усилбите на сите заинтересирани страни-бизнис, невладин сектор, академски институции, граѓанското општество. Нѐ чека многу работа за создавање услови нашите односи да не бидат развивани само на високо политичко ниво, а да се започне позитивен разговор меѓу сите учесници во општествата и во двете држави. Само така можеме да го надминеме меѓусебното непознавање, кое дозволува за „херои“ на нашите односи да бидат претставувани само оние, кои всадуваат страв и омраза меѓу нас. Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат од луѓето кои градат мостови, врски и разбирање, а не всеваат омраза и реваншизам.

Македонија | пред 3 години

zaharieva-bickosvki

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, историјата е во преговарачката рамка, вели Захариева

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.„Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка“, посочи Захариева.Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.„Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат“, рече Захариева.За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан '45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

Македонија | пред 3 години

1-5

„Протоколот на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел“, вели Европското движење во Македонија

Европското движење во Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија. Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!),е наведено во соопштението.„Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла“, појаснувааат од Европското движење.„Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура – како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг – и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес“, пишува во реакцијата од Европското движење.Го поздравуваат, како што велат, итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак, додаваат дека Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања