Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

бугарија

ustaven

Уставниот суд ја разгледува иницијативата за оспорување на Протоколот со Бугарија од 2022 година

Уставниот суд соопшти дека е оформен предметот УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, со кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка за прибирање на потребните податоци и известувања пред донесување на одлука.Од наводите во иницијативата:Подносителката на иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување.Подносителката бара поништување на Протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.Во иницијативата е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија.Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Северна Македонија која ја оценува како како нетранспарентна и со пропусти, бугарската собраниска Комисија за текстот на Протоколот дискутирала уште на 23.06.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат Протоколот, а потоа на седница на 24.06.2022 година го усвоила целиот пакет од Францускиот предлог за почеток на преговорите со Северна Македонија со имплицитно вградениот Протокол.

Македонија | пред 3 месеци

bugarija-granica

Историска заплена на кокаин на „Капитан Андреево“ – запленети 206 килограми, осомничени дипломат од Конго, Белгиец и Бугарин

На граничниот премин „Капитан Андреево“, на бугарско-турската граница, бугарските власти открија и запленија 206 килограми кокаин, сокриени во пет куфери во комбе со белгиски регистарски таблички. Според бугарските медиуми, ова е најголемата заплена на кокаин досега регистрирана во земјата.Комбето го управувал 43-годишен бугарски државјанин, а со него биле уште двајца осомничени – дипломат од Демократска Република Конго и 54-годишен државјанин на Белгија. Кокаинот, чија пазарна вредност се проценува на околу 20 милиони евра, бил скриен меѓу лични предмети.Бугарското Обвинителство потврди дека за случајот е отворена меѓународна истрага со вклучување на агенции од земји членки на Европската унија. Граничниот премин „Капитан Андреево“ одамна важи за една од клучните точки на балканската рута за шверц на кокаин кон Западна Европа.Окружниот обвинител Иван Стојанов изјави дека тројцата уапсени се соочуваат со казна затвор до 20 години.

Свет | пред 4 месеци

kulafkova

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет и јазик, проф. д-р Катица Ќулафкова реагира со остро несогласување. Таа смета дека таквиот чекор е крајно неодговорен и претставува „еден вид руски рулет за Македонија“, бидејќи македонскиот јазик е веќе признат факт во науката, политиката и културата.

Македонија | пред 4 месеци

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Македонија сама се заглави на патот кон ЕУ, услов е Бугарите во Уставот

Претседателот на Бугарија, Румен Радев е дециден дека неговата земја нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите во Македонија.Според него Македонија сама се заглавила на патот кон Европската Унија затоа што, како што тврди не сака да ги исполни критериумите за членство.„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите, а тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во Уставот заедно со другите државотворни народи”, порача Радев од Хрватска, каде е во официјална посета.Бугарија, изјавил, не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-11.37.21

(Видео) Премиерот со споредба: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина

Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.Според него, ЕУ го губи имиџот со Бугарија, поради однесувањето кое го има источниот сосед.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski

Бугарскиот премиер бара извинување од Мицкоски за „глушецот и лавот“

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го повика својот македонски колега Христијан Мицкоски да се извини за метафората со „лавот и глушецот“, која ја употреби во реакција на изјава од бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие времиња“, изјави Жељазков.Тој додаде дека „наративот на Мицкоски ќе им го остави на оние што го познаваат Езоп“, алудирајќи на античкиот писател на басни.Жељазков сепак нагласи дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Македонија, но врз основа на исполнување на обврските од 2022 година и договорот за добрососедство.Претходно, изјавата на Мицкоски беше осудена и од бугарското Министерство за надворешни работи, кое ја оцени како неприфатлива.Повод за реакциите е изјавата на Мицкоски дадена пред неколку дена, во која тој, одговарајќи на тоа што Георгиев го нарече „северномакедонски премиер“, рече дека некој му дал задача да се задева „како глушец со лавот“.

Свет | пред 4 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 5 месеци

Spas-akademik

„Глушецот Мицко се замислува дека е лавот Мицковиќ“ - не престануваат навредите од Бугрија

Со навредлив и саркастичен речник, бугарскиот академик Спас Ташев преку објава на Фејсбук жестоко реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој го спореди бугарскиот министер Георг Георгиев со глушец што го задева лавот.Еве што напиша бугарскиот академик во неговата објава на Фејсбук.„Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, тој го нарече „северно- македонски“ премиер.Сепак, тука нема ништо навредливо!1. Бугарија е навистина фактор, судејќи според резултатите од гласањата во ЕП.2. Северна Македонија е Северна затоа што зафаќа само 37% од северните делови од географската област Македонија. Со 37%, не можете да бидете само Македонија и да бидете само македонски премиер. Со 37%, можете да бидете само северно- македонски премиер, затоа што придавката изведена од Северна Македонија е северно- македонски. Многу аналогии: севернокорејски, северновиетнамски, источно-тиморски, западносахарски итн.3. Идентитетот е исто така северно- македонски, затоа што Скопје не може да наметнува идентитет на преостанатите 63% од географската област Македонија. Како што веќе видовме од дебатите во ЕП, грчките европратеници имаат силно изразен регионален македонски идентитет и го оспоруваат правото на Скопјани да имаат монопол врз дефиницијата за „македонски“.4. Официјалниот јазик е исто така северно-македонски, бидејќи нема никаква врска со јазикот на населението во преостанатите 63% од Македонија. Бугарите во Северна Македонија сепак ќе треба да одлучат како да го нарекуваат овој јазик.Во официјалниот северно-македонски јазик, можеби има забрана за зборот „северно-македонски“, но во литературниот бугарски јазик нема таква забрана! Поради оваа причина, не разбирам зошто Мицко се жали на овој бугарски збор, кој можеби нема аналог во северно-македонскиот јазик? Но, за Бугарите во Северна Македонија, секако има. Лично сум ги слушнал како го користат.Некој ќе каже дека мојот јазик е саркастичен и несоодветен да коментирам за премиерот на братска земја. Па, погледнете ја изјавата на премиерот на оваа братска земја во врска со Георг Георгиев: „Мислам дека не треба да му даваме шанса и апелирам до вас, медиумите, оставете го тоа момче таму. Тоа е влада (автентична србизам - влада) која ја води некој друг во позадина, тие луѓе мора да работат и му рекле, му дале задача, ајде сега, вклучи се. Тоа е исто како кога глушецот (бугарски дијалектен збор за стаорец. Го има во Речникот на бугарскиот јазик, 1895 од Најден Геров) го задева лавот“.Мицко се споредува себеси со лав, а за него Георг Георгиев понекогаш е момче, понекогаш стаорец, член на влада која некој ја контролирал одзади и му рекол да се зафркава со Северна Македонија...Сфаќате дека вистинското глувче е Мицко и тој дава уште поглупави изјави. На пример, тој ги нарече мнозинството европратеници кои го исфрлија македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2025 година „талибанци“.Сето ова е толку идиотско што сите на светот ќе го разберат освен глушецот Мицко, кој замислил дека е лавот Мицко.Но, не заборавајте дека ни Мицко не може да биде лав, тој може да биде само пародија на српските волци Вучиќ, Вуковиќ и Вујовиќ...Еве ја оваа света едноставност што ќе им ја објасниме на нашите европски партнери!“, напиша Ташев.

Македонија | пред 5 месеци

Irena-Joveva

„Ви треба чесност, интегритет и храброст за да го признаете македонскиот народ“, словенечката европратеничка Ирена Јовева на македонски јазик им порача на бугарските колеги

Во Европскиот парламент денеска се гласа за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. Расправата за документот започна уште вчера, а дебатата доби силна димензија поради амандманите поврзани со македонскиот јазик и идентитет.Словенечката европратеничка Ирена Јовева, членка на партијата „Движење за слобода“ и дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, се обрати на македонски јазик директно до бугарските европратеници.„За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет, храброст – знам“, порача Јовева, која е од македонско потекло.Таа претходно јавно соопшти дека нема да поддржи никакви измени кои би воделе кон бришење или негирање на македонскиот јазик и идентитет во европскиот извештај.Првичната верзија на извештајот ги содржеше референците на македонскиот народ и јазик, но подоцна беа предложени амандмани за тие да се формулираат како „модерни“, односно „сегашни“, а на крајот и целосно да се изостават.Обраќањето на Јовева предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што нејзиниот говор беше споделен од повеќе јавни личности и поранешни политичари, меѓу кои и Љупчо Димовски.

Македонија | пред 5 месеци

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров до Бугарија: Како не ве срам – македонскиот народ не е ваш “зап’рт’к”!

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, остро реагираше на изјавата на поранешниот бугарски амбасадор и европратеник Александар Јорданов, кој во интервју за „Дојче Веле“ го нарече македонскиот идентитет „политички зап’рт’к“ – термин што во бугарскиот јазик означува нешто неразвиено и неуспешно уште во зародиш.Димитров ваквата изјава ја оцени како „ужасен говор на омраза“, инспириран од „антиевопска амбиција да се негира постоењето и посебноста на еден европски народ“.„Да си даде човек, а уште пострашно, една политика – право да зборува за други луѓе, во друга држава, кои се и какви се, од кога се – е антиевропски, антицивилизациски, непристојно и бедно“, напиша Димитров на својот Фејсбук профил.Тој нагласи дека доколку самиот бил дипломат или министер, без двоумење би поднел оставка при првиот обид за спроведување ваков вид политика кон друг народ.„Колку се државите големи, не во територија туку во вредности и цивилизациски габарит, најдобро се гледа по тоа како си ги третираат соседите. Прашањето е: дали Бугарија расте со својот однос кон македонскиот народ или станува сѐ помала?“, прашува Димитров.Тој посочи дека идентитетските прашања се лична и колективна работа на самите народи и дека обидите за надворешно дефинирање на етничкиот идентитет се не само опасни, туку и поразителни за добрососедските односи.Како поткрепа, Димитров се повика и на ставот на група бугарски интелектуалци кои уште во 2020 година потпишаа петиција во која се наведува:„Не сметаме дека процесот на формирање на македонската нација значително се разликува од начинот на формирање на другите нации.“Во завршницата на објавата, Димитров апелираше до бугарската јавност и политичари да покажат разбирање, емпатија и почит.„Аман, ставете се во нашите чевли. Замислете ваш поголем сосед да го нарече бугарскиот идентитет ‘политички зап’рт’к’. Со дикат и усул, комшии. Во името на историјата – и на иднината“, порача тој.

Македонија | пред 5 месеци

policiska-lenta

Македонец и двајца Бугари загинаа откако автомобил удри во маса во ресторан во Разград

Трагедија се случи во бугарскиот град Разград, каде што 58-годишен Македонец, заедно со двајца бугарски државјани, загинаа откако во нивна насока удри автомобил додека седеле на маса во ресторан, јави ТВ Стар.Покрај Македонецот, кој имал 58 години, животот го загубија и двајца бугари, на возраст од 62 и 64 години, со кои седел на истата маса во моментот на несреќата.Според првичните резултати од тестирањата, возачот на автомобилот, кој има 19 години, не бил под влијание на алкохол или наркотични супстанции. Сепак, му биле земени крв и урина за дополнителни лабораториски испитувања.По несреќата, на возачот му е изречена мерка притвор од 72 часа.

Македонија | пред 5 месеци

bugarija

Македонец загина во Бугарија откако 19 годишник со кола влета во ресторан и уби три лица

Три лица загинаа откако 19 годишен возач со автомобил влетал во ресторан, објавија тамошните медиуми.Околу 01:36 часот ноќеска, на бројот 112 е добиена дојава за инцидент на улицата Гранчарска во Разград каде полицијата утврдила дека 19-годишен возач, кој го возел автомобилот на својот татко, ја изгубил контролата врз возилото и удрил во гости во ресторан.Тројца мажи загинаа на местото на настанот – на возраст од 58, 62 и 64 години.58-годишникот е државјанин на Македонија, со постојано живеалиште во Бугарија.Возачот бил тестиран за алкохол и дрога, неговите примероци биле негативни. Исто така, биле земени крв и урина за хемиска анализа. Известено е обвинителството, а за случајот е покрената предистражна постапка.Обвинителството објави дека подигнале обвинение против младиот човек и ќе побараат изрекување на најстрога превентивна мерка „притвор“ за него.

Македонија | пред 5 месеци

Dimitrov

„За македонскиот јазик, Преспанскиот договор е силно оружје, искористете го!“ Никола Димитров дава предлог како да се реши спорот со Бугарија за јазикот и идентитетот

Еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, со кој се реши 27 годишниот спор со соседна Грција дава предлог и за решавање на проблемот со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет. Во објава на Фејсбук, Димитров пишува дека Преспанскиот договор е силно оружје и треба да се искористиМе фрапира изедначувањето на нерешението на проблемот со Бугарија со решението на спорот со Грција.Во пакетот што го прифати претходната влада, “брилијантниот успех” што бескрајно ни го искомплицира патот до членството во ЕУ вметнувајќи нерешен идентитетски спор во пристапниот процес, е и официјалната изјава на Софија дека македонскиот јазик е сиромашен дијалект на бугарскиот јазик што таа не го признава како посебен јазик.Црно на бело, доставен во Брисел.Сега повторно реактуелизирана преку бугарските европратеници во дебатата во Европскиот парламент.Единствениот меѓународен компромис, со огромна тежина, каде македонскиот јазик навистина е чист, признат и апсолутно неспорен, Преспанскиот договор ние не само што не го користиме, туку и го напаѓаме.Меѓу другото, македонскиот јазик е во преговарачката рамка со ЕУ, токму како резултат на Преспанскиот договор.Ја читам претседателката на државата, како вели дека Бугарија била инспирирана од Преспанскиот договор за ветото, во смисла дека ѝ се отвориле апетити, без воопшто да се сети дека “инспирацијата” може да биде и фрустрација, оти токму таму - македонскиот јазик е афирмиран, нешто што веројатно ако е чесна, ќе си признае дека не било баш едноставно да се обезбеди на светска сцена, како што се тврди дома по митинзи или амфитеатри.Тој спор, кој прво беше на ниво на ООН, врз основа на резолуција на Советот за безбедност од 1993, ние го затворивме како Македонци со македонски јазик. Спорот со Бугарија - апсолутно не. Ниту спорот е решен, ниту Софија стави потпис на македонскиот јазик, туку се издвои од останатите членки на ЕУ со своја крајно навредлива изјава на ниво на говор на омраза.И таа е суштинската разлика!И затоа не може ниту заедно да ги напаѓате и Преспанскиот договор и таканаречениот Француски предлог, со клучни елементи зготвени во Скопје и Софија, ниту заедно да ги браните - тие се спротивност!Понатаму, претседателката има една суштинска невистина или недозволива грешка во своето излагање.Таа тврди дека НАТО било важно и ни требало, таа го поддржува членството и добро ќе било да сме направеле компромис за НАТО, ама со Преспанскиот договор сме се фокусирале само на ЕУ, толку што дури и во референдумското прашање не било НАТО ниту спомнато.Напротив, во прашањето се разбира се и НАТО и ЕУ.Уште повеќе, ратификацијата на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО во грчкиот парламент беше услов за влегување во сила на Преспанскиот договор.Тоа на што претседателката е горда, тоа што вели цитирам - “во ваква безбедносна ситуација НАТО е многу важен за нас”, е тоа НАТО е овде и ние сме таму само и само поради Договорот што не се умее или не се сака да се искористи во наша полза.Единствениот услов за членство во НАТО од Самитот во Букурешт во 2008 наваму, беше решение за спорот околу името.Дали претседателката навистина, ама навистина смета дека е мудро и логично токму деновиве да се напаѓа меѓународен договор, каде недвосмислено се потврдува македонскиот јазик!?“, напиша тој.

Македонија | пред 5 месеци

antonio

Милошоски предупредува: Барањата на Бугарија се далеку од козметика

Во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, говореше за значењето на самитот ЕУ-Западен Балкан што неодамна се одржа во Скопје.Тој нагласи дека изборот на Македонија како домаќин на овој важен состанок не е случаен, туку доаѓа како резултат на добрите резултати што земјава ги постигнала во спроведувањето на реформите, согласно новиот план за економски раст на Европската комисија.„Сметам дека не е случајност што Македонија беше избрана да го организира овој самит, бидејќи фокусот беше ставен на планот за раст на ЕК, кој се рефлектира преку реформските агенди на сите држави од регионот. Нашата држава, во тој контекст, постигна најдобри резултати. Имаме солидна реформска агенда и добар степен на нејзина реализација, што е признавање за заложбите на македонската Влада и за посветеноста кон европските вредности“, истакна Милошоски.Тој додаде дека според неговите информации, Македонија ја надминува просечната стапка на имплементација на реформите, која изнесува 75 отсто, како што беше посочено од еврокомесарката Кос.„Кога има јасни, објективни и мерливи критериуми, кои не се условени од билатерални пречки или политички злоупотреби, резултатите се видливи, а оценките позитивни“, додаде пратеникот.Осврнувајќи се на позицијата на бугарските европратеници, Милошоски рече дека нивниот однос е добар показател за оние што имаат илузии дека Бугарија има само едно барање – промена на Уставот.„Поведението на бугарските пратеници во Европскиот парламент не треба да изненадува. Напротив, тоа е корисно отрезнување за сите оние што мислат дека Бугарија бара само козметичко прилагодување на Уставот. Во реалноста, тоа е само почеток на низата сериозни и тешки барања што ги имаат“, изјави Милошоски.На крајот, тој подвлече дека независно од конечниот исход во Комисијата за надворешни работи на ЕП, факт е дека Македонија успеала да покаже дека менувањето на преамбулата не е единствениот услов од страна на Бугарија.„Без разлика како ќе се развиваат настаните, она што се случи во европската Комисија е веќе успех. Стана јасно дека не станува збор само за реформи, туку за барања кои директно навлегуваат во историскиот и идентитетскиот наратив. Ако извештајот не помине поради бугарските пратеници, тогаш барем ќе знаеме за што всушност се работи – не за образование или здравство, туку за обид за прекројување на историјата“, заклучи Милошоски.фото: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

1-5

„Бугарија влегува во опасен наратив, Македонија останува цврста во одбрана на јазикот и идентитетот“, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на најновите политички пораки од Софија, оценувајќи дека Бугарија влегува во опасен и ретрограден наратив кој го доведува во прашање македонскиот идентитет. На прес-конференцијата по повод една година од стапувањето на функцијата, тој повика на рационалност и одговорност, особено во контекст на европските интеграции.„Срамно е нашиот сосед да мисли дека може да го користи своето членство во ЕУ за редефинирање на македонскиот идентитет,“ изјави Муцунски.Тој предупреди дека обидите за политичко наметнување на придавката „модерен“ пред терминот „македонски јазик“ во извештајот на Европската комисија се неприфатливи и длабоко ги навредуваат чувствата на македонските граѓани.Муцунски потенцираше дека Македонија има неколку црвени линии од кои нема да отстапи – македонскиот јазик, националниот идентитет, културно-историското наследство и имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тој нагласи дека афирмацијата на сопствениот идентитет не претставува говор на омраза, како што тврдат некои бугарски претставници, туку легитимна европска вредност.Во контекст на извештајот на Европскиот парламент, Муцунски изрази благодарност за поддршката добиена во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), каде што беше усвоен извештајот на европратеникот Томас Вајц со големо мнозинство. Тој сепак предупреди дека вистинската битка допрва следува на пленарната седница во јули.„Ова е историски момент, но не и повод за триумф. Не сме членка на ЕУ и немаме свои европратеници, но имаме пријатели кои ја разбираат нашата борба. Ќе направиме сè за да упатиме на разум во европските институции,“ рече министерот.Муцунски додаде дека Бугарија со својата политика не само што го подрива процесот на проширување на ЕУ, туку и ги отуѓува граѓаните на двете земји. Тој повика ЕУ да остане верна на своите темелни вредности – почитување на различностите, идентитетите и културите.„Ако навистина сакаме стабилен Балкан и кредибилна ЕУ, мора да престанеме со обидите за негирање на реалноста. Македонија е европска држава со свој јазик, историја и идентитет – и тоа никој нема право да го редефинира,“ заклучи Муцунски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања