БУГАРИЈА

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-6490PM

Бугарскиот парламент усвои нова декларација за Македонија

Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“.Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле, јави БТА. Во резолуцијата се наведува дека се неприфатливи какви било обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори.Во документот се истакнува дека европскиот консензус е договор меѓу земјата кандидат за членство во ЕУ, од една страна и Унијата како целина, од друга страна и затоа не претставува билатерално прашање. Меѓу другото, се истакнува дека европскиот консензус се заснова на Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, преговарачката рамка на Република Македонија и заедничките протоколи меѓу Бугарија и Република Македонија за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.„За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба на претставници од Македонија и Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката, тоа ќе биде одлична можност да има билатерална средба. На неа би присуствувала претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, генералниот секретар на НАТО, дел од земјите членки на НАТО, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите. Од една страна едни аргументи, од друга страна други аргументи, ама кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара. Ние тоа веднаш го прифативме. И денеска повторно тоа, заедно со Калас расговаравме за тоа, и прифативме. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме и мислам дека е добро да има таква средба каде ќе можат да се чујат аргументите на двете страни, особено на НАТО самитот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

doktorka-bugarija

„Од 5 до 7 години може да трае закрепнувањето на повредените од Кочани со тешки изгореници“, вели докторката од Бугарија која ги третира

Состојбата на останатите четворица пациенти во Пирогов се уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот започнува“ го изјави раководителот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија при медицинската установа, Маја Аргирова за БНТ.„Четворица од повредените во Кочани вчера беа отпуштени, на лекување во болница остануваат уште 4 лица. Нивната состојба е сè уште сериозна, но стабилна и очекуваме постепено да се подобрува. Остануваат да се подложат на хируршки интервенции и активно движење“, објасни Аргирова. Според неа, ова се едни од најтешките случаи со кои таа и нејзиниот тим се сретнале на клиниката, но одлично се справиле со тоа и пациентите кои вчера беа отпуштени ќе се прилагодат на својата социјална средина што е можно побрзо. Таа објасни дека на лекарите им е исклучително тешко да држат деца во раце, изгорени речисиvнепрепознатливи. И нема потежок настан и за жртвата и за неговото семејство од овој. Посебно да изгори голема површина од телото. Третманот е долг, болен и вклучува многу жртва од страна на целото семејство на пациентот“, вели Аргирова за бугарските медиуми.Таа објасни и дека жртвите од пожарот во Кочани кои вчера беа отпуштени ќе дојдат на прегледи и ќе имаат закажано реконструктивни операции. Според неа, периодот на опоравување ќе трае долго.„Ова трае долго време. Закрепнувањето на таков повреден е околу година и пол до две. Ако ги додадеме и реконструктивните операции, периодот може да трае и од 5 до 7 години по завршувањето на акутниот период. Односно по излегувањето. Така што, третманот не завршува со пуштање на пациентите од клиниката. Продолжува дома. Имаат инструкции кои треба да ги следат скоро две години по отпуштањето“, објасни Аргирова.Таа додаде дека повеќето од децата одбиле да зборуваат за ноќта на пожарот.„Со нив се занимаваше психологот. Тоа не е работа на лекарите. Повеќето од нив одбија да зборуваат за ова прашање“, вели началникот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во Пирогов.

Свет | пред 9 месеци

puls-11

Четири повредени од Кочани, се испишуваат од болницата „Пирогов“ во Софија

Четири пациенти повредени во пожарот во Кочани, денеска ќе бидат испишани од болницата „Пирогов“ во Софија и транспортирани во Македонија.Сите пациенти се во добра состојба, соопштија од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, посочувајќи дека дале инструкции за натамошен третман.Таму и натаму остануваат уште четири лица на лекување. На нив им следуваат и операции. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.Вкупно 193 лица беа повредени од пожарот во Кочани, а 61 лице е моменталниот биланс на загинати. Почина и возачот на Брза помош кој триесетина пати одел и се враќал, транспортирајќи пациенти и возејќи 12 часа.

Македонија | пред 9 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-10.40.48

Состојбата на 14-те жртви од Кочани, примени во болниците во Бугарија и понатаму е тешка

14-те настрадани од Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, остануваат во тешка состојба со повеќе изгореници и вдишени врели гасови, кои им нанеле тешки телесни повреди.Министерот за здравство на Северна Македонија Арбен Таравари денеска пристигнува таму за да се сретне со настраданите.Од „Пирогов“, каде што се лекуваат 8 од повредените, велат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв. Болницата заедно со бугарскиот Црвен крст и Националниот центар за трансфузиона хематологија започна крводарителска акција.До крајот на неделата, на паркингот на болницата Пирогов во главниот град ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст, каде медицинските лица и волонтерите ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 10 месеци

image-114

Петмина повредени од Кочани со воен авион на Бугарија ќе бидат пренесени во бугарските клиники

По наредба на премиерот Росен Желјазков, авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство замина за Република Македонија.Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во забавен објект во градот Кочани.Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.Повредените ќе бидат сместени во специјализираните единици за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна.Дополнително, итно е подготвена клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград да прими повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште жртви по координација со властите на Република Македонија.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 11 месец

1-5

Остри тонови: Мицкоски ги потсети Бугарите да си ги исполнат обврските, ако сакаат Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски нема никакви комуникации со Владата во Бугарија, а порача дека има желба да седне и да се види како би ги решиле прашањата кои ги блокираат европските интеграции на Македонија. Тој е дециден дека во тој момент ќе им порача на Бугарите дека ако договорите важат – тогаш сите треба да ги почитуваат. Кога го вели ова, Мицкоски веројатно мисли на фактот дека Бугарија не го почитува Договорот за добрососедство во делот каде се вели дека тие нема да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ.„Немам комуникација со претседателот на Владата на нашиот источен сосед. Со задоволство би реализирал една таква средба. Со задоволство би имал желба да седнеме, да поразговараме, да видиме какви се можностите и единствената моја порака ќе биде многу јасна и гласна, а тоа е ако договорите важат и треба да се почитуваат за нас треба да важат и да се почитуваат и за нив и дека билатералните прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес“, рече Мицкоски.Порача дека ако за Македонија важи условот за Бугари во Устав, тогаш и за Бугарија важи почитување на Македонците во нивната земја, а со оглед дека ЕУ нотираше дека немаат никакви заложби за остварување на нивните индивидуални права. Ова значи дека Македонците се уште не можат да основаат здруженија со ваква цел.„Свесен сум за тоа што го направи Бујар Османи како министер за надворешни работи и Димитар Ковачевски како премиер. Јасно ми е дека прифатија нешто што не успеаа да го испорачаат. Сето тоа ми е јасно дека е проблем и дека сега секогаш ќе ни биде ставано тоа на маса како услов. Ако за нас тој услов важи тогаш треба да важат и за сите други оние договори што претходно се прифатени како што е Резолуцијата за почитување на човековите права, Договорот за добрососедство. Сето тоа треба да претставува обврска за сите страни“, рече Мицкоски.Пред четири месеци, Советот на Европа нотираше дека Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, односно дека не постои свест за правата на малцинствата.„Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските малцинства во странство, вакви напори не биле забележани и во рамките на Бугарија. Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. Власите не гледаат објективни критериуми ниту за лицата кои се идентификуваат како Помаци односно етничките Македонци со исламска вероисповед кои во земјата и натаму се нарекуваат бугарски муслимани“, стои во извештајот на Советодавниот комитет.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарија остана без гас од Азербејџан: Зошто е прекинато снабдувањето со гориво?

Бугарската државна компанија за гас „Булгаргаз“ на 9 јануари објави дека била известена за прекин во снабдувањето со гас од Азербејџан на 6 јануари и дека снабдувањето се очекува да биде обновено на 11 јануари. Како причина наведува „неодредени“ технички проблеми, објави Туркије тудеј.„Булгаргаз“ истакна дека заменскиот гас е купен во Турција.„Нарушувањето на снабдувањето не предизвика дополнителни трошоци за компанијата за набавка на заменски природен гас и не влијаеше на пазарот на гас во регионот“, се вели во соопштението од 9 јануари. Беше констатирано и дека ваквата состојба е дополнителен поттик за диверзификација на изворите на природен гас.Наводно снабдувањето е прекинато поради проблеми на платформата „Алфа“ на „Бритиш петролеум“ во гасното поле Шах Дениз.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

Министерството за надворешни работи со осуда: Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Facebook, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава.„Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи.Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме, европските стандарди кои силно ги почитуваме и спротивно на нашите залагања за обезбедување на траен мир, безбедност и просперитет во Европа и пошироко“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче ги осуди иредентистичките изјави на Костадинов, очекува реакција од официјална Софија и ЕУ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги осуди, како што вели, иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија.„Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет. Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија“, наведува Филипче.Тој ја повика и очекува официјална Софија јасно и недвосмислено да се огради од изјавите на Костадинов, кои се во спротивност со европските вредности и принципите на добрососедство. Ја повика Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос, кој ги поткопува универзалните човекови права и европските вредности, и да покаже дека ваквите изјави немаат место во ЕУ, потенцира претседателот Филипче.Претседателот на СДСМ очекува македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.„Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив и директно спротивен на европските вредности за почитување на различностите“, потенцира Филипче.

Македонија | пред 1 година

kostadinov-prerodba

Костадинов: Нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, во објава Фејсбук се заложи дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.„Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ, како Бугарија и Македонија, да се обединат и да станат една држава“, напиша Костадинов.За ваквиот став тој е инспириран од последната изјава на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за припојување на Канада кон САД, трансформирајќи ја во 51 сојузна американска држава.Костадинов не застанува тука. Тој смета дека Бугарија мора да ги потврди своите претензии и кон јужните делови на регионот Бесарабија – историска област во Источна Европа, чии две третини се наоѓаат во рамки на денешна Молдавија и мал дел на украинска територија.

Македонија | пред 1 година

Manolis-Kefalogiannis-1068x711-1

Грчки европратеник: Македонскиот јазик е 90 отсто бугарски

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е 90 проценти бугарски. Според него, нема потреба претставниците на Македонија да ставаат слушалки за превод кога некој зборува на бугарски.„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот. Новата влада што се појави по неодамнешните избори во вашата земја продолжува да го користи терминот „Македонија“ и „македонски“, прекршувајќи го најважниот услов во Договорот со Грција: ерга омнес“, рече Кефалојанис.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања