Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

бугарија

Screenshot_3-Copy-32

Бугарија доби зелено светло за евро: ЕУ поддржа влез во еврозоната од 2026 година

Бугарија вчера официјално доби поддршка од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како национална валута од 1 јануари 2026 година, по неуспешниот обид да го стори тоа во 2024.На самитот во Брисел, европските лидери го одобрија предлогот на Европската комисија, со кој Бугарија би станала 21-та членка на еврозоната. Преостануваат уште консултации со Европскиот парламент и Европската централна банка, но тие се сметаат за формалност.Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, би била првата земја што се приклучува на еврозоната по Хрватска, која го воведе еврото во 2023 година. И покрај тоа што е меѓу најсиромашните членки на ЕУ според БДП по глава на жител, Бугарија бележи повисоки стапки на раст споредено со другите членки.Комисијата очекува инфлацијата во Бугарија да изнесува 3,6% оваа година и да падне на 1,8% во 2026 година, што е во согласност со критериумите за членство во еврозоната – стабилни цени, јавни финансии и валутен курс.Сепак, процесот на евроинтеграција предизвика силни реакции во земјата. Во февруари, националистички групи протестираа во Софија, фрлаа молотови коктели и црвена боја врз зградата на претставништвото на ЕУ. И во мај 2025 година продолжија демонстрациите против еврото, организирани од проруски и националистички партии.И покрај тоа што беа собрани над 600.000 потписи за референдум, бугарскиот парламент двапати го одби предлогот за народно изјаснување – во 2023 и во мај 2025 година.Анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани се против. Според истражување на институтот „Мјара“ од мај 2025, 54,9% од испитаниците се изјасниле против воведување на еврото, додека 34,4% го поддржуваат преминот кон заедничката валута во 2026 година.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-15.41.19

Битка за идентитетот: Радев и Мицкоски во жесток судир по извештајот на ЕП за Македонија

Полемиката меѓу Скопје и Софија околу идентитетските прашања повторно се разгори, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц. Извештајот, кој беше поддржан со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, веднаш предизвика реакции и на домашната и на бугарската политичка сцена.Бугарскиот претседател Румен Радев испрати остро писмо до европските институции, во кое го критикува Европскиот парламент поради, како што вели, неприфатливо вклучување во теми од „морална и научна природа“ како што се „јазик“ и „идентитет“, без правна надлежност. Тој предупреди дека Бугарија нема да прифати никакво отстапување од европскиот компромис од 2022 година, и истакна дека правата на Бугарите во Македонија не се предмет за политичко пазарење.– Претставува ризик тоа што се остава простор за слободни толкувања на поимите „македонски јазик“ и „идентитет“, што веќе го гледаме од нашите југозападни соседи – напиша Радев. Тој посочи и на, според него, нерегуларности во процесот на подготовка на извештајот, вклучително и неформални средби меѓу известувачот Вајц и македонски политичари.Паралелно, македонскиот премиер Христијан Мицкоски остро реагираше на обидите во Европскиот парламент да се наметне терминологијата „современ македонски јазик“ и „современ македонски идентитет“, појаснувајќи дека тоа не е само предлог на Европската народна партија, туку заеднички предлог на четири европски политички групи.– Во Брисел вчера видовме обид да се создаде нова нација и нов јазик – модерна македонска нација со модерен македонски јазик. Она што го обвинуваат дека Русија го прави во Украина, вчера се обидоа да го направат на македонскиот народ – изјави Мицкоски, истакнувајќи дека за него тоа не е мала победа, туку „големо разочарување“.Мицкоски порача дека Македонија нема да прифати никакви промени на својот идентитет и јазик и ја повика Бугарија да ги почитува човековите права на македонската заедница на нејзина територија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на организацијата ОМО Илинден Пирин.Тој најави продолжување на борбата и во пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи меѓу 7 и 11 јули, но предупреди дека „лицемерието“ на дел од европските политичари може да доведе до опасни паралели со руската политика на негирање на национален идентитет.– Македонија е подготвена за преговори, но само како Македонци, со македонски јазик и идентитет, не како некаква измислена нова нација – истакна Мицкоски.Во меѓувреме, Бугарија најави дека ќе достави „мислење на малцинството“ како дополнение на извештајот, а амандманот за вметнување на зборот „современ“ не беше ставен на гласање поради процедурални причини.Политичката и дипломатската борба околу идентитетските прашања продолжува, а исходот на пленарната седница во Европарламентот ќе биде следната клучна точка во овој сензитивен процес.

Македонија | пред 5 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп.„Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот потенцирајќи дека благодарение на храбрите и државнички политики на владите на СДСМ, денес македонскиот јазик е признат во ЕУ.„Ние нашиот идентитет и јазикот го потврдивме. Се потпиша договор за првпат со Европска унија – Фронтекс договорот, на македонски јазик, нема ѕвездички, нема фусноти – е тоа е патриотизам,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-2850PM

Бугарите масовно протестираат против воведувањето на еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе бидеме уште посиромашни“

Се очекува Бугарија да добие зелено светло од Брисел за усвојување на еврото во јуни, но оваа перспектива ги вознемирува многу граѓани.„Ако Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качува на Титаник“, изјави за АФП Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест со кој се бараше задржување на валутата на земјата, левот.Од јануари, противниците на единствената европска валута во Бугарија организираат протести и бараат референдум за ова прашање, среде поплава од дезинформации.Сеќавањата на економската криза од 1996-1997 година, во која пропаднаа 14 банки, а хиперинфлацијата надмина 300 проценти, исто така се оживеаја, поттикнувајќи го противењето.Неколку неодамнешни анкети покажаа дека речиси половина од испитаниците велат дека се противат на приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.Дебатата повторно ја разгоре анти-ЕУ пропагандата, при што многу од оние кои се противат на усвојувањето на еврото мавтаат со руски знамиња.Бугарија, која се приклучи на Европската унија во 2007 година, е најсиромашната земја во блокот.И „сиромашните се плашат дека ќе станат посиромашни“, рече Боријана Димитрова, директорка на Институтот за истражување Алфа.Тоа, заедно со недовербата во институциите по години нестабилност, создаде плодна почва за населението од 6,4 милиони да се плаши од економски промени.Тој страв го разгореа некои политички групи, вклучувајќи ја и крајно десничарската партија Вазраждане, која повика на нов антиевро митинг во главниот град во сабота.Претседателот на земјата, Румен Радев, даде изненадувачка најава на почетокот на мај, исто така повикувајќи на референдум за ова прашање.Оваа недела тој ја обвини владата дека не ги спровела потребните мерки за да им овозможи на „најранливите“ да го издржат шокот од усвојувањето на еврото.Според Евростат, една третина од Бугарите се соочиле со заканата од сиромаштија или социјална исклученост минатата година.Дезинформациите што се широко распространети на социјалните медиуми лажно тврдат дека со воведувањето на еврото, „Брисел ќе ги конфискува вашите заштеди за да ја финансира Украина“.Во меѓувреме, проевропските гласови се борат да бидат слушнати.„Во Софија и поголемите градови, населението - побогато, подобро образовано и помладо - го гледа тоа како логичен следен чекор во процесот на европска интеграција“, рече Димитрова.

Свет | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-6490PM

Бугарскиот парламент усвои нова декларација за Македонија

Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“.Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ги прифатиле, јави БТА. Во резолуцијата се наведува дека се неприфатливи какви било обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори.Во документот се истакнува дека европскиот консензус е договор меѓу земјата кандидат за членство во ЕУ, од една страна и Унијата како целина, од друга страна и затоа не претставува билатерално прашање. Меѓу другото, се истакнува дека европскиот консензус се заснова на Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, преговарачката рамка на Република Македонија и заедничките протоколи меѓу Бугарија и Република Македонија за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.„За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба на претставници од Македонија и Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката, тоа ќе биде одлична можност да има билатерална средба. На неа би присуствувала претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, генералниот секретар на НАТО, дел од земјите членки на НАТО, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите. Од една страна едни аргументи, од друга страна други аргументи, ама кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара. Ние тоа веднаш го прифативме. И денеска повторно тоа, заедно со Калас расговаравме за тоа, и прифативме. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме и мислам дека е добро да има таква средба каде ќе можат да се чујат аргументите на двете страни, особено на НАТО самитот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

doktorka-bugarija

„Од 5 до 7 години може да трае закрепнувањето на повредените од Кочани со тешки изгореници“, вели докторката од Бугарија која ги третира

Состојбата на останатите четворица пациенти во Пирогов се уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот започнува“ го изјави раководителот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија при медицинската установа, Маја Аргирова за БНТ.„Четворица од повредените во Кочани вчера беа отпуштени, на лекување во болница остануваат уште 4 лица. Нивната состојба е сè уште сериозна, но стабилна и очекуваме постепено да се подобрува. Остануваат да се подложат на хируршки интервенции и активно движење“, објасни Аргирова. Според неа, ова се едни од најтешките случаи со кои таа и нејзиниот тим се сретнале на клиниката, но одлично се справиле со тоа и пациентите кои вчера беа отпуштени ќе се прилагодат на својата социјална средина што е можно побрзо. Таа објасни дека на лекарите им е исклучително тешко да држат деца во раце, изгорени речисиvнепрепознатливи. И нема потежок настан и за жртвата и за неговото семејство од овој. Посебно да изгори голема површина од телото. Третманот е долг, болен и вклучува многу жртва од страна на целото семејство на пациентот“, вели Аргирова за бугарските медиуми.Таа објасни и дека жртвите од пожарот во Кочани кои вчера беа отпуштени ќе дојдат на прегледи и ќе имаат закажано реконструктивни операции. Според неа, периодот на опоравување ќе трае долго.„Ова трае долго време. Закрепнувањето на таков повреден е околу година и пол до две. Ако ги додадеме и реконструктивните операции, периодот може да трае и од 5 до 7 години по завршувањето на акутниот период. Односно по излегувањето. Така што, третманот не завршува со пуштање на пациентите од клиниката. Продолжува дома. Имаат инструкции кои треба да ги следат скоро две години по отпуштањето“, објасни Аргирова.Таа додаде дека повеќето од децата одбиле да зборуваат за ноќта на пожарот.„Со нив се занимаваше психологот. Тоа не е работа на лекарите. Повеќето од нив одбија да зборуваат за ова прашање“, вели началникот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во Пирогов.

Свет | пред 8 месеци

puls-11

Четири повредени од Кочани, се испишуваат од болницата „Пирогов“ во Софија

Четири пациенти повредени во пожарот во Кочани, денеска ќе бидат испишани од болницата „Пирогов“ во Софија и транспортирани во Македонија.Сите пациенти се во добра состојба, соопштија од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, посочувајќи дека дале инструкции за натамошен третман.Таму и натаму остануваат уште четири лица на лекување. На нив им следуваат и операции. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.Вкупно 193 лица беа повредени од пожарот во Кочани, а 61 лице е моменталниот биланс на загинати. Почина и возачот на Брза помош кој триесетина пати одел и се враќал, транспортирајќи пациенти и возејќи 12 часа.

Македонија | пред 8 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-10.40.48

Состојбата на 14-те жртви од Кочани, примени во болниците во Бугарија и понатаму е тешка

14-те настрадани од Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, остануваат во тешка состојба со повеќе изгореници и вдишени врели гасови, кои им нанеле тешки телесни повреди.Министерот за здравство на Северна Македонија Арбен Таравари денеска пристигнува таму за да се сретне со настраданите.Од „Пирогов“, каде што се лекуваат 8 од повредените, велат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв. Болницата заедно со бугарскиот Црвен крст и Националниот центар за трансфузиона хематологија започна крводарителска акција.До крајот на неделата, на паркингот на болницата Пирогов во главниот град ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст, каде медицинските лица и волонтерите ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 8 месеци

image-114

Петмина повредени од Кочани со воен авион на Бугарија ќе бидат пренесени во бугарските клиники

По наредба на премиерот Росен Желјазков, авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство замина за Република Македонија.Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во забавен објект во градот Кочани.Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.Повредените ќе бидат сместени во специјализираните единици за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна.Дополнително, итно е подготвена клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград да прими повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште жртви по координација со властите на Република Македонија.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

„Бугарија ги асимилира Македонците во Албанија“ - Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча

Барајќи отворање на македонски конзулат во Корча, Апасиев се осврна кон состојбата со македонското малцинство во Албанија.- Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.Според Апасиев, бугарската политика во Албанија стратешки делува за разлика од македонската.- Како работи бугарската агенда? Им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови, бугарски пасоши (тоа е веќе бизнис), бесплатни медицински прегледи, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник што го печатат на четири старовремски листови. Ете, толку е нашата стратегија за нив. Го прашав амбасадорот, со колку буџет располагаат, тој рече дека добиваат 180 евра месечно. Со 180 евра не можете сала да изнајмите! Наспроти оваа бугарска пропаганда, ние се спротивставуваме со овие бројки што ги кажав - образложи претседателот и лидер на опозицијата во Македонија, Димитар Апасиев.Тој истакна дека во Албанија им се заглавени околу 300 барања за државјанство на Македонците, коишто се стари повеќе од 10 години и се наоѓаат во МВР.- За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ,,ние" измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол", на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години - рече лидерот на Левица.Апасиев додаде дека во Корча има грчки конзулат, затоа што тоа Грците си го сметаат за северен Епир.- Кога при нашата работна посета на Корча, ги прашавме мештаните колку Грци живеат таму, кажаа - нула. Значи, нула Грци, а има огромен грчки конзулат и многу Македонци, коишто сè уште немаат никаков конзулат во Корча - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 10 месеци

1-5

Остри тонови: Мицкоски ги потсети Бугарите да си ги исполнат обврските, ако сакаат Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски нема никакви комуникации со Владата во Бугарија, а порача дека има желба да седне и да се види како би ги решиле прашањата кои ги блокираат европските интеграции на Македонија. Тој е дециден дека во тој момент ќе им порача на Бугарите дека ако договорите важат – тогаш сите треба да ги почитуваат. Кога го вели ова, Мицкоски веројатно мисли на фактот дека Бугарија не го почитува Договорот за добрососедство во делот каде се вели дека тие нема да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ.„Немам комуникација со претседателот на Владата на нашиот источен сосед. Со задоволство би реализирал една таква средба. Со задоволство би имал желба да седнеме, да поразговараме, да видиме какви се можностите и единствената моја порака ќе биде многу јасна и гласна, а тоа е ако договорите важат и треба да се почитуваат за нас треба да важат и да се почитуваат и за нив и дека билатералните прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес“, рече Мицкоски.Порача дека ако за Македонија важи условот за Бугари во Устав, тогаш и за Бугарија важи почитување на Македонците во нивната земја, а со оглед дека ЕУ нотираше дека немаат никакви заложби за остварување на нивните индивидуални права. Ова значи дека Македонците се уште не можат да основаат здруженија со ваква цел.„Свесен сум за тоа што го направи Бујар Османи како министер за надворешни работи и Димитар Ковачевски како премиер. Јасно ми е дека прифатија нешто што не успеаа да го испорачаат. Сето тоа ми е јасно дека е проблем и дека сега секогаш ќе ни биде ставано тоа на маса како услов. Ако за нас тој услов важи тогаш треба да важат и за сите други оние договори што претходно се прифатени како што е Резолуцијата за почитување на човековите права, Договорот за добрососедство. Сето тоа треба да претставува обврска за сите страни“, рече Мицкоски.Пред четири месеци, Советот на Европа нотираше дека Македонците во Бугарија се обесхрабруваат да се идентификуваат, односно дека не постои свест за правата на малцинствата.„Додека Бугарија играше сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските малцинства во странство, вакви напори не биле забележани и во рамките на Бугарија. Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. Власите не гледаат објективни критериуми ниту за лицата кои се идентификуваат како Помаци односно етничките Македонци со исламска вероисповед кои во земјата и натаму се нарекуваат бугарски муслимани“, стои во извештајот на Советодавниот комитет.

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарија остана без гас од Азербејџан: Зошто е прекинато снабдувањето со гориво?

Бугарската државна компанија за гас „Булгаргаз“ на 9 јануари објави дека била известена за прекин во снабдувањето со гас од Азербејџан на 6 јануари и дека снабдувањето се очекува да биде обновено на 11 јануари. Како причина наведува „неодредени“ технички проблеми, објави Туркије тудеј.„Булгаргаз“ истакна дека заменскиот гас е купен во Турција.„Нарушувањето на снабдувањето не предизвика дополнителни трошоци за компанијата за набавка на заменски природен гас и не влијаеше на пазарот на гас во регионот“, се вели во соопштението од 9 јануари. Беше констатирано и дека ваквата состојба е дополнителен поттик за диверзификација на изворите на природен гас.Наводно снабдувањето е прекинато поради проблеми на платформата „Алфа“ на „Бритиш петролеум“ во гасното поле Шах Дениз.

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања