„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

БУГАРИЈА

petkov-76

Дали во јуни добиваме зелено светло за преговори со ЕУ?

Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај, јавија денеска бугарските медиуми.Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е во НАТО.Во однос на компромисот за ветото за евроинтеграцијата на Скопје и за тоа што ќе се случи со односите ако неговата Влада падне Петков рекол дека не може да биде одговорен за ништо во таков случај.– Не можам да сум одговорен за ништо во таков сллучај. Одлучив дека иднината на Северна Македонија и на Албанија треба да е во ЕУ, и тоа е добро за регионот, изјавил Петков.Тој на крајот на април ја посети Романија и таму со својот колега Николае Чука разговараше на тема природниот гас и можностите за набавка на енергенсот преку гасоводот од северениот бугарски сосед.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: Нема да се случат преговори, овој народ многу направил за Европа, ред е таа да се обедини за овој нас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека единственото што може да се случи е прва меѓувладина конференција, доколку се следат позициите на Софија. Според него: „Нема да се случат преговорите, ако не се исполнат сите услови од преговарачката рамка, а таму ќе бидат и барањата на Бугарија“.„ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во Уставот бидејќи немаме гаранција дека ние нема да имаме вакви хегимониски барања од страна на источниот сосед. Османи манипулира. Едно е јасно, ако зависи, него и Петков, преговори нема да има. Туку ќе има невладина конференција, односно сликање за пред јавноста“, рече Мицкоски.„Ги охрабрувам Како што се обединети за кршењето на меѓународното право на Украина, да се обединат и за кршењето на меѓународното право на Македонија. Жално и тажно е што во 21 век зборуваме за вакви теми. Овој народ многу направил за таа Европа.. Овој народ очекува Европа да се обедини за овој народ и да почнеме преговори во јуни“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Omo-Ilinden-Pirin

„Односите со Бугарија се влошија откако имав средба со ОМО Илинден“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека нарушувањето во односите со Бугарија почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин.Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна се врати на стариот вокабулар.„Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Идентитетот и јазикот не биле и нема да бидат предмет на разговор со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на темата околу заострувањето на реториката и на македонска и на бугарска страна по отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, истакна дека по прашање на унапредување на македонско-бугарските односи договор е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашања, низ јасна временска рамка и што ќе значи безусловно кревање на ветото кое што го има ставено Бугарија за отпочнување на првата меѓувладина конференција за Република Северна Македонија со ЕУ.„Нормално дека ќе продолжиме да разговараме, но врз основа на неколку принципи. Принцип на сочувување на достоинството на двете страни, на достоинството на политичарите, на институциите и достоинството на сите граѓани во двете држави. Никој нема право да ја нарушува и гордоста на граѓаните на двете држави и доколку се исполнат тие услови, тогаш можеме да дојдеме до решение“, рече премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски посочи дека во неговите разговори со претставниците на ЕУ и со претставниците на бугарската страна тој потенцирал дека се бара решение базирано на европски вредности, на принципот на достоинство на сите граѓани на двете држави.„Идентитетот и јазикот воопшто не се предмет на разговор, значи тоа не е предмет за разговор. Ниту сум разговарал, ниту ќе разговарам за идентитет, јазик на македонскиот народ. Тоа е нешто што е наше, нешто што сме го имале и ќе го имаме во иднина, и тоа е тоа што нас не идентификува како народ визави сите други народи во светот и што ни прави добри партнери за разговори, за соработка за сите, и внатре во државата и со соседите како и со ЕУ.“, посочи Ковачевски.Околу прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, премиерот подвлече дека ние имаме уставно уредување кое што ги гарантира правата на сите заедници што живеат во оваа држава.„Ние сме единствена држава веројатно во Европа која што има Министерство за правата на заедниците, имаме Агенција за јазици и голем број на институции коишто на државно ниво ги штитат, негуваат и ги унапредуваат правата на помалите заедници во државата. Нашето уставно уредување предвидува дека индивидуалните права на самоопределување може да се остварат колективно според Уставот и затоа во нашиот Устав имаме и Македонци, Албанци, Власи, Срби и т.н. Според тоа, легитимно е барањето и на другите граѓани кои што се самоопределуваат на друг начин, а веќе таков интерес изразиле Црногорците, Хрватите. Доколку изразат и бугарските граѓани, секако дека тоа ќе биде предмет на разговор во државата. Уставот не е обична книга што може да се отвори и да се затвори, кој кога сака. Уставот се отвара врз основа на уставна процедура која што е пропишана“, истакна Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

georgievski

Георгиевски: Вмровците кои плукаат по Ванчо Михајлов, ја згрешиле идеолошката матрица

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставиле на меѓународната сцена.-ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена. Во времето на Гоце, на Даме, во времето на тие историски личности тоа е БМРО, ТМРО, значи внатрешно-македонска… но никогаш само ВМРО. Самото име е име на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, посочи Георгиевски.Според него, на левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов.-Според мене, на некој левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов, со оглед на тоа дека убивал левичари, убивал комунисти и му личи на некој што се смета за левичар во Македонија да плука против Михајлов. Меѓутоа за некој што се смета за десничар или екстремен десничар да плука против Ванчо Михајлов или да се нарекува вмровец, мислам дека нешто згрешил со својот образовен систем и со својата идеолошка матрица како десничар, вели Георгиевски.Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сите лаги во македонската историографија се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов.„Мене ми е жал што во македонската историографија некои работи или едноставно немаме интерес или не сакаме да ги читаме. Сите тие лаги се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов“, вели Георгиевски.

Македонија | пред 3 години

2-2

Мицкоски со услов: Нема да поддржиме промена на Уставот за влегување на Бугарите доколку нема писмени гаранции

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаква официјална информација од страна на надлежните за тоа за што се преговара. И многу е чудно кога зборуваат за уцени, а тие всушност го држат во заложништво и го уценуваат целиот македонски народ бидејќи преговараат за неговиот идентитет, а најголемата политичка партија не знае за што се преговара. Практично ги има заробено институциите, тоа е прво. А, второ, можното решение може да има три подваријанти. Првата подваријанта е официјалната Софија во јуни на Европскиот совет, да го тргне ветото и да се одржи првата меѓувладина конференција, но да не почнат преговорите се додека дел од бугарскиот народ не влезе во Преамбулата на македонскиот Устав“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител телевизија.Мицкоски посочи дека втората подваријанта е исто така Софија официјално да го тргне ветото, меѓутоа барањето од бугарската Декларација од 2-ри ноември 2019-та година да биде дел од преговарачката рамка. Но Мицкоски се надева дека голем број на земји членки нема тоа да го дозволат бидејќи билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка. И третата подваријанта е воопшто да не се тргне ветото.„Што е заедничко во овие три сценарија? Заедничко е дека нема да почнат преговорите. Туку преговорите можат да почнат само во услов кој што ќе биде дел од преговарачката рамка наметнат од Софија. Е, сега доаѓам до одговорот, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи да дел од бугарскиот народ биде од Преамбулата само под еден услов да добиеме гаранции кои што ќе ги изгласа бугарскиот Парламент, а со кои што јасно ќе стави дознаење дека со вклучувањето на дел од бугарскиот народ ви Преамбулата на Уставот завршуваат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И од тој момент натаму никогаш повеќе до самиот влез на Македонија во рамките на ЕУ тие нема да ја блокираат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека треба да се каже стоп за двојните стандарди за Македонија, нема да се поддржи промена на Уставот ако нема писмени гаранции дека повеќе Бугарија нема да ја блокира Македонија.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Ексминистерката Десковска: Јавноста со право реагира за името на бугарскиот центар, не е дадено одобрение од мене

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.„Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов“, вели Десковска.„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Коментари | пред 3 години

278700252_552748416215508_1210977531306522558_n

Каракачанов: Македонија без Бугари - оган да ја запали!

Ексминистерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, преку статус на социјалните мрежи порача: „Македонија без Бугари - оган да ја запали!“. Ова доаѓа откако пред два дена, беше во Битола, каде се отвораше културен клуб.„Ми претставуваше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на бугарскиот јазик. Само едно би сакал да го посоветувам премиерот Петков. Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мора да го „искорениме јазикот на омразата“, а притоа на 50 метри под местото каде што се наоѓа, има група Македонци кои пцујат Бугари од Македонија, да погледнете и слушнете малку“, напиша Каракачанов.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Културно друштво „Иван Михајлов“: Како што Путин создаде држава во Донбас, така и Тито ја создаде Македонија

Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде што вчера беше отворен клуб од бугарскиот државен врв, денеска излезе со реакција на вчерашните протести во градот под Пелистер. Од таму велат дека историскиот лик Ванчло Михајлов е продолжувач на делото на Гоце Делчев и Даме Груев.„Се разбира - и дека Бугарите биле фашисти !!! Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор. И така вчера повторно ги видовме, истите полуживи соработници на југословенскиот режим. Целта на скандалот беше да се засени фактот дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и особено официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО - ИВАН МИХАЈЛОВ, наследникот на Гоце, Даме и на Тодор Александров. Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулацијата со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме“, гласи соопштението на центарот.Од таму велат дека како што за рускиот претседател Владимир Путин „жртвите во Донбас се фашисти, така и во Македонија бугарскиот идентитет е прогласен за фашизам“.„Несомнено, денес, како и Путин, кој жртвите на неговата криминална агресија ги прогласува за „фашисти“, и сè уште живите делови од југословенската сатрапија во нашата Македонија (сега „Северна“) го дефинираат како фашизам неизбежното враќање на бугарскиот идентитет во Битола, Охрид, Велес, Штип... во сета наша напатена Македонија. Оваа коинциденција не е ниту случајна ниту изненадувачка. Тие се браќа по оружје и браќа за криминал. Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

И Пендаровски “удри” по Бугарите: Во Битола беше направен обид хитлеров соработник да биде претставен како мост за зближување

Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза, вели претседателот Стево Пендаровски.„Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ.За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, додава тој во својата објава на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

08032022_PVRSM_8mi-Mart-2

Го чекаме денот кога Македонците во Бугарија ќе можат на ист начин да ги практикуваат своите уверувања, вели Ковачевски

Ковачевски за МИА: Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапотПретседателот на Владата, Димитар Ковачевски, за МИА како одговор на прашањето во врска со отворањето на културниот центар во Битола, ,,Ванчо Михајлов”, вели дека Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапот.„Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор“, вели премиерот Ковачевски.Премиерот истакнува дека тој пристап е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи тоа е нашиот белег и како држава и како општество.„Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања“, вели премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

Димитров за односот со Бугарија: Ова е политика за себе-газење и на аматерите им јасно дека е погубна

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ги коментира односите меѓу Македонија и Бугарија. Тој посочува дека преправањето дека имаме пријателски односи со земја чија актуелна политика не ни го почитува неприкосновеното право ние самите да кажеме кои сме и каков јазик зборуваме, која ни ја блокира европската иднина, е политика на себе-газење.„За вистинско пријателство недостасува клучен елемент - основна почит кон соседот, нешто што само ние го обезбедуваме. Надворешната “политика” на владата кон Бугарија е збир на постојани концесии и на бескрајно трпение за провокации и навреди, без притоа другата страна да се помести од нивните првични позиции од некој друг век и свет.Оваа "политика" и за аматери е јасно дека е погубна и никако ама никако не може да се спакува како “мудрост”. Таквата “политика” не само што го потхранува апетитот на Бугарија и потврдува дека ветото е продуктивно и работи за нив, туку не води сметка за достоинството на македонскиот народ, кој со право се чувствува навреден и онеправдан, вклучувајќи и од вчерашната парада во Битола.Внимавајте, ние сме дале документ и подготвени сме да го прифатиме, само чекаме одговор. Одговорот стигна веднаш следниот ден дека тој документ е неприфатлив за Софија. За потоа нашите да се дообјаснуваат дека документот демек бил португалскиот предлог, што е смешно само по себе оти тој одамна е јасно дека не само што е неприфатлив за Софија, туку и директно македонската страна го погази, испорачувајќи нота до ОН, наместо до ЕУ.Од изјавите на премиерот Петков знаеме дека нашата влада прифатила да преземе обврска да ги вметне Бугарите во Уставот, само се разговарало кога тоа да се направи: дали тоа да биде услов за почетокот на преговорите или да биде услов на следната кривина - отворањето на првиот кластер темели.Тоа значи дека сегашната влада направила двојни концесии за бугарското барање во однос на позицијата на претходната влада.Прво, се сложила да усвои амандман на Уставот на почетокот на преговорите. Претходната влада тоа го постави на крајот на процесот, при зачленувањето во ЕУ.Второ, владата сега ветува нешто што може да го испорача само двотретинско мнозинство во Собранието. Претходната влада разговараше за можноста да иницира уставен амандман до Собранието, на крајот на европскиот пат, кога секако ќе се отвори Уставот заради зачленувањето, оти без симнување на сите антиевропски предизвици кон македонското мнозинство од страна на Бугарија, нема никаква основа во Уставот да се запише бугарското малцинство.Понатаму, од Петков дознавме и дека се договара дел од билатералните прашања да влезат во преговарачката рамка со ЕУ, нешто што беше црвена линија за нас (и за многу земји членки, вклучувајќи го и португалскиот предлог) претходно. Владата, ако е ова точно, “помага” бугарското барање што не може да го исполни сега да ни стане европско барање.Како капак, МНР на Бугарија, Генчовска вели дека сето ова е премалку, дека ние речиси воопшто не сме ги исполниле четирите точки што ги поставила Бугарија, ниту има време да го смениме Уставот до јуни за Бугарија да го крене ветото.Што да каже човек!?Не може да биде поочигледно дека е потребен целосен пресврт во нашата политика кон Бугарија, што ќе се темели на достоинството на нацијата, на европските принципи и на меѓународното право.И додека од другата страна нема спремност за добрососедски разговор што прилега на 21от век, да се зафатиме со работа дома.Во меѓувреме, односите треба да се приспособат на реалноста, а работите да се наречат со вистинските зборови. Ветото е непријателски чин. Уцена. Негирањето на правото на самоопределување е грубо мешање во суверенитетот и во една исклучиво наша работа. Тоа е непријателски чин.Еднаш за антиевропската бугарска политика кон Македонија реков дека со вакви “браќа” не ни требаат непријатели.Но, за жал, и со ваква надворешна “политика” на сопствената влада изгледа нема да ни требаат непријатели.Северна Македонија е независна и суверена држава, членка на НАТО, а не нечија провинција. Така треба и мора да се однесува.ПС. За оние кои уште тврдат дека Преспа го разгори апетитот на Софија, треба да знаат дека Преспа всушност ја принуди Софија да си го покаже вистинското лице, бидејќи го потврди македонскиот јазик и идентитет. Нешто што очигледно силно ја вознемири актуелната политика на Бугарија“, вели Димитров.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Менување на учебници, Бугарите во Уставот и други услови, па Македонија ќе преговара со ЕУ, укажа Јотова

Укажувањата дека војната која се води во Украина може да се прелее на Балканот, не ја вознемирува бугарската потпретседателка Илиана Јотова. Таа смета дека тоа нема никаква поврзаност со членството на Македонија во ЕУ, што пак, според европските и домашните политичари треба да е гаранција за мир.„Не правам поврзување помеѓу едното и другото. Има голема разлика. Ние сме дел од ЕУ таму ги кажуваме нашите позиции. За РС Македонија не знам зошто се прави таква поврзаност. Тука станува збор за исполнување на критериуми за членство на РС Македонија во ЕУ. Тие се напишани, тоа е процедура“, вели Јотова.Според неа, нема да е доволно само Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, туку ќе треба да се променат и ученибиците.

Македонија | пред 3 години

278364033_1045317426380684_1996693763231894631_n

„Нашиве политичари се глупи или какви се шо ги нема да се јават со реакција на сите бугарски провокации од Битола?“, лавина реакции по отворањето на бугарски културен центар

Бугарскиот премиер Кирил Петков и потпретседателката на државата Илијана Јотова утре ја посети Битола и учествуваа на отворањето на културен центар кој го носи името на Иван – Ванчо Михајлов. Делегацијата најпрво го посети Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, а потоа ќе присуствуваат на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“, кое треба да го отвори премиерот на Бугарија, Кирил Петков.На ова имаше реакции од јавноста во Македонија:https://twitter.com/helthy_eski/status/1515385835671232516https://twitter.com/GPockov/status/1515385459349897216https://twitter.com/bakraci/status/1515380387278733313https://twitter.com/Effo_Antivirus/status/1515377625941823494https://twitter.com/ivobosilkov/status/1515373909226438662https://twitter.com/NAPHEXSCHRINK1/status/1515368012488097800https://twitter.com/RedRadish5/status/1515365892611264516https://twitter.com/Nepismen300/status/1515364880244686860https://twitter.com/SZaharieski/status/1515398511394754563https://twitter.com/SancoPansa5/status/1515389927336431623https://twitter.com/FlavrSavr/status/1515410967529758723https://twitter.com/LegitMacedonia/status/1515408030036283398https://twitter.com/OneMorph/status/1515406135607631878 

Коментари | пред 3 години

ilijana-jotova

„Кои се тие Македонци во Бугарија“, праша бугарската потпретседателка

Дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Битола го праша бугарскиот премиер Петков кога Бугарија ќе дозволи Македонците таму да отворат свој клуб и македонски премиер да дојде на неговото отворање? Петков избегна конкретен одговор на ова прашање и само кажа дека со вакви локални активности народот ќе се чуствува поблизок.На истото прашањебугарската потпретседателка Илиана Јотова одговори со прашање „кои се тие Македонци во Бугарија“.„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, рече Јотова.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања