БУГАРИЈА

5978842

Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот.Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум.Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување.Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Северна Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание.Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Македонија | пред 3 години

oliver-varhei

Kако што Грција и Македонија го надминаа нивниот спор, очекуваме Бугарија да го направи истото, вели Вархеји

Денес како што ја славиме четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, важно е да се нагласи дека како што Грција и Македонија можеа да го надминат нивниот спор и да го решат со заеднички договор, очекуваме Бугарија да ги зајакне нејзините напори и да го направи истото, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео обраќањето на панелот „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува во ОхридВархеји нагласи дека Западен Балкан припаѓа во Европа и лидерите на ЕУ едногласно ја изразија поддршката за европската перспектива на регионот и оти соработка со западнобалканските партнери е геополитички избор на ЕУ.– Ова се тешки времиња за нашите економии, прво се соочуваме со пандемијата со Ковид-19 после се соочивме со руската воена агресија во Украина. Последиците од војната се видливи и пошироко во регионот. Високите цени на енергенсите се предизвици со кои се соочуваме глобално. Ве уверувам дека Западен Балкан останува наш приоритет, ова е причината поради која го вклучивме Западниот Балкан во нашите политики за олеснување на криире со гас и храна. Ќе ја намалиме зависноста од руските фосилни горива, на пример со учество на европската енергетска платформа, исто така го вклучивме Западниот Балкан и за подговеноста за криза со храна, за да координираме за достапноста на храна, истакна Вархеји.Еврокомесарот рече и дека инвестицискиот план за Западен Балкан ќе мобилизира над 30 милијарди евра во следните седум години, со цел, како што рече, за да се зголеми БДП на регионот на два проценти, и ќе се забрза интеграцијата.– Имплеменатацијата на планот е во полн ек, веќе ги подготвивме првите 21 инвестициски планови со вкупна вредност од 3,2 милијарди евра и 1,1 милијарди евра грантови преку ИПА фондови. Веруваме дека со забрзувањето на економскиот инвестициски план се движиме во вистински правец за зајакнување на конективноста за зајакнување на нашите економи позелени и подигитални и така ќе се намали зависноста од руските фосилни горива и ќе се спротивставиме на дезинформациите во регионот. Отвораме можности за младите и жените во општеството за нашите земји и општества да бидат поотпорни, рече Вархеји во видео-обраќањето на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Богоев со нова теорија за палењето на бугарскиот клуб: Обезбедувачот исчезнува кога Алабаковски решава да го запали

Стефан Богоев од СДСМ за „ТВ24“ посочи детали поврзани со обезбедувањето на бугарскиот центар во Битола. Според него, обезбедувачот се тргнал од објектот токму во моментот кога Ламбе Алабаковски го запалил. Тој постави низа прашања, на кои кажа дека ги знае одговорите, но не ги кажа пред јавноста.„Проверете која и чија е агенцијата за обезбедување најмена во центарот ‘Ванчо Михајлов’ да го чува, дали сопственичката структура е блиску поврзана со луѓе поранешни и сегашни активисти на ВМРО-ДПМНЕ, зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот, каква е конекцијата на Алабаковски, фамилијарно со разузнавачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и проверете испитајте два дена пред пожарот кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола и дали има никаква поврзаност тоа со агенцијата за обезбедување која магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот. А од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, кажа Богоев.И покрај инсистирање на водителката и соговорниците да даде одговори, тој не кажа кои се одговорите.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6

Бугарија со три барања за да го тргне ветото

Бугарскиот премиер рече дека се работи заедно за да се види дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови.Бугарија има три јасни барања за да може да има напредок на темата со Северна Македонија, порача бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничка прес-конференција утрово во Софија заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.Осврнувајќи се на обвинувања од партијата Има таков народ, која вчера излезе од владата, дека Петков води посебна надворешна политика и сака да го тргне ветото, бугарскиот премиер рече дека ова што го слуша последниве денови се лажни наводи.„Од утрово и последните денови слушам лажни наводи дека бугарската влада имала две надворешни политики и што уште не. Сакам да разјаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок на темата Северна Македонија“, рече Петков.Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање, вели премиерот, е спроведување на Договорот за добрососедство.„Ова беа нашите дискусии и порано и сега, и работиме заедно за да видиме дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови“, рече Петков.Вархеји, пак, порача дека само една земја ги кочи преговорите, а тоа е Бугарија и без нејзина согласност не може да се продолжи понатаму.„Не можеме да го продолжиме процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ без тоа да го одобрат сите земји членки. Сè уште чекам поддршка од една земја, а тоа е Бугарија и на тоа работиме со сите овие средби и разговори што ви водев овде и во Скопје“, изјави еврокомесарот.

Македонија | пред 3 години

slavi-trifunov

Трифунов ја урива владата на Петков: Македонија е важен дел од нашата историја и душа

Лидерот на Има таков народ Слави Трифонов на вонредно обракање предмалку објави дека ги повлчекува министрите од владината коалиција, како причина ги наведе Македонија и економската ситуација.-Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од Народното собрание, различна од онаа што ја декларира ИТН. Премиерот има друг министер за надворешни работи, Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го укине ветото за Македонија и прави се што е можно тоа да се случи, и покрај барањето на голем дел од бугарските граѓани во Македонија, да се исполни договорот меѓу двете земји од 2017 година. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се вика национално предавство, истакна Трифонов со која извесно е дека ке следува пад на владата на Кирил Петков.

Актуелно | пред 3 години

lambe-alabakovski

МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот

На 07.06.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.„Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик“, вели МВР.Според Кривичниот законик, на Ламбе му се заканува казна затвор.„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, стои во КЗ.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Бугарија со протестна нота до Македонија заради пожарот во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски по повод пожарот во раните утрински часови на влезната врата на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола.„На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа високи претставници на Република Бугарија. Бугарската страна е убедена дека неславниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија.Министерката Теодора Генчовска денеска и утре престојува во Република Северна Македонија на разговори за евроинтеграциите на нашиот југозападен сосед и во рамки на посетата ќе ја посети Битола за да се запознае со околностите околу инцидентот со Центарот за култура „Ванчо Михајлов“.Министерството за надворешни работи силно ги повикува властите на Република Северна Македонија да преземат решителна акција за итно откривање и гонење на сторителите на подметнувањето пожар и навремено да ја информираат бугарската страна.Бугарската страна ја поздравува брзата реакција на властите во Република Северна Македонија, кои најостро го осудуваат инцидентот и се залагаат за итна истрага и казнување на сторителите“; се вели во соопштението на бугарското МНР.

Македонија | пред 3 години

jotova

Јотова намeсто Македонија, нѐ нарекува „западен сосед“, а бара почитување на Бугарите

Бугарската политичарка Илијана Јотова преку социјалните мрежи порача дека опожарениот културен центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација. Таа вели дека „западниот соссед треба да ги почитува правата на Бугарите“„Потпалувањето на културниот центар во Битола е уште една провокација и дел од маскираната анти-бугарска кампања, која почна веднаш по отворањето на клубот. На отворањето, пред еден месец, бугарската делегација присуствуваше во Битола, а функција на културниот дом е зачувување на бугарската култура и идентитетот на Бугарите во Северна Македонија. Само брзо дејствување на институциите со цел откривање на сторителите ќе покажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како на сите останати националности“, напиша Јотова.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Бугарија со нови правила за македонското вето

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-i-radev

Радев не престана со провокации: Сите сме Бугари денеска

На 24 мај сите сме само Бугари - со тие зборови ја започнува честитката претседателот Румен Радев до бугарскиот народ по повод 24 мај, денот на светите браќа Кирил и Методиј- Денес има седум милиони бугари во бугарија. милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе каде и да оди. Тоа е бугарскиот јазик. од раѓање сме предодредени да размислуваме и чувствуваме на богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин јазик. јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува. јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината, вели Радев.

Македонија | пред 3 години

pravda-za-oli

„Пресудата е срамна, стоп за неказнивоста за убијците со возила“, најавен е протест

За 18-те месеци затвор што ги доби возачот кој го прегази и усмрти битолчанецот Оливер Петровски, ќе има и протест. Семејството на загинатиот смета дека пресудата е срамна. Бара поддршка од сите, со цел да се изрази револт и да се побара правда. Протестот има мото „Стоп за неказнивоста за убијците со возила“.„Имајќи ја во предвид срамната пресуда на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која убиецот на брат ми го казни со срамни 18 месеци затвор, за сообраќајката во која загина брат ми, а за која немаше никаква вина, ве повикувам сите заедно да излеземе на мирен протест во сабота, на 21-ви мај на Плоштадот Магнолија во Битола (кај споменикот на Филип Втори), во 12 часот, и да го изразиме нашиот револт со поворка до Основниот суд во Битола“, се вели во најавата за протестот.Бојан Петровски, брат на загинатиот Оливер, посочува дека протестот е за да се побара правда и за сите убиени сообраќајки.„Да побараме правда за Оли, но да побараме правда и за сите убиени во сообраќајки. бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во ‘нашата држава’“, вели Петровски.Ова не е прв протест поради изречени судски казни за возачи кои усмртиле пешаци. Претходно, протест имаше и во Скопје пред Кривичниот суд по пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“, каде младата Викторија Николова го изгуби животот, а Леонид Даов беше повреден. Во овој случај возачот доби казна од три години.За прегазувањето на 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет, обвинетиот 21-годишен возач на „Фолксваген туран“ добил казна затвор од 18 месеци. Несреќата се случи во месец јули 2020 година, а пресудата е донесена пред неколку денови. За семејството за трагично загинатиот Оли Петровски кој тргна, но не стигна на работа, казната е ниска. Неговиот брат Бојан Петровски посочи дека државата го убила Оли по вторпат.

Македонија | пред 3 години

248256573_508136460663027_2254212878446040908_n

Има Бугари кои провоцираат за да Македонија биде виновник и остане блокирана, посочи Османи

Бујар Османи смета дека не треба да се наседнува на провокациите кои доаѓаат од Бугарија, прашан за изјава на бугарскиот претседател Румен Радев кој најави дека нема да дозволи легитимација на македонизмот во Европа, Османи рече дека од соседите има намера да и се наметне на Македонија да биде кај нас.„Јас мислам дека реков и во друга прилика, има чинители во Бугарија, не можам да го апострофирам претседателот Радев, не само што сакаат блокадата да продолжи, туку и вината пред светот да биде наша. Затоа има обиди за провокација и блокада. За да наседнеме и направиме грешки во последните недели од процесот. Ако не само ние, да бидеме изедначени како виновници, заедно. Досега С. Македонија нема од никого забелешки за овој процес. Мислам дека овие недели и денови е важно да не наседнеме на провокациите кои се со цел да бидеме виновни и блокирани“, додаде Османи.Промени во статусот за бугарска поддршка со цел Македонија да ги почне преговорите, засега нема. Османи додава: „Мислам дека и тие знаат дека тој процес не може да се врзе директно односно да се поврзе со уставни измени. Мислам дека има компромиси да се заврши тоа пред нашето членство. Мислам дека е добро решение, дека се свесни за тоа“„Се уште останува на констатацијата дека топката е кај Бугарија и дека таму треба да се консолидираат ставовите за тоа што понатаму. Ние кажавме што имавме и го формализираме во различни документи. Ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Бугарија да има консолидиран став од Владата. За жал комуникација има, но конкретни разговори, се додека не го чуеме консодилираниот став на Бугарија – нема“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

petkov-76

Дали во јуни добиваме зелено светло за преговори со ЕУ?

Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај, јавија денеска бугарските медиуми.Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е во НАТО.Во однос на компромисот за ветото за евроинтеграцијата на Скопје и за тоа што ќе се случи со односите ако неговата Влада падне Петков рекол дека не може да биде одговорен за ништо во таков случај.– Не можам да сум одговорен за ништо во таков сллучај. Одлучив дека иднината на Северна Македонија и на Албанија треба да е во ЕУ, и тоа е добро за регионот, изјавил Петков.Тој на крајот на април ја посети Романија и таму со својот колега Николае Чука разговараше на тема природниот гас и можностите за набавка на енергенсот преку гасоводот од северениот бугарски сосед.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-12.03.2022

Мицкоски: Нема да се случат преговори, овој народ многу направил за Европа, ред е таа да се обедини за овој нас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека единственото што може да се случи е прва меѓувладина конференција, доколку се следат позициите на Софија. Според него: „Нема да се случат преговорите, ако не се исполнат сите услови од преговарачката рамка, а таму ќе бидат и барањата на Бугарија“.„ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во Уставот бидејќи немаме гаранција дека ние нема да имаме вакви хегимониски барања од страна на источниот сосед. Османи манипулира. Едно е јасно, ако зависи, него и Петков, преговори нема да има. Туку ќе има невладина конференција, односно сликање за пред јавноста“, рече Мицкоски.„Ги охрабрувам Како што се обединети за кршењето на меѓународното право на Украина, да се обединат и за кршењето на меѓународното право на Македонија. Жално и тажно е што во 21 век зборуваме за вакви теми. Овој народ многу направил за таа Европа.. Овој народ очекува Европа да се обедини за овој народ и да почнеме преговори во јуни“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања