ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

бугарија

cnjreagerhgetehg-197258

„Францускиот предлог не нуди можност за започнување на преговорите со ЕУ“, тврди Морачанин

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за Новатв.мк„Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, додава МорачанинЦелото интервју прочитајте го на novatv.mk.

Македонија | пред 3 години

apasiev

„Колку треба да си жалче да „одбиеш“ француски предлог, откако си попил ново бугарско вето“, вели Апасиев

По прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по самитот во Брисел, реагираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Колку треба да си недоветно жалче, ко божемски да "одбиеш" француски предлог, откако веќе си попил ново бугарско ВЕТО, два саата претходно!?p.s. Ко у вицон: "Бато бе, ај доста ме бранеше"!#АхБеТачеБе“, напиша Апасиев

Коментари | пред 3 години

osmani

„Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ“, вели Левица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, вели Левица„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

pregovaracka-ramka-jazik

„Телма“ објави детали за францускиот предлог кој Македонија треба да го прифати

Три клучни измени има во новиот компромисен француски предлог, дознава Телма.Првата е модификација на терминологијата околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција, со тоа што со новата терминологија, официјалниот старт на преговорите би бил со Првата меѓувладина конференција, а останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.Овие протоколи или заклучоци, повеќе не би биле дел од Преговарачката рамка, како што стоеше во првичниот нацрт – предлог на француското претседателство.Формулацијата околу јазикот останува – македонски, со унилатерални изјави од Бугарија и Македонија, кои инаку немаат формално- правна тежина на обременување на самата Преговарачка рамка.Останува обврската за промена на Уставот и внесување во него на Бугарите, до отворањето на првиот преговарачки кластер.

Македонија | пред 3 години

26042022_PVRSM_Kovacevski_tematska-sednica_1

Македонија се подготвува да го прифати францускиот предлог

Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија, објави премиерот Димитар Ковачевски.„Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, пишува премиерот.

Македонија | пред 3 години

IO1

НСДП: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка

НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор дискутираше за актуелната политичка состојба во државата, со посебно внимание за билатералниот спор со соседна Република Бугарија и јасно ги утврди ставовите на партијата во врска со билатералниот спор.„За НСДП спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Северна Македонија.Република Северна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив.За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат  нови барања, надвор од преговарачката рамка.Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Северна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Северна Македонија“, велат од НСДП

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи не знае што е изгласано во Бугарија за кревање на ветото, Македонија има став но не се знае дали ќе влијае

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не знае која е финалната верзија која е усвоена во бугарскиот парламент за кревање на ветото со услови од францускиот предлог. Ставот на Македонија е историските прашања, промената на Уставот и македонскиот јазикот да не бидат дел од преговарачката рамка, но дали истиот ќе влијае – не е познато.„Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарија и што француското претседателство ќе достави како конечен предлог. Верзијата која беше доставена беше работна, бидејќи одредени прашања за кои не сме усогласени останаа во загради. Така што допрва треба да видиме која е бугарската позиција и што француското претседателство кога ќе види наша и бугарска позиција, како ќе пристапат во овој процес. Ќе бидеме во комуникација со нив за да видиме што ќе биде“, кажа Османи.Тој додаде: „Ќе видиме каква резолуција донел бугарскиот парламент, па што ќе одлучи француското претседателство“.

Македонија | пред 3 години

Nikoloski-23.06

Бугарија сака да кажеме дека не ја окупирале Македонија и не ги депортирале Македонските Евреи во Треблинка, вели Николоски

Би сакал да го поддржам извештајот што беше презентиран денеска и мислам дека овие предизвици се, се уште пред нас. Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но за жал за време на Втората светска војна, главно, повеќето од луѓето што живееја во Скопје всушност над 90% беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на Холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Една друга работа која сакам да ја поврзам со тоа, но и со сегашните времиња.Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка.Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.Би сакал да побарам овде од Стразбур, овие практики да се сменат, оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

najcevska

Францускиот предлог е како пред натпревар да потпишеш договор дека другата страна може да внесува правила за да има предност, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска даде свое мислење како гледа на францускиот предлог. Нејзиниот коментар е исполнет со критики. Таа додава: „Дали некој од македонските политичари во власта ќе каже дека вака како што е формулиран предлогот кој доаѓа од Франција не е добар и ја поставува Македонија уште на почетокот во подредена позиција во процес кој треба да ја направи рамноправен член на една структура?“„Како гледам јас на францускиот предлог? Влегуваш во натпревар пред кој потпишуваш договор дека другата страна има право да внесе правила на игра кои и даваат предност од 5 гола, во текот на играта другата страна може да ги менува правилата на игра и цело време ќе супервизира како се спроведуваат овие промени и ако не е задоволна може да го прекине натпреварот и да добие бодови за победа“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Iliaja-dimovski

Димовски: Радев и Борисов го поддржуваат францускиот предлог, тоа се нови негации на нацијата и јазикот

Илија Димовски смета дека францускиот прелог за Македонија е катастрофален. Според него, на тоа укажува и фактот што е поддржан од Румен Радев и Бојко Борисов.„Веќе работата е чиста... За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат... Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија... Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог...Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа.... П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени..“, вели Димовски.

Коментари | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети: До крајот на месецов ќе се најде решение за спорот со Бугарија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.„Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.„Во моментот францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќ деоведе до избувнување секакви искри“, додава Ахмети.

Македонија | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска

Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.Нема отпосле.Има во секој момент.Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев: Францускиот предлог е мачка во вреќа

„Францускиот предлог, без содржината на патоказот или протоколот споменат во него, е мачка во вреќа“. Ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз.Тој рече дека неколку работи оставиле впечаток во францускиот предлог.„Во целиот предлог единствено што е имплицитно поправено е прашањето за правата на Бугарите во Р. Македонија и промената на македонскиот устав. Односно ова е точката плус 1 од спорните 4 + 1 точки кои остануваат за преговори меѓу Скопје и Софија. Во целата содржина ќе видиме дека нема поими како општа историја, воспитно-образовен процес, архиви на тоталитарните служби во Македонија и ред други прашања кои конкретно беа споменати во условите 4 + 1 поставени од Бугарија“, рече Колев.Тој нагласи дека за него францускиот предлог е мачка во вреќа бидејќи „не може да разбере како бугарските пратеници ќе гласаат за еден документ кога овој документ е упатување на друг документ, чија содржина се уште никој не ја знае“.„Не можам да кажам дали некој се обидува да потпише бланко чек или бел лист без јасна содржина, што утре ќе бидеме крајно изненадени што ќе видиме внатре. Ако работите останат вака, без јасни гаранции за расчистување на контроверзните прашања во историјата, без јасни гаранции за промена на образовниот систем, се надевам дека сфаќате со какви нецивилизирани, нечовечки и неморални избори се соочуваат македонските Бугари. Треба да избереме дали ние и нашите деца сме Бугари или нашите дедовци се Бугари. Се надевам дека бугарското општество ќе сфати за каков вулгарен и нецивилизиран пристап е ова“, предупреди Петар Колев.

Македонија | пред 3 години

petar-bogojeski

„Бугарија распишала меѓународна потерница со цел да ме заплаши и замолчи“, вели Богојески

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави дека власта во Македонија спроведува прогон кон него, а кон тоа се приклучила и Бугарија.„Почитувани граѓани,на прогонот кој власта во Македонија го спроведува кон мене, им се приклучи и официјална Бугарија!Поради мои политички и идеолошки убедувања, Бугарија распишала меѓународна потерница, без никаков правен основ, без известување и образложение, со цел да ме заплаши и замолчи!Имам порака до властите во Бугарија… ниту Грујо, ниту Зајко, па најмалку вие ќе ме исплашите и замолчите!!!Со дупло посилно и пожестоко темпо ќе ги бранам МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој во Софија или не!!!ЗА ДЕЛОТО И КАУЗАТА!ЗА ИЛИНДЕН!ЗА МАКЕДОНИЈА🇲🇰“, вели Богојески.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања