„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

бугарија

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

Ахмети: До крајот на месецов ќе се најде решение за спорот со Бугарија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.„Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.„Во моментот францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќ деоведе до избувнување секакви искри“, додава Ахмети.

Македонија | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска

Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.Нема отпосле.Има во секој момент.Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев: Францускиот предлог е мачка во вреќа

„Францускиот предлог, без содржината на патоказот или протоколот споменат во него, е мачка во вреќа“. Ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз.Тој рече дека неколку работи оставиле впечаток во францускиот предлог.„Во целиот предлог единствено што е имплицитно поправено е прашањето за правата на Бугарите во Р. Македонија и промената на македонскиот устав. Односно ова е точката плус 1 од спорните 4 + 1 точки кои остануваат за преговори меѓу Скопје и Софија. Во целата содржина ќе видиме дека нема поими како општа историја, воспитно-образовен процес, архиви на тоталитарните служби во Македонија и ред други прашања кои конкретно беа споменати во условите 4 + 1 поставени од Бугарија“, рече Колев.Тој нагласи дека за него францускиот предлог е мачка во вреќа бидејќи „не може да разбере како бугарските пратеници ќе гласаат за еден документ кога овој документ е упатување на друг документ, чија содржина се уште никој не ја знае“.„Не можам да кажам дали некој се обидува да потпише бланко чек или бел лист без јасна содржина, што утре ќе бидеме крајно изненадени што ќе видиме внатре. Ако работите останат вака, без јасни гаранции за расчистување на контроверзните прашања во историјата, без јасни гаранции за промена на образовниот систем, се надевам дека сфаќате со какви нецивилизирани, нечовечки и неморални избори се соочуваат македонските Бугари. Треба да избереме дали ние и нашите деца сме Бугари или нашите дедовци се Бугари. Се надевам дека бугарското општество ќе сфати за каков вулгарен и нецивилизиран пристап е ова“, предупреди Петар Колев.

Македонија | пред 3 години

petar-bogojeski

„Бугарија распишала меѓународна потерница со цел да ме заплаши и замолчи“, вели Богојески

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави дека власта во Македонија спроведува прогон кон него, а кон тоа се приклучила и Бугарија.„Почитувани граѓани,на прогонот кој власта во Македонија го спроведува кон мене, им се приклучи и официјална Бугарија!Поради мои политички и идеолошки убедувања, Бугарија распишала меѓународна потерница, без никаков правен основ, без известување и образложение, со цел да ме заплаши и замолчи!Имам порака до властите во Бугарија… ниту Грујо, ниту Зајко, па најмалку вие ќе ме исплашите и замолчите!!!Со дупло посилно и пожестоко темпо ќе ги бранам МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој во Софија или не!!!ЗА ДЕЛОТО И КАУЗАТА!ЗА ИЛИНДЕН!ЗА МАКЕДОНИЈА🇲🇰“, вели Богојески.

Коментари | пред 3 години

25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

„Престанете сами да преговарате и да го криете предлогот, оти не е ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата“, вели Трајковска

Најдобро е само да престанете сами да преговарате и да го криете предлогот/предлозите оти не ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата, а немате никаково право да зборувате и во мое име, а не па да се согласувате за било што, вели новинарката Жанета Трајкоска.„Решението мора да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; МОРА да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот;.... Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти...КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИНедозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговорите (преку Преговарачката рамка)Бугарија мора да се обврзе дека нема дополнително да отвора нови прашањаНе смеат да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту какви и да е дополнителни појаснувања, изјави, итн.Текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.Не смее да се прифати менување на Уставот како услов за почеток и текот на преговорите.Барањата за правична застапеност и јазични права можат да произлегуваат единствено од пописот.Секаква изјава со која Северна Македонија би го негирала постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија би била спротивна на меѓународните принципи на правата на малцинствата и сериозно би го нарушила дигнитетот на државата.Итно спроведување на пресудите на ЕСЧП за македонските организации во Бугарија би бил не само знак на добра волја од страна на Бугарија, туку и извршување на нејзини дамнешни меѓународни обврски.Апсурдно е признавањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија во услови кога Бугарија го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Обидот бугарското барање за промена на Уставот да дојде преку Брисел е спротивен на принципите на ЕУ.Да се спречи злоупотреба на историското минато за етнополитички цели... Антифашистичката димензија на споменичните обележја мора да се зачува, бидејќи е суштински дел од македонската државност.Спречување на говорот на омраза од двете страни гарантирајќи ја слободата на изразувањеРаботата на историска комисија ослободена од диктат и без ограничување со рокови“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

idiot-3

„Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл“, Димитров по францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ.Предлогот на француското претседателство, смета екс министерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

5978842

Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот.Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум.Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување.Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Северна Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание.Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Македонија | пред 3 години

oliver-varhei

Kако што Грција и Македонија го надминаа нивниот спор, очекуваме Бугарија да го направи истото, вели Вархеји

Денес како што ја славиме четиригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, важно е да се нагласи дека како што Грција и Македонија можеа да го надминат нивниот спор и да го решат со заеднички договор, очекуваме Бугарија да ги зајакне нејзините напори и да го направи истото, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео обраќањето на панелот „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува во ОхридВархеји нагласи дека Западен Балкан припаѓа во Европа и лидерите на ЕУ едногласно ја изразија поддршката за европската перспектива на регионот и оти соработка со западнобалканските партнери е геополитички избор на ЕУ.– Ова се тешки времиња за нашите економии, прво се соочуваме со пандемијата со Ковид-19 после се соочивме со руската воена агресија во Украина. Последиците од војната се видливи и пошироко во регионот. Високите цени на енергенсите се предизвици со кои се соочуваме глобално. Ве уверувам дека Западен Балкан останува наш приоритет, ова е причината поради која го вклучивме Западниот Балкан во нашите политики за олеснување на криире со гас и храна. Ќе ја намалиме зависноста од руските фосилни горива, на пример со учество на европската енергетска платформа, исто така го вклучивме Западниот Балкан и за подговеноста за криза со храна, за да координираме за достапноста на храна, истакна Вархеји.Еврокомесарот рече и дека инвестицискиот план за Западен Балкан ќе мобилизира над 30 милијарди евра во следните седум години, со цел, како што рече, за да се зголеми БДП на регионот на два проценти, и ќе се забрза интеграцијата.– Имплеменатацијата на планот е во полн ек, веќе ги подготвивме првите 21 инвестициски планови со вкупна вредност од 3,2 милијарди евра и 1,1 милијарди евра грантови преку ИПА фондови. Веруваме дека со забрзувањето на економскиот инвестициски план се движиме во вистински правец за зајакнување на конективноста за зајакнување на нашите економи позелени и подигитални и така ќе се намали зависноста од руските фосилни горива и ќе се спротивставиме на дезинформациите во регионот. Отвораме можности за младите и жените во општеството за нашите земји и општества да бидат поотпорни, рече Вархеји во видео-обраќањето на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Богоев со нова теорија за палењето на бугарскиот клуб: Обезбедувачот исчезнува кога Алабаковски решава да го запали

Стефан Богоев од СДСМ за „ТВ24“ посочи детали поврзани со обезбедувањето на бугарскиот центар во Битола. Според него, обезбедувачот се тргнал од објектот токму во моментот кога Ламбе Алабаковски го запалил. Тој постави низа прашања, на кои кажа дека ги знае одговорите, но не ги кажа пред јавноста.„Проверете која и чија е агенцијата за обезбедување најмена во центарот ‘Ванчо Михајлов’ да го чува, дали сопственичката структура е блиску поврзана со луѓе поранешни и сегашни активисти на ВМРО-ДПМНЕ, зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот, каква е конекцијата на Алабаковски, фамилијарно со разузнавачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и проверете испитајте два дена пред пожарот кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола и дали има никаква поврзаност тоа со агенцијата за обезбедување која магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот. А од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, кажа Богоев.И покрај инсистирање на водителката и соговорниците да даде одговори, тој не кажа кои се одговорите.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6

Бугарија со три барања за да го тргне ветото

Бугарскиот премиер рече дека се работи заедно за да се види дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови.Бугарија има три јасни барања за да може да има напредок на темата со Северна Македонија, порача бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничка прес-конференција утрово во Софија заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.Осврнувајќи се на обвинувања од партијата Има таков народ, која вчера излезе од владата, дека Петков води посебна надворешна политика и сака да го тргне ветото, бугарскиот премиер рече дека ова што го слуша последниве денови се лажни наводи.„Од утрово и последните денови слушам лажни наводи дека бугарската влада имала две надворешни политики и што уште не. Сакам да разјаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок на темата Северна Македонија“, рече Петков.Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање, вели премиерот, е спроведување на Договорот за добрососедство.„Ова беа нашите дискусии и порано и сега, и работиме заедно за да видиме дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови“, рече Петков.Вархеји, пак, порача дека само една земја ги кочи преговорите, а тоа е Бугарија и без нејзина согласност не може да се продолжи понатаму.„Не можеме да го продолжиме процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ без тоа да го одобрат сите земји членки. Сè уште чекам поддршка од една земја, а тоа е Бугарија и на тоа работиме со сите овие средби и разговори што ви водев овде и во Скопје“, изјави еврокомесарот.

Македонија | пред 3 години

slavi-trifunov

Трифунов ја урива владата на Петков: Македонија е важен дел од нашата историја и душа

Лидерот на Има таков народ Слави Трифонов на вонредно обракање предмалку објави дека ги повлчекува министрите од владината коалиција, како причина ги наведе Македонија и економската ситуација.-Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од Народното собрание, различна од онаа што ја декларира ИТН. Премиерот има друг министер за надворешни работи, Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го укине ветото за Македонија и прави се што е можно тоа да се случи, и покрај барањето на голем дел од бугарските граѓани во Македонија, да се исполни договорот меѓу двете земји од 2017 година. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се вика национално предавство, истакна Трифонов со која извесно е дека ке следува пад на владата на Кирил Петков.

Актуелно | пред 3 години

lambe-alabakovski

МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот

На 07.06.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.„Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик“, вели МВР.Според Кривичниот законик, на Ламбе му се заканува казна затвор.„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, стои во КЗ.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Бугарија со протестна нота до Македонија заради пожарот во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски по повод пожарот во раните утрински часови на влезната врата на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола.„На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа високи претставници на Република Бугарија. Бугарската страна е убедена дека неславниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија.Министерката Теодора Генчовска денеска и утре престојува во Република Северна Македонија на разговори за евроинтеграциите на нашиот југозападен сосед и во рамки на посетата ќе ја посети Битола за да се запознае со околностите околу инцидентот со Центарот за култура „Ванчо Михајлов“.Министерството за надворешни работи силно ги повикува властите на Република Северна Македонија да преземат решителна акција за итно откривање и гонење на сторителите на подметнувањето пожар и навремено да ја информираат бугарската страна.Бугарската страна ја поздравува брзата реакција на властите во Република Северна Македонија, кои најостро го осудуваат инцидентот и се залагаат за итна истрага и казнување на сторителите“; се вели во соопштението на бугарското МНР.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања