„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

БУГАРИЈА

Screenshot-2024-09-15-at-12.23.16

Амбасадорот на Бугарија ќе добие демарш, а нивната цел не е Бугари во Устав туку покажување на мускули, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дипломатска нота во знак на протест, бидејќи претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Бугарија кај тамошниот претседател Румен Радев беше пречекана со две бугарски знамиња, наместо со македонско. Според Мицкоски, ова ќе ги потврди владините заложби за водење на принципиелна дипломатска политика каде нема никој да ја гази Макеоднија.„Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои не понижуваа и газеа. Сега дипломатски се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна или пак дипломатска политика со свиткана кичма. Tогаш кога ќе се помине црвената линија тогаш треба и да се реагира, затоа што ако не реагирате, тој исклучок понатаму ќе стане пракса“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Она што е поважно за мене, Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Онојпат, кога ќе видиме дека се поминати црвените линии тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска тој демарш ќе биде врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“.

Македонија | пред 1 година

Foto-2

„Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Давкова“, СДСМ ја нападна власта за патувањето во Бугарија и знамето

„Македонската делегација на чело со Гордана Силјановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а напата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Гордата Гордана и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија.Гордата Гордана се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам.Сиљановска оттаму се враќа без никаква конкретна порака или договор. Прашањето е зошто ја плаќаат граѓаните Гордана, за да гледа опери и ужива? Малку ли и беа три месеци на одмор во Охрид летово во вилата?Ја прашуваме Гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи?Каде се изгуби државното име и во него Македонија - за чие меѓународно признавање се бореа генерации?Каде се изгуби ветената и неостварена гордост?Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија?Почитувани граѓани,Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија.Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден.

Македонија | пред 1 година

avion

Драма во Бугарија: Се урна воен авион, претходно од истата база полетал авион со претседателот

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува Новините.За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа“, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.

Свет | пред 1 година

1-5

Тензично меѓу Скопје и Софија: Николовски ја навреди бугарската Влада, од таму испратија „закани“

Политичките тензии меѓу Скопје и Софија повторно се интензивираат. Обидите за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, порачаа од бугарското МНР по изјавата на премиерот Мицкоски дека во Бугарија има техничка влада со која не треба сега да се преговара.Од бугарското МНР велат дека Софија останува отворена за дијалог, но потенцираат тој дијалог не вклучува репреговарање на веќе преземените обврски од Скопје.- Изјавата на премиерот на Република Северна Македонија, за жал, уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја. На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. - велат од МНР на Република Бугарија.Николовски, кој порано беше претседател со Националниот совет за евроинтеграции, изјавата ја даде откако МНР на Бугарија вчера излезе со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека преговарачката рамка со ЕУ, односно францускиот предлог, може да биде дополнет, односно репреговаран, на што од Софија стигна порака дека такво нешто нема да се случи ниту со техничка ниту со политичка влада во Бугарија.„Секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија. Не знам сега, не сум сигурен кога им се изборите, затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада, веќе не можат луѓе да најдат за во техничката влада. Такашто нека си ги средат прво дома работите,нека изберат политичка влада и ќе седнеме и зборуваме со политичката влада. Немам намера да одговарам на луѓе кои што ловат политички поени, а кои што се политички маргиналци во моментов во Бугарија, затоа што се претставници на влада којашто нема легитимитет од никого“, изјави Николовски.

Македонија | пред 1 година

1-5

Бугарскиот амбасадор дециден: Преговори не може да има за нешто што е договорено

На Бугарскиот амбасадор во земјавата Ангел Ангелов, мандатот му завршува во петок. Тој денеска јасно го изнесе ставот дека се надева Бугарија по изборите на 27 октомври да добие нова Влада. Најави дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.Не преговори, вели Ангелов, затоа што преговори не може да има за нешто што е договорено и мора да почне да се исполнува.,, Мене во петок ми завршува мандатот. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме Влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија”, изјави Ангелов.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе има промена во кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

Македонија | пред 1 година

bugarija-zname

Бугарија се уште во криза: Радев одби да именува влада

Политичката криза во Бугарија, која трае повеќе од три години, дополнително се продлабочи откако претседателот Радев одби да именува преодна влада, поради спор околу министерот за внатрешни работи, со што на неодредено време се одложија вонредните парламентарни избори.Мандатот за состав на преодната влада Горица Гранчарова Кожарева во понеделник го претстави својот кабинет во кој министер за внатрешни работи останува Калин Стојанов.Претседателот на Бугарија, но и опозицијата, го сметаат Стојанов за сојузник на Дељан Певски, бугарскиот олигарх кој беше санкциониран од САД и Велика Британија поради корупција.Бидејќи Гранчарова го одби барањето на Радев да предложи друг министер за внатрешни работи, Радев рече дека новата привремена влада нема да положи заклетва денеска во Собранието и дека следните вонредни избори нема да се одржат на 20 октомври според планираното.Смирување на политичката ситуација и одржување фер избори очигледно е невозможно доколку Стојанов остане на функцијата, напиша Радев на својот Фејсбук профил.Бугарската новинска агенција БТА пишува дека Радев направи преседан во современата историја на Бугарија со тоа што одби да го потпише указот за именување на преодна влада.Смената на Стојанов побара и лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов и апелираше да се најде решение вонредните избори да се организираат што поскоро на начин прифатлив за сите политички сили.Тој денеска на прес-конференција рече дека видел неколку неприфатливи постапки на Стојанов, меѓу кои и „крената тупаница“ пред Претседателството.Борисов оцени дека мандатарката Гранчарова Кожарева постапила набрзина и дека требало да предложи друг министер за внатрешни работи.Во меѓувреме Гранчарова Кожарева поднела пријава до обвинителството бидејќи и биле притиснати додека се обидувала да формира преодна влада.Стојанов, кој поради одлуката на Радев им се придружи на полицајците на протестот пред Претседателството, го обвини претседателот дека на неприфатлив начин се меша во работата на извршната власт, велејќи кој треба да биде во следната преодна влада.Многу критичари го обвинуваат Стојанов дека работи во корист на Певски, медиумски тајкун и еден од водачите на Движењето за права и слободи (ДПС), кое главно го претставува големото турско малцинство во Бугарија.Минатата недела МВР затвори сатирична веб-страница која го исмеваше Певски.Во Бугарија во изминатите три години се одржаа шест парламентарни избори, но ниту една политичка сила досега не успеа да формира стабилна влада.

Свет | пред 1 година

2017-06-bulgaria-eca-lgbt-pride

Бугарија забрани „ЛГБТ пропаганда“ во училиштата

Бугарската Влада дејствувајќи преку закон, забрани промоција на како што велат, „нетрадиционална сексуална ориентација или родово определување“. Бугарскиот парламент го изгласа, а со него, стрикно се забранува промоција на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите личности...Според народните избраници, сето ова е ЛГБТ пропаганда. Забраната е имплементирана преку Законот за предучилишно и училишно образование, усвоен од 159 пратеници, додека против биле 20, а 10 воздржани.Народните избраници сметаат дека ваквата забрана е согласно бугарскиот Устав, кој предвидкува дека брак е заедница меѓу маж и жена.„Кога земаме текстови од Википедија за да донесуваме закони, тоа не е десна ориентираност, не е конзервативна ориентираност и не е заштита на бугарските деца, тоа е евтин популизам“, рече Елисавета Белобрадова од реформистичката „Продолжуваме со промената“.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Повторно парламентарни избори во Бугарија, шести пат во последните три години

Бугарите ќе излезат на гласање на нивните шести парламентарни избори во последните три години, но аналитичарите велат дека е малку веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи.Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бореше со честите промени на владата по масовните антикорупциски протести во 2020 година. Оттогаш, се одржаа пет избори, кои продуцираа несигурни коалиции кои брзо се распаднаа.Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека ниту овојпат нема да добие мнозинство ниту една партија. Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време, а затвораат во 20 часот. Излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места. Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ.На Бугарија и треба стабилна и добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ кои треба да се вложат во лошата инфраструктура и да ја охрабри да се приклучи на еврозоната и целосно да учествува во отворената европска Шенген зона.Плановите за влез во еврозоната веќе двапати беа одложени поради промашените цели за инфлација. Пристапувањето во моментов е закажано за 25 јануари 2025 година. Неуспехот да се формира стабилна влада ќе го зголеми ризикот од дополнителни одложувања, велат аналитичарите на Teneo во извештајот минатата недела.Бугарија досега има добиено само 1,4 милијарди евра од 5,7 милијарди евра достапни во грантови од Инструментот за опоравување и отпорност на ЕУ.„Понатамошниот напредок е неизвесен бидејќи земјата мора да спроведе политички чувствителни реформи во енергетскиот сектор, што би можело да биде потешко без стабилна влада“, додаваат тие.Гласањето и одржувањето на овие избори е поттикнато од падот на владејачката коалиција во март, која се состоеше од централно-десничарската партија ГЕРБ и реформистичката партија Продолжуваме да се менуваме (ПП). Според последната анкета на Галуп, објавена во петокот од новинската агенција БТА, ГЕРБ е во водство со 25,9 отсто од гласовите, а по неа следат три партии во тесна трка за второто место.Според анкетата, ПП добива 15,7 отсто од гласовите. Ултранационалистичката проруска партија „Преродба“ 15,5 отсто и Движењето за права и слободи, кое го претставува претежно големото турско малцинство, 15,3 отсто. Бугарите в недела ќе ги изберат и своите претставници за Европскиот парламент, но проблем може да биде заморот од изборите. Во анкетата на Галуп, само 40% од испитаниците изјавиле дека планираат да гласаат.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Силен земјотрес ја погоди и Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Бугарија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот се случил на три километри од Девин на југот на Бугарија и 57 километри од Пловдив.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Свет | пред 1 година

bugarija-zname

Можеби Бугарите а не ние треба да го променат уставот, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, објави текст во кој може да се прочита информација дека бугарскиот суд ја одбил Истанбулската конвенција против насилство врз жените, затоа што Уставот не им дозволувал.Потоа таа додаде свој коментар:„Уставот не им дозволува да ја ратификуваат Истамбулската конвенција против насилство над жените. Уставот не им бил соодветен да спомнат етнички малцинства.Можеби Бугарите а не ние треба да го променат уставот“, напиша Најчевска

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-07-28-105807

Полицијата не пушти низ опасна населба, вели пријател на избодениот Бугарин во Скопје

Петар Бозов, пријател на избоденото момче со нож во Скопје, 29-годишниот Бугарин, во изјава за бугарска НОВА истакна дека и тој самиот бил повреден откако бил удрен со стап по главата.Тој вели дека ниту еден сонародник кој патувал со повеќе автомобили од тоа место не е организиран фан, ниту дел од агитација. Тој, исто така, негираше дека учествувал во организирани тепачки.Според мажот, избодениот Драго не е во опасност по живот. Тој ги повика бугарските власти да помогнат во неговото лекување и транспортирање во Бугарија.„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Пред него сите бугарски автомобили беа детално проверени дали има оружје. Излезе кордон да не придружува, но на автопатот „пукна“ и не бевме добро чувани. Пред кривина, возачот на вториот автомобил ми блесна со светло и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме? и реков „Да, по трасата што ни ја даде Левски“. До нас застана патролно возило и ги прашавме: „Десно“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот за Чаир“, вели пријателот на избодениот Бугарин.Тој обвинува дека македонската полиција многу добро видела колку бугарски автомобили скршнале и завршиле во предметното опасната населба.„Тогаш започна кошмарот. Околу нас се собра поголема група мажи Албанци кои почнаа да удираат по автомобилите. Таму го избодеа и Драго. Бевме тепани со метални предмети и лименки“, се присетува учесникот.Тој објасни дека полицијата им забранила да се сликаат. Ним им беше одбиен и преведувач за време на сослушувањата. На крајот преведувал бугарскиот амбасадор.

Македонија | пред 2 години

bugarija-MNR

Бугарија за истрагата за „Мал битолски Монмартр“: Обидите да се претстават ваквите позитивни иницијативи во негативен контекст загрижуваат

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира откако во земјава полицијата отвори истрага затоа што од „Мал битолски Монмартр“ носеле деца на средби со бугарски политичари.Според нив, овие позитивни гестови биле претставени како нешто негативно во Македонија.„Нејасно е како како проблем се претставува демонстрацијата на почит од страна на официјални претставници на бугарската држава кон талентот на младите уметници и читањето на светски реномираното ремек-дело на литературата за деца „Малиот принц“ од шефот на државата на Република Бугарија. Повикот за поплаки против група деца кои ја посетуваат Бугарија, за што постои експлицитна согласност од нивните родители, е обид за формирање негативно јавно мислење и ставови и претставува притисок врз оние локални граѓани и организации кои го поддржуваат пријателството меѓу двете земји. Посебно вознемирува што тоа се случува во овој крајно одговорен момент, кога власта во Скопје се изјасни дека се стреми да создаде позитивна клима за усвојување на уставните измени. Градењето добрососедски односи со Бугарија подразбира радикално поинаков, европски пристап. Ги повикуваме нашите пријатели во Скопје да ги насочат своите напори за обезбедување на европската иднина на Северна Македонија. Секоја провокација која има за цел да оправда одредени политички одлуки во претстојниот клучен период ја става оваа иднина во ризик. Сметаме на институциите во Северна Македонија јасно и јавно да ја осудат оваа и другите слични провокации“, се вели во соопштението од бугарското МНР.И дел од бугарските политичари вчера реагираа за истрагата.Претседателот на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов побарал бугарското Министерство за надворешни работи да излезе со осуда, а осуда упати поранешниот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.Полицијата по допрен глас го известила ОЈО за случајот со културната установа „Мал битолски Монмартар“ која изминатиот период во неколку наврати однела деца во посета на Бугарија.За посетата на децата на својот Фејсбук-профил на 4.јули информирал и претседателот на Бугарија, Румен Радев. Децата претходно биле и кај поранешниот бугарски премиер, Симеон Втори -Сакскобурготски, како и на гробот на неговиот татко, царот Борис Трети.

Македонија | пред 2 години

bugarija-zname

Бугарско државјанство за 250 денари, фондацијата „Македонија“ повика на масовно вадење документи

Одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родени да се внесе нова графа за етничка припадност се претвори во шанса за македонските Бугари да дојдат до бугарски пасош за само 250 денари, колку што чини таксата за вадење извод. Фондацијата на Бугари во земјава „Македонија“ преку објава на Фејсбук ги повика Бугарите масовно да вадат вакви документи.„Според новиот закон, можете да го ажурирате изводот на родените и да напишете националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ви даде можност со сигурност да добиете бугарско државјанство, но треба да напишете бугарска припадност во изводот на родените и со сигурност да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Вадете масовно вакви документи од С. Македонија, во кои ќе пишува националност бугарска. Чини 250 денари“, објави фондацијата.Апелот до македонските Бугари фондацијата го поткрепува со законот кој што беше објавен во Службен весник пред една недела.„Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги“, пишува во законот.

Македонија | пред 2 години

bugarija-MNR

Бугарското МНР проверува дали претседателот на бугарскиот клуб во Струга бил нападнат поради омраза

Бугарското министерство за надворешни работи објави дека добиле информација за напад извршен денеска врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.„Според првичните податоци, на жртвата и’ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница“, велат од бугарското МНР.Се додава дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.„Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.„Макфакс“ претходно објави дека еден од основачите на бугарскиот клуб „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, бил натепан од маж од струшко село. Од МВР објавија дека станува збор за нарушен ред и мир и дека постапиле, додека бугарските медиуми, на нападот му даваат етнички предзнак, по тврдењето на Кадирески дека бил цел поради бугарската самосвест.

Македонија | пред 2 години

346093958_3513447095558151_4686834137484193369_n

Првите луѓе на згаснатиот клуб добија бугарски пасоши: „Ќе бидеме достојни граѓани на Бугарија, како што сме на Македонија“

Бугарскиот претседател Румен Радев им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и на Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“.„За мене е привилегија да доделам бугарски лични документи на двајца наши сонародници, чија патриотска активност и храброст ја потсети цела Бугарија дека железниот светилник на бугарскиот патриотизам никогаш не бил згаснат во соседна Република Северна Македонија, дека илјдагодишната бугарска култура и историското наследство во Македонија се неизбришливи и ќе продолжат да ги будат умовите и срцата на Бугарите“, рече Радев.Претседателот, како што пишуваат бугарските медиуми, им вети дека државата ќе ги заштити нивните животи, достоинство и правда.Шефот на бугарската држава повторно кажа дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија рамноправно со другите народи е практично гаранција за нивната рамноправност и неопходно барање на ЕУ за почеток на преговорите за членство и им заблагодари на европските лидери за прифаќањето и разбирањето на нивниот став.„Да работиме заедно во името на граѓаните во Бугарија и Северна Македонија, народот од двете страни на границата, со убедувањето дека споделуваме не само заедничка вековна историја, туку и заедничка иднина во обединета Европа“, рече Радев.Претседателот на затворениот клуб „Иван Михајлов“, Љубчо Георгиевски се заблагодари за документите и кажа дека претседателската институција во Бугарија прва го слушнала нивното барање за помош, како и дека проблемот на Бугарите допрел до европските институции и држави.„Мислам дека ќе бидеме достојни граѓани на Бугарија, како што сме и на Македонија“, рече тој.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања