ЃОКО РИСТОВ

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница, изјави дека не располага со точен податок колку пријави биле поднесени против судијата Ѓоко Ристов, кај кого во домот на неговите родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, но нагласи дека досега немало пријави од негови колеги – судии од Апелациониот суд.Камбовски посочи дека во Судскиот совет постојано пристигнуваат голем број претставки, но дека не се сеќава на конкретна претставка која се однесувала на сомнеж за земање мито или слични тешки обвиненија против судијата Ристов.„Во Судскиот совет има безброј претставки. Од прва, не се сеќавам дека имало конкретна претставка за земање мито или нешто слично. Колку што паметам, имаше случај кој се однесуваше на негово неизземање во предмет каде што требало да биде изземен. За други конкретни наводи во овој момент не можам да се сетам. Ќе ви одговориме официјално, за да не дадам неточна информација“, изјави Камбовски.На дополнително новинарско прашање дали во Судскиот совет имало пријави поднесени од судии, колеги од Апелациониот суд, конкретно против судијата Ѓоко Ристов, Камбовски децидно одговори дека такви пријави немало.„Не. Во однос на пријави од негови колеги – судии од Апелација, досега немало такви пријави во Судскиот совет. Можеби имало претставки, па и анонимни претставки, но од колеги-судии – не“, нагласи претседателот на Судскиот совет.Тој најави дека Судскиот совет ќе излезе со официјален и прецизен одговор за сите прашања поврзани со евентуалните претставки и постапки, откако ќе се изврши целосна проверка на документацијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

„Плитко алиби“ – премиерот Мицкоски за парите пронајдени во ѕид во домот на родителите на судија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, во гостување на телевизијата „21“, се осврна на случајот со 350 илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.Говорејќи за настанот, Мицкоски нагласи дека не сака да коментира од позиција на премиер, туку како граѓанин. Тој истакна дека не му е јасно зошто пари, за кои се тврди дека потекнуваат од легална продажба на нива, би биле чувани заѕидани во ѕид, кога постојат бројни вообичаени и законски начини за нивно чување.„Не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Но, како човек, навистина ми беше лошо за гледање. И да е точно дека станува збор за легално продадена нива и дека сѐ поминало низ законски процедури, не разбирам зошто тие пари би се нашле заѕидани во ѕид. Ако се чисти, има многу конвенционални начини да се чуваат. Нема повод, ниту причина тоа да се прави на ваков начин“, изјави Мицкоски.Тој оцени дека образложението за потеклото и начинот на чување на парите му делува неубедливо, но нагласи дека конечниот збор треба да го имаат надлежните институции.„Мислам дека алибито е малку плитко, но оставам судските органи да го кажат своето“, додаде премиерот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судијата поради парите во ѕид ќе си остане во куќен притвор

Жалбата на судијата Ѓоко Ристов, со која бараше да биде ослободен од куќен притвор, е одбиена, соопшти Кривичниот суд.Како што информираат од судот, Кривичниот совет, постапувајќи по жалбата на осомничениот Ѓ.Р., ја потврдил претходно донесената одлука за определување мерка куќен притвор. Со тоа, судијата Ристов и понатаму останува под оваа мерка, донесена во рамки на постапката што се води против него.Од Кривичниот суд наведуваат дека одлуката е донесена по разгледување на сите наводи изнесени во жалбата, при што Советот оценил дека и натаму постојат законските услови за опстојување на мерката куќен притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqs0vufp0pi29bgeioHb

Министерот за правда: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра е симбол на неказнивост

Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција се осврна на состојбите во правосудниот систем, нагласувајќи дека Министерството за правда има јасен пристап – таму каде што постојат индиции за злоупотреби ќе има институционална реакција, а таму каде што се утврдени слабости ќе следуваат интервенции.Филков истакна дека јавноста во изминатиот период била сведок на низа настани и случаи кои сериозно ја засилиле загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Според него, ваквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат, особено кога предмети за висока корупција со години остануваат без разрешница, а очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор.„Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор, тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата?“, порача министерот.Тој посебно се осврна на случајот со апелациониот судија во чиј дом беа пронајдени 350 илјади евра, скриени и заѕидани во ѕид, оценувајќи дека станува збор за повеќе од обичен скандал. Според Филков, овој случај е симбол на длабока системска слабост и на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита, која со години ја разјадува довербата на граѓаните во правосудниот систем.Министерот нагласи дека ваквите случаи директно ја нарушуваат довербата во целото судство и ја доведуваат под сомнеж самата судиска функција, која, како што рече, треба да биде во служба на граѓаните и правдата, а не да се доживува како привилегија.Филков укажа и на сериозните предизвици со кои се соочува обвинителството, меѓу кои ги наведе недоволната ефикасност, ограничените капацитети и недостигот од решителност во справувањето со најтешките форми на криминал. Тој додаде дека истражувањата за перцепцијата на корупцијата јасно покажуваат оти довербата во судството и обвинителството е сериозно нарушена и дека таа не може да се врати преку ноќ, ниту со една единствена одлука.Според министерот за правда, проблемот е системски и не се однесува само на поединечни случаи. Затоа, како што нагласи, Министерството за правда пристапува системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни, добро насочени чекори, со цел ваквите појави да не продолжат да се повторуваат и да се обнови довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrtivtnt49pgvb1YWkDp

„‘Кабернет Ѓокињон’ од 350.000 евра: едвај преживувал со плата од 3.000 евра, па морал да работи лозарство“

Родителите на судијата од Апелациониот суд во Скопје, Ѓоко Ристов, тврделе дека 350.000 евра пронајдени скриени зад плочки во ѕид не се сопственост на нивниот син, туку нивни, стекнати од земјоделие. Како што било соопштено на брифинг со новинарите, тие пред истражителите изјавиле дека парите се од „лозје“.Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично коментираат дека „со плата од 3.000 евра едвај преживувал, па морал лозје да работи“, додавајќи саркастично: „Еее, знаете од оние вина од времето кога од три чаши се правевме ѕид? Епа тие биле од сортата Кабернет Ѓокињон“. Други, пак, заклучуваат дека од земјоделие може да се заработат 350.000 евра само ако се садат марихуана и афион.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Зошто куќен, наместо ефективен притвор за Ѓоко Ристов: боледувањето една од клучните причини

Можноста за бегство секогаш постои, но постојат и други околности, меѓу кои и боледувањето, беше образложението на обвинителката Искра Хаџи Василева во врска со предлогот судијата Ѓоко Ристов да биде ставен во куќен притвор наместо ефективен притвор, мерка што судот ја прифати. Според неа, со оглед на активното боледување, но и врз основа на проценката на Обвинителството, определената мерка се очекува да ги даде своите резултати истрагата да тече без влијание на сведоци, а Ристов да биде достапен за органите на прогонотОва објаснување доаѓа по низата реакции и прашања во јавноста, поврзани со тоа дали Ристов може да влијае врз истрагата доколку не биде сместен во истражен затвор, како и дали постои ризик од бегство, особено по сознанијата дека во домот на неговите родители биле пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид. Коментарите одеа дотаму да, се отвори прашањето дали може да има и други пари кои по дојава би смениле место каде се наоѓаат - нешто што досега не е потврдено ниту со истрагата, а ниту со докази.И покрај овие дилеми, обвинителката оцени дека куќниот притвор во овој момент е соодветна и пропорционална мерка. Таа посочи дека Обвинителството внимателно ќе го следи нејзиното почитување и дека секое евентуално прекршување на условите ќе резултира со барање за определување притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

Родителите на судијата тврделе дека 350.000 евра ги заработиле тие од земјоделие односно грозје, па ги скриле во бункерот зад ѕидот

Родителите на судијата од скопска Апелација, Ѓоко Ристов, тврделе дека парите. 350.000 евра најдени скриени зад плочки во ѕид не се на нивниот син, туку нивна сопственост, стекнати од земјоделие.Кога истражителите односно полицијата побарала појаснување, родителите на Ристов рекле дека се од „лозје“. Ова беше соопштено на брифингот со новинарите од обвинителката Искра Хаџи Василева која го води предметот за противправно стекнување имот и перење пари против судијата.Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека „одбраната која беше дадена од осомничениот, Обвинителството не го убеди, наспроти нашите докази, кажувањата. Одбраната дека се од земјоделие и на родителите – мене не ме убеди“.Признавањето дека парите се на родителите на Ристов, а не на судијата, дошле откако биле најдени. Претходно, на прашања од полицијата односно истражителите кажале дека не чуваат дома пари. На претресот кој според Обвинителството е законит, не присуствувал судијата кој сега е во домашен притвор.Инаку Ѓоко Ристов не бил на ПИ-мерки. Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека има и други сведочења во контекст на дадени пари за наместени судски одлуки.„Има и други сведочења, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Осомничениот (Ѓоко Ристов) никогаш не бил на ПИ-мерки. Паралелно тече финансиска истрага. Финансиските истраги бараат дополнително време, многу институции ви даваат податоци, да врзите математички, сопствености. Паралелно со финансиската истрага која ви дава доста сознанија и докази, станува јасно дека кога барате кеш-пари, тешко е да фатите пари на рака. Имаше многу луѓе кои пријавуваа, имаше покредибилни пријави за адвокати, за други лица“, рече обвинителката на брифинг со новинарите.Повеќе детали за тоа како се најдени парите:

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“

Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие одговориле негативно.„Имало потазе цемент, а ги прашувате дали сте поправале нешто, а тие велат дека не поправале“, посочи обвинителката.Како клучен сомнителен детал при вториот претрес се појавиле плочките во просторијата, кај кои било забележано дека фугата не е иста како кај другите плочки. Дополнително, истрагата располагала и со оперативни сознанија кои упатувале на можност дека парите се кријат токму таму.„Испокршени биле плочките на местото каде се криеле парите, на рачно тропкање давале друг звук. Нас нѐ обврзуваат прописите да не растураме и кршиме.. Па се потрдувиме што поелегантно. Но, при мало кршење се појави дупка, а низ дупката се појавија пари“, рече обвинителката Искра Хаџи Василева, предметен обвинител.Таа појасни дека биле направени проверки на имотната состојба, недвижностите и приходите, вклучително и анализи на примањата од судиската плата, која, како што нагласи, е лесно проверлива.„Беа направени проверки, на недвижност, имот, како и што можете од државна плата што е многу лесно, бидејќи ние не смееме да имаме дополнителни примања. Направени претреси на три локации претходно, не беа најдени средства. Не е лесно да најдете пари. При првиот обид не беше најдено ништо, па си велите по сознанијата да се провери пак. Отидовме поспремни со технологија“, изјави обвинителката.Во овој момент, според обвинителството, пронајдените пари не се директно поврзани со конкретен судски предмет. Сепак, контурите на случајот, како што беше наведено, почнале да се исцртуваат во контекст на предметот поврзан со адвокатот Фехми Стафа кој го застапува обвинетиот Љупчо Пецов-Ѓаволот. Стафа кој беше фатен при примање пари, за кои Обвинителството тврди дека биле наменети за подмитување судија.„Со наводи и докази кои беа доставени по однос на Љупчо Пецов (Ѓаволот) кој е осомничен во една постапка на Обвинителството... Тогаш се добиваше поконкретни контури. Нему му се барани пари, за да мерката се укине. Ама знаете, кога имате активно решение, тешко е да не влезете во притвор барем еден ден, два, за да образлагате потоа зошто да не влезете. И оттука тргнуваат жалбите, враќање на жалби...“, изјави обвинителката.Таа посочи дека во повеќе случаи, лицата фатени со мито ја поставуваат истата прашалник-реакција.„Кој ме намести“, ова било прво нешто што го кажувале во повеќе случаи, лица кои биле фатени со мито, рече обвинителката, додавајќи: „Како може некој да ве намести, ако вие сте барале и ви дале мито?“.Обвинителката Хаџи Василева ја оцени постапката како сложена уште од самиот почеток.„Комплексна и интересна истрага беше од самиот старт“, рече таа.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylmjjohg7e51cb4eGzeh

Судиското здружение бара почитување на презумпцијата на невиност на Ѓоко Ристов и заштита на угледот на чесните судии

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со приведувањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.Во соопштението се наведува дека се очекува надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, со целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таа постои. Од Здружението нагласуваат дека истрагата мора да се води без селективност и со доследно почитување на законските процедури.Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Воедно, се потенцира дека ваквите појави не смеат да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои, како што се наведува, претставуваат огромно мнозинство во судството.Од Здружението бараат целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии и повикуваат на воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се оценува дека истиот принципиелен и одговорен пристап треба да важи и за сите други општествени чинители и функционери склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за ерозија на довербата во институциите и во системот во целина.Здружението на судии нагласува дека останува посветено на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и на враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Во соопштението се потсетува и на уставното начело на презумпција на невиност, кое мора доследно да се почитува во секоја постапка, како еден од темелните принципи на правната држава.Во актуелниот момент, според Здружението, на граѓаните не им е потребен сензационализам, ниту од страна на органите на прогонот, ниту од политичките структури, туку достоинствен пристап, неселективност, отчетност и целосно почитување на човековите права и европските вредности кон кои се стреми државата.

Македонија | пред 2 седмици

evra

ВРЕДИ: 350 илјади евра кај апелационен судија не се инцидент, туку доказ за заробена правда

„Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда“ соопштија утринава од Коалицијата ВРЕДИ.ВРЕДИ потсетува дека „Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор“.„Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки „амнестии“ за моќни луѓе. Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња“ – велат од ВРЕДИ.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqvnfgjgrrccdfvR4bOu

Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен имот, но дека судот не спаѓа во таа категорија.Според него, ваквата формулација не може да се применува ниту на судии, ниту на обвинители, што, како што рече, отвора сериозна правна дилема околу самата квалификација на делото. Давидовиќ нагласи дека клучниот доказ што Обвинителството постојано го истакнува се 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но дека тие средства, па според записникот од претресот, биле пријавени како нивни лични пари.„350 илјади евра, кои беа најдени кај неговите родители, кои на записникот, напишале дека се нивни лични средства, тоа го признава и обвинителката“, вели Давидовиќ.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судијата Ѓоко Ристов со ѕиданите пари оди во куќен притвор и останува без пасош, одлучи Кривичен суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое му определи мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за тешки кривични дела од областа на финансискиот криминал.По произнесувањето на осомничениот и на надлежниот јавен обвинител, судот го прифати предлогот на обвинителството и на Ристов му определи мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.Имајќи предвид дека осомничениот е апелационен судија и дека се товари за две кривични дела – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „Противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, судот пред донесување на одлуката го доставил предлогот на обвинителството до надлежниот Судски совет на Република Македонија, кој одлучуваше по прашањето за судискиот имунитет.Откако Судскиот совет дал согласност за постапување, Основниот кривичен суд Скопје го прифатил предлогот на обвинителството и ги изрекол мерките против Ристов. Против донесеното решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека постапката е во тек и дека понатамошните процесни дејствија ќе зависат од развојот на истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb360u0uo9bamfEegyMh

(Видео) Со рацете во џеб, судијата Ристов отиде во суд, придружуван од сопругата и адвокатот

Со рацете во џеб, судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација од Обвинителството каде беше на распит, замина во Кривичен суд, каде ќе се одлучува по предлогот да му изречат куќен притвор. Во домот на неговите родители, беа најдени 350.000 евра заѕидани во ѕид.Ристов беше во друштво на неговата сопруга која го чекаше на влезот од Обвинителството, и адвокатот Sвонко Давидовиќ. Во судот дојде и адвокатот Душко Јанковиќ, а таму отиде и обвинителката Искра Хаџи Василева.Претходно, Судски совет му го симна имунитетот на Ристов, за Кривичен суд да може да одреди мерки на претпазливост.Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryajf5b4e7a1hi1o0MbpC

Судскиот совет едногласно му го одзема имунитетот на Ристов по откриените 350.000 евра

Со едногласна одлука, сите присутни членови на Судкскот совет одлучија да му биде одземен имунитетот на судијата Ѓоко Ристов од скопска апелација за кој се бара одземање на пасошот и куќен притвор по најдените 350.000 евра во домот на неговите родители лоциран во Неготино.Претходно, Судскиот совет ја исклучи јавноста од седницата за да му го заштитат интегритетот на судијата. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.Се очекува Ѓоко Ристов да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Ѕид со тајна: како биле спакувани и скриени 350.000 евра во дом поврзан со судијата Ѓоко Ристов

На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение  за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.Ѓ.Р., во својство на службено лице- судија во Апелациониот суд Скопје, во временскиот период од 10.02.2020 до денес, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена дал лажни податоци за својот имот и имот на неговото семејство, кој имот во големи размери ги надминува неговите законски приходи.Притоа, на 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на неговите родители лоциран во Неготино, каде на првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти  во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања