ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

soobrakajna-nesreka

21 сообраќајка во Скопје за време на викендот, загинат еден пешак

Пешак загинал, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 13 лица се полесно повредени во вкупно 21 сообраќајка случени во текот на изминатиот викенд  на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 148 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 16 возачи  поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале пренство на минување на возила во зона на крстосница, седум за не поседување зимска опрема во возилата, 17 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 42 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 15 возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 25 нерегистрирани возила.Затекнати биле 276 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак биле отстранети 183 возила.

Скопје | пред 6 години

rocista

Ново рочиште за предметот на СЈО „Тврдина 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“.Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК.На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Прекината седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски

Во тензична атмосфера Талат Џафери ја прекина седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. Тој истата ја прекина две минути после полноќ и најави дека за продолжение дополнително ќе извести иако продолжението е неизвесно бидејќи истече рокот од три дена за одлука по барањето на судот за одземање на имунитетот на Велјаноски.До прекинување на седницата дојде откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски бараа 45 минути пауза која Џафери не ја даде.Мицевски процедурално побара да се обрати, по што Џафери му даде збор и до тој момент истече рокот, 12 часот на полноќ, до кога требаше да се гласа за одземање на имунитетот на Вељаноски.Претходно комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно во текот на попладнето по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Македонија | пред 6 години

mijalkov-2

Судот му го укина притворот на Сашо Мијалков за Таргет-Тврдина

Притворот за ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за предметот „Таргет-Тврдина“ на предлог на специјалното јавно обвинителство е укинат, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. Оттаму информираат дека СЈО во исто време кога побарало нов притвор од 30 дена за истрагата за „Империја“, предложило да му биде укинат притворот на Мијалков за обвинението за масовното прислушување, а судот го прифатил ваквиот предлог.Тоа значи дека за Мијалков на сила останува новиот притвор од 30 дена кој му беше изречен синоќа за истрагата во случајот „Империја“, а притворот за обвинението за масовното прислушување кој му беше изречен на 20 ноември му е укинат. Следнава недела во Апелацискиот суд во Скопје требаше да се одржи седница по жалбата на Мијалков да се брани од слобода.Адвокатскиот тим на Мијалков има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица за притворот во случајот „Империја“. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.

Скопје | пред 6 години

hq_boristrajkovski_1493888704

Панел дискусија во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, денес во хотел „Холидеј Инн“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“.На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Македонија | пред 6 години

5-4

Умерено облачно време со слаб до умерен североисточен ветер

Денес времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од -5 до 7 степени.Во Скопје слично време со температура од -7 до 5 степени.Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Ќе дува умерен северен ветер.

Македонија | пред 6 години

Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на Автопатот А1

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.Виадукт Трејд известува дека на ден 25.02.2019-понеделник и 26.02.2019-вторник ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Собранието заседава за одзедемање на пратеничкиот имунитет на Трајко Велјаноски

Закажаната седница за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски започна со половина час задоцнување. На седницата на дневен ред има само една точка, а тоа е барањето од судот за одземањето на имунитетот на пратеникот.Претходно Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања заврши со четири гласови „За“ и четири „Против“ против одземање на имунитетот на Трајко Вељановски.Според спикерот на собранието Талат Џафери, За свикување на седница, како основа се зема извештајот со заклучоци. Деловникот не ги предвидува овие ситуации. Јас ќе свикам седница, но за што ќе се гласа во истата? Нема заклучок од Комисијата. За што да расправаме? За што гласаме, за земање или не- земање на имунитет? Не може судот да му предложи на Собранието бидејќи за што е концептот на Комисијата за деловнички прашања, мандат и имунитет? Овие специфички ситуации не ги предвидува Деловникот“.

Македонија | пред 6 години

cistenje-3-1

(ФОТО) Ирена Ристиќ со пријтелите од „Министерството за безживотна средина“ го исчистија ѓубрето на МВР

Загрозена е благосостојбата на Република Северна Депонија. Денес, параѓубреџиската формација НЕ БИДИ ЃУБРЕ на чело со Ирена Ристиќ украдоа една мини депонија пред МВР пакувајќи ја во 80 вреќи. Ова е голем удар за Министерството за безживотна средина бидејќи е изгубен влогот на нашето мило депонерство и јавно го осудуваме овој вандалски чин, велат од „Министерството за безживотна средина“ .Потегот кој го чистеа, со години очигледно никој не го чепнал, па вредните активисти собраа над 80 црни вреќи секаков отпад.Срам за граѓаните кои немаат грам лична култура и вработените во Одделение за лични документи при МВР зад МТВ и нивниот началник, кои секој ден се тука и НИКОГАШ не им текнало , ниту покажале иницијатива овој фреквентен дел да го исчистат, односно да организираат чистење.Потегот на Ристиќ и пријателите од „Министерството за безживотна средина“ , треба да ги усрами надледнижните, но и да ги охрабри останатите. Ова е добар показател дека што оние кои што им е работа и земаат плата за да ја одржуваат животната средина , ако не го прават тоа, тогаш треба да им покажеме како треба.

Скопје | пред 6 години

pozar-sk-1

(ФОТО) Голем пожар во близина на скопскиот аеродром - пожарникарите и мештаните се борат со огнената стихија

Голем пожар во моментов во близина на скопскиот аеродром, а според неофицијалните информации пожарот е во близина на семејни куќи.Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе возила на противпожарните екипи, а во борбата со огнената стихија се вклучило и месното население.

Скопје | пред 6 години

popis

Заев и Ахмети се договорија: Ќе има етничка графа на пописот

Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните ќе се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдуваат за тв 24 од двете партии. Неофицијално законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада. Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.Дека има договор за најжешкото прашање-етничката графа во 24 анализа и официјално потврди министерот за аминистрација кој беше дел од преговорите. И од ДУИ потврдуваат дека се усогласени клучните позиции. Порачуваат дека етничка графа ќе има, но велат за деталите треба докрај да се прецизира текстот на законот. Од заводот за статистика кој што ќе ги спроведе пописот идната година, а кој што беа вклучени во преговорите не сакаа да откријат детали за законот. Но, кусо велат дека најдоброто во идниот попис е што нема да има пописна комисија која што е политичка, но и дека ќе се користат повеќе регистри и нема да има можност за злоупотреби. Последен пат успешен попис имаше во 2002, по 2011 по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот. Тогашниот премиер Никола Груевски обвини за фалсификат, а пописниот материјал беше уништен.

Македонија | пред 6 години

tutun20prilep-2

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Откупот на тутунот од реколтата 2018-та е при крај и досега се откупени 90% од договорените количини. Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун, а откупот завршува на 15 март. Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, и се склучени над 4.700 повеќе догвори. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа:несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до Министерството за здравство, за што добиваат одобрение. Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет.Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

Македонија | пред 6 години

20190224124824

Командат Малишева до Мицкоски: Ние со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи

Еден од обвинетите за тероризам во судскиот предмет Диво Насеље, Мухамед Красниќи познат под прекарот Командат Малишева, преку својот фејсбук профил упати контроверзна порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.„Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор. Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние и служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што не навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите“, стои во неговиот Фејсбук статус.Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Македонија | пред 6 години

andre-koncert

(ВИДЕО) Андре Риу подготвен за концерот во Македонија, ја засвири „Македонско девојче“

Андре Риу, со видео порака до македонската публика го најави својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 6-ти јуни. 4 месеци пред концертот тој со својот оркестар покажа дека ја вежбаат песната „Македонско девојче“.„Мојот фантастичен оркестар и јас сме особено почестени што прв пат доаѓаме во вашата убава земја Македонија. Затоа ќе ви го отсвириме ова. Се гледаме на концертот“, порача Риу.

Магазин | пред 6 години

taksi

Таксист пронајден мртов во Скопје

Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица.По увидот е констатирано дека починатиот немал траги на насилство, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Станува збор за 58-годишно лице.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања