ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Trajko_Veljanoski-golema

Вељаноски: Собранието не ми го одзеде имунитетот, тоа е принципиелна одлука

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски смета дека тоа што Собранието не му го одзеде имунитетот е принципелна одлука.„Собранието не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи“, пишува Вељаноски.

Македонија | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Шилегов: Ќе бидат извршени корекции на проектот „Зелен покрив“ на ГТЦ

Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните. Ова е дел од одговорот на градоначалникот Шилегов на советничкото прашање поставено на денешната седница, поврзано со реакциите околу идејниот проект за изведба на зелен покрив на дел од ГТЦ.- Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од 8 месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од пре останатиот простор околу плоштадот Македонија и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет – кажа Шилегов.Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот потенцираше дека истото е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост и со кој  Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие.- Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот – додаде Шилегов.Тој спомена дека целокупниот идеен и изведбен проект за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно со кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието. 

Скопје | пред 6 години

49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

СДСМ: Не е точно дека пратеник од СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата

Не е точно дека кој било пратеник од пратеничката група на СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Велјановски, велат од СДСМ.„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е тој што требало да обезбеди да заврши седницата и да се премине на одлучување односно гласање.Воопшто немало ситуација којашто наликува на потреба од прекинување на седницата.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање.Како искусен и искусен претседател на Собранието, Талат Џафери бил сведок на многу посложени, дури и конфликтни ситуации во минатото, во собраниската сала, коишто соодветно се менаџирале во интерес на процесите и исполнување на уставната улога на парламентот.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на граѓаните зошто не ја менаџираше ситуацијата туку ја прекина седницата и не дозволи гласање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Директор на средно училиште незаконски си исплаќал повеќе пари со платата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Т.Ј.(50) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во периодот од септември 2012 до септември 2017 пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, не побарал согласност од општина Кратово, односно не извршил усогласување со законските прописи, на правилникот за исплата на плати на вработени и надоместок на ангажирани лица и наставници во ученичкиот дом, кој е во склоп на наведеното училиште.Исто така, не постапил по наодите и дадените препораки од ревизорскиот извештај, со што овозможил за себе, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 25%. Во истиот период, пријавениот, на овој начин овозможил за педагогот, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 10%, а на благајникот, во зголемен износ за 15%, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 1.077.482 денари на штета на Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 6 години

Muhamed-Zekiri

Зекири го „зашамара“ Џафери: Зошто го спасил Вељановски?

Пратеникот Мухамед Зекири по вчерашната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски се огласи на својот Фејсбук профил.„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!...Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или ...???...Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” ... Јавноста упте еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.П.СДУИ 2014 = 153.000ДУИ 2016 = 86.000ДУИ 2019 = ...  “, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

pavle-bogoevski

Богоевски му одговори на Џафери: Не знаев дека „лавот од Форино“ е чувствителен, ДУИ е сеуште во коалиција со ДПМНЕ

По прес-конференцијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Павле Богоевски се огласи на својот Фејсбук профил.„талат џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Muhamed Zekiri. Не знаев дека "лавот од Форино" бил толку чувствителен.А можеше да го трпи криминалецот груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици.Не, талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се' уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на дпмне. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата.По парламентарните избори, го извадивме дуи од вмро. Очигледно, не успеавме да го извадиме вмро од дуи“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

sela

Алијанса за Албанците: Изгледа и ДУИ е коорганизатор на 27 април

ДУИ, преку пратеникот Агим Шаќири и претседателот на Собранието Талат Џафери, бранејќи го Трајко Вељановски од излегување пред лицето на правдата, удрија врз законот, ги издадоа своите гласачи, ги издадоа и нашите сојузници од САД и ЕУ кои чекаат воведување и функционирање на правдата, велат од Алијанса за Албанците.„ДУИ, фатена за опашка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заложник на криминалот и корупцијата, кои спречија одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски осомничен како главен организатор на крвавите настани од 27 април, говори за сомневање дека и ДУИ е коорганизатор на насилството од 27 април и се чини дека се принудени да ги бранат криминалците од ВМРО?Талат Џафери, вчера не го спроведе барањето на Судот за  одземање на мандатот на Вељановски, за да истиот биде испитан слободно од страна на Судот, без да се брани под маската на позицијата Пратеник. Талат постапи исто како претседателот Иванов, кој одби да го потпише Законот за јазиците и да го ратификува Договорот од Преспа, иако законот и Уставот на РСМ му го наложуваат тоа.ДУИ, поради своите хипотеки во криминалот и корупцијата, ја земаат на врат иднината на интеграција на земјата во ЕУ. Ја потсетуваме јавноста дека лидерите на ЕУ, му поставиле два мошне јасни критериуми на Северна Македонија за отворање на преговори, и тоа: Одговорност за 27 април и конечни пресуди за случаите на корупција и скандалот со прислушувањето.Конечно, време е и СДСМ да го дефинира својот став во врска со дуализмот на ДУИ, која што е на власт со СДСМ а во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која беше нејзината улога во целиот овој процес, во одбрана на законот  и правдината или во одбрана на криминалот на ВМРО и ДУИ?И сосема на крај,  по која логика обвинетиот Фета Алими треба да лежи во затвор кога сите вистински одговорни лица се амнестираат па дури стануваат недопирливи од законот?До кога политичката судбина на Албанците ќе биде диктирана од страна на ДУИ, кои ја продадоа довербата на Албанците во служба на нивниот криминал и заштита на криминалците на ВМРО-ДПМНЕ.Ја преминавте секоја граница, казнувањето на избори е малку за вас, ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

52650496_1875746782547348_5575665881549111296_n

Град Скопје одлучи: 100.000 денари за семејствата на загинатите кај Ласкарци, 30.000 денари за повредените

Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна  27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.По носењето на оваа одлука, Советот на Град Скопје ја одржа 28-та седница на која се работеше со единствена точна на дневен ред - Поставување советнички прашања.

Скопје | пред 6 години

hq_boristrajkovski_1493888704

Делегација на Владата отпатува во БИХ на одбележување на 15-годишнината од смртта на Трајковски

Делегација на Владата предводна од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.„Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски.“, известуваат од Владата.

Македонија | пред 6 години

kiracovski

Кирацовски до Џафери: Дали се калкулирало синоќа или не?

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски исто така на својот Фејсбук профил, побара од Џафери да одговори  дали синоќа имало некакви калкулации.„Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница.Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници - Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски?Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.За Трајко Велјановски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност.Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности.27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат.СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори“, напиша Кирацовски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

pavle_bogoevski

Богоевски: Вчера Џафери го заштити организаторот на 27 април од притвор, правејќи будали од сите нас

Претседателот на Комисијата за мадатно имунитетни прашања и пратеник Павле Богоевски денеска преку Фејсбук го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека го злоупотребил Парламентот за да го заштити организаторот на 27 април.„Нашиот глас за талат џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинкаВчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, напиша Богоевси на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski

Спасовски: Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи

Уште еднаш најостро ги демантирам дизинформациите во кои се злоупотребуваат случаите на исчезнатите лица. Ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и препордажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации, изјави Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.„Со вакви лаги се наштетувате и на општеството и на граѓаните. Нема случаи на киднапирање ниту пак на лицата кои во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи. Тоа го потврди и судска медицина. Во Македонија нема ниту еден случај на убиство пореди вадење на органи.Апелирам граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на овие лаги. Неточни се информациите дека расте бројот на исчезнати лица. Напротив стратистичките податоци покажуваат дека и ова е лага. Во 2018 имало 370 пријавени исчезнати лица, а во 2014 имало 574 лица.МВР е транспарентна институција. Редовно објавуваме се што се случува и тоа го има на нашата веб страна и на социјалните мрежи. Секој граѓанин може да ја провери информацијата која се пушта во јавноста.Во последниве 5 години пронаоѓањето на исчезнатите лица се реализира со 94%, но ние работиме за да дојдеме до 100%.Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги уверувам дека овие истраги се третирраат со целосна сериозност и посветеност“, вели Спасовски.

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Одложени 86. и 88. седница во Собранието на Македонија

Собраниските седници 86. и 88 кои беа закажани за денес се одложуваат. Причината е поради отсуство на дел од пратениците кои се на службени патувања.На 86 седница требаше да продолжи расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Покрај оваа точка, на дневниот ред на 86. седница беше расправата за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.На 88. седница на Парламентот требаше да се расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Македонија | пред 6 години

sela-2

Села: Дали Талат е продолжена рака или фатена опашка?

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по бураната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски се огласи на својот Фејсбук профил.„Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно„ под изговор дека нема услови спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељановски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељановски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка“, напиша Села на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

3-4

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија не престануваат, а власта молчи

Секојдневно сме сведоци како членови на Кумановската група и нивни поддржувачи испраќаат пораки со кои бараат крв и одмазда кон сите политички неистомисленици на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија и меѓународна истрага не престануваат, а власта молчи. Зоран Заев неговите соработници кои се одговорни за безбедноста на државата не превземаат ништо.Ова отвора сериозен сомнеж дека зачестените закани не се случајни и не се без поддршка од структури од власта. Очигледно е дека власта нема намера да преземе ништо против оние кои се закануваат.Дали е тоа заради поддршката која им ја ветуваше Зоран Заев во врска со настаните во Диво Насеље?Под закана се животите на сите политички неистомисленици на аболицираниот Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт. Обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е само еден од низата скандалозни чинови кои го потврдуваат тоа.Власта знае во раните утрински часови да провалува во домови и да приведува недолжни граѓани кои пишале статус во кој го критикуваат Зоран Заев, а сега нема ниту изјава за тоа кој ги испраќа заканите. Нема ниту истрага за мотивите а ниту се превзема нешто за да се спречат намерите на оваа т.н. Кумановска група која се заканува за одземање на човечки животи.Судот не смее да биде во заложништво на власта и мора да ги преиспита одлуките за притвор на Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Христијан Делев и сите други политички неистомисленици кои што се жртва на прогонот на оваа власт.Исто така МВР се должни веднаш да ги открие и санкционира лицата кои се закануваат. Одговорност за овие инциденти мора да има. Јавноста очекува одговорност но и оставки.Прогонот на политичките неистомисленици кој се случува во Република Македонија е срам за една земја која себе си се нарекува демократска и претендира да биде членка на Европската Унија.На јавноста и е јасно дека Заев и неговиот криминален картел се во паника и затоа се подготвени со секакви методи да го спречат нивното демонтирање од власт кое што ќе го направат граѓаните на избори.Насилието од страна на власта мора да заврши. СДСМ мора да си замине за на Македонија да и се вратат демократијата и правната држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања