ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

dzamija-1

„Совест“: Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата

Тоа што посочувавме 2 години еве се остварува...Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата, напишаа на својот фејсбук профил од Здружение на граѓани „СОВЕСТ“ – Охрид.Тие во својот пост уште додаваат:„Сите повици да се реши институционално отидоа во вода. Градежни инспекторати, Заводи,Управи, Судови проблемот под черџе...Истиот остана и за жал се продлабочува ..Веќе една недела на диво се гради минаре без градежна дозвола, без статички проект на диво...Дали некој ќе ја запре дивоградбата или ќе треба да се радикализираат граѓаните и да ја земат работатат во свои раце кога ништо во оваа држава нефункциоинира освен вечниот партиски интерес...дали некогаш ќе се слушнат граѓаните или само на избори..како и да е незаборавајте..избори се ближат па зс брзо ќе го слушните гласот на граѓаните“, велат од Здружение на граѓани „СОВЕСТ“ – Охрид. 

Македонија | пред 6 години

vmro-frakcija

ВМРО-ДПМНЕ Фракција: Раководството на партијата да не ја финансира кампањата на Силјаноска

„Не поминаа ни десет дена откако надпартискиот кандидат ја доби партиската поддршка, вчера вечер јавно ги слушнавме и видовме искрените размисли ставови кои се во потполна спротивност со кажаното на партиската конвенција. Она што беше премолчано на конвенцијата вчера беше јасно и гласно кажано со зборовите: ,,Можете Вие да го смените името, може да го напишете на сите институции јас тоа ќе го почитувам.... Од апсект на правото не е прифатливо, но од аспект на реалноста Преспанскиот договор е прифатлив....Јас не сум надпартиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку побарав поддршка од граѓаните 10.000 потписи. ВМРО ДПМНЕ не ми ги собра потписите, туку граѓаните”.Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот” соросов надпартиски кандидати намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ од страна на наметнатото партиско раководство во договор со криминалните партиски структури. Со вакви ставови на кандидатот за претседател повеќе станува од јасно дека засега успешно се реализира зацртаното сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ. Јавно и гласно укажавме дека со ваков кандидат свесно настојувате да ги изгубиме претседателските избори, ја губиме препознатливоста, го убивате патриотизмот и целта е да станеме партија за поткусурување и потсмев.Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството.Затоа Демократската фракција бара од наметнатото времено раководство на ДПМНЕ кампањата на кандидатката да ја финансираат граѓаните кои ја подржале, а не партијата од сопствените средства и ресурси. НА ВМРО ДПМНЕ и на Република Македонија и е потребен претседател кој нема само да укажува и кој нема да се срами и да ја маргинализира дадената вмровска поддршка, туку активно ќе дејствува за исправање на нанесената неправда поради промената на името и барање начин за поништување на неуставно и незаконски донесените акти согласно меѓународното право.Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и се заблагодарува на кандидатката Силјановска за искрената изјава со која јавно обелодени дека нејзиното учеството на претседателските избори има само за цел да ги легализира досегашните неуставни и незаконски акти и дејствија превземени од актуелната власт. Затоа нам како на Демократска фракција ни останува бојкотот како можност и средство да не успеат овие претседателски избори со цел да се распишат нови претседателски и парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе настапи сложно и обединето со сериозен и достоен вмровски кандидат и чесни кандидати за пратеници кои ќе се борат за исправање на неправдите, за благосостојба и еднаквост на граќаните по сите основи и за достоинствена одбрана и заштита на националните и државите интереси“, се вели во соопштението на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

zatvor-10

Дојче веле: Покренати дисциплински постапки за 11 лица во Истражниот затвор

Во моментов за најмалку 11 лица се покренати постапки - дел за дисциплински прекршоци, дел за дисциплинска неуредност, тврдат за Дојче веле извори од Истражниот затвор „Скопје“.На сцена стапуваат првите мерки за одговорност за минатонеделните два одвоени инцидента во Казнено-поправната установа „Скопје“. Како што изјавија за ДВ релевантни извори од Истражниот затвор, досега биле покренати најмалку 11 постапки за лица кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето. Бројката не е конечна. Објаснуваат дека „дисциплинските прекршоци“ се однесуваат на потешките пропусти, а „дисциплинска неуредност“, условно речено, за полесните пропусти, објави dw.com.Оттаму потврдуваат дека вчера попладнето до „Илинденска“ број 2 бил доставен комплетниот Извештај од Истражниот затвор, по испитувањето на сите причини и околности заради кои во ист ден се случија два одвоени инцидента, а во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Покрај Извештајот, вчера до Владата била доставена и оставката на досегашниот директор на Истражниот затвор, Ѓоко Котески.Текстот во целост на dw.com

пред 6 години

ivanov-jordan-1068x723

Иванов: Трајковски ја градеше довербата меѓу луѓето и заедниците, но и меѓу државите од регионот

Борис Трајковски се појави во време кога веќе се сметаше дека не е важно дали некој политички лидер е морален или не, се додека добро ја извршува работата. Принципите, достоинството, визијата, доблеста, вистинитоста беа ставени на маргините на македонската политичка култура, а храброста и истрајноста станаа ретка и скапа работа", рече претседателот Иванов, во своето обраќање на одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.Според македонскиот претседател, крвавиот распад на Југославија, бегалската криза, долгогодишната блокада на Република Македонија, економската стагнација на македонското стопанство, придонесоа кон влошени меѓуетнички односи, а сето тоа се прелеа во кобната 2001 година.„Во такви услови, Борис Трајковски презеде чекори кои беа нетипични за македонската политичка култура. Го иницираше дијалогот меѓу власта и опозицијата. Ја градеше довербата меѓу луѓето и заедниците, но и меѓу државите од регионот. Веруваше дека кризата во 2001-та може да се реши и со политички, а не само со воени средства. Затоа, беше покровител на процесот што доведе до Охридскиот рамковен договор. Ја преземаше одговорноста за своите чекори. Како и претседателот Глигоров пред него, така и Трајковски сакаше да ги избегне крвопролевањата", истакна македонскиот претседател, потенцирајќи дека Трајковски верувал дека лидерството вклучува подготвеност да се жртвува популарноста за да се направи она што е вистинското за иднината на нашата земја и нашиот народ.„Во таква тензична атмосфера, Трајковски беше напаѓан, критикуван и оспоруван од многумина. Неговата понизност беше презрена како знак на слабост. Неговата подготвеност да простува беше сметана за наивност. Но, тој честопати знаеше да каже дека е подготвен да ги прифати сите обвинувања, и притоа да остане посветен на својата цел и уверен во нејзината исправност", рече претседателот Иванов, оценувајќи дека за повеќето луѓе во Република Македонија, пристапот на претседателот Трајковски бил вистинска енигма, бидејќи малкумина ги разбирале вредностите и принципите на Трајковски.„Ова се денови кога многу често се цитираат и толкуваат зборовите и се анализираат одлуките на Борис Трајковски. Но, верувам дека треба да бидеме внимателни, бидејќи не секој што деновиве се повикува на претседателот Трајковски е верен на неговата визија. Понекогаш целта е да се оправдаат политики за кои едноставно нема оправдување. Но, она што никако не може да биде толкувано на различни начини е неспорниот факт дека Борис и јавно и приватно беше препознатлив по својата насмевка. Таа насмевка беше надворешната манифестација на она од што се раководеше Борис според внатрешните принципи на неговото срце", рече претседателот Иванов.„Минаа 15 години откако Борис Трајковски не е меѓу нас. Верувам дека сите ќе се согласиме дека се чувствува неговото отсуство", истакна македонскиот претседател, оценувајќи дека оттогаш, многу негови очекувања беа изневерени, многу заложби беа погрешно интерпретирани, многу изрази на добра волја беа злоупотребени. Се направија и некои непринципиелни компромиси што го доведуваат во прашање македонскиот модел на соживот и почитување на различноста за кој се залагаше Борис Трајковски.„Времето покажа дека Борис го одбрал вистинскиот пат. Сигурен сум дека времето повторно ќе покаже кој чекорел по неговите стапки за да го зачува сето она за што тој се залагаше и во што веруваше. Неговиот завет најдобро ќе го зачувамепреку суштински европски реформи, добри меѓуетнички односи и враќање на дијалогот во политиката. Преку градење на европска Република Македонија, поврзана со соседите, интегрирана во Европската Унија, почитувана во светот", рече вечерва претседателот Иванов, на одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.

Македонија | пред 6 години

hq_boristrajkovski_1493888704

15-години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Денес по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски, во 11:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел.Истот така делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а во состав: Весел Мемеди, Далибор Богдановски, Жаклина Пешевска, Бранко Маноиловски и Елизабета Канческа-Милевска ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великани, гробишта Бутел. 

Македонија | пред 6 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски бара ДИК да му овозможи да собира потписи за кандидатура за претседателските избори

Почитувани,Согласно:1) РЕШЕНИЕ ЗА РАСПИШУВАЊЕ ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА бр.09-1071/1 од 08.02.2019 год2) УСТАВОТ И ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК3) Вашите интерни  Одлуки, Уредби, Правилници и4) РОКОВНИКОТ за Претседателските Избори 2019 год. како и останатата позитивна Законска регулативе почнувајќи од 23 ФЕВРУАРИ 2019 год. започнав  иницијатива за собирање на 10.000 потписи за кандидатура за Претседателски избори 2019 година.Од моја страна Во неколку наврати Ви беше потенцирано дека ќе собирам потписи во Р.Македонија и во дијаспора.И после три дена,до 25.02.2019 година сеуште во СИТЕ ДИПЛОМАТСКО КОНЗУЛАРНИ ПРЕДСТАВНИШТВА не е овозможено Македонците од дијаспората да ги остварат своите Уставни и Законски праваСогласно Уставот сите граѓани се еднакви во слободите и правта независно од пол,раса,боја на кожа,национално и социјално потекло,политичко и верско уверување,имот и општествена положба.Изборниот Законик нотира дека секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво,општо,непосредно    и се остварува на слободни избориСО ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРА СЛОБОДНО ДА ЈА ИЗРАЗАТ СВОЈАТА ПОДДРШКА ДЕПОНИРАЈЌИ ГО СВОЈОТ ПОТПИС НА ЛИСТАТА ЗА МОЈА КАНДИДАТУРА СЕ СТАВААТ ВО ОБЕСПРАВЕНА ПОЛОЖБА И НА ТОЈ НАЧИН НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ НИВНИТЕ УСТАВНО И ЗАКОНСКИ ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАВА.Во нашата меѓусебна комункикација ни беше предочено од Ваша страна дека искуствено до сега немате организирано собирање на потписи во дијаспората но дека во овие Претседателски избори 2019 година ќе се започне по прв пат.Бидејќи за собирањето на потписи ќе постапувате согласно одредбите од Изборниот Законик Ве замолувам доставувањето на листите односно образецот за собирање на потписи од група граѓани како и Нотарски завереното полнмошно да Ви ги доставиме на Вас а вие согласно воспоставената Законска практика истите да ги доставите до ДКП.Во интерес на заштита на правото Ви ја доставувам ова Ургенција за Ваше постапување согласно Вашите права и обврски за овозможување на остварување на правата на Македонците во дијаспора.

Македонија | пред 6 години

5-8

Сончево со мала облачност, утре врнежи од дожд

Денес времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 14 степени.Во Скопје слично време со температура од -4 до 12 степени.Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота. 

Македонија | пред 6 години

avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Виадукт Трејд известува дека на ден 25.02.2019-понеделник и 26.02.2019-вторник се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско, за што е извршена промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Ќе имам кампања и со ВМРО-ДПМНЕ и независна кампања

Кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека таа ќе ја води кампањата и со ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе води независна кампања.-Ќе имам кампања и со ВМРО-ДПМНЕ и независна кампања. Јас очекувам граѓаните да го направат вистинскиот избор, изненадена сум пријатно од собирањето на потписите. Јас предлагам конкретни промени. Димитров со деценции беше со ВМРО-ДПМНЕ, паметиме што збориме 2011 година во Судот во Хаг. Јас не сум била во политиката од 1994 година. Нема поголема надеж од држава во која владее правото, само таа надеж е европска надеж“, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

mkd-166407

Ѓорѓи Спасов: Малишева одработува за Груевски

Поранешниот министер за правда и амбасадор во Бугарија и во Велика Британија, Ѓорѓи Спасов се огласи на својот Фејсбук профил во врска со објавите на Мухамед Красниќи познат како Командант Малишева.„Командант Милишева пак одработува за ГруевскиНа портали блиски до Мицковски се пренесува изјава на осуденик дадена на негов фејсбук во кој тој потврдува дека "тепањето" на Јанакиовски и Спировски во затворот било одмазда кон функцонери на ВМРО ДПМНЕ заради "местенката" што им била направена на осудените терористи од "Диво насеље" кај Куманово.Така пропагандата за "политички прогон" во Македонија добива на уверливост а Груевски како главен "местач"за Диво насеље аргумент дека некој вистина му се заканувал со убиство во затворот ако тој таму се најде. Се чини дека Груевски и Мицковски ги имаат вклучено одново платениците од Диво насеље за докажување на нивната теза за "политички прогон" и намери на власта да ги ликвидира и во пропагандата за ширење страв и меѓуетничка омраза. Красниќи со ваков вид фејсбук пропаганда и закани одработува одново како платеник за нив и треба Фејсбук да го затвори неговиот профил заради ширење на меѓуетничка омраза и поттикнување насилство. Но прашање е што бараат осудени лица на 40 години во притворско одделение“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

52807416_2468303173240547_6040964711204257792_n

(ВИДЕО) Анѓушев го згреши името на државата, Заев го корегираше и се изнасмеа

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој наместо Република Северна Македонија, го употреби името Република Македонија.По “лапсузот” на Анѓушев реагираше премиерот Зоран Заев кој го корегираше, а потоа се сцрвени од смеа, на самата прес-конференција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР ќе потроши 20 милиони денари за сокови

Министерството за внатрешни работи планира да троши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на Министерството за внатрешни работи во износ од 20.000.000 денари за сокови природни и газирани, пишува Курир.Имено, во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови , газирани и негазирани додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари или претворено во евра 325 илјади евра.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски до СДСМ: ДУИ ја спасува врската со ВМРО ДПМНЕ, треба да сте смртно исплашени

Актерот Сашо Тасевски преку својот Фејсбук профил им се обрати на членовите на политичката партија СДСМ.„Им пишувам на фините луѓе во партијата, а не на опинците и ѓубренцата шарени покрај вас. Она што го пишав вчера сабајле на фејсбук, се потврди ноќеска во парламентот. Ако драмата не беше бурлеска и фарса во која сте сите режисери, тогаш ДУИ пред изборите, не ви пука само во колена, туку и во главата ви пука. Полека ја спасува врската со нивниот најприроден сојузник, ВМРО ДПМНЕ. Му се враќа во кревет. Затоа не само што треба да сте загрижени, туку и смртно исплашени. Додека тие взаемно шуруваат, никогаш нема да направите пристојна држава, дури и да имате најдобри намери и најдобри идеи. Спремаат ваш отстрел. Свесни се дека лошо одработивте на домашен терен и дека немате поддршка. Американците се прагматични луѓе. Ако видат немате грб во народот, ќе си најдат друго дете покрај ДУИ за да продолжи. Кого и да најдат ќе ги слуша, само да биде на власт. Особено ДПМНЕ. Мора да пресечете. Не е светот околу вас толку фин и розов како што фантазирате. Преговаравте со сите од позиција на слаба карика.Затоа, сите тие не ве ценат. напротив, ве презираат додека ве тапкаат по рамо. Излезете од заблудата и стапицата во која сами се фативте. Тргнете безмилосно на ДУИ со силата на законите, обвинителствата, доказите и ќе го видите нивниот вистински лик. Ќе сфатите какви шакали држите во скутот, Зашто тие не се ништо друго, освен брутални насилници облечени во одела. Знам не откривам топла вода, ви нудам ведро со студена, да ја бутнете главата во неа и да се разбудите. Инаку, отидовте јабана. Многу од вас, знам, го разбираат ова, ама несреќата е што не делувате во правецот на самоодржувањето. Напротив дремете ко свинчиња пред кланица и го чекате џелатот“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

struga-bolnica

Во болницата во Струга, нема операции поради расипана опрема

Повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хируршкото одделение во струшката болница поради дефект на опремата за анестезија односно гасната станица. Поради ваквата состојба, невозможно е да се изведуваат хируршки интервенции. Итните случаи се праќаат во болницата во Охрид. Бил повикан овластениот сервисер, но сега се чека на набавка на неопходниот резервен дел за кој не се знае кога би пристигнал, објави Алсат.„Од тука идат гасовите за анестезија во процесот на операција и ако тие редуцири не функционираат, никој од нас анестезиолозите, а сигурно и хирурзите не сака животот на пациентот да го става во опасност поради проблем со опремата. Ние работиме во стара болница, работиме со стара опрема. Пред 7-8 години беше една јапонска делегација која се сликаше покрај нашите апарати. Немаа видео такви апарати со кои ние работиме“, рече Ацо Велјаноски- раководител на одделение за анестезија.Текстот во целост на Алсат - м.тв

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири: Дали Џафери свесно одработи Вељаноски да не се соочи со правдата?

Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, изјави пратеникот Мухамед Зекири на денешната прес-конференција.„Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други.Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција“, изјави Зекири.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања