ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

memorandum

(ВИДЕО) Македонија и Грција ги намалуваат цените во роаминг - потпишан меморандум за разбирање

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас, на денешната прес конференција потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг.Како што истакна министерот Манчевски, Договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем. Со потпишувањето на договорот, се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји. Ова е првата билателарна иницијатива, а ќе следат и други.„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и заменик директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката. Се согласивме дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската унија. Со меморандумот се предвидува динамичко намалување на големопродажните и малопродажните цени во роаминг услугите. Наша цел е до почетокот на летната сезона, граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените. Следниот чекор е целосно укинување на роамингот“, информираше министерот Манчевски.„Многу сум радосен што сум веќе втор ден тука и што имавме можност да разговараме за иднината. Би сакал да потцртам дека имавме одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери. Работа на владите е да го направат Договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор којшто ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за Меморандумот којшто го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите, како што се изработени или доколку е потребно да се прилагодат за да се оствари овој Договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми", потенцираше министерот Папас.Северна Македонија веќе има искуство од придобивките кои произлегуваат од намалување на цените во роаминг. Склучувањето на спогодбата со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина покажа дека ваквите мерки придонесуваат за зголемен обем на сообраќајот на роаминг услугите, особено пристапот до мобилен интернет во роаминг. Се очекува дека истите ефекти ќе се постигнат и за корисниците кои ќе ја посетуваат Грција.

Македонија | пред 6 години

pecat-pasos

Во Грција неможе само со печат во пасошот – мора да пополните и бело ливче

Примената на штембилот кој го содржи името Северна Македонија и кој треба да се втиснува во македонските пасоши не функционира на граничниот премин Евзони меѓу македонско- грчката граница. Екипа на ТВ Телма која утринава се обиде да ја помине границата кон Грција јави дека печат со новото име на државата кој се втиснува во пасошите – не функционира.Од грчка страна и понатаму се бара пополнување на белите ливчиња, јави Телма.А што ќе се допише на белото ливче штом ја премините границата?

Македонија | пред 6 години

2658817F-5FEA-41E5-B626-ADC9BE0894B3

Мицкоски: Јас го земам бајракот со секој еден од вас и ви велам- ќе победиме

На Македонија и е потребна надеж, светлина, демонстрација на тоа дека може поинаку, и дека не е се загубено, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на конвенцијата во Струга каде се избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.-Јас го земам бајракот, со сите еден од вас, подеднакво како и вас, до вас и со вас, и ви велам, ќе победиме. Ве гледам во очи и ви велам, ќе победиме! Ќе ги донесеме промените кои се потребни, а Македонија ќе ја сочуваме. Ќе донесеме подобро утре, со план и со стратегија, со срце и со длабок разум, за нашата земја, рече Мицкоски и додаде:„Македонија повеќе нема време за губење, и нема повеќе причини за залудно трошење на уште животи за да чекаме да дојде подобро. Тоа мора да биде сега. И имаме огромна причина за сето ова, имаме огромен мотив за нашата борба. Нејзиното име го изговараме со огромна почит и емоција која доаѓа од нашето срце и која допира и до нашите корени, нашите дедовци и прадедовци,  она што сме,  збор кој и во 21-от век ни создава немири. Но ние ќе опстоиме за Македонија! За Македонија! За честита Македонија!“.

Македонија | пред 6 години

mile-zecevic

„Пелистерка“ го предложила Миле Зечевиќ, за член на Надзорен одбор во Стопанска Банка Битола

„Пелистерка“ преку Македонската берза објави дека предлага Миле Зечевиќ, надорешен соработник за адвокатски услуги на премиерот Зоран Заев да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола објави порталот ИРЛ.МК.Порталот пишува дека адвокатот и советникот на премиерот, Зечевиќ ќе биде предложен на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години.Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата на последните локални избори во 2017 година. А, со доаѓањето на СДСМ на власт, премиерот Зоран Заев го именуваше за негов надворешен советник за адвокатски услуги.Освен Зечевиќ, други предлози на „Пелистерка“ се Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски.Како член на Надзорен одбор Миле Зечевиќ ќе добива по 50.000 денари месечен паушал и ќе носи одлуки заедно со Панделески и Тозија.Текстот во целост на ИРЛ.МК

Македонија | пред 6 години

uvid-2

Сопственикот за ТВ 24: Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи

Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи, вели во интервју за ТВ 24 Дурмиш Белили, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, чиј автобус излета од патот Скопје- Тетово кај Ласкарци, при што загинаа 14 патници, а 37 се повредени.Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање, дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата.-Веројатно станува збор за неговата здравствена состојба. Автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење, нема реакција на возачот, вели Белули за ТВ24.

Македонија | пред 6 години

uvid-2

Техничкиот преглед на автобусите од „Дурмо турс“, се вршел во АМ здружение Гостивар - сопственост на истите газди

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди.Според Државниот инспекторат за транспорт и врски велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.Основното јавно обвинителство Скопје кое ја води истрагата за оваа несреќа нареди со вештачење да се провери техничката исправност на автобусот.Во несреќата која се случи завчера загинаа 14 луѓе, над 30 се повредени од кои десетина потешко.

Македонија | пред 6 години

filipce-cair

Од повредените пациенти 28 се на клиника, 5 мина критично, девојка може да остане без нога

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ги  посети повредените во трагичната автобуска несреќа, Десетмина од повредените, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот изјави дека од 28 повредени, шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.– Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Овие пациенти имаат сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот, вели министерот за здравство Филипче, кој денеска ги посети повредените пациенти.Според директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, заради влошување на состојбата синоќа оперирани биле 15-годишното момче и 40-годишен пациент. Според директорт во моментов тие се стабилна состојба и се во Одделот за реанимација.истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.[caption id="attachment_27065" align="alignnone" width="992"] dav[/caption]Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

Македонија | пред 6 години

pecat-pasos

Во пасошите печат како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија

Од вчера пасошите на РМ се ставаат печати, како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија.Во наредните 5 години сите граѓани треба да добијат пасоши на Република Северна Македонија. Важечките патни исправи ќе можат да се користат до 2024 година, но во нив ќе се става печат со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија".Менувањето на стариот пасош со нов е на сметка на секој граѓанин посебно. 

Македонија | пред 6 години

wikipedia1

(ФОТО) Северна Република Македонија и на Википедија, а Иванов сеуште е претседател на Р Македонија

Новото име Република Северна Македонија почна да го користи и глобалната интернет енциклопедија Википедија.Во информациите за земјава на Википедија на англиски, на француски, на грчки и на повеќе други светски јазици веќе е наведено дека новото име на државата е Република Северна МакедонијаВо текстот се наведува дека смената на името следува по постигнување на на Преспанскиот договор потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.Инаку во земјава Владата експресного замено името Република Македонија со Република Северна Македонија.Во моментов само претседателот Иванов, според официјалниот сајт е претседател на Р Македонија?

Македонија | пред 6 години

sekerinska_nato_5-1

(ВИДЕО) Шекеринска од Брисел: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје - Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата.„Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска претставничка Могерини, до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и Грција - сите уште на самиот почеток на нашите средби ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО не е само воен сојуз, туку сојуз на држави кои споделуваат исти вредности, држави кои се заедно во тешки и во добри моменти“, рече министерката Шекеринска денеска по двата состаноци на Северноатлантскиот совет во Брисел, во однос на вчерашната трагична автобуска несреќа кај Карпалак.Во однос на денешните министерски состаноци, Шекеринска истакна дека ова е вистинска прилика да се види која е разликата од тоа дали земјата учествува или не на состаноците на Алијансата.„Наместо како досега кога за нашата држава се разговараше на состаноци на кои што наши министри не присуствуваа, сега ние имавме прилика да го кажеме нашиот став за тоа што се случува во светот, за тоа какви треба да бидат операциите и акциите на НАТО и за тоа кои политики и на Балканот и во Европа ќе нè донесат до зголемена безбедност и зголемен просперитет“, рече министерката.Шекеринска потенцираше дека нашите припадници продолжуваат со придонесот во Авганистан, но и со поддршката на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР- АЛТЕА, како и со мисијата на Обединетите Нации во Либан.„Ние покажавме дека имаме луѓе, дека имаме Армија и капацитети на кои што земјите-членки на НАТО можат да се потпрат и сега е моментот тоа да го материјализираме и со членство во Алијансата. Побарав и од моите колеги министри за одбрана да лобираат за побрз процес на ратификација на пристапниот протокол, за нашата држава да може да ги ужива сите привилегии на полноправно членство. Ова е шанса за сите нас, ова е шанса еден чекор плус во обезбедувањето на целосна безбедност и просперитет за сите наши граѓани“, заклучи министерката.Денеска завршува првата сесија на Северноатлантскиот совет на министри за одбрана на земјите-членки на НАТО. На состанокот, како и на билатералните средби со генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг, и со министрите за одбрана на Грција, на Турција, на Канада, на Велика Британија, на Белгија и на Бугарија, министерката Шекеринска доби честитки за заземеното место во НАТО како и за покажаната храброст и лидерство. 

Македонија | пред 6 години

vrapciste

(ВИДЕО) Владина делегација на комеморативната седница во Општина Врапчиште за загинатите од сообраќајната несреќа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја предводеше владината делегација и заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска присуствуваа на Комеморативна седница во Општина Врапчиште. Седницата се одржа за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.„Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме сѐ што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејства“, им порача Николовски на семејствата на загинатите.Во тешката и трагична сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а седум од повредените се во тешка состојба.„Посакуваме брзо опоравување на повредените. Нашите мисли се со нив. Се надевам дека што поскоро ќе се вратат кај своите семејства“, додаде Николовски.Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.„Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчиште“, порача градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.  

Македонија | пред 6 години

spasovski

МВР покрана пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајна несреќа

Покренати се пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово, информираат од МВР.Поднесени се пет пријави за говор на омраза до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.– Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, рече Спасовски, во интервју за 1 ТВ.Инаку во интервју министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека  очекува утре да има првични сознанија околу истрагата за  автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.Спасовски кажа дека синоќа се извршил разговор во полициска станица со возачот на автобусот.

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

(ВИДЕО) АКО.МК ги објави првите моменти по несреќата, возачот лежи исфрлен на улицата

Сведоци на големата трагедија во селото Ласкарци, кога вчера автобус на претпријатието Дурмо-турс од Гостивар излета од автопатот и падна во бездна, по што се преврте, ги снимиле првите моменти по несреќата, а видеото го објави порталот АКО.МК.https://streamable.com/3rpny?fbclid=IwAR193VbzSz0qVn2IW-890r5JlUWLP3OEPBsX6GWhdKv4fv5WYl2iBuS2Dm4Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, најпрво не сфатиле што се случило, па тргнале да видат од каде доаѓа чадот и што е тоа што паднало крај нив со силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, наишле на човек ако лежи на асфалтот, потоа дознале дека е тоа возачот на автобусот.Текстот во целост на:  АКО.МК

Македонија | пред 6 години

ubid-3

ОЈО: Заврши увидот на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.Интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата. Со оглед на тежината на самиот настан и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење.На лице место со јавниот обвинител денеска беше присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде треба да биде изготвен писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ во врска со дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон.На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек. Од страна на увидните екипи на Министерството за внатрешни работи по завршениот увид до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фото документацијата и други обезбедени материјални докази.По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања