ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

kristijan-misovski

Кристијан Мисовски: „Јавноста нека здивне, успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување, на социјалните мрежи вели „Се надевам дека дел од јавноста ќе здивне и ќе почуствува задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“.„Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски.Тој уште додава дека се надева дека сега барем дел од јавноста ќе можат да здивнат.

Македонија | пред 6 години

elem

ЕЛЕМ најпривлечна за вработување на членови на семејствата на функционери, и синот на Тахир Хани згрижен таму

Продолжува вработувањето на блиски членови на семејствата на функционери на ДУИ и по укажувањето на премиерот Заев. Како најатрактивна компанија за вработување на блиските членови на владините функционери и натаму останува компанијата ЕЛЕМ.Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија.По најавите на премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко опшество и администрација Дамјан Манчевски, дека нововработените роднини на функционери во државните институции и претпријатија ќе си дадат отказ од своите работни места, ниту еден од нив кој беше вработен во државната ЕЛЕМ досега не го сторил тоа.Портпаролката на ЕЛЕМ, Јасминка Аневска, вели дека до крајот на вчерашното работно време до управата на претпријатието не стигнало барање за спогодбено раскинување на работниот однос.Во ЕЛЕМ беа вработени четири роднини на високи функционери. Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, синот на пратеничката Мира Стојчевска, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми и Љубислав Несторовски, сопруг на високата функционерка на владејачката СДСМ Магдалена Несторовска.За сите овие случаи Антикорупциската комисија започна постапка за утврдување дали постои судир на интереси.

Македонија | пред 6 години

o2-ogan-otvoreno

(ВИДЕО) О2 иницијатива: Реон Ѓорче - Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено

Ова се случува моментално, видеово е снимено сега, повторно истата локација, реон Ѓорче - Сарај, црната точка во градов по палење на отпад на отворено, инаку ЗАБРАНЕТО законски, објавија на својот официјален профил од О2 иницијатива.Тие ги повикуваат сите наделжни, да излезат на терен и да се реши проблемот.Низ цела година постојано се пали отпад во овој реон. До кога ќе се дозволува? Не може само граѓаните да пријавуваат (пријавено е на 193) и повторно иста глетка секојдневно. Решете го овој проблем интерсекторски, ако треба и војска ангажирајте, потегнете измена на правилник, закон за да не се повторува ова постојано. Сите сме уморни од постирања и пријавувања нон-стоп, а најмногу од ужасниот воздух што се шири од ова нерешено жариште со години.Како вели премиерот Заев „не може 'не бива', 'не бива' не може најлесно да биде не, ќе најдат начин како да биде да“. Е па најдете начин, напишаа од О2.  https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/631363227299074/?__tn__=kC-R&eid=ARBXmtb2r8eEFtG5BeCOfA_EqG5ya4extRWOmC5DYSE_vz4NwQFNn5fs2ZQfTo0kKZD5pM_6bkqhsi9H&hc_ref=ARTrH-0pf7TCZ2jd9pfe6c4bN1dKqevi4UaCI9He21P84vNfu70jwx1bUGzCzu368a8&__xts__[0]=68.ARDaKjtBns_cwxZR6hG72eXeJFdcYFa3yDe079Npje_RZwJdaov-sDYS97Y5Rke7Ne2_WqFycsBYAqPRvcNdYn2WF4s2FVmSdUcOPjAAz7U-iMQtjOK79JbmofCiV2YbSHmR0nGKx1FUj4UDQ8vljnPSg-9lBqOggqg3TmwmD5PI7aDWM5ObObg13_6m_t9QrYruF8riHToE-xbypZaf1hvipL-2MDQwx8cbiY0q92o5Y60UosqP3Xf-ztFevkyjytAyu3eKLgeGd0x7CNbmezIu9ThTbfyIUQNrA-VM1QXYz4-4IKhcKeLpe_QZOVwOWjvxKo7DMbzUs_G6ylOKI6pI3C2LKUfD328ojbG_3BZLbaJBN6c-q6C7DW7_Hh4mZ4FW

Скопје | пред 6 години

taravari

Таравари до Заев: Тебе не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!, напиша на својот фејсбук профил поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.Писмото ви го пренесуваме во целост.Отворено писмо до г. Зоран Заев,Здраво Зоранe, посакувам моето писмо да те најде добро! Постојат две работи што сакам да ги нагласам уште на почетокот на моето писмо:Како прво, писмото е отворено бидејќи можеби нејзините редови ќе ги разбере целиот владин “блок” што е битно да разбере и, како второ, писмото ти го упатувам лично тебе, вон функцијата која ја вршиш, затоа што мислам дека има потреба да се вратиш кај Зоран. Само еден совесен Зоран може да го спречи распаѓањето на премиерот, функција која ти ја довери народот.Сега, со право ќе речеш – какво е ова писмо од Арбен?! Ми напишал можеби некоја поплака… нека се занимава со ДУИ! Што има со мене? Јас правам политика… Што да му правам на Невзат?! Тој се однесува како дете! Тера инает со градот што не го избра и сега им прави лошо на граѓаните!Зоране, како прво, до 27 април 2017 година се боревме против истите идеолошки непријатели, тие беа Груевски-Ахмети. Според твоите храбри пријави, до некаде сфативме дека биномот Ахмети-Груевски (не сакам да кажам ДУИ и ВМРО, бидејќи има невини луѓе на двете страни), значи сфативме дека овој бином не беше само идеолошки против нас, туку од “бомбите” што ги објави, сфтаивме дека тие се вмешани и во тешки злосторства против човештвото, инскенирајќи лажни судења, правејќи економски масакр!Така да, во страшната ноќ од 27 април, каде што претседателот на мојата партија Зијадин Села го ризикуваше животот покрај тебе, јас и илјадници Албанци бевме подготвени да ти излеземе во пресрет и тебе кој што беше исто така под закана!Значи, ти беше човек кој, без разлика на етничката припадност, Албанците се наредија на страната на добрите!Но, ти имаше ужасен услов да ја преземеш власта, требаше да соработуваш со еден од виновниците кои сам ги пријавуваше, со Ахмети! Ахмети и ДУИ кои што везден ги нарекуваше Виновници, за кои што велеше дека има прислушувани разговори кои лошо ги обвинуваат, токму нив!Тука, според тебе, започна Политиката, а според мене, тука започна Лицемерието!Ти ја делиш власта со оние кои учествуваа на политичкиот погреб на нивниот партнер, а сега почнуваат да го подготвуваат, според мене, твојот! Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!Ова е тешка изјава и жалам за ова, но зборувам барем за 100 илјади луѓе од Гостивар!Според условите на маса, ДУИ бараше Бејта да победи во Гостивар. Но, народот не се согласи со ова барање на ДУИ, Бејта изгуби!Сега, почитуван Зоране, кажи ми:Се остава ли град со 100 илјади жители без буџет за атер на ДУИ?!Му се доделуваат ли на еден град вкупно 1000 евра за цела година за култура?! Дури и во Африка да се наоѓавме, ќе направеше нешто УНЕСКО и ќе бевме заштитени!Се давиш во диктаторски скандали, бе Заев! Едно време мислев дека си фер! Вака како ја тераш, создаваш 100 илјади непријатели?!Деновиве очекувам сите надлежности од областа на образованието, од Општина Гостивар да ги пренесеш на централната власт! Срам и брука! Што ќе им кажеш на Европа и Америка, што одиш против нивните стратегии?!Те зема на шија ДУИ!Знаеш што вели народот за тебе?!Вели дека си на добар пат да станеш нов Груевски! Но не си. Јас сум невролог и многу сум ја проучувал човечката личност и ти не си како Груевски, но опкружен си со погрешни луѓе и ризикуваш да станеш! Во моментов одиш само надолу и надолу!Зоране, те потсетувам дека работиш како премиер на државава, затоа стави прст на глава и немој да бидеш како Груевски! Што правиш вака? Ти како да играш оксан, а плочки се жителите на Гостивар! A воедно се земаш себеси на шија!И на крајот, почитуван Зоран:Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!Поздрав од Гостивар!Арбен ТаравариГрадоначалник на општина Гостиварhttps://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10215365271586085 

Македонија | пред 6 години

reis-pasos

Поглаварот на ИВЗ на Македонија - Реисот Сулејман Реџепи, на ФБ се пофали дека има албански пасош

Првиот човек на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи ѝ се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.Албанските власти, со посветеност и потпишување од претседателот на Република Албанија Илир Мета, денеска официјално го издадоа мојот албански пасош.Особено ми е чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност, без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка-држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија, напиша реисот на Фејсбук за новиот пасош и новото државјанатво.https://www.facebook.com/sulejmanrexhepiofficial/photos/a.407122369465082/1126706370840008/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

policija

Во контрола кај Кичево кај пет автобуси биле констатирани технички неисправности, а еден веднаш е исклучен од сообраќај

Во периодот од 16 до 18 февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа повеќе сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила (Охрид-83, Струга-89, Кичево-82 и Дебар-60), вкупно 144 возачи беа алкотестирани (Охрид-40, Струга-56, Кичево-28 и Дебар-20) пришто, кај вкупно 13 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-3, Струга-1, Кичево-5 и Дебар-4). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи.На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај.По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.Акциските контроли беа спроведени со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тие континуирано ќе се реализираат на целото подрачје, информираше Стефан Димоски, порпарол на СВР-Охрид  

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска до Силјаноска: Не си ти фикус драга моја, ти си дифенбахија

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил ја искритикува Гордана Силјаноска која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ"Ахахахаха, ќе пукнам. Била кактус. Ахахахахаха.Кого боцнала Гордана - кактусот кога била секогаш покрај некој моќник на кој му се упикувала?Дали се спротиставила отворено на било која неправда во општетсвото?Дали жртвувала било што во име на правдата и правичноста и оној легалитетот кој толку милува да го спомнува.Добро бре Горданче, за што си се борела и за што си се изборела до сега освен за себепромовирање и себепретставување?За повеќе права на жените? За правата на малцинствата? За правата на мигрантите? За правата на стечајците и внатрешно раселените и обесправените и понижените?Не си ти фикус драга моја. Ти си дифенбахија која е опасна по живот и покрај тоа што е толку посакувано собно цвеќе"  стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zaev-za-kandidat

(ВИДЕО) Премиерот Заев отворено за фаворитите за кандидат за претседател

На прашањето какво е расположението, партиска или натпартиска личност за добри кандидати за Претседател премиерот вели:Имаме политички партии коишто на личностите кои се номинирани во јавноста гледаат како на добри или помалку добри кандидати за Претседател. Гледам дека не постои некое големо разграничување на партиски и натпартиски, повеќе се изјаснуваат за самите личности, но тоа се само мислења на лидери на партиите. Сите тие, вклучително и ние ќе се вратиме во органите и телата на политичките партии, кадешто со длабински анализи, веројатно со одговорноста за тоа какви пораки ни испраќаат граѓаните преку анкетите коишто ги имаме направено ќе значи и процесот на оформување на мислењето за сите со коишто разговаравме, истакна Заев и додаде:Со оние 22 - 23 коалициони партнери со коишто разговаравме во неделата, со ДУИ со Алијанса за Албанците, со Алтернатива на Африм Гаши и со другите, со Демократска Партија на Албанците, сите гледаат на кандидатот навистина да биде поддржан од огромно мнозинство на граѓани, да има еднакви поддршки од сите етнички заедници и по социјална и старосна структура генерално да има поддршка и од младите и од повозрасните и од средните категории на возраст. Важни им се сите тие аспекти, заради тоа што веројатно си имаат свои стандардни поддржувачи, си имаат свое членство за коешто е важно да изнајдат и мотивација за самата поддршка на претседателските избори, Рано е да кажеме за имиња, мене ми е драго што дел од кандидатите се секако и од СДСМ, си имаат одговорност за ваквиот концепт, но и за градење на единството. Се надевам дека процесот на пристап преку заеднички кандидат ќе даде добар плод, којшто ќе биде од интерес на сите граѓани и на Република Северна Македонија, истакна премиерот.Прашање:  Рејтинг листите на вашите четворица кандидати веќе се готови неофицијално, кој има најдобар рејтинг?Заев: Јас не би можел се уште да коментирам јавно истражување што го имаме добиено. Имаме сериозни фаворити, реков, од анкетираните, поголемиот дел се фаворити за победа на изборите, но тоа е само преку истражувањето, многу е значајно кој стои позади него, многу е значајно каква кампања ќе има, многу е значајно граѓаните како се изјаснуваат во конечноста на донесувањето на одлуките и многу е важно личниот настап на веќе селектиран кандидат, како тоа ќе биде сфатено од јавноста. Јас верувам дека вреди за внимание и за сериозност, но и за одговорност, секој чекор во една ваква постапка и затоа нема да коментирам но ми е драго што навистина имаме широка лепеза на добри луѓе кои што би биле одлични претседатели или претседателки на Република Северна Македонија.Прашање : Дали вие би прифатиле кандидат којшто нема да биде од вашата партија?Заев: Да, дел од разговорите ги разгледувавме темите дека дали треба да размислуваме само за личности коишто се во анкетите. На пример, не зборувам за 4-те, за 6-те, за 10-те кандидати или слично, зборувам за кандидатите за којшто имаме правено истражување, во такви околности ние рековме секое име кое што би имало свои амбиции, прво треба кандидатот да сака да биде претседател, да има свои амбиции а притоа да биде прифатлив, и секако дека секое име е за разгледување. Така што е многу рано да истрчуваме со одредени имиња кои е прво рангиран или кои е второ рангиран, па како е тоа низ кростабулациите низ етничкте заедници прифатлив, или помеѓу другите социјални структури или можеби партиски структури, но важно е што има амбиент за оваа работа. За мене тоа е сериозен исчекор, сега втората работа што е многу значајна, ајде да видиме која е таа личност, постои ли таква личност или личности коишто би не обединиле, сериозен процес е може да биде и неуспешен, но јас верувам дека ако направиме напори дека заради државата и граѓаните може да имаме успешен процес.Прашање: Јавниот повик ви завршува како ќе го реализирате сето тоа?Заев: Знаете дека ние во СДСМ прв пат идната седница ќе се собереме и затоа овој период додека траат јавниот повик, самокандидирањата, кандидирањето од нашите општински организации е процес којшто паралелно тече. СДСМ во својот процес на одлучување како партија се води токму од ваквите сугестии, ние полагаме надеж на нашето членство, нашите поддржувачи којшто исто така имаат свое право да номинираат свои кандидати, за да можеме после од нив да побараме поддршка, навистина преку тропање од врата на врата, преку разговори со граѓаните да дадат поддршка. Целиот овој процес паралелено се одвива и ќе се поклопат термините за донесување на соодветно и навремено на самите одлуки.

Македонија | пред 6 години

ubid-3

Шоферот од „Дурмо Турс“ е во домашен притвор - има закани по живот

По информациите дека шоферот на „автобусот на смртта“ со својт фамилија го напуштиле домот, се појави статус на социјалните мрежи во кој се наведува дека шоферот е во домшен притвор но во Скопје.Во продолжение статусот во целост:„Шоферот од „Дурмо турс“ е во домашен притвор . Ситуацијата е лоша. Полиција од Автокоманда има редовно кај нив дома. Дичкото е под силе притисок, од заканите дека ќе биде убиен заради жртвите и од другава страна, да не избега.Хаос им е по дома. Сестра му само плаче. дечково вчера прв пат заплакал. Колку треба да си психички јак за да го издржиш се ова? Се бориш со секундите кои ти се врежани во мозокот, за време на несреќата и во исто време, се бориш со реалноста од 15 жртви и повредени.Во куќта во Керамидница, слшаш како тивко се липа, пишув во објавата на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 6 години

vlada-19.02-pak

Усвоен Предлог закон за Агенција на национална безбедност како замена за УБК

На денешната редовна, 122 седница, Владата разгледан и утврдeн е новиот текст на Предлог - законот за Агенција за национална безбедност. Донесувањето на Предлогот на закон за Агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање на Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.На оваа седница е утврден и новиот текст на Предлог - законот за координација на безбедносно - разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.Со Предлог-Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија се предвидува формирање на посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа кои се предвидуваат во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.Предлогот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија произлегува од усвоените заклучоци од Советот на Европската Унија од 26.06.2018 година, а потврдени од Европскиот Совет на 28.06.2018 година, во чии рамки е нагласена важноста да продолжи напредокот во имплементацијата на Итните реформски приоритети и испорачувањето дополнителни одржливи резултати во областа на: правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција.

Македонија | пред 6 години

GTC-4

Град Скопје и УНДП го зазеленуваат покривот на ГТЦ

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.- ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите – рече денеска градоначалникот Шилегов.Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје.- Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија – изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот.- Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме – нагласи градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Силјановска Давкова: Уставниот суд е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи

Не постои стекнато право на неуставен начин. Значи јас направив една уставно правна анализа на овој закон низ призма на Рамковниот договор, низ призма на Уставот, но исто така и низ призма на двата најважни документи, европски, на кои и во Рамковниот договор се упатува, а тоа се Конвенцијата за регионални и малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, истакна професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за вестите на Сител телевизија.Силјановска Давкова истакна дека Уставниот суд е тој кој што кажува дали нешто е уставно или неуставно, односно тој е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи.

Македонија | пред 6 години

uvid-2

Сметки пред домот на возачот на „автобусот на смртта“, каде е тој?

Возачот на автобусот наречен „автобус на смртта“, во кој загинааа 15 лица a триесетина се повредени, меѓу кои им и критично, не е во својот дом. Тој со неговото семејство го напуштил домот веднаш по сообраќајната несреќа?Дека никој нема во домот говорат насобраните писма и сметки кои висат на влезната врата.Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.

Македонија | пред 6 години

mladi-lekari

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

Информираме дека студентите кои завршилe Медицински факултет, по завршување на студиите ќе добијат можност за практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава.- Како што најавивме пред неколку дена успеавме да направиме модел каде секој студент ќе добие можност за практична настава во здравствените установи. Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче по средбата со трите здруженија на лекари специјализанти.Претставниците од здруженијата ги поддржаа предлозите на министерот и се согласија да бидат дел од процесите со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност 6 месеци да добијат платена практична работа во Итната медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби.Министерството за здравство од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од 5 до 10 проценти, при што кај лекарите-специјалисти е 10%, за медицинските сестри на клиниките-8 проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од 5 проценти. Сите останати здравствени работници добиваат 5-процентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од 5%, од септември, годинава.Коефициентот за дежурства е коригиран во сооднос со зголемената основна плата при што надоместоците за дежурствата на лекарите остануваат на исто ниво како што било пред зголемување на основната плата.Како дополнување на мерките за подобрување на состојбата, Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди и средства за вложениот труд на специјализантите. Тие сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.Овие чекори овозможија привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници.- Со ова отвораме можности и работни места за граѓаните и лекарите својата иднина да ја гледаат тука, во Република Северна Македонија. Изборот е тука, во нашата држава. Создаваме средина за работа каде секој ќе може да се надградува, да оди напред во својата професија. Со зголемувањето на платите во здравството за вршителите на здравствена дејност значително се подобрува и унапредува статусот на здравствените работници што Министерството за здравство го почна етапно и го реализира според предвидениот распоред. Ова е уште едно дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници, со цел да се поттикнат и да се мотивираат, својот придонес да го дадат во подобрување на здравствениот систем на државата”, додаде министерот Филипче.Министерот Филипче посочи дека ова е само почеток на менување на состојбите во здравството - граѓаните заслужуваат врвна медицинска нега, а докторите достојни услови за вршење на својата дејност.

Македонија | пред 6 години

planina-2

Специјален телефонски број за поголема безбедност на планина

На прес конференција што денес се одржа во зградата на општина Охрид  беше објавен и промовиран скратен број 13 112 за СОС повици кон планинската спасителна служба. Со тоа  Охридскиот регион станува  пионер во државава  во  воведување на  побезбеден систем  при движење на планина.Според в.д . градоначалникот Константин Георгиевски станува збор за проект  кој битно допринесува во   развојот на планинарството како рекреативен спорт од една страна и развој на  планинскиот и алтернативен туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна.-Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку  туристички пулсира во текот на целата година, а не само во лето. Нашите стремежи се токму тоа со низа содржини и претходно предвидени проекти да развиваме, авантуристички, здравствен конгресен и други видови туризам. Нема сериозен развој на  планинскиот и алтернативен туризам без зголемување на безбедноста при движење на планина.  Затоа проекти од ваков тип се многу битни за сите нас. Сведоци сме на неколку немили настани низ македонските планини во изминатите години. Безбедноста при движење на планина е она кон кое сите се стремиме , а токму воведувањето на телефонскиот број за СОС повици многу допринесува во таа насока. Како општина и понатака ќе подржуваме и ќе создаваме услови за развој и на други проекти кои ќе овозможат развој на различни видови туризам. Тогаш кога  сите ние ќе сфатиме дека  туризмот навлегува во сите пори од приватниот и општествениот живот  на локално и државно ниво  и кога сите  во своите сегменти на дејствување ќе допринесуваме во развој на различните видови туризам ќе успееме да го изградиме  Охрид во сериозна туристичка дестинација посакувана за туристи од цел Свет– истакна  Георгиевски кој посочи дека Центарот за управување со кризи на Р. Македонија во моментов  работи на имплементација на  еден единствен СОС број којшто ќе ги интегрира сите итни служби во Р. Македонија за коишто има добиено грант.– Ќе има еден центар во Скопје и осум градови во Македонија во кои влегува и Охрид. Во фаза сме на изнаоѓање на просторно решение за сместување на тој центар кој ќе биде во старата касарна „Михајло Апостолски“каде ќе се дислоцираат пожарната и  полиција. Кога тој центар ќе профункционира овој број 13 којшто е префикс при СОС повик кон планинската спасителна служба ќе  се тргне и ќе остане само 112 што значи дека и планинската спасителна служба ќе биде интегрирана во целиот тој систем којшто ќе го раководи еден центар во Скопје под раководство на Центарот за управување со кризи- додаде Георгиевски.Антонио Додески од спасувачката служба на планина при Црвен Крст укажа на важноста на проектот и посочи дека во тек се  градежните активности за оформување на центарот за спасување на планина каде ќе бидат сместени тренинг  и оперативниот центар.– Понатаму ќе работиме на уште поиновативни начини за брзо повикување помош и лоцирање преку развивање мобилна апликација за паметните телефони, преку посебен софтвер со којшто ќе ги детектираме локациите на местото на несреќа. Но во овој момент како прв чекор во пресрет на  туристичка сезона е точно овој број кој го промовираме денес – подвлече Додески.Претседателот на Црвен Крст – Охрид, Сашо Точко истакна дека проектот е резултат на добрата соработка на спасувачките служби со сите надлежни институции, пред се  со покојниот градоначалник  Јованоски  и со актуелниот  кои дале безрезервна поддршка во реализација но овој проект.Телефонскиот број  за СОС повици во случај на планинска несреќа е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро- безбедна дестинација за авантуристички туризам и е финансиран од Европската Унија. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања