ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

grcija-mnr

Грчкото МНР ја појаснува правилната примена на Договорот од Преспа

Од 12 февруари официјалната употреба на името на северниот сосед е „Република Северна Македонија", краткото име „Северна Македонија", а придавките за државата и органите ќе биде „влада/министер на Република Северна Македонија или Северна Македонија", пишува во информативниот циркулар од грчкото МНР испратен до јавните служби со упатства и насоки за употребата на термините и правилно имплементирање на Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.Како што јавува дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР потенцира дека новото име важи за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта. Во спротивно, доколку нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.Во однос на документите, во циркуларот се објаснува дека новото име ќе фигурира во сите документи издадени по 12 февруари, а за време на преодниот период до издавањето на новите патни исправи, при влезот и излезот од земјата ќе се става печат според кој ќе се објаснува дека потекнуваат од Република Северна Македонија. За конкретната тема поврзана со патните документи, според АНА-МПА, надлежните грчки власти ќе дадат посебни упатства. Паралелно престанува да важи „Меморандумот за практични мерки" од Времената спогодба според кој на документите со старото уставно име грчките власти ставаа печат „од Грција е призната како ПЈРМ".За употребата на придавките за државата, владата, министрите и сл, во циркуларот, грчкото МНР објаснува дека правилно е да се користи: „Влада на Република Северна Македонија" или „Влада на Северна Македонија", „Министерот за надворешни работи на Северна Македонија", а не „македонска влада" или „македонски министер" и ова важи и за сите приватни субјекти финансирани од државата.За државјанството, правилната употреба е „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија", додека пак за регистарските таблички кратенката ќе биде НМ или НМК, а за останатите кодови за земјата остануваат кратенките МК и МКД.За учество на грчки делегации на меѓународни средби за соседната земја потребна е официјална употреба на термините што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно за претставниците од соседната земја треба да бидат заведени под термините „претставник/ функционер/ министер/ амбасадор на Република Северна Македонија".Во циркуларот, Министерството за надворешни работи на Грција, потенцира дека грчките делегации треба да бидат внимателни и веднаш да реагираат доколку забележат погрешна употреба од трета земја или организатор или дека нема правилна употреба на името и терминологијата согласно договорот.Во спротивно, според циркуларот, како што објави АНА-МПА, „секоја грчка делегација што учествува на меѓународна средба не треба да потпише или да одобри текстови кога во нив има погрешно споменување на името и на терминологијата врз основа на договорот".Минатата седмица, грчки дипломатски извори за МИА најавија дека Министерството за надворешни работи на Грција, во следните денови ќе испрати циркулар до јавната администрација со кој ќе ги информира за промената на името во Северна Македонија.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

27-april

30 дневен притвор за Спире Ристовски и Миле Јанакиески,Трајко Велјаноски има пратенички имунитет

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески добија по 30 дневен притвор , откако ги дадоа своите искази во Кривичниот суд.Мерката притвор, како што вечерва изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет. Како недостапени, а осомничени се водат поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски.Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.

пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 6 години

27-april

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи

Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.„Им следува крај и тежок пораз на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тие се свесни дека народот не ги поддржува. Свесни се дека паѓаат и дека губат и затоа одат на внесување на страв во општесвото и на нова тура политички прогон. Деспотот Заев го гледа својот крај, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица без докази, на рекла казала муабет.Овие луѓе не се виновни, народот е разбуден и не се плаши. Зав запамети дека народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ти отчукува часовникот, и да знаш Заев, готов си нема бегање. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Тие сакаат да се збори за пртвори, апсења изживувања, за да не се збори за вакцините, за здравството на Филипче кое убива, за Кочо и Тевдовски кои го осиромашија народот, за очајните земјоделци и злажаните пензионери. Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.Втората работа која денес стана јасна е фактот дека единствено решение за да стави крај на ова деспотство е жескоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори.Деспотот Заев сака да изпорвоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ од народот и граѓаните на Македонија. Реакција која значи да се откажеме од претсдателските избори за да избегне пораз.Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот Заев.Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе уценувајќи ги. Овде нема добитници ниту поразени. Со ваква Кацарска судсво и Русковска обвинителство овде нема правда нит пак правдина.Решението до правда е едно, победа на претседателски и потоа на неминовните предвремени парланментарни избори.Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи. Македонија на нозе и ќе ти врати за сите недела кои и ги направи. Притискај, апси, нарачувај убиства, вработувај роднини, но сепак спас ти нема, ќе те поразиме.За ова што го правиш еден ден, ќе одгвараш и ти твоите соработници. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш.Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи, но знаеш како завршија“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Велјаноски: „10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“

„10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“, кусо истакна Трајко Велјаноски по излегувањето од судот.Велјаноски инаку поранешниот претседател на Собранието предмалку излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен како осомничен за организирање на настаните од 27 април во Собранието.Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.Инку Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес конференција по повод последните случувања со апсењата на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Тие тројца, заедно со уште двајца кои се во бегство, се осомничени за организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април.

пред 6 години

Sveti-Kliment

Македонско-бугарска експертска комисија препорачува заедничка прослава на Свети Наум, цар Самуил и Свети Климент

Членовите на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се усогласија за заеднико чевствување на Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски и на цар Самоил."Заедничка се усогласивме во однос на чевствување на три личности од средновековите. Тоа се Свети Климент Охридски , свети Наум Охридски и цар Самоил. Околу овие три личности ние постигнавме согласност и до Владите ќе испратиме препорки со кои ќе им предложиме овие личности во иднина на значајни годишнини и јубилеи заедно да бидат прославувани од двете држави"изјави Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев .Остануваат уште отворени прашања на понатамошните средби од комисијата највија дека ќе се разговара за Гоце Делчев и Илинденското востание и други личности.Ова е договорот по дводневниот состанок во Скопје на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања која продолжува да работи и на таканаречените спорните точки во учебниците по историја во двете земји.Преставникот од бугарска страна Ангел Димитрив напомена дека денеска покрај постигнувањето договор за средновековната историја се случи и ратификацијата на договопрот од Преспа во буграскиот парламент.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Обвинителство се огласи за притворите на пет лица за настаните од 27 ми април

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.

пред 6 години

Veljanovski-2-copy

Приведен Трајко Вељановски за настаните од 27 април

Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен потврдуваат од Обвинителството. Вељановски беше осомничен како организатор на настаните од 27 април.Сепак тој вечерва не може да биде ставен во притвор бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар

Македонија | пред 6 години

Osmani_Mogherini3

Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите оваа година

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, на која беа отворени темите за процесот на проширувањето на Унијата, како и перспективите на Република Северна Македонија пред претстојниот извештај на Комисијата, како и јунските состаноци на Советот на ЕУ.„Покрај Договорот од Преспа, имавме огромен успех и во постигнувањето на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на јазиците, со што ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања“– истакна Османи, посочувајќи ја европската перспектива за основно гориво за овој успех, со што јасно се исцртува моќта на европската идеја за позитивна трансформација на општествата.„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“- истакна Османи, пренесувајќи ѝ ги на Високата претставничка високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година.„Почетокот на преговорите со Република Северна Македонија оваа година, покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион – како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап “ – додаде Османи, притоа посочувајќи особено на дијалогот меѓу Приштина и Белград, како еден од најважните политички предизвици во регионот.За време на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи оствари средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), a ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“ како и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).По завршувањето на работната посета на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе отпатува за Виена, каде ќе учествува на состанок на Министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Македонија | пред 6 години

taravari

МОН ги одзема ингеренциите на Таравари во образованието поради непочитување на законските одредби

„Градоначалникот на Гостивар обврската за појаснување на неговите дејствија и активности спротивно на законот и процедурите ја заменува со дезинформации, шпекулации и со скандалозна злоупотреба на последните трагични настани.МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар.Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта.Поточно, тоа што беше констатирано во оваа општина е следното: непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон.Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори.Со жалење можеме да констатираме дека сето ова е само повторување на состојбата од претходната година, кога на истата општина и беа одземени надлежностите од истите причини. Овие надлежности и беа вратени на Општина Гостивар од страна на МОН кога беа отстранети неправилностите. И, повторно, по враќање на надлежностите за образование во оваа општина и на нејзиниот градоначалник, имаме повторување на законски прекршоци.Сакаме да упатиме апел до Општина Гостивар, градоначалникот на оваа општина и до нејзиното раководство да не обвинуваат само заради нивните политички цели, да не ја вклучат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.Преземените мерки од страна на МОН се со дефинирани рокови, во рамки на кои ќе се отстранат неправилностите“, велат од Министерството за образование и наука,

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да го повлече својот ангажман како алатничар

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека побарал од таткото на неговата сопруга да се повлече од новиот ангажман како аналитичар.„Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.Искрени сме во тоа.Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.Сега градиме поинакви вредности, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, напиша Кирацовски на Фејсбук.За Кирацовски беше објавено дека освен неговиот дедо, вработени се и неговата баба, Мери Поповска во ДУД „Мирка Гинова“ и неговата сестра Марија Јосифовска во Централен регистар.

Македонија | пред 6 години

bektesi

Бектеши до новинарите: Зошто вие работите во медиумите во кои работите?

Како што не сум имал влијание при нејзиното вработување, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече или да не се повлече, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, чија сестра е вработена во МЕПСО, како што потврдија од компанијата, пренесе „Слободен печат“.Тој додава дека неговата сестра е полнолетна, мажена е, има свој живот и треба сама да си одлучува за нејзиниот живот.На прашање од новинарите како е можно неговата сестра да започне да работи во државно претпријатие баш откако тој стана министер, Бектеши одговори со прашање до новинари зошто тие работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други.Јавноста откри дека уште еден роднина на министерот Бектеши бил вработен во ЕЛЕМ, станува збор за сопругата на братот на сопругата на министерот, Нертила Усеини Каба.– Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски а ЕЛЕМ во надлежност на Владата – вели Бектеши.

Македонија | пред 6 години

todor-petrov

Заев и Димитов нема да одговараат за велепредавство, отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Светскиот македонски конгрес на 14.09.2018 година против две лица за повеќе кривични дела – Повреда на угледот на државата, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, Велепредавство, Загрозување на независноста, Здружување заради непријателска дејност, Несовесно вршење на службата и Самовластие.Пријавата беше поднесена против лицата во својство на министер за надворешни работи и претседател на Владата и во неа се наведува дека тие сториле и кривични дела – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и Злоупотреба на службена положба и овластување за кои, согласно законската надлежност, претходно се произнесе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации. Притоа пријавените постапиле спротивно на уставната обврска да го штитат уставниот поредок и суверенитетот, а со промена на идентитетот на нацијата ја загрозиле унитарноста и независноста и државата ја довеле во положба на потчинетост или зависност кон странска држава.По проучување на наводите во пријавата, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни елементи на наведените кривични дела.Имено, за да може водењето на преговорите за промена на името на државата во кривично-правна смисла да се смета за повреда на угледот на државата и излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, потребно е кај пријавените да постои јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката. Во Преамбулата на Спогодбата, двете страни потписнички се обврзуваат на почитување на начела, принципи и стандарди кои се меѓународно прифатени, а со цел решавање на разликите околу името и зацврстување на добрососедските односи. Притоа, намерата за исмејување, како посебен субјективен елемент на противправноста не е содржана во дејствата на пријавените.Кривичното дело – Велепредавство може да му се стави на товар на некое лице единствено ако со употреба на сила или сериозна закана се обиде да го измени уставниот поредок на државата или да ги собори највисоките државни органи. Во дејствијата на пријавените нема примена на сила, ниту сериозна закана како средство за изнудување определена одлука или поведение.Кога станува збор за кривичното дело – Загрозување на независноста, пријавените при потпишувањето на Спогодбата, не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја би се довела во потчинетост или зависност, што се клучни елементи на битието на ова кривично дело.Надлежниот јавен обвинител констатираше дека во дејствијата на пријавените при потпишување на спогодбата не постои заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, па со самото тоа не постојат ниту елементите на кривичното дело – Здружување заради непријателска дејност.Во однос на кривичното дело – Несовесно работење во службата, потребно е од страна на службено лице да бидат преземени дејствија кои претставуваат повреда на законските прописи за судир на интереси или за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор , со што се прибавува корист за себе или друг или пак на друг ќе му биде нанесена штета. Во овој случај не може да стане збор за постоење намера за прибавување корист или нанесување штета, односно ваквите наводи во пријавата се базираат на претпоставки на пријавителот за кои нема можност за докажување.Кривичното дело – Самовластие од член 392 став 1 од Кривичниот законик, пак, се гони по приватна тужба и за ова дело јавниот обвинител не е овластен тужител.Имајќи ги предвид наведените факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Скопје се гуши - денеска на второ место на листата на најзагадени градови во светот

Главниот град на Македонија, Скопје во моментов е втор град по загаденост во светски рамки. Индексот на загадување во Скопје изнесува 164. На оваа листа пред Скопје се наоѓа само Дака во Бангладеш.Според податоците од 7 часот утрово најзагадено, било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.Сепак останува нејасно кои се официјалните податоци за загаденоста во Лисиче и Гази Баба, затоа што мерните станици веќе подолг период не ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања