ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Trajko_Veljanoski-golema

Имунитетот на Трајко Вељановски ќе му се одзема денес

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски. Седницата на комисијата со која претседавач е пратеникот Павле Богоевски е закажана за 10 и 30 часот.Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа Барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес променливо облачно време, утре се очекува снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе засили.Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север денес во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/час. Утре претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи од снег, главно во западните и јужните делови од земјава, а дневната температурата значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде само околу нулата. Од недела следува период на суво, ветровито и постудено време.

Македонија | пред 6 години

mickoski-8-mi-septemvri

Христијан Костов: Јанакиески нема повреди

Денес во попладневните часови е донесено лице од затворот во Шутка кое било донесено за медицински преглед. По приемот во ургентниот центар дежурната екипа детално извршила преглед, изјави директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов.„Откако се завршија сите прегледи се донесе заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Но, заради анамнестичкиот податок дека лицето било ударано по телото препорачано е од екипата 24 часовен надзор од страна на медицинско лице во установата од кое е донесено“, изјави Костов.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Очекувам сите надлежни институции да го расветлат случајот и да покренат постапки за санкционирање на сторителите

Во врска со инцидентот во затворот во Шутка на Фејсбук се огласи и министерката за правда, Рената Дескоска.„Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор - Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации“, напиша Дескоска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски. Тие очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога од врвот на ВМРО-ДПМНЕ како осомничен организатори на настаните од 27 април, изјави Костадин Костадинов.„Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ пласираат голем број неточни вести како дел од ова сценарио. Однесувањето на Мицкоски  во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, имајќи во предвид дека Миле Јанакиески немал никакви повреди, што е потврдено и со прегледот.СДСМ осудува било какво насилство и го осудува инцидентот во Шутка. Благодарение на брзата реакција не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции да го расчистат овој инцидент.Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее. Одговорност за нарачателите, организаторите и извршителите за крвавиот четврток мора да има“, вели Костадинов.

Македонија | пред 6 години

40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Зекири до Мицкоски: Проѕирни сте и ваквите сценарија не ви поминуваат

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зеќири преку својот Фејсбук профил му се обрати на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Mицковски проѕирни сте и ваквите сценарија од вашиот ментор кукавицата Груевски преку неговите пулени Миле и Спире не ви поминуваат“, напиша Зеќири на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Директорот на затворот во Шутка за инцидентот: Ќе бидат санкционирани извршителите

Денеска се случија два немили настани. Првиот се случил околу 13 часот за време на редовна прошетка, при  што дошло до вербална расправија помеѓу лицата С.Р. и Л.К., а потоа и до физичка пресметка која била прекината од страна на службите, изјави директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски.„Околу 13 часот и 45 се случил вториот немил настан во кој дошло до вербален инцидент меѓу М.Ј и Е.К. кој подоцна преминал во фризичка пресметка и истиот бил прекинат од страна на службите. За двата инциденти прибавени се изјави од сите очевидци и известен е надежниот суд.По инцидентот С.Р. и М.Ј. се пренесени во домскиот лекар и пружена е соодветна грижа. Од страна на С.Р. не била побарана дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. кое се пожалило на болки, веднаш е испратено во болницата 8-ми септември.Затврот ги превзема сите активности извршителите да бидат санкионирани и во иднина ќе продолжи да постапува професионално. Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е направен некој пропуст и ако е утврден од страна на затворската полиција или другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и дисциплинска одговорност“, изјави Котевски.

Македонија | пред 6 години

japonski-krap

Неавтохтон вид златен карас уловен во Охридското Езеро

Златен карас уловен во Охридското Езеро. Рибата е убава за глетка, но на овој вид риба, во никој случај не и е местото во езерските води. Како оваа стиба стигна тука сеуште никој не открива.Инаку фотографии од рибата на својот фејсбук профил објави вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски – Лепи.Станува збор за неавтохтон вид златен карас, риба која и претходно е забележана во водите на езерото, а ја уловил риболовецот Боби Стојаноски.Рибата која е со тежина од околу еден килограм, најверојатно е пуштена во езерото од страна на неодговорни поединци, а е уловена во каналот „Студенчишта“. Експертите апелираат тоа да не се прави, бидејќи сериозно се нарушува биодеверзитетот.Ова не е прв ваков случај. Во август минатата година, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во водите на Охридското Езеро, кај „Заливот на коските“, ја снимија рибата сончарка (Lepomis gibbosus), која исто така не припаѓа на охридскиот екосистем.Апелираме да не се пуштаат во езерото неавтохтони видови риби, бидејќи можат лошо да влијаат врз биодиверзитетот на езерото. – велат од Нуркачкиот центар „Акватек" од Охрид.Пред неколку години беше уловен исто така азиски вид риба. И тогаш спортските риболовци, научната јавност и љубителите на природата предупредија на негативните последици по живиот свет во Охридското Езеро доколку се зголеми бројот на видови кои никогаш не егзистирале во овие води, кои со милениуми се природно живеалиште на голем број ендемски видови, од кои дел живеат само тука.

Македонија | пред 6 години

mickoski-8-mi-septemvri

Мицкоски до обезбедувањето во “8 септември”: Да не ја правиме голема

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски обезбедувањето од болницата „8-ми септември“, ги спречи да го посетат Миле Јанакиевски кој денеска беше претепан во затворот во Шутка.Обезбедувањето потенцира дека на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор и дека поради тоа никој не смее да го посетува.На ова претседателот на ВМРО ДПМНЕ им порача:„Да не ја правиме голема“.Тензичната атмофера ја прекина болничкиот персонал, кој на лидерот на опозицијата му рече да остане, а сите останати да го напуштат објектот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Јанакиевски во првото деноноќие претепан - Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот Груевски?

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“. Ристовски е со помали повреди, а Јанакиески бил префрлен во болницата „8. Септември“ поради скршеници.По оваа вест се наметнуваат две прашања, колку се безбедни македонските затвори? Но и дали овој инцидент на некој начин најави дека се реализира уште една од најавите на екс премиерот. Имено веднаш откако тој пребега во Унгарија побара азил, на прашањето зошто избега, Груевски на Фб на 20 ти ноември 2018 напиша:„Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, пишува Груевски“.Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот, Никола Груевски?Инаку поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба. Освен за веќе отпочнатиот судски процес „Насилство“, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е обвинет во четири случаи на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“ за изборните измами, „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски, „Траекторија“ за изградбата на автопатиштата.

пред 6 години

goran-isceznat

Пронајдено безживотно машко тело, неофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски

Пронајдено Безживотно тело во Нерези на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Телото било пронајдено денеска околу 13 часот. Телото било во бездна, а на патот било оставено возилото марка „поло“.Наофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.Инаку утрово по соцјалните мрежи се вртеше веста дека е исчезнат Горан Атанасовски. Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“.Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.

Скопје | пред 6 години

Mile-Janakieski

Инцидент во Шутка - претепан Миле Јанкиевски

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.Според нив, член на Кумановската група го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.Официјално сè уште нема  потврда за оваа информација.

пред 6 години

zagaduva-skopje

О2 иницијатива детектира уште едно жариште кое го загадува Скопје

Едно од жариштата во Скопје денес, Визбегово-Шутка каде се гори секаков отпад, објавија на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.Тие пишуваат:Вакви жаришта имаме и во Сарај-Ѓорче, Карпош, Гази Баба.... Решавањето на овој проблем ќе биде знак дека нештата тргнале на подобро и дека ќе почне да функционира системот, институциите во државава. Оваа појава е забранета со закон и казнива, но ни се случува секојдневно, низ цела година не само тука во Скопје, туку низ цела држава. Дали палење отпад, дали стрништа, преплавени сме од овој проблем. Вакво загадување е едно од најлошите, ослободува палета на токсични, мутагени суптанции кои остануваат долго во воздухот и се таложат во нашите тела. Ова мора да е еден од приоритетите во борбата за намалување на аерозагадувањето. Влада на Република Северна Македонија Град Скопје.https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/a.1250400318410626/2043864489064201/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

vilma-press

Русковска: Доколу не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан

На денешната прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска изјави дека според неа доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.„На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, вели Русковска.Таа додаде дека во законот за амнестија не е амнестирано кривично дело туку се аменстриани поединечни дејствија.„Не сметам дека законот за амнестија би бил било каква пречка и истиот не важи за организаторите“, изјави Русковска.

пред 6 години

goran-isceznat

Исчезнато е лицето Горан Атанасовски , ако имате било каква информација пријавете

Преку социјалните мрежи се бара уште едно исчезнто лице.Исчезнато е лицето Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со рег. СК-3104-АО.Облечен е во кошула и панталони.Ве молиме ако имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања