ГЛАВНИ-ВЕСТИ

vlada-kran-1

(ФОТО) Кран пред Владата, вечерва ќе се поставува таблата „Влада на Северна Македонија“

Владата на Северна Македонија, по теркот на Владата на Груевски, отстранува, но и става табли во доцните вечерни саати. Така вечерва по дождливо време градежна мехаизација - кран пред Владата, се чека знак да се постави таблата „ Влада на Северна Македонија“.Инаку во текот на денот на платото пред зградата на Владата се извршуваат подготовки за церемонија за подигање на знамето на НАТО, коешто ќе има свое место пред Владата.Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден. Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.Натписот „Влада на Република Северна Република Македонија“, ќе биде поставен на македонски и на албански јазик.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ допринесоа да имаме жртви од морбили

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вестите на 1 ТВ ја обвини претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што денеска епидемијата на мали сипаници ја зема третата жртва, откако почина 13-месечно детенце.-За жал веќе има три смртни случаи, морам да кажам дека ми е жал, но до тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа погубна политика на претходната партија на власт не доведе до тука, како и на силните антивакцинални кампањи – рече министерот во краткото гостување во вестите на 1ТВ.Како што рече Филипче, две од починатите дечиња не можеле да се вакцинираат, едно поради здравствена состојба, а другото затоа што било премало.Филипче вели дека дневно има 4 до 5 нови случаи на заразени од морбили.  Тој додава дека комисијата за заразни болести, која заседавала денеска во Министерството, одлучила од утре да се повикаат родителите да ги вакцинираат и своите 6-месечни бебиња кои не се вакцинирани.

Македонија | пред 6 години

brak-mazi

Отвора ли власта пат за истополови бракови?

Здружението на граѓани „Традиционално семејство“ бара пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, пренесува Алфа. Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена.Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови.Алфа го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството.

Македонија | пред 6 години

detska-klinika-1

Родител на починатото едногодишно дете: 6 саати чекавме да не примат и му дадоа само парацетамол

Во средата отидовме на Инфективна клиника околу пладне. Детето беше изнемоштено, рекоа дека се морбили, а јас им кажав за болеста на детето го лечевме во Белград, сведочи родител на 13 месечното бебе што почина викендов, објави курир.мк.-Се им кажав за болеста на детето, а тие не пратија на Детска клиника на пулмологија. И оттука почнува префрлањето од Детска велат одете на Инфективна, тие пак не пратија на детска, вели родителот.Родителот, како што посочува, прво почнале да го префрлаат проблемот, а второ не сакале да преземат одговорност-Изгубив точно 6 саати додека го примат. Дури после 18 часот и толку шетање детето немаше примено никаква терапија, потоа му дадоа само парацетамол. Детето и потоа немаше примено антибиотик. Ние како родители алармиравме, а лекарите префрлаа од еден на друг, даваа некои површни објаснувања, вели родителот.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 6 години

nuri-bajrami

Манчевски и Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на Џафери во Антикорупциската комисија

Министрите Дамјан Манчевски и Рената Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на спикерот Талат Џафери во Антикорупциската комисија. Според нив со избирањето на баџанакот на Талат Џафери за нов член на антикорупциската комисија не е прекршување на законот за избор на нови антикорупционери.Според Манчевски членови на сдсм биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор 10 години Тој порача антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.И Манчевски и Дескоска сметаат дека на Нури Бајрами треба да му се даде шанса и да се види како ќе работи и колку ќе се бори против корупцијата.

Македонија | пред 6 години

arsovski-1

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска својот син го вработи во ЕЛЕМ

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден, истакна на пресс конференција Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија?Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- изел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира - дизел подобар од останатите кандидати?Почитувани,Ова се прашања кои заслужуваат и мора да добијат одговор.Илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија.Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл.Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.Време е СДСМ да си замине од власт и да запре овој општ грабеж кој што и се случува на граѓаните, истакна Арсовски.

Македонија | пред 6 години

ministerstvo-za-kultura-5

Здружение на историчари: Ни денар за македонската „Историја“, а 123.000 за албанските историчари

Здружението на Историчари реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура. Тие велат дека Минатата година не биле одобрени средства за списанието „Историја“ со образложение дека не претставува „национален приоритет“.„Во Годишната програма на Министерството за култура за 2019 година, како и минатата година, не се предвидени средства за публикување на „Историја“ – референтно научно списание на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ).Минатогодишната причина за неодобрените средства беше дека списанието „Историја“ не претставува „национален приоритет“. Оваа година очекуваме слично образложение. Членовите на Комисијата што ги разгледуваше пријавите, веројатно сметаат дека тоа што „Историја“ е наднационално списание, во кое, како ретко каде, најсликовито се изразени мултиетничноста и мултиконфесионалноста во нашата држава, не претставува национален приоритет.Господа, членови на Комисијата, вие секако знаете, но ние пак ќе ве потсетиме дека:ЗИРМ е најстарото историско здружение во Р. Македонија, формирано во 1952 година.Списанието „Историја“, понекогаш еднаш, а некогаш два пати годишно, излегува во континуитет од 1965 година. Доколку беше „од национален приоритет“, оваа година ќе излезеа 69-тиот и 70-тиот број од списанието.Во списанието „Историја“ свои научни трудови објавувале великаните на македонската научна мисла – Блаже Конески, Љубен Лапе, Харалампије Поленаковиќ, Михаил Петрушевски, Христо Андонов-Полјански, Михаило Апостолски, Крум Тошев, Манол Пандевски, Цветан Грозданов, Александар Матковски, Иван Катарџиев, Димитар Митрев, Димче Коцо...Токму во списанието „Историја“, во далечната 1968 година, Ш. Рахими го објави својот научен труд „Ѓерг Кастриот Скендербег“. На страниците на „Историја“, големиот Али Вишко пишуваше за историјата на Тетово и Тетовско, а Рамиз Абдули за Зеф Луш Марку. Низа автори од Албанија, Македонија, Русија и други земји пишуваа за историјата на Албанците. Токму во „Историја“, се напишани првите научни статии на овие простори за историјата на Власите, Торбешите, Евреите и Србите од Македонија. Во „Историја“ Јусуф Хамза пишуваше за историјата на Турците во Македонија.Во „Историја“, во втората половина на 1960-тите, беа за прв пат кај нас зачнати теми од родова проблематика, теми за историјата на жените Македонки, Албанки, Турчинки и за женските движења во нашата земја.Врвни научници од САД, Кина, Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија, Русија, Холандија, Чешка, Полска, Словачка, Романија и од поранешните југословенски републики, во „Историја“ објавуваа свои статии за историјата на Македонија и нејзините народи. Впрочем, во редакцискиот одбор на списанието членуваат професори и научници од Велика Британија, Турција, Полска, Русија, Германија и Хрватска. Сега треба да им се заблагодариме и да им кажеме дека нашето и нивно списание не е „национален приоритет“.Списанието претставуваше отскочна даска за десетици млади научници – идни академици и универзитетски професори, кои во далечните 60-ти, 70-ти, 80-ти и 90-ти го имаа своето научно деби токму во „Историја“Во бројните рубрики (Статии, настава/дидактика, прилози, осврти, прикази и критики, материјали, библиографија, хроники, белешки, од културното минато и тн.) „Историја“ им отстапуваше простор на просветните работници од основните и средните училишта за нови идеи, критики и методи за унапредување на наставата по историја.Скромните средства што ги побаравме од Министерството за култура ќе беа наменети за печатење на списанието и негова распределба меѓу просветните работници и други историчари од Република Македонија. Пред сѐ ним им се извинуваме што „Историја“ не е национален приоритет.P.S: Им честитаме на колегите од Здружението на историчари Албанци од Македонија, на кои, откако минатата година им беа доделени 80 000 денари за два броја од нивното списание „Историски истражувања“, овој пат им се одобрени 123 000 денари за печатење на бр. 13 и 14 од списанието. Се работи за младо списание, на кое што секако му е потребна помош. Нам ќе ни биде чест да придонесеме со научни трудови за афирмација на нивното списание. Секако, кога во некои идни времиња „Историја“ повторно ќе биде национален приоритет, ќе ни претставува задоволство доколку и колегите од Здружението на историчари Албанци од Македонија испратат свои научни статии во „Историја“, како што тоа во минатото го правеа Рахими, Вишко, Абдули, професорката Ледиа Душку и други историчари Албанци“, се вели во соопштението од Здружението на историчари.

Македонија | пред 6 години

20190211120118

Најголем дел од возилата на противпожарните единици се од минатиот век

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава.Базата на податоци открива дека противпожарните единици располагаат со само 220 возила. Притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век.За споредба, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29% се од минатиот век, а 71% се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години.Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава.Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Македонија | пред 6 години

morbili

13 месечно бебе од Тетово почина од морбили

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.Синоќа починало 13-месечно бебе од Тетовскиот Регион, кое претходно не било вакцинирано.Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.

Македонија | пред 6 години

Filipov

Ѓорѓи Филипов ќе поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов во планира да поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ.Тој преку соопштение до јавноста информираше за планираните активности.„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ. По тој повод, ве поканувам на прес-конференцијата закажана на 11.Февруари 2019, со почеток во 12.00 часот во хотелот Александар Палас, Скопје. Ќе ми биде задоволство да ви се обратам и да одговорам на вашите прашања – се наведува во информацијата испратена до медиумите на екс амбасадорот Филипов.

Македонија | пред 6 години

korica-kalina

Вечерва промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

Денес во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска. Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија но и во соседните земји.Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

Магазин | пред 6 години

mile

На Груевски му е гајле за притворите на Божиновски и Јанакиески: Не чуствувам вина

Во интервју за Инфомакс, на прашањето дали чувствува вина поради тоа што во моментот кога замина од Македонија, неговите поранешни соработници беа пpитвopени, Никола Груевски одговори дека тој не чувствува вина.„Тие треба да ја чувствуваат вината , јас ја чувствувам горчината што сум дел од ова време во кое што во мојата држава, во која што живеев, работев и правев се да оди напред, дојде марионетска власт која што освен што направи крупни негативни работи за македонскиот национален идентитет, име итн. безмилосно се пресметува со политичките неистомисленици како што не се случило од 50-тите години на минатиот век“, вели Груевски.

Македонија | пред 6 години

2

Пожар во Идризово, причинета материјална штета

Утрово околу 4 часот во казнено проправниот дом Идризово избил пожарПожарот избил на кровот и по еден час бил ставен под контрола. Со ова причинета е материјална штета од околу 15 000 денари.Од противпожарната бригада известија дека интервенирале со едно возило и четири пожарникари.

Скопје | пред 6 години

Screenshot_4-13

(ФОТО) Таблите со Северна Македонија вандализирани

Само што беа поставени таблите на кои е напишано името Република Северна Македонија настрадаа од непознати активисти – пишува порталот “Експрес.мк”.Граѓани на социјалните мрежи објавуваат дека на неколку места синоќа биле прешкртани таблите во делот каде е напишан зборот Северна.По неколкуте пријавени инциденти со таблите извори во МВР велат дека се размислува за оперативен план за заштита на таблите особено за тие што се поставени во граничниот појас со Грција – додаваат од “Експрес”. 

Македонија | пред 6 години

Visar-Vishka8

Вишка: Со таа злоба најдалеку можете до Лесковац да одите!

Советникот на министерот за култура Асаф Адемир, Висар Вишка, се огласи на својот Фејсбук профил во врска со распределбата на финансиските средства на министерството.„И још једном:)Комисиите се составени од професионалци предложени од коалициони партнери.А тоа се: СДСМ, ДУИ и БЕСА. Се разбира дека тие од СДСМ не ги познаваат Албанските уметници, а албанците имаат сепак колку толку познавање на мак уметници.Претседателите на комисиите се претежно македонци.Се гласа со мнозинство гласови, да не речам консензус.Индивидуално сите другачије би одлучиле. Јас не сум среќен со многу аматери што се финансираат со години. Ама не одлучувам ниту јас ниту МИНИСТЕРОТ.Затоа:Го оправдувам незадоволството и слободата тоа да го искажете јавно.Но ич не прифаќам националистичка злоба вперена во погрешна адреса.Со таа злоба до Табановце, најдалеку Лесковац можете да одите.Јас сеуште ништо не работам во МК, ниту конкурирав со свој проект за да нема конфликт на интерес.Така да, лајте под туѓ прозор;)Раус!“, напиша Вишка на својот профил.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања