ГЛАВНИ-ВЕСТИ

52590202_402317733858020_1998259991462543360_n

Амди Бајрам на церемонијата за НАТО во славната бунда од 20 000 евра

Пратеникот Амди Бајрам денес на церемонијата пред Владата на сега веќе Северна Македонија се појави облечен во истата бунда која ја носеше на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , од каде еуфорично најави дека по изборите ќе го затвори Зоран Заев во кафез и ќе му даде да јаде морков, а за  Радмила Шеќеринска рече дека спаднала на толку ниско ниво, што морала да е посматрач во Шуто Оризари.Цело време додека Амди Бајрам зборуваше на бината во Охрид, во првите редови се смееја и аплаудираа Никола Груевски и целото тогашно раководство на ВМРО ДПМНЕ.По настанот во Охрид Амди Бајрам излезе во јавност и кажа дека тој не носел бунди од зајаци, бундата која ја носел на митингот е како таа на Доналд Трамп, дека е од вистинско крзно на „Нерц“ и дека чинела повеќе од 20 000 евра.ВИДЕО ОД НАСТАПОТ НА АМНДИ БАЈРАМ ВО ОХРИД ОБЛЕЧЕН ВО БУНДА ОД 20 000 ЕВРА 

Македонија | пред 6 години

sela

Села: Размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.„Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец.Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите“ рече Села.

Македонија | пред 6 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Преспанскиот договор влегува во сила, нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.– Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер , откако Владата соопшти дека Преспанскиот договор стапи на сила.

Македонија | пред 6 години

vlada

Владата почна со менување на натписите: Називот Република Македонија не смее да го има никаде

По оддржаниот прв состанок, Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, ги донесе следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели.Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака ‘NMK”  за регистерските таблички на возилата. Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности.Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени. 

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

Од денес живееме во Република Северна Македонија

„Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави  во Службен весник.Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани. Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

mitropolit-petar

Митрополит Петар: МПЦ нема да го менува називот

МПЦ-ОА не планира да го промени своето име и покрај тоа што државата го смени уставното име во Република Северна Македонија, изјави денеска Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Петар.„Ние не можеме никому да му заповедаме, да му наредиме како ќе не вика нас, но ние ќе си се викаме така како што сме. Моите мислења и ставови не се поразлични од ставовите на светиот Синод и остануваме на сите тие ставови. Едно име имаме, така е песната.Ние ќе инсистираме да бидеме признаени под нашето име, што не е случај досега со ниту една црква по етничка основа да биде признаена, туку се признавани еве да споменеме, Цариградската патријаршија, Александриска патријаршија, Ерусалимска патријаршија, Антиохиска црква. Но како и да биде, ние сме биле Охридска архиепископија и ја обновивме Охридската архиепископија и не можеме да бегаме од фактот дека сме биле и сме обновена Охридска архиепископија и Јустинијана прима, бидејќи станува збор за цркви кои биле на нашите простори, на просторите на Република Македонија“, изјави Митрополитот Петар.

Македонија | пред 6 години

vucic-111

(ВИДЕО) Вучиќ: Да изгубев на референдум како Заев ќе си поднесев оставка

„Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа, потенцираше српскиот претседател во своето интервју“, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ .Тој во гостувањето даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

Свет | пред 6 години

ministerstvo-za-kultura-5

Стручната комисија при Министерството за култура : За „Златно славејче“ направивме грешка, другите апликации се разгледуваат

Стручната комисија при Министерството за култура по повторното разгледување на одбиените апликации, утврдила дека направила пропуст во документацијата во случајот со детскиот музички фестивал “Златно Славејче”. Фестивалот ќе добие пари од Годишната програма за финансирање на проекти од културата.„Човечки е да се згреши, ние згрешивме во одбивањето на пријавата на фестивалот Златно славејче. Фестивалот имал целосна документација и ќе добие пари од Министерството за култура“, рече денес Плеурат Гаши, претседателот на Комисијата за фолклор и музичко-сценска дејност при Министерството.Од Комисијата додаваат дека досега преразгледале околу 100 апликации.Засега нема рок по кој стручните комисии треба да одлучат по повторното разгледување на одбиените предмети. Станува збор за над две илјади апликации, од кои најголем дел конкурирале за пари од музичката дејност.Јавноста, но и засегнатите јавно го искажуваат револтот откако министртвото за култура ги одби најголемите и најреномираните музички и фолклорни фестивали.

Македонија | пред 6 години

Gjorge-Ivanov1

Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот не бил поканет на свеченоста на НАТО

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за Телма соопштија дека претседателот Горѓе Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.Од Владата пак спротивно на ова велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.На денешната свеченост не беше присутно ни раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mak-Nato-1

(ФОТО) Подигнато знамето на НАТО пред Влада

Во моментов на платото пред владата се одржува церемонија, на која се подигнува знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство.Во првиот ред на свеченоста седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче, за кое се претпоставува дека било наменето за некогашнот претседател Бранко Црвенковски.Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци.Според објаснувањето на НАТО, сега сојузниците треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија според своите национални процедури.Откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот, според процедурата, генералниот секретар на НАТО формално ја поканува земјата да му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз.  

Македонија | пред 6 години

protest-pazar

Законот за пазари пред уставен?

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Според нив тој мора целосно да се повлече.Пазарчиите излез од проблемот кој ги затекна, бараат сплотено. Пазарџиит од сите градови како ќе делуваат.По најавите дека ќе има генерален штрајк, Министерот Бектеши уверува дека Законот ќе биде променет, а за тоа има време од една година.Инаку Законот за пазари беше предмет и на препукувања меѓу партиите. Опозицијата бараше целосно укинување и носење нов закон, а власта одложување на постојниот.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Омбдусманот да започне ревизија на вработувањата на блиските на функционерите и да ја исправи неправдата

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата за непотизмот реагираше на својот Фејсбук профил.„За вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционериАпелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа.Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети.Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта.Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат.Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници.Но верувам дека Омбдусманот може по анализа на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата.Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок.II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ1. Граѓански и политички слободи и праваЧлен 9Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Комисијата за заразни болести со нови препораки за справување со епидемијата на морбили

На состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили.„- Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината.Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација.- Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили, или имаат висока температура или пак веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во Здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.- За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот.- Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила.Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи.Потсетуваме, морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани.Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.Потсетуваме дека покрај вакцинацијата, не постои друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Со апстиненција од вакцинација, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик. МРП вакцината е со одличен квалитет, од европски производител, има добар рок на траење и поседува два сертификати за квалитет. Апел до родителите да ги вакцинираат децата, само така ќе ја спречиме епидемијата и ќе заштитиме некое друго дете од зараза и смрт поради компликации од морбилите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Променливо облачно време со локален снег

Денес времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени.Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и температура од 2 до 5 степени.Утре врмето ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер.

Македонија | пред 6 години

48372034_10210501433691358_8811544708221239296_o

Снег во Маврово, Крушево, Ѓавато и Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподрм до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања