ГЛАВНИ-ВЕСТИ

ministerstvo-za-kultura-5

Ќе се разгледуваат апликациите кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура

Денес со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.

Македонија | пред 6 години

Shkola-PRM_1

Започнува Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 22 февруари во Струга.Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.На свеченото отворање на десеттата Школа за млади лидери во понеделник, 11 февруари 2019 година, во Струга, покрај претседателот Иванов, ќе се обрати и д-р Талал Абу-Газалех, претседател на Tag-org, глобалната организација за професионални услуги и едукација. На првиот ден од Школата за млади лидери предавање ќе одржи г. Сани Шенер, извршен директор на ТАВ аеродроми, а ќе се одржи и панел дискусија за предизвиците на 4-та индустриска револуција, тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери се г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, г-ѓа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, г-ѓа Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, д-р Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, г. Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, д-р Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, г. Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, г. Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија. Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.Во рамки на одржувањето на 10. Школа за млади лидери, учесниците ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како најголем аеродром во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијата Turkish Airlines.Школата за млади лидери е лична иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус, г-ѓа Ваира Вике – Фреиберга и г. Валдис Затлерс, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов, г. Бамир Топи и г. Реџеп Меидани, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација.Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

22 сообраќајки за време на викендот во Скопје

Две лица се тешко, а девет полесно повредени во вкупно 22 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 194 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, 10 возачи за не поседување зимска опрема во возилата, 20 возачи за не носење сигурносен појас и 44 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Затекнати се 229 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак се отстранети 154 возила.Од сообраќај се исклучени 30 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 29 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и 30 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Скопје | пред 6 години

struja

Поранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Откривме над 100 кражби на струја, - ни наредија да не ги пријавиме

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%, напиша на својот фејсбук профил бивш вработен во ЕВН.Во продолжение, тој објаснува:Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки.При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари.ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци.”Нешто што го знаеме сите, освен Владините коалиции … т.е. знаат ама...https://www.facebook.com/boris.kaeski/posts/10156704559780196

Македонија | пред 6 години

51733870_383795752178621_507196879872720896_n

(ФОТО) Првата табла со ново име ќе се постави на ГП Богородица

Таблата на која е испишано Северна Македонија е на граничниот премин Богородица. Се очекува истата да биде поставена во текот на утрешниот ден.Официјална Атина очекува уште утре Скопје да почне со исполнување на обврските да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име.Фото: 24 инфо 

Македонија | пред 6 години

zlatko_origjanski_croatia_top_50_98

Ориѓански: Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас

Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.„Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

bebe

Почина 13 месечно дете од морбили

Вчера во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили на Клиниката за детски болести во Скопје.„Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 6 години

1-11

Тасевски до Вишка: Го пониживте Танец, за да промовирате нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера

Актерот и некогашен директор на Драмски театар, преку својот Фејсбук профил му се обрати на Висар Вишка кој застана во одбрана на министерот за култура Асаф Адеми.„Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко Мајка Тереза. Се загрижи за маргинизираните? Ма немој. Вчера отворале фирми во тетовско, за денес да им пуштате илјадници евра на тотални анонимуси, али битно албанци.Министерството не е промотер на дилетантски групи, туку пред се мора да испорача врвни културно уметнички достигнувања. Го згазивте Скопскиот џез фестивал, светски бренд, да отворите нов во Тетово? Го пониживте Танец со приказна богата ко Илјада и една ноќ, за да промовирате на голема врата нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера. Твојот цинизам те прави примитивен и повеќе те открива кој си, отколку што те покрива. Гледаш дека колегите од театарот и уметностите се револтирани, а ти упорно изигрува невина француска собарка. Сепак, твојот презир кон нас Македонците ти избива од секоја запирка, затоа не глуми, кајшто не проаѓа. Многу колеги со кои си одел по журки, си работел ќе те занејќат поради твојот цинизам и однос. Не се брани она што е неодбранливо. Ај фати му пенал на Меси. Немаш потреба да бидеш толку искомплексиран. Барем ти не. Ама ајде де“, напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

gospod-postoi-imeto-i-e-...

Светска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, македонскиот филм во трка за главната награда „Златна мечка“

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 69. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Филмот е во трка за главната награда „Златна мечка“.За филмот закажани се осум проекции во 11-те дена на Берлиналето, а билетите се веќе распродадени. Официјалната премиера на првиот македонски долгометражен игран филм е во 16 часот.Филмот е избран во официјална конкуренција на годинашното „Берлинале“, со што по пауза од 25 години, македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија.Во Берлин е голем дел од екипата на филмот. Покрај режисерката Теона Стругар Митевска и продуцентката Лабина Митевска, присуствуваат и дел од актерите: Зорица Нушева – која го игра насловниот лик, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиќ, Виолета Шапковска, Џевдет Јашари и Бајруш Мјаку.На годинашното Берлинале ќе бидат прикажани околу 400 филмови од целиот свет, од кои 17 ќе се натпреваруваат за престижната награда Златна мечка, што ќе ја додели жирито со кое годинава претседава француската актерка Жулиет Бинош.Берлинскиот филмски фестивал секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Право на секој народ е да го одреди политичкиот систем, симболите, химната, а власта се откажа од него

Името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот, смета кандидатската за претседател, професорката по политички систем Гордана Силјановска Давкова.Според неа, право на секој народ е да си го одреди политичкиот систем, симболите, химната, бидејќи тоа е нешто што е врзано за ова право.„Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него. Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и Влада да има од поинаков тип. И оваа Влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи“, изјави Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

ministerstvo-za-kultura-5

Гаши: Најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на барањата на конкурсот на Министерството за култура

Плеурат Гаши, претседател на комисијата за фолклорна и музичко-сценско дејност, реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура.„По повод настанатата ситуација во врска со реакциите на медиумите јас сум должен да реагирам за волја на вистината...пред да започне прегледувањето на предметите завземавме строг став околу начинот на анализирање на секој детал од доставениот проект...Во нашата тековна работа наидовме на општ хаос во апликациите...имено најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на најелементарните барања на конкурсот...јас лично со моите колеги од комисијата ги баравме и им укажувавме дека ги немаат основните документи за прописно аплицирање...некои од нив образложуваа дека секогаш така било(без документи),додека други се изјаснуваа дека проблемот ке го решат на повисоко ниво,мислејки дека министерот и кабинетот ке им излезат во пресрет...Министерот Адеми со неговиот кабинет бараше и настојуваше да бидеме коректни,праведни и под никакви околности да не го прекршиме законот...Мислам дека бев јасен и дециден во мојата реакција...сите ние треба еднаш и засекогаш да престанеме со манипулации,несовесно трошење и злоупотребување народни средства.П.с. во целост го прифакјам предлогот на Министерот во понеделник да ги отвориме уште еднаш одбиените предмети...настојувам на тотална транспарентност до крај“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 6 години

sergey-bazdnikin

Сергеј Баздникин: Западните земји продолжуваат со рускофобичната кампања во Македонија

Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, ги обвини западните земји за продолжување на, како што рече, рускофобичната кампања во Македонија.„Некои западни земји, предводени од САД, навистина го зајакнуваат антируското чувство низ целиот свет, обидувајќи се во својата пропагандна орбита да повлечат што е можно поголем број на земји од целиот свет, притоа ставајќи акцент на атлантаката солидарност“, изјави Баздникин во интервју за ТАСС.

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џафери во официјална посета на Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска до вторник ќе биде во официјална посета на Република Словенија.Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, г-ѓа Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и г-ѓа Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Македонија | пред 6 години

besa-gostivar-960x720

Врие во Беса Гостивар откако членовите дознале дека Адеми ја вработил својата сестра

Врие во Беса Гостивар откако членовите дознале дека министерот за култура Асаф Адеми ја вработил својата сестра во Електрани на Македонија, објави Тeтовасот.Активисти на коалицискиот партнер на СДСМ, матичната партија на Адеми – Беса, се почувствувале запоставени поради непотистичките апетити на министерот за култура, но и на други функционери на партијата.Тетовасот открива и дека општинскиот советник од редовите на Беса Телат Фетаи ја вработил сопругата општина Гостивар а Емерли Асани, член на Централниот совет на Беса, својата сопруга, пак ја здомил во Домот на културата во Гостивар.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети бега од соочување со албанската опозиција - сега бара консензуален кандидат

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ретерира во ставовите за претседателскиот кандидат и денес кажа дека доколку се надминат недоразбирањата меѓу ДУИ и СДСМ, тогаш ќе се дискутира и за можните имиња за кандидат.По средбата со премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека е подготвен да ги сплоти силите со сите политички партии за соодветен кандидат, Ахмети денеска со став – заеднички бараат пат за да излезат со консензуален кандидат.„Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам како прашање во партиските органи и да се види можноста за некаков пат за санирање на недоразбирањата кои се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат. И за доброто на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти за да се постигне консензус“, рече Ахмети.За предвремени парламентарни избори  Ахмети рече дека не мисли дека ќе има предвремени избори, бидејќи според него, државата има многу поважна агенда.КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ БЕГСТВО ОД СУДИР СО ОПОЗИЦИЈАТА И ВО АЛБАНСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ БЛОКПовторното ставање во игра на консензуалниот кандидат за Претседател од страна на ДИУ и СДСМ во повеќе наврати од страна на аналитичарите и поголем дел од јавноста беше оценето како бегање на владејачките партии од соочување со опозициските блокови.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања