ГЛАВНИ-ВЕСТИ

MFA_8353

СДСМ ќе го поддржи Димитров како кандидат за претседател?

Социјалдемократскиот сојуз размислува да го поддржи министерот за надворешни работи Никола Димитров како кандидат за претседател предложен од редовите на владеачката партија.За да ги задоволи апетитите и на другите функционери, кои се гледаат себе си во трката за шеф на државата, и за да не бидат изоставени ќе се направи и ротација во ресорите, објави Независен повикувајќи се на извори од партијата.На местото на Димитров во МНР би дошла Радмила Шекеринска, а нејзината функција би ја преземал Стево Пендаровски, актуелниот координатор за НАТО. Оливер Спасовски во овој случај би останал министер за внатрешни работи.Сите четворица се во најтесниот круг на фаворити да ја добијат довербата од СДСМ за претседателските избори. Во моментов трае конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати, а конечната одлука треба да биде донесена на 3 март.

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

Откако службен весник објави стануваме Северна Македонија

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.“По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени”, се вели во соопштението на МНР

Македонија | пред 6 години

1-1-1

(ФОТО) СКАНДАЛ: На работното место доктори за медицина примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата

На Фејсбук страницата Асоцијација на специјализнати и млади лекари се појави фотографија на која на работното место доктори за медицина во О.Е. Интерно одделение се примени лица кои воопшто ги немало на ранг листата.„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не!Каков е овој скандал и неправда!Првата слика е ранг листата а втората примени кандидати, срамота!Бараме одговорност за овој фашизам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Asaf-Ademi-izjava-2-1080x615

Министерот за култура се правда: Повторно ќе ги разгледаме одбиените проекти

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Берлин, во врска со реакциите на јавноста за резултатите од Годишните конкурси на Министерството за култура, пред медиумите ја даде следната изјава:-Со должно внимание ги проследив сите забелешки и коментари кои се однесуваат на објавените резултати од Годишните конкурси на Министерството за култура. Големиот одзив кон објавените резултати покажува дека сме на линија со нашите заложби транспарентно и отчетно, без никакви предрасуди да донесеме Програма која ќе го поттикме развојот на културата во државата.Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата.Би сакал да ја информирам јавноста дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета. Со цел поголема транспарентност на целиот процес ќе бидат поканети и претставниците на медиумите. Воедно ги поканувам сите засегнати апликанти кои имаат потреба, да се обратат во Министерството за култура за информации поврзани со нивните проекти. Наша цел е да ги стимулираме и соодветно да го вреднуваме придонесот на уметниците, институциите од културата, независниот културен сектор, и во таа смисла остануваме силно посветени на оваа наша определба, рече Адеми.За време на својот престој во Берлин министерот Адеми ќе оствари повеќе работни средби, а ќе присуствува и на утрешната премиера на новиот македонски филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска кој е во главна селекција на Берлинскиот филмски фестивал.

Македонија | пред 6 години

52059831_561013994308778_8470467869048569856_n

Мицкоски почна кампања со која бара оставка од Филипче

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Кристијан Мицкоски ја води кампањата за оставка на Владата предводена од СДСМ ,а денес на својата официјална Фејсбук страна објави видео спот во кој се поместени делови од телевизиски прилози емитувани во вестите на телевизиите, а во кои се објавуваат смртни случаи , афери и други несакани настани во здравството.Со видео материјалот Мицкоски на Фесјбук објави и статус во кој повикува министерот Венко Филипче да се повлече од функцијата и да поднесе оставка.„Здравството е пред колапс.Неспособноста, негрижата и неодгoворноста на министерот Филипче и премиерот Заев ја плаќаат граѓаните.Граѓаните ја изгубија довербата. Состојбите од ден на ден стануваат се полоши. Хаосот во здравството чини човечки животи. Граѓаните не можат да дојдат до лекови. Тендерите им се поважни од граѓаните. Понижувања на медицинските работници.Оставка веднаш.Промени и избори на кои народот ќе одлучува. “ - пишува Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/561010754309102/?t=0Пушти-3:46Дополнителни визуелни подесувањаВлези, прегледај и листајКликни за да зголемишИсклучи тон

Македонија | пред 6 години

trajkovski-gruevski

Александар Трајковски тврди дека добил дисциплинска постапка бидејќи немал право на иследување во странство

Царинскиот службеник Александар Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека против него е покрената дисциплинска постапка која како што вели е спротивна на мноштво закони.„Царинската управа продолжува да ја реализира фингираната дисциплинска постапка против мене која е класичен пример за политички реваншизам кон мене како истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ а вооедно и Советник во Советот на Општина Гази Баба. На еден ден пред распишувањето на претседателските избори е донесено Решение за формирање на комисија за утврување на моја одговорност, што го сметам за директен политички притисок кон мене во пресрет на изборите.Дозволете да ја информирам јавноста за основата за покренувањето на дисциплинската постапка како и тоа дека истата е спротивна на мноштво закони, е фингирана и има за цел политички реваншизам.Целокупната дисциплинска постапка е заснована на база на мислење на комисија од Лекарската комора на Република Македонија во кое комисијата на Лекарската комора вели дека не било потребно второ мислење за мојата здравствена состојба и дека не сум имал право на иследување во странство бидејќи не биле искористени сите ресурси за лекување во здравствениот систем на Република Македонија:Никој неможе да ми го ускарти правото на второ лекарско мислење за состојбата на моето здравје. Со ваквото мислење на Лекарската комора е повреден Членот 39 од Уставот на Република Македонија вели: На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Исто така повреден е и членот 9 од Законот за заштита на правата на пациентите кој вели: Секој има право на второ лекарско мислење. Наводите дека не се искористени сите ресурси за лекување во здравствениот систем на Република Македонија се ирелевантни затоа што испитувањата во странство кои ги извршив не е на товар на државата туку во сопствена режија и на сопствен трошок. Ваквото мислење на комисијата на Лекарската комора ги крши моите основни човекови права и слободи загарантирани со Универзалната декларација за човекови права на Организацијата на Обединетите нации и Европската Конвенција за Човекови права.Мислењето на Лекарската комора на Република Македонија е издадено врз основа на Правилникот за состав и начин на работа на комисиите за контрола на оцената за привремена спреченост за работа. Мислењето кое лекарската комисија при Лекарската комора го издала е спротивно на самиот Правилник бидејќи во истиот јасно стои дека: Комисиите свое мислење даваат врз основа на медицински преглед на осигуреникот, во мојот случај јас не сум повикан на медицински преглед од страна на комисија на Лекарската комора а издадено е мислење. Овој факт го докажува тоа дека оваа постапка е фингирана и има за цел политички реваншизам кон мене.Имајќи предвид дека е извршена повреда на самата постапка која претходела на поведувањето на оваа фингирана дисциплинска постапка па донесувањето на одлука со која би бил казнет по автоматизам би била незаконита.Со сето ова како и со незаконските прераспоредувања уште еднаш се докажува дискриминаторското однесување по основ на политичка припадност од страна на раководството на Царинската управа кон мене“, стои во објавата на Фејсбук.Царинскиот службеник претходно зел боледување од работа за да изврши специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. За неговиот престој во Будимпешта се дозна кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со Никола Груевски.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведени две лица од Гостивар поради поседување на хероин

На 09.02.2019 година во Гостивар од страна на полициски службеници биле лишени од слобода лицата В.А.(45) од с.Неготино-гостиварско и Ј.Т.(38) од Гостивар бидејќи при личен преглед кај нив бил пронајден хероин.Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

DSC_8540

Заев одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука.„Одржавме досега неколку средби со претставниците на компанијата „Евромакс ресурсис“ кои што се добитници на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација, со претставниците на граѓанските здруженија, но ветивме и со граѓаните дека ќе дојдеме да се информираме, да ги слушнеме, да научиме од нив, но и ние да ги пренесеме информациите кои што ги имаме. Се работи за значајни одлуки, кои што ќе влијаат на иднината секако на овој микрорегион Иловица, Штука, на Општина Босилово, Општина Ново Село, кој на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа, се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки, согласно законите во Република Македонија, со кои што никогаш нема да се каеме, а сепак ќе овозможиме иднина на развојот и на државата, но пред се и на овој регион од кој и јас потекнувам. Денеска, немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.Премиерот Заев додаде дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници„Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите. Целиот технолошки процес е променет, повеќе нема цијаниди и опасни материи во обработката на рудата, но донесовме и нов Закон, во кој што се забранува употребата на цијанидите и опасните супстанци, така да многу работи денеска се сменети. Во едни вакви околности, ние мораме да бидеме најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не сме Владата, пред се граѓаните. Ние постоиме, да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект, за вака важни работи не смееме ниту општеството, ниту граѓаните, ниту општините, ниту пак Владата и државата, шпекулациите да ги носат, да ги манипулираат и да бидат пресудни во нивните одлуки. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се последни во процесот на одлучување“, изјави Заев.  

Македонија | пред 6 години

asaf-ademi-696x385-1-696x385

Асаф Адеми: За мене политичката функција ‘Министер’ не е света

Министерот за култура, Асаф Адеми по реакциите во јавноста од објавените резултати по Годишните конкурси на Министерството за култура се огласи на Фејсбук.„После реакциите на еден дел на здружениjата и медиуми, би сакал да ве известам:- Одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија; и- Во ниту еден случај не сум вршел никаков притисок за избор на некој проект.Со големо внимание ги следам критиките, реакциите, пофалбите и предлозите, исто така сакам да ви кажам дека сум во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба при министерството.После консултаците што ги имаме, заедно ќе одлучиме за следните чекори.Истовремено, би ви обврнал внимание на следното:- моето мото ‘култура за сите ‘ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда; и- Јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење.Во овој период најповеќе се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата.За мене политичката функција ‘Министер’ не е света“, напиша Адеми.

Македонија | пред 6 години

oliver-belopeta

Оливер Белопета: Секој поединечен искажан збор на Заев за конкурсот за култура е комплетна лага

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, го демантираше премиерот Зоран Заев кој изјави дека џез фестивалот не доставил ниту еден документ според протокол„Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“.Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“, напиша Балопета на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери: Немам влијание во изборот на мојот баџанак во Антикорупциска

На новинарско прашање како неговиот баџанак влагол во составот на Антикорупциската комисија  претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери одговори дека тој немал влијание во изборот, и дека тој влегол исто како и останатите.„Како вашиот колега новинар влегол во тој состав на комисјата? За разлика од преходно, сега Собранието беше вклучено во изборот. Во изборот беа вклучени пратениците, медиумите, претставниците на владата, претставници на народниот правобранител, а во процесот на испитување на кандидатите и  претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Немам влијание во изборот“, изјави Џафери.

Македонија | пред 6 години

n7hunsxwclqgzrc6kxgx

Зоја Бузалковска до Заев: Вие не ја ставивте културата под точка разно, вие ја жртвувавте

Режисерката Зоја Бузалковска поднесе оставка од Советот за култура по повод резултатите од Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во културата.,,Да си скромен (а тоа поинаку се нарекува и – „да си будала“) и да пријавиш само една претстава за 2019 година, во Прилеп, затоа што минатата година си работел претстава во Драмски во Скопје (само една) и затоа што треба и други, нели, да работат и да не ти се одобри и таа една претстава, е тоа е навистина скандалозно! Јас, ете, не ја разбирам оваа одлука, чија и да е и од кои и да е причини и барам да ми се објасни!Веќе подолго време сакам да му се обратам на премиерот, но си велам, ајде да помине гласањево во парламентот, ајде да помине НАТО, ајде да помине… Ама помина животот, а ова денес ја прелеа чашата, па затоа, еве, и да го испратам ова што веќе некое време го имам во компјутер”, напиша Бузалковска на Фејсбук.Исто така таа му се обрати и на премиерот Зоран Заев.„Кога во септември 2016 година ме поканивте како експерт од културата на трибина со тема: “Кои треба да бидат итните реформи кои новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?”, претпоставувајќи или надевајќи се дека токму Вие ќе ја предводите новата влада, зборував во 5 точки. Таму меѓу другото реков:„Потребна е итна ревизија на Законот за култура, во насока на ослободување на институциите во културата од политичко влијание, како и донесување одлуки за уметнички прашања. Да се спроведе децентрализација како системско решение.Министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, особено што тоа во изминативе скоро две децении се прави по партиски клуч.Културата мора да ѝ се врати на самата фела. Менаџерското и уметничко раководство, како и креирањето на политиката на куќата со која тие раководат, мора да бидат во рацете на самите професионалци, на самите вработени“.Но НАЈВАЖНОТО што на таа трибина го реков, беше:„Најсуштинското прашање за мене е, дали оној кој ќе практикува власт во Република Македонија во наредниот период, ќе ја разбере улогата на уметноста? Дали ќе разбере дека ова што се случува во моментов во државата, ова што ѝ се случува во повеќедецениски период и особено во последните десет години е директно врзано со едни тенденции за маргинализација на културата и уметноста во однос на економијата во раните фази на развој на државава и злоупотреба на културата и уметноста во подоцнежната фаза која трае до денес? Културната матрица во која се формираат личности во изминатиов период е застрашувачка и сосема погрешна, оди до размери на губење на идентитетот и се привикнува на стиропор, лавчиња и невкус. Каде е местото на културата во образованието? Каде е местото на културата во медиумите? ... Сакаме јасна порака дека некој во оваа држава разбира колку е важно децата да влезат во театар - вистински театар од најмала возраст и тоа да не е полчасовно правење муабет со нив од сцената, туку вистинска претстава, која ќе ги маѓепса и ќе ги натера тука веднаш да се вљубат во театарот; сакаме јасна порака дека разбирате колку е важно децата да влезат на изложба (еве во моментов можам да се сетам само на една во Скопје по осамостојувањето, која ме потсетила на Париз - онаа на Личеноски во МСУ), после која ќе посакаат повторно да дојдат, а да не бидат присилени на тоа... и да не набројувам во сите области...Сѐ додека не разбереме дека културата не смее да биде ставена под ТОЧКА - РАЗНО, ќе имаме вакво гласачко тело и ќе мора да ги живееме своите животи на улица, а не онаму каде што ни е местото и каде што сме попродуктивни“.И како постапивте Вие, г-дине Заев, откако „се консултиравте“, меѓу другите, и со мене? Вие г-дине Заев, не ја ставивте културата ПОД ТОЧКА РАЗНО, вие ЈА ЖРТВУВАВТЕ! Секогаш кога Ви е потребен „пазар“ за одлуки и гласови, прво посегнувате по КУЛТУРАТА и по ОБРАЗОВАНИЕТО! Тоа само говори за тоа, колку Вие и не го разбирате нивното огромно, суштествено значење за една држава, и посебно за нашава, која претендира да биде дел од едно пошироко европско семејство (бидејќи, сфаќам, тоа Ви е во моментов најважно). Многу е важно да разберете дека над тие два министерски ресора треба деноноќно да бдеете и да стравувате за секоја погрешна одлука или невнимателно направен чекор, уште од изборот на министрите, па сè до нивните вакви или онакви одлуки и потези! Резултатите од погрешните политики ги трпат сите граѓани, а јас, пак, имам среќа/несреќа да бидам дел и од двете засегнати области и да поднесувам небулози секаде каде што се обидувам и самата да придонесам во насока на конструктивни промени!!!За крај, погледнете ја, г-дине Заев, вака попладневно, по дома, на раат, Годишната програма на проекти од културата од национален интерес за Театарска дејност (можете да ги отворите и другите дејности, исто е) - како да немате ништо со неа, како Вас да не ве засега. Не е тешко да забележите, и со букви, и со бројки, за каков национализам и проценување пред сè по критериум „етничка припадност“, а не по квалитет на предложеното, се работи. Кога ова ќе ви го каже некој што веќе повеќе од 15 години се бори на страната на човековите права и разрешувањето меѓуетнички конфликти, а учествува и во програмите на школите за толеранција, тогаш значи дека ептен сте ја закашкале работава! А на од Вас избраниот Министер за култура имам само да му порачам – немам намера да Ви пишувам посебен допис – ДАВАМ ОСТАВКА во Советот за култура, Ваше советодавно тело, кое практично и не постои, бидејќи Вам не Ви требаат совети, Вие сè си знаете и самиот.Премиере, имав голема до/верба во Вас. Но, вашата политика е неконсеквентна. Денес нешто одлично, утре нешто катастрофално. Изградете систем! Вака, сè зависи од некаков етно-базиран компромис или меѓупартиски договор, а не од стручност и компетенција. Сè додека не покажете дека Вие ја водите Владата и дека Вие сте одговорен за секој министер и за неговите постапки, зашто изборот е Ваш, позитивните резултати ќе бидат инцидент, а не систем, ќе бидат пријатно изненадување, а не секојдневие на добро работење. Вие од мене побаравте поддршка и мислење. Јас од Вас сега барам јасни, конкретни, бескомпромисни постапки, од кои ќе ми стане видливо дека сте ме разбрале! Такви постапки засега правите само на едно поле, само по едно прашање, за што Ви се восхитувам, но за тоа да биде така, жрвувавте многу, а има опасност да жртвувате и сè“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

maxresdefault

Д.р. Бурнески со молба до Филипче: Јас лично ќе ја донирам мојата плата – да формирате солидарен фонд

Докторот Јово Бурнески преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд. Како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:„Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд. Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

51440599_248807682679932_4662359335370752000_n

(ФОТО) Цевката ја поправија, патот остана раскопан

По поплавата која на булеварот Илинден се случи на 4 февруари , во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 остана закрпен булевар.Причина за поплавата беше пукната голема цевка, но цевката ја поправија, а патот остана раскопан.Вака изгледа булеварот Илинден по поправањето на дефектот. 

Скопје | пред 6 години

zaev-123

Заев: Јас би бил добар консензуален кандидат, но се сметам за поприлично млад

На прашањето Дали бие се гледате како консензуален кандидат? Премиерот вели:Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по групни и тешки, односно ни малку лесни одлуки, кои што се донесоа, добиваме „убав ветар во грб“. Треба да сработиме. И се сметам за поприлично млад.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања