ГЛАВНИ-ВЕСТИ

penzija

Нашите иселеници 8 месеци не зеле македонска пензија, каде е проблемот?

Иселеници од Австраија, Швајцарија и други држави, кои се стекнале со право на користење  пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар. Скопје 1 сакајќи да открие која е причината, најправо се обрати кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш не препрати за ова прашање одговор да побараме во министерството за Труд и Социјална Политика.Портпаролот на министертсвото веднаш ни кажа дека ова не е прашање за нив туку за ПИОМ. Од ПИОМ пак портпаролката Анифе Зекири, ни кажа дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побара прашањето да го пратиме на mail и дека ќе ни биде одговорено во текот на следната недела.Ги запрашавме:- Дали е точно дека нашите иселеници кои се стекнале со право да земаат македонска пензија, немаат земено 8 месеци?- Доколку е точно која е причината и дали ќе им се исплатат пензии?- Колку иселеници се регистрирани во ПИОМ кои земаат македонски пензии?Веднаш штом ни биде одговорено, одговорот на ПИОМ ќе го објавиме.Инаку пштите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 години за жени и минимум 15 години пензиски стаж. Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред навршување 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во случај на смрт на осигуреникот, правото на пензија може да се стекне за минимум 5 години осигурување или за најмалку 10 години пензиски стаж.Повлекувањето на средствата од индивидуалната сметка во задолжителните пензиски фондови од вториот столб, пред возраста за пензионирање не е дозволено, со исклучок во случаите на инвалидност или смрт. Во случај на инвалидност или смрт на членот, средствата од индивидуалната сметка се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ), којшто е овластен за исплата на инвалидски и семејни пензии. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата од индивидуалната сметка може да ги наследат наследниците на починатото лице.Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година.

Македонија | пред 6 години

avalon

Бобан Авалон распали по Министерство за култура: Шокиран сум!

Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.Во продолжение Милошески пишува:Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продуцкија наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа на Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн, се вели во дописот од Авалон Продуцкија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

По 90 евра оштета за секој ден минат во затвор за осудените во „Сопот“

Владата на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор.„Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата.Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Тие беа осудени на вкупно 156 години затвор. Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата, што подоцна се докажа дека е вистина. Откако беа прогласени за невини осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.

пред 6 години

morbili

Почина шест месечно бебе од морбили во земјава

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Машкото бебето кое е жртва од мали сипаници во земјава е од кумановско. Тоа утринава починало на Клиниката за инфективни болести.– Бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација од воспаление на белите дробови – изјави денеска министерот за здравствои Венко Филипче и нагласи дека редовната вакцинација е најдобра заштита против ова и други заразни заболувања.Филипче додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

Македонија | пред 6 години

lagadin-novo

Граѓанин до Заев за Лагадин: Некој ве става во заблуда, многу сум револтиран

Револтиран граѓан се обрати до медиумите со цел премиерот да ја слушне неговата мака. Дали имате некаков начин моево писмо да стигне до премиерот?, прашува тој.Писмото на Иван Поповски во објавуваме во целост:Ви се обраќам по повод Вашиот јавно-приватен дијалог со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин, бидејќи длабоко верувам дека Вашите помошници/советници не Ви објасниле дека криминалот за хотелот во Лагадин е направен не кога му е дадена дозвола за градба, туку претходно, кога е противзаконски донесен Општ акт за Лагадин. ОПШТ АКТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ВО МЕСТА КАДЕ ШТО ПОСТОЕЛ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН (кој за Лагадин постои од 1966 година). ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ САМО СО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, НО НИКАКО СО ПОНИЗОК ДОКУМЕНТ, КАКО ШТО Е ОПШТ АКТ.Некој Ве става во целосна заблуда. Не е точно дека во Општина Охрид има „мечка” што го малтретира „чичко Никола” и не му дава да си го доизгради хотелот, туку има некои исплашени мечиња што со судни маки сакаат да ѝ се спротивстават на мафијата и со поддршка на граѓаните и граѓанскиот сектор да направат да излезе на виделина „грешката” што е направена за Лагадин, а која понатаму ќе се шири и ќе го уништува целото непроценливо природно и културно богатство на овој дел на планетава и на нашава татковина.Ги прочитав Вашите изјави и ветувања до „чичко Никола”. Многу бев и сум револтиран. Пред 3 години, ќерка ми Павла, му пишуваше писмо на еден друг, во тоа време многу поважен, чичко Никола. Непосредно пред да го објавиме писмото, јас ја убедував дека треба да почекаме, дека се појави еден нов чичко Зоран и дека тој ќе даде сè од себе за да ги запре глупостите од чичко Никола (сега веќе сигурно ви е јасно за кого станува збор). Срам ќе ми биде од ќерка ми кога ќе разбере дека сум ја излажал. А како што тргнало, наскоро ќе разбере. И тогаш не Ви гине едно вакво писмо, а можеби и полошо – порасната е. Се мислев дали да чекам, ако со ваква моќна поддршка овој новиов чичко Никола стане градоначалник на Охрид, па тогаш да го објавам писмото, ама си викам, еднаш згрешив што не го објавив и да не ја повторувам грешката.Поповски го објавува и писмото до „чичко Никола“. Еве што таа напишала, во писмото кое никогаш не е испратено:„Чичко Никола, добар ден!Се викам Павла. Имам 6 и пол години. Сестра ми се вика Петра и има 2 и пол години. Ви пишувам од Москва. Тука сме родени и тука живееме во текот на годината. Ние сме полумакедонки и полурусинки. Секое лето доаѓаме во Македонија. Таму јас зборувам македонски, а во Москва руски. Таму е куќата на татко ми, во Охрид, во Лагадин. Таму живеел дедо ми Павле, кого јас не го познавам. Баба ми Цветанка ја познавав, а Петра ни неа не стигна да ја запознае. Ние многу го сакаме езерото. Пливаме, си играме со другите деца, фаќаме риби со тегли и кеси, правиме куќички од камчиња и тврдини... Мене многу ми се допаѓа нашата плажа. Тато ми кажа дека Вие сакате да направите друга плажа, голема, за да доаѓаат повеќе луѓе. А зошто Ви требаат уште повеќе луѓе?Понекогаш во јули и во август ние гледаме дека езерото станува многу валкано. Морам да Ви откријам една тајна: ние со децата лани видовме како од колекторот (ние често си играме на колекторот – ни личи на кула од тврдина), чичко Никола, ова е тајна, ние видовме како од колекторот излегуваат гомца (во Прилеп, од каде што беше баба ми Цене, ги викаат многу смешно, лајна). И ете така ние си пливаме во езерото заедно со гомцата, пластичните шишиња, опушоците, кесињата од смоки, хартивчињата од сладолед... А после тоа понекогаш нѐ боли стомак и повраќаме. Возрасните тоа го нарекуваат „охридски вирус“. А понекогаш по езерото плива пена. Возрасните викаат дека тоа не е пена за бањање, туку пена од перењето чаршафи во хотелите.Затоа Ве прашав, чичко Никола, зошто Ви треба уште поголема плажа со повеќе луѓе и повеќе хотели? Повеќе луѓе значи повеќе гомца, а и повеќе чаршафи за перење. А и повеќе коли. Кај нас и така одвај се поминува од коли и сите бараат место за паркирање. Каде ќе се паркираат, во езерото? Тоа не е убаво. Ние, луѓето, не смееме да му го заземаме просторот на езерото и на неговите жители. А Вие сте биле ли некогаш во Охрид за 2 август? Има премногу луѓе. Во градот не можеш ни да поминеш од луѓе и на плажа и во Свети Наум. Мислам дека Свети Наум би сакал да си избега од таму, толку му е тесно и загушливо и неубаво. А кај Канео, чичко Никола, зошто им дозволивте да изградат згради? Беше толку убаво – како играчка, како приказна. Ако можете, тргнете ги од таму тие згради.Мене не ми се допаѓаат палмите во Охрид, (ниту во Скопје). А Вам Ви се допаѓаат? Барем да раѓаа банани. А вака само бели пеперутки носат. Лани во Лагадин имаше цели облаци од бели пеперутки. Сите деца ги ловевме, а потоа се чешавме. Нѐ носеа на доктор. На родителите на Роди, моето другарче од Русија, им рекоа да го носат во „Маларична“. Тие, пустите, од памет се извадија додека не разбраа дека болницата се вика така и дека нема врска со болеста маларија (јас не знам каква е таа болест, ама изгледа дека е многу страшна). Ние во дворот имаме елки и борови и брези и багреми и липа. Колку убаво мириса липата во јуни. Многу се убави нашите дрва. А погоре има и дабови и ореви и јасени. И тие се многу убави. А палмите во нашиот амбиент не се убави. Чичко Никола, многу е убаво дека се грижите и садите дрва, само не садете палми, садете дрва што со векови се навикнале да живеат во нашите краишта и си се сакаат со нашите животни, птици и инсекти. И не ги сечете трските, тие многу убаво шумолат и се нишаат кога има бранови и дува ветар. А тато ми кажа дека ако ги исечете трските, можеби и лебедите ќе си заминат засекогаш и некои риби... Се плашам да не ни умре езерото. И уште нешто сакам да Ве замолам. Не ѝ правете лузна на планината Галичица. Таа е толку убава. Кога се возиме со кола од Скопје за Охрид, по патот гледам некои изгризени планини. Многу ми е жал за нив. Не сакам Галичица да биде изгризена и пресечена. Зошто сакате таму да направите голем пат? За по тој голем пат да дојдат уште повеќе луѓе, значи уште повеќе коли и гомца и чаршафи?! А покрај ова ќе се случат уште многу други неубави работи. Ќе бучи патот, ќе се загади воздухот, најубавите пеперутки на светот (не како тие белите од палмите, туку убави шарени, најразновидни) ќе изумрат, а без нив нема да можат да си го замислат животот и некои цвеќиња и растенија, птиците ќе избегаат, животните нема да знаат каде да одат, над патот или под патот, накај водата, накај населбите, а некои фамилии животни ќе останат разделени, зашто ќе им биде страв да го поминат патот. Чичко Никола, дали сте сигурен дека Вашиот пат и Вашите плажи со палми и без трски ќе направат животот на нашето езеро да биде поубав???Таму каде што јас живеам, во Москва, имавме еден стар, голем парк. Него го направија нов и многу убав. Сите почнаа да доаѓаат во тој парк и на паркот му стана многу тешко, а и на луѓето им стана многу тешко – многу гужва, многу ѓубре, многу канти за ѓубре, многу коли и гужва пред влезот во паркот... И за да не умре тој парк, на некои паметни чичковци им текна дека треба да направат други, нови, поинакви, но исто така многу убави паркови. И така луѓето не беа толку алчни и глупави за маста да му ја извадат на тој парк и тој парк сега е жив и здрав.Чичко Никола, Вашите деца сигурно мислат исто како мене. Ако не ми верувате, прашајте ги... Прашајте ги и моите другарчиња од Лагадин и од Москва. Од Москва секое лето кај нас доаѓаат гости. Многу го сакаат и езерото и Охрид и храната и залезите (ги фотографираат цело време) и Галичица. На Галичица планинарат со Илина. Илина е многу добра и убава. Исто така и Јасна и Игор и Искра и Мерита и Огнен и Нуне и Ленче и Софија и доктор Станко и чичко Перо и тетка Буба и Дени и Стефан и многу други.Сите ќе Ви кажеме фала ако бидете паметен и ги запрете лошите чичковци со секирите, булдожерите и лопатите со цемент и бетон.Чичко Никола, на крајот ќе Ве замолам за тајната – поправете го колекторот за да не пливаме со гомцата и поправете ги шахтите за да не ни смрди улицата и, знаете, понекогаш ни снемува струја и вода - и нив поправете ги. Уште сакав да Ви кажам дека во Охрид има многу малку детски игралишта со нишалки и лизгалки, а најчесто, таму каде што има, искршени се и старовремски. И „Маларична“ мислам дека многу одамна не е поправана. Кога ќе пораснам, ќе пливам до Вашата вила и можеби таму ќе Ве видам како пливате и ќе Ви кажам фала што го спасивте езерото и планината Галичица.Господине Заев, ова беше писмото што поради Вас не го испративме до тогашниот премиер Никола Груевски. За среќа, некои од работите се средија: палмите си умреа, а заедно со нив и лошите, бели, туѓи пеперуги, патот (лузната) на Галичица е стопиран (се надевам засекогаш)... Останаа чаршафите, булдожерите и лопатите со цемент и бетон, ... тајната... па има уште доста работи што треба да се средуваат.И уште нешто – јас моите ќерки ги учам дека не е страшно да си ја признаат грешката, пострашно е да не знаеш дека си згрешил, а најстрашно е да знаеш и да си ќутиш.Сè уште со надеж и почит,Иван Поповски, режисерP.S. Сепак верувам дека моите ќерки и нивните помали и поголеми комшии, другари и гости ќе се израдуваат и ќе Ви пишуваат писма и разгледници со израз на благодарност кога ќе се соберат во летото 2019 во Лагадин и наместо хотелот, таму ќе видат зачнато убаво паркче со млади липи или дабови или јасени, со клупи и цвеќиња.P.P.S. Замолете ги Вашите помошници/советници да Ви покажат фотографија од објектот (ги има по интернет од нашите протести) „објектчето за семеен бизнис” – за почеток ќе видите дека дотичниот отворено Ве лаже, а кој лаже... треба да проверите што уште друго таму прави и кој му помага итн.P.P.P.S. Претходната власт направи сè за сериозно да ГО ЗАГРОЗИ статусот на Охрид како светско наследство на УНЕСКО. Ама тоа сите ќе го заборават. И сите ќе паметат која власт ГО ИЗГУБИ.

Македонија | пред 6 години

koncerti

Охрид нема да дава повеќе пари за Северина и Шерифовиќ - од 15 јуни до 15 август нема финансирање на концерти

На следната седница на советот на Општина Охрид ќе биде поднесен предлог градот повеќе да не субвенционира концерти од 15 јуни до 15 август, дознава „Скопје 1“. Според нашите информации, ваковиот предлог се темели на фактот дека тогаш туристичката сезона е во тек, а пак сите хотелиери се со исполнети капацитети. Па така, градот е преполн, а пак со тоа и концертите кои ги организираат различни продукции.Ова значи дека Охрид од буџетот нема да дава пари за концерти, фестивали и манифестации кои се организираат во овој период од годината. Ваквата одлука ќе треба да биде изгласана од мнозинството советници за да стапи во сила.Минатата година јавноста ја разбрани информација дека две познати продукции земале 5,5 милиони денари за организација на неколку концерти. Остри критики имаше за трошењето пари за концертите на Марија Шерифовиќ, Северина, фестивалот „Охрид колинг“.Предлогот до советниците во Општина Охрид ќе достави в.д. градоначалникот Константин Георгиевски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Осум сообраќајки во Скопје, три лица со телесни повреди

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.Од сообраќај биле исклучени и шест нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.Полицијата санкционирала и 117 возачи за не прописно паркирање, еден возач  кој не дал првенство на минување на пешаците, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, двајца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 17 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мототроно возило и 16 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пратеникот Владимир Ѓорчев од Вашингтон: Светот мора да ја чуе македонската вистина

Попладнево пратеникот Владимир Ѓорчев на социјалната мрежа фејсбук објави видео од Вашингтон од пред од Сенатот и Конгресот на САД. Тој видеото го наслови: Светот мора да ја чуе македонската вистина и македонските аргументи. Македонија ќе има подобра позиција со силни пријатели во светот.Поздрав од Вашингтон од Сенатот и Конгресот на САД, напиша Ѓорчев на ФБ.https://www.facebook.com/Press24mk/videos/422862878468837/Инаку ВМРО - ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател.Меѓу позвучните имиња кои плицирале до партијата и ја очекуваат партиската подршката е и Ѓорчев.Владимир Ѓорчев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година. Ѓорчев е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 година, истата година е именуван за член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За првпат како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е именуван во 2004 година. Ѓорчев е долгогодишен пратеник во Собранието на Република Македонија, за првпат за пратеник е избран на изборите во 2006 година. Подолг период наназад ја извршува функцијата меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

nijagara-2

Спектакуларна глетка - замрзнаа Водопадите на Нијагара

Спектакуларна Глетка – вистинска зимска бајка. Дел од Нијагарините Водопади замрзнаа. Студениот бран што го погоди западот и североистокот на САД од Нијагарини Водопади направи фантастична ледена глетка.Прекрасните водопади се претворени во мраз.Туристите кои ги посетуваат водопадите во последните денови не пропуштаа да се фотографираат покрај оваа убавина.

Свет | пред 6 години

sredba-janeva-jovevski

Обвинителството бара Собранието да го протолкува спорниот член од законот за СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески рече дека Обвинителството ќе побара Собранието да даде автентично толкување на спорниот член 22 од законот за СЈО, додавајќи дека на денешниот проширен колегиум било одлучено оти начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста.Колегиумот во проширен состав со вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства Скопје, Гостивар, Штип и Битола и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 7.2.2019 година заради законито постапување на обвинителството и нарушувањето на принципот на легалитет на кривичното гонење го разгледаа начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија донесено на 30.1.2019 година и донесоа заклучоци:- Начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија ја нарушува законитоста во постапувањето на јавните обвинителства и судовите, поради што Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието на Република Македонија ќе поднесе барање за давање автентично толкување на член 22 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно член 175 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.- Начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија е донесено без да постои различна примена на законите од пониските судови и не се заснова на одредбите, смислата и содржината на Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и е противречно само на себе. Наспроти одредбата од член 22 од Законот, дека ова јавно обвинителство во рок од 18 месеци од примањето на материјалите и преземањето на предметите може да покрене обвинение или да донесе наредба за запирање на истражна постапка, во начелното правно мислење, и покрај тоа што тие се наведуваат како кумулативен услов, овој рок во мислењето се смета само од денот на приемот на материјалите, занемарувајќи го денот на преземањето на предметите. Со начелното правно мислење Врховниот суд излегол надвор од законските надлежности, толкувајќи конкретна законска одредба со што создадена е правна несигурност.- Јавниот обвинител на Република Македонија и проширениот колегиум на јавните обвинители ги поддржуваат јавните обвинители да опстојат на законските принципи и постапувањето по предметите, а очекуваат дека и судиите на пониските судови одлуките ќе ги засноваат на законот во функција на остварувањето на владеење на правото.​Начелото на легалитет од член 39 од Законот за кривична постапка му дава основно право и должност на јавниот обвинител да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност. Ова основно право и должност на јавниот обвинител ја гарантира правната сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеење на правото. Поаѓајќи од ваквите гаранции и независноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ги преземе за натамошна постапка предметите за кои Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се огласи за ненадлежен за натамошно постапување. Ова легитимно право на јавниот обвинител е засновано на член 21 точка 7 од Законот за кривична постапка, кој го определува јавниот обвинител како единствен тужител за сторителите на кривични дела кои се гонат по службена должност, разграничувајќи го приватниот тужител како надлежен за гонење на сторителите на кривични дела кои се гонат по приватна тужба.Јавниот обвинител во постапките по преземените предмети, како законити ќе ги користи доказите и прибавените материјали, како докази прибавени на легален начин и во законита постапка.

пред 6 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Шилегов со клима уреди ќе се бори против аерозагадувањето

Градот Скопје за првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.- За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.За оваа намена во буџетот на градот, како што рече Шилегов, предвидени се 20 милиони денари, а тоа значи дека повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови, водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.- Убеден сум дека оваа мерка заедно со другите мерки кои досега ги презедовме во рамките на нашите надлежности ќе значи уште еден чекор напред во борбата против загадувањето на воздухот во Скопје – додаде Шилегов.Според анализите на Град Скопје, интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и поради тоа се одлучиле за субвенционирање на овие уреди и за да ги намалат трошоците на граѓаните.Огласот за субвенционирање, како што најави градоначалникот, ќе биде објавен најдоцна до понеделник.

Скопје | пред 6 години

cats

Бесна Бејби на ФБ: Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи! - Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку социјалната мрежа фејсбук испрати порака и до „згрозеноста“ на пратеничката Емилија Александрова за интересот на јавноста за информацијата дека нејзината ќерка е вработена во Фондот за иновации, но и до сите пратеници.Статусот на Весна Бејби го објавуваме во целост:Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии.Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам....посебни во вашата алчност и недоветност!Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи!Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10218655045306073

Македонија | пред 6 години

devojka-emirati-1

Која е девојката од емирати која бара азил?

По статусот на ФБ на Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, во кој таа бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија, денеска пристигна mail во кој има детали за девојката.Соопштението го пренесуваме во целот:Хинд Мухамед Алболоки (родена 1976) државјанка на Обединетите Арапски Емирати која во Македонија се наоѓа од 04.10.2018.Откако тогаш на легален начин влегла во земјава познаничка која работи во полиција и укажала дека може да побара азил. Таа го побарала најрегуларно на 15.10.2018. Притоа, како што вели таа, Зоран Верушевски ја наговарал да не бара азил, ја убедувал дека има убав живот и дека треба да се врати дома каде што ќе живее луксузно покрај мажот и четирите деца. Таа сепак побарала азил и била интервјуирана во МВР (зградата на МТВ). Таа вели дека интервјуерите ја испитувале како да е осомничена за кривично дело. Потоа била пуштена да живее со нејзината пријателка Амина и нејзиното семејство во Скопје. Зоран Верушевски овој пат испратил полицаец со име Горан да ѝ пренесе дека ќе биде заштитена и дека ќе и биде доделен азил.На 07.11.2018 одбиена е и нејзиното барање за азил на што приложила тужба на 12.12.2019 која на 29.01.2019 повторно била одбиена. На 07.12. 2018 е објавена судска пресуда според која и се ограничува правото на движење сообразложение дека ја загрозува националната безбедност и јавниот ред и сместена е во прифатилиште за бегалци иако претходно уредно престојувала кај нејзина пријателка. И се сместува во центар за грижа добила телефонски повик дека мора да се пријави во друг центар за азил во Гази Баба, притоа ѝ е нагласено “да соработува’, алудирајќи на тоа дека направила нешто лошо (сметана за криминалец) без апсолутно никакви докази. Тоа не и е дозволено, во центарот за азиланти престојува 2 и пол месеци.Причината поради кои ги напушта Емиратите се закани од нејзиното семејство (татко и брат) дека ќе и наштетат, само затоа што побарала развод од човекот кој физички ја малтретира и сексуално злоставува. Во видеото напоменува дека мажот тајно ја оставал неколку пати, ја понижувал, кажувајќи и дека што и да направи таа нејзините повторно ќе ја вратат кај него. Жената е преплашена за својот живот.Исплашена е поради:1. Закани од нејзиното семејство дека ако им го посрамоти името тие самите ќе ја убијат2. Во Емиратите казната за прељуба (која лесно може да се припише) е смртна казна.Жената ќе биде депортирана ако не направиме нешто итно!Информациите се преземени од разни фб профили и видеата кои ги објавува Хинд.

Македонија | пред 6 години

70-god-1

70 години среќен брачен живот

Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, во прекрасна атмосфера, опкружени со своите најблиски-трисина, 6 внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Црвен крст Охрид, вчера ја одбележаа 70 годишницата одсвојот брак.Душан роден 1930 и Костадинка родена 1927 се запознале се запознале во септември 1948 год , а брак склучиле на 06.02.1949. Се запознале на нечија свадба каде Душан како млад девер, бил „бендисан“ од братот на Костадинка за својата сестра, па со стројници братот и таткото од Костадинка отишле кај таткото од Душан за да се договорат за свадба.[caption id="attachment_25491" align="alignnone" width="663"] dav[/caption]Последниве две години во животот на Душан и Костадинка е исполнет и со најразлични активности и дружења во Црвен крст Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што имадава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Црвен крст Охрид.

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska

(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Она што ме водеше да поднесам кандидатура е глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот

Прва видео изјава на проф. Гордана Силјановска Давкова откако ВМРО ДПМНЕ ги објави имињата на лицата кои поднеле кандидатура до партијата. Силјановска е еден од девете кандидати за кои партијата ќе одлучува на конвенција во Струга на 16 февруари.„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .Новиот претседател на УМС, Јован Јаулески, е првиот од ВМРО-ДПМНЕ кој само неколку часа по објавата на имињата кои се пријавиле на огласот за претседателски кандидат на оваа партија, даде јавна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова.Тој на Фејсбук напиша:„Како Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ давам лична и отворена поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Професорката Силјаноска која имав и чест лично да ја запознаам и да учам од неа, како нејзин студент по Уставно право е голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата, професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е безкомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните“, напиша Јаулески.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања