ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Силјановска смета дека натпартиски кандидат, а се вози со функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Десет лица се пријавија на конкурсот од ВМРО-ДПМНЕ, кој партијата го расипша за да најде идеален кандидат за претседател. Еден од кандидатите е професорката Гордана Силјановска Давкова која предава на Правниот факултет во Скопје, а истовремено е член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.Таа во својата прва видео изјава по објавувањето на имињата на кандидатите рече:„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .Од 6 до 16 февруари кандидатите ќе ги претстават своите програми, најпрво по општинските комитети за финално да ја претстават својата програма и пред делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари во Струга.Потпрестедателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека сите кандидати имаат и ќе имаат исти третман се до одбирањето на финалниот кандидат.Но, дали е така?Силјановска се шета по општински комитетиИмено веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите, професорката Силаноска ја видовме дека посетила неколку општински комитети, но и истакнати партиски членови од ВМРО ДПМНЕ не се кријат, туку јавно ја истакнуваат подршката дека и ја даваат токму неа. Од друга страна, вчера во ОК Ѓорче Петров наместо со такси, пристигна со експретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски.Но, повторно има „но“.... Силјановска рече: „Решив да ја прифатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори“... на каков натпартиски кандидат мисли кога ја одбра опозициската ВМРО ДПМНЕ како партија која треба да застане зад неа.Но, дали е ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, зарем е важно, кога натпартиски во секој случај значи независен кандат, кога веќе избираш страна, неможе да биде натпартиски кандидат. Можеби пак Силјановска се одлучи на овој чекор затоа што нетпартиски кандидати тешко успеваат да ги соберат потребните 10.000 потписи на граѓани за да влезат во трка за прв човек на државата.Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата. Докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Веницијанската комисија за малцински прашања.Силјановска овој период на јавноста и е добро позната како жесток критичар на двојазичноста, таа во сите свои јавни настапи цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците и таа беше голем борец против Преспанскиот договор.За неа Преспанскиот договор е неприфатлив и покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да и се мешаат дрско во внатрешните прашања и вели дека „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“. Но, нештата се менуваат. Вчера таа рече дека како претседателски кандидат гледа од друга дистанца и агол, за разлика од гледиштето како научник и професор. Па така, Силјановска можеби само ќе го прифати договорот од Преспа, без да се противи.Од друга страна Силјановска е омилен професор кај студентите. Податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ во 2016 год покажаа дека според студентите од најстариот правен факултет во земјава п професорката Гордана Силјановска е професионална, објективна и пријателски расположена.Студентите велат дека најфасцинантно кај професорката Силјановска што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни. На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажеме сопствените ставови на одредена тема. Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.Дали Силјановска ќе ја подржат делегатите на конгресот на ВМРО ДПМНЕ на 16 февруари, останува да видиме.

Македонија | пред 6 години

amdi-branko

„После Бранко, следува Амди: Малку виски, малку кока-кола“ - еве што се пишува на „Твитер“

По вчерашното интервју на Амди Бајрам на ТВ24, на „Твитер“ се појавија низа реакции. Дел од нив позитивни, останатите негативни. Но голем дел од корисниците на социјалната мрежа велат „Да собереме потписи Амди да се кандидира за претседател, барем ќе се смееме“.Во прилог, останатите:

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Иванов: Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, но за жал со променето име

Соопштение од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Истото го пренесуваме во целост:Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија.Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО.Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше случување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси.Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Р Македонија.

Македонија | пред 6 години

devojka-emirati-1

Цветковиќ: Да помогнеме злоставувана девојка од Емирати да не ја депортираат

Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, објави статус на социјалната мрежа фејсбук во која бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија.Цветковиќ објаснува:Девојкава е побегната од Емирати, поради тоа што е злоставувана од татко и и браќата. Врз неа е извршено семејно насилство и големи се шансите да ја погубат ако се врати.Моментално е во затвор во Македонија. Постои голем ризик нашите да ја депортират.Ги молам сите надлежни институции, невладини за заштита на жените и било какви здруженија за заштита на човекови права, да не дозволат да ја депортираме.Ве молам споделете и помогнете да си ја најде слободата. Верувам Македонија ќе застане на страната на слободниот избор , напиша Цветковиќ на ФБ.https://www.facebook.com/irena.cvetkovik/posts/10218442141789280?__tn__=-R

Македонија | пред 6 години

fico

Првиот македонски електричен автомобил -класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор“

Тимот на „ББ Класик Карс“ со кодно име „ЗАС Г20“ денеска го претстави првиот македонски електричен автомобил.„ЗАС Г20“ претставува проект реализиран од страна на тимот на „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, а е насловен „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор“ .Според претставникот од „ББ Класик Карс“, Ален Јегени, возилото има нулта емисија на јаглероден диоксид, досега со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина до 130 километри на час.Времето на полнење изнесува три-пет часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути.Според Тимот на „ББ Класик Карс“ електричното возило ЗАС може да се модифицира врз неколку модели: G20 – класично градско возило, TC20 – градско возило со спортски изглед, TCR20 – спортско возило за град, TCR50 – спортско возило за натпревари и дека времето за испорака е околу два месеци од дефинирањето на нарачката.

Македонија | пред 6 години

zaev-nato

Премиетот Заев на ФБ: Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани

„Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста алијанса“, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.Тој додаде:Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи.Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10157234675112932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Потпишување на протоколот за членство на нашата земја во НАТО

Потпишување на протоколот за членство на нашата земја во НАТО и изјави на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Македонија | пред 6 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Го сменавме имено , но ќе биде тешко Македонија да стане членка на ЕУ

Во обраќање пред Атланскиот совет на САД во Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека и покрај менувањето на името, ќе биде тешко за Македонија да стане членка на Европската Унија.-Пропуштивме неколку возови за Европа. И додека бевме во чекалната, регионот и ЕУ се сменија, а се смени и начинот на кој се примаат нови членки. Веќе нема волја за проширување. Поминаа деновите на обединување на Европа-истакна Димитров.Министерот им укажал на соговорниците во Вашингтон дека Европската Унија сега оправдано има нови, многу построги критериуми за членство и веќе не прифаќа блеферски држави кои се преправаат дека спроведуваат реформи.По обраќањето на Димитров било овозможено само кусо време за поставување прашања поради заминувањето на Димитров за Брисел каде треба да се потпише протоколот за прием во НАТО.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски на ФБ го честита потпишување на протоколот за НАТО, но вели Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името

Груевски од Будимпешта ги следува настаните во Македонија. Предмалку преку социјалната мрежа фејсбук се огласи по повор потпишување на протоколот за НАТО.Статусот на Груевски го пренесуваме во целост:Нова парадигма. За името.(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)1. Новонастаната ситуацијаДосегашната парадигма за постигнување разумен компромис со Грција пропадна. Назначувањето на марионетска влада во Република Македонија го сруши концептот кој бараше правичност, фер договор и разумен компромис. Македонија во спорот за името остапи речиси се. Грција доби речиси се. По оваа новонастаната ситуација, потребна е нова парадигма за името и идентитетот. Таа парадигма ќе биде основата на која по заминувањето на марионетската влада, новата влада и МНР ќе треба да направи нова доктрина.Текстот е само скромен обид да поттикне размислувања, дебата и можеби да се даде скромен допринос кон новата парадигма за името и идентитетот по операцијата спроведена од марионетската влада. Текстот не е наменет за оние кои читаат само кратки текстови. Има за цел да поттикне размислувања и дебата. Ставовите се мои лични и на никаков начин не треба да се доведуваат во корелација со ставовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.2. ,,Бинго,, кое јужниот сосед не можеше да го пропуштиКако што очекував, парламентот на нашиот јужен сосед го усвои договорот од Преспа. Настрана дневнополитичките расправии, таму освен власта и опозицијата длабоко интимно знае дека ваква шанса не смеат да пропуштат. Штом измените на Уставот поминаа во нашиот парламент беше јасно дека кај нив договорот ќе помине експресно.Така, заедно со претходно усвоениот договор по ист принцип, со целосно остапување на се што бараат од страна на источниот сосед, сега имаме ново настаната ситуација. Загубено име, идентитет, историја, култура, интервенции во образованието... Имаме држава, со национални и државни атрибути со кои не се идентификуваме и кои се вештачки наметнати, прифатени спротивно на вољата на народот од страна на марионетска влада. Додатно и ситуација каде лидерот на најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед кој наскоро се очекува да стане Премиер, отворено највува нови блокади на патот кон ЕУ со нови условувања по идентитетските прашања.3. Загубена една битка во борбата за македонското прашање-историска паралелаМногумина се очајни деновиве. И како што е редот по поразот секогаш следува кавга, се бараат виновници, нови поделби, обвинувања, нови закрвувања не само на ниво марионетска влада-сили на отпорот, туку и внатре помеѓу силите на отпорот против оваа операција.Со обзир дека двата договора, како оној со Бугарија, така и овој со Грција имаат длабока историска основа, за почеток треба на кратко работите да ги погледнеме низ една историска -диоптрија.Многу македонци се очајни. Со горко чуство и чуство дека се што досега се правеше е попусто, и дека сите после овој договор сме губитничка генерација. Дали е така?Ако се гледа само низ призмата на дневна основа, така е. Ако се гледа низ историска перспектива, ова е само една загубена битка од долгата борба за затворање на македонското прашање во полза на македонците. Да, значајна битка која многу боли. Со големи последици и која не става во многу потешка состојба во понатамошната борба за затворање на македонското национално прашање во полза на македонците.Така на пример, краткорочно гледано, некој можел во 30-тите години на минатиот век да каже и дека борците и идеолозите на историското ВМРО биле губитничка генерација затоа што во тоа време не успеале да создадат автономна или независна Македонија, кон што се стремеле.Сепак историски гледано тоа не е така. Нивната 41 годишна борба е основата, темелот на која започнува народносолободителната борба (НОБ). Нивната четиридецениска борба, херојство и жртва која на моменти наликува како да е производ на филмско сценарио а не на нешто што реално се случувало, создава една таква тензија, една толку силна тензија, која неможе да заврши никако поинаку освен со државност. Борците во НОБ бараа континуитет со именување на партизанксите единици во Македонија со имињата на револуционери и војводи на ВМРО, кој најчесто ги нарекуваат ,,илинденските борци,,. Таа 41 годишна битка е една од причините и основа на која меѓудругото Тито подоцна одлучува да ни даде статус на држава во новата југословенска федерација, за да не се соочи и неговиот режим со отпор како претходно кралството СХС/Југославија помеѓу двете светски војни, како и претходно. Тоа не е единствената причина за неговата одлука, но е многу значајна причина.Целта на историското ВМРО беше создавање држава Македонија, која во различни прилики различно ја нарекуваат: автономија, независност, обединета Македонија како дел, федерална единка од југословенска или јужнословенска федерација и повеќе други идеи за форми за доаѓање до целта. Во некои советски историско архивски извори поврзани со нивно следење на состојбите во Македонија, се тврди дека во тоа време на балканот кога се говорело за автономија, се сметало на независност.Нашата цел денес, покрај нејзиното задржување и развој, е битката за нашето име, македонскиот идентитет, историјата, културата, интервенциите во образованието... Се разбира паралелно на тоа и економски посилна држава, членка на НАТО и ЕУ, функционална демократија и владеење на правото.Ние, оваа генерација, поставивме добри основи за тоа. За името и за идентитетот. Како и за другите споменати работи. Тоа што го направивме а поврзано со името, идентитетот, историјата итн, тргнува пред се од сериозното подигнување на свеста кај секој поединец во Македонија. Таа свест ќе бидат потребни децении многу работа некој да ја промени. Стотици други чекори ,,ја бетонираа,, таа свест, која постоеше, но во последните децении растеше и се зацврстуваше. Преку подржани многу напишани и издадени книги и научни истражувања во областите поврзани со нашиот идентитет, јазик, историја, државност, име и слично.Преку снимени играни и документарни филмови за македонската историја и идентитет. Преку поставени голем број споменици и спомен обележја, изградени и именувани објекти, организирани настани за паметење, голем број одбележувања, одлуки на влади, парламенти, институции, референдуми. Преку продолжување и зајакнување на разни, домашни и меѓународни настани и комуникации, кутурни и етнички обичаи и традици, афирмирање преку кампањи за македонски туризам и можности за инвестиции на медиуми кои се гледаат во целиот свет, спортски успеси, настапи на индивидуалци во ООН, ЕУ,НАТО, во други држави, насекаде... и.т.н.Сето ова и многу повеќе кое не го споменав ќе биде основа за следната политичка и дипломатска битка. По влегувањето во НАТО и ЕУ да се корегираат нештата, а дотогаш да се подготвуваме за тој момент. И да се затвори македонското прашање, без бесмислени и вештачки наметнати забрани на идентитетските придабвки ,,македонски,, или ,,македонско,, или ,,македонска,,. Без тие да бидат институционално забранети и недозволени, без забраната истото да важи само за државјанство, и без сите понижувања и неправди вметнати во договорот од Преспа. Без ,,кумови и сватови,, однадвор.Без уцени, притвори на пратеници, обвиненија и прогони.И да ја завршам историската паралела. ВМРО, која во тие години значеше борба за Македонија, во 1934 година беше растурена и уништена од бугарската влада под надворешен притисок, заради нејзината борба за ослободување на Македонија во нејзините три геогравски дела. И во тие 41 година најголемиот проблем на ВМРО беше што неуспеа да обезбеди доволно силна меѓународна подршка за проектот за независност или барем автономија на Македонија, ако воопшто и можеше да се обезбеди имајки во обзир дека тогаш ВМРО претендираше на територии на поделената Македонија по букурешкиот договор во 1913. Територии кои тогаш беа на Грција и Србија, земји кои уште пред активирањето на ВМРО беа сојузници на големите сили во тоа време како Англија, Франција па и Русија, заради што ВМРО немаше избор. Таа беше во ситуација да се најде на страната на оние кои ја загубија првата светска војна бидејки пред да завземе страна, ВМРО само од Германија и Австро-унгарија доби ветување за независност доколку застане на нивна страна во војната. Таквото ветување неможеше да го даде другата страна каде беа Франција и Англија, бидејки нивни сојузници веќе подолго време беа Грција и Србија.Можете да замислите низ тие 41 година колку човечки животи се положија за идејата за независност, која во еден историски миг заврши со уништување на ВМРО во 1934. Сличен таков обид имаше од бугарската земјоделска влада на Стамболиски во раните 20ти години на минатиот век, кога се водеше вистинска војна меѓу ВМРО предводена од Тодор Александров од една страна и бугарската влада од друга страна, во време кога Александров и Србија и Грција го бараат со потерница и јавно ветена висока парична награда за неговата глава.Дури за борба против четите на ВМРО во Бугарија во тој период беше формирана специјална т.н. Портокалова гарда составена од обучени војници за борба против комитите. Слични такви единици, покрај регуларните воено полициски сили имаше и во вардарска и во егејска Макеоднија. Тој обид пропадна со воениот удар во Бугарија на 9ти јуни 1923 година на кој подоцна се приклучи и ВМРО испраќајки ја четата на скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето кој свирепо го ликвидира бугарскиот премиер, а претходно во 1921 година и министерот за внтрешни работи.Но, во 1934 бугарската влада успеа во она во кое неуспеа 10тина години претходно. Потоа по 1934 се апсеа, судеа и интернираа војводи и дејци на ВМРО од страна на властите во Бугарија. Последниот претседател на историската ВМРО Ванчо Михајлов чие 10 годишно водење организацијата има многу контраверзности беше осуден на смртна казна во Бугарија, пресуда која никогаш не му е укината.Со оваа историска паралела, без намера да ја минимизирам штетата од дејствувњето и одлуките на оваа марионетска влада, потсетувам дека оваа изгубена битка со промената на уставот, е само дел од 140 годишната борба на македонскиот народ, од мноштво порази и победи, падови и подеми, крвави битки за собода, херојства и предаства, но и меѓусебни внатрешни несогласувања и конфронтации, кои некогаш беа за создавање своја држава, денес и во иднина се разбира со политички и дипломатски средства за своето име, идентитет, и наметнати договори за промена на историјата, културата, образовните програми...За послина економија, демократија и владеење на правото, за членство во НАТО и ЕУ. Се додека има македонци, и цврста национална свест, таа борба ќе продолжи до конечното затворање на македонското прашање, но правично затворање, во корист на македонците и основното човеково право за самоопределување.4. Идејата за референдум за името, и резултатотот од референдумот, клучна основа за натамошната борбаКлучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.Кога во 2005 година ја осмислив и на мајската годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во преполната универзална сала ја промовирав идејата за референдум за името, ја замислував да биде токму тоа и што е денес: брана од уценти, поткупени, марионетски или со еден збор од било каков вид неодговорни политичари и таква влада.Или брана која ќе спречи, или брана која ако неможе да спречи неправедно решение, тогаш барем ќе биде основа за да се ,,лечи,, она што ќе биде ,,оштетено,, во еден ,,напад,, каков што доживеавме сега. Во овој случај, потег кој во најмала рака нема да им даде легитимитет за неодговрорниот чекор, од каде пак ќе почне да се гради новата парадигма за враќање на насила одземеното, а сето тоа да има легитимитет. Ќе беше уште потриумфално, можеби и со подобри ефекти на краток рок, доколку наместо стратегија ,,бојкот,, се одеше и се победеше со стратегија ,,против,, за што сум уверен дека со навремено отпочната силна и интензивна кампања, уште од крајот на пролета 2018та, и со 10тина набљудувачи на секое гласачко место, ќе донесеше грандиозна победа на ,,против,, наспроти ,,за,,.Мотивите за овој став, секако беа различни од мотивите на сите оние кои ја охрабруваа опозицијата да не бојкотира туку да гласа ,,против,,. Повеќето од тие препораки беа мотивирани со цел да победи ,,за,, и да успее референдумот. Мојот мотив и убеденост беше да победи ,,против,, на прашњето за договорот од Преспа во таква форма и со таква содржина, но одкако видов дека се дозволи идејата за бојкот многу брзо и непречено да завземе такви големи размери, веќе беше ризично со повик за гласање ,,против,, да се дели македонското национално ,,ткиво,, а во корист на намерите на марионетската власт и начинот на кој таа ја вршеше целата операција.Но тоа е зад нас, и сега не вреди да се губи врмето за тоа, кога и онака стратегијата која се одбра го дава минимумот на очекуваниот ефект како основа на ,,новата парадигма за името,,.Следеа многу критики после лансираната идеја за референдум за името во мај 2005тата. Најпрвин од политичките противници, неретко и од истомислениците пред се заради страв да не се фалсификува тој референум. Тогаш говорев, дека референдумот е потребен во случај некоја влада во иднина да постигне некаков договор за кој таа смета дека е добар. Или некој така ќе и каже да смета. Таквата одлука, тој договор, за толку значајно прашање да не ја донесат грст политичари во владата или парламентот туку да се овозможи народот да одлучи по ова толку важно прашање за него и за државата. Ако мнозинството народ не се согласи, па дури и владата да го донесе на сила, тогаш нема да има одржливо решение. Нема легитимна одлука.Со тек на време, колку и опонентите да го критикуваа и негираа предлогот за евентуална промена на името да одлучува народот на референдум, живеејки и работејки во демократско општество и издигната свест на граѓаните, во време кога во ЕУ кон која се стремиме за вака важни прашања како и за помалку важни, секогаш има референдум на кој граѓаните, народот од тие земји се изјаснуваат и политичарите го следат тоа, политичките опоненти од СДСМ неможеа да се справат со силата на аргументите и го прифатија предлогот, ,,се навлекоа,, на таа идеја, а за оние од нив кои имале нечесни намери, би рекол на таа ,,стапица,,.Често на народните собири знаев да образложам дека секогаш е многу полесно да се уценат или поткупат 20 или 200 политичари, министри, пратеници, лидери на партии..., одколку целиот народ или половина од него...и дека затоа за ова толку важно прашање мора да дозволиме идејата за решение на проблемот од политичарите да биде потврдена или непотврдена/отфрлена од граѓаните на земјата. Некријам дека се чуствувам горд за тој стратешки потег со лансирањето на идејата за референдум за името, во тоа време. А еве и зошто.Денес и во иднина, најсилниот аргумент е токму тоа, дека идејата и предлогот на политичарите од власта не ја доби потврдата од народот. Тоа е најсилниот аргумент за понатаму. Најсилниот аргумент за продолжување на 140 годишната битка за македонското национално прашање. Најсилниот аргумент ова прашање да се успее да се држи отворено, за еден ден да се затвори, но во полза на Македонија.Се што насила е направено, спротивно на вољата на мнозинството народ еден ден ќе се врати. Главна појдовна основа, темел, доказ и аргумент е немањето подршка на одлуката на марионетската власт на референдумот за името дури и со такво прашање кое беше непријатно поставено за граѓаните чии најголем дел сакаат да ја видат земјата во НАТО и ЕУ.Тоа е појдовната сила, главниот повод и крунскиот доказ за во иднина како нација и држава, да имаме легитимитет за борбата за корекција на неправдата од ова време. Неправда чие спроведување успеа само затоа што беше ставено во геостратешки пакет на евроатлантските интеграции на земјата, чија потреба е неспорна, но цената за мнозинството македонци неприфатива.Тој легитимитет од референдумот македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија сега го имаат во ,,џеб,,. Токму упорното 13 годишно туркање на идејата за референдум ќе ни помогне кога е најтешко. Во случајот, необезбедувањето доволна подршка на референдум, колку и тие да го нарекуваат консултативен, ваков или онаков, покажа дека народот не ја даде потребаната подршка, што значи нема мнозинство кое верува дека предлогот на владата и мнозинството во парламентот е добар.Тоа што изостанаа масовни протести од незадоволните граѓани, кои веројатно ќе дадеа само многу пореална ,,визуелизација,, на незадоволството јасно е зошто се случи. Заради репресивните методи кои власта превентивно ги превзема со стотици ако не веќе и илјадници кривични пријави, апсења, затворања, судски процеси, политички прогони, закани, отпуштања или уназадувања од работа, запирања автобуси тргнати на протести, итн. Но, и без таа слика, и без таа ,,визуелизација,, легитимитетот на понатамошната борба е веќе ,,заверен,, на 30 септември 2018.Власта со репресивни и недемократски методи обезбеди гласови на 2/3 пратеници. Таа го има тоа а народот ,,заверката во џеб,, преку понатамошна борба и во следната историска шанса да ја исправи нанесената неправда.5. Следни чекори. Консолидација и подготовка за продолжување на борбата. Членство во НАТО и ЕУ.Во една таква новонастаната сотојба, со веќе изгласани измени на уставот, со сите незаконски и противуставни постапки, тргнувајки од противуставното назначување претседател на Собрание, преку репресивното втерување страв кај народот и елиминирање на дел од авторитетите во десниот блок преку фабрикувани судски процеси, прогони и апсења, по гласањето во парламентот, народот треба да се подготвува за продолжување на 140 годишната политичка борба за затворање на македонското национално прашање онака како што заслужуваме, а во следната историска шанса.Претходно, пред чинот на враќање на насила одземеното, треба да се искористи она што е позитивно за Македонија од овој дивјачки донесен договор и сменет устав, име и идентитет.Тоа во прв ред е членството во НАТО и во ЕУ, каде што е нашето место во оваа ера.Не е тајна дека низ целото мое работење во политиката, од почетокот до денес, сум отворен поборник на членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Разликата со СДСМ е што несакав тоа да се случи на ваков начин, со ваков понижувачки и штетен договор, со целосно предавање на тешко и крваво стекнатото, па потоа со години да се бориме да ја поправаме штетата со сите ризици во таа намера. Но, надвор од тоа, сметав и сеуште сметам, дека местото на Република Македонија недвослмислено е во НАТО и ЕУ. Тоа што платена пропагнда се трудеше да направи друга слика заради други цели, е друга работа.Кога веќе насила и противуставно ни го направија ова со името, со идентитетот и историјата, кога веќе тоа станува насила и против вољата на народот станува реалност, треба да се искористи таа ситуацијата и ден порано земјата да стане членка на НАТО и да ги започне и што побрзо да ги заврши преговорите за полноправно членство во ЕУ.Тоа е период од 18 месеци за НАТО, а за ЕУ можеби од 6 до 8 години од сега, зависно од повеќе фактори. Доколку нема предвремени парламентарни избори, до 2020 членството во НАТО ќе биде реализирано, а се надевам и барем 20-30 осто од потребните реформи и поминати преговори за членството во ЕУ. По промената на марионетската влада, процесот со зачленувањето во ЕУ треба да се доврши без создавање ризици.Желбите на многумина да го променат овој договор пред влезот во НАТО и ЕУ, ми е сосема разбирлива, но колку и да се искрени, од искуство знам тие желби се тешко остварливи, имајки ја во обзир позицијата на Грција по овој потпишан договор во Преспа и истовремено имајки ги во обзир механизмите за блокада на членството во ЕУ, за кои деновиве опозицискиот лидер кај нашиот јужен сосед толку жолчно раскажува. Следните 6-8 години треба да сме многу внимателни, да не останеме и без име и без ЕУ. Кога веќе сме доведени во ваква тешка ситуација од оваа марионетска власт, кога веќе го изгубивме името и националноста, треба прво ЕУ па по добро подготвен терен и обезбедени сојузници корекција на настаната штета, што воопшто нема да биде лесна операција.НАТО не го спомнувам бидејки членството треба да се случи веќе следната година.https://www.facebook.com/10642907715/posts/10157143496922716/ 

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

ОЈО: Има пропусти во постапувањето на надлежните институции во врска со бегството на Груевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски.Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело од страна на службени и други лица .Обвинителството, заради обезбедување докази и утврдување на фактите во предметот, издаде наредби за одземање на снимките од видео надзорот од камерите на Safe city системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Притоа, од три хотели во Скопје Обвинителството доби одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видео материјал, по што надлежниот јавен обвинител издаде наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.Целокупниот прибран видео материјал со големина од околу 10 терабајти е доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба се уште се постапува.Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на сега осудениот Никола Груевски на ниту еден граничен премин од Република Македонија во критичниот период. Едновремено, од увидот извршен во Интегрираниот систем за гранична контрола, утврдено е дека не постои евидентиран излез од територијата на Република Македонија на осудениот.Преку меѓународна правна помош, Обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видео надзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видео материјал во Подгорица. Надлежните органи од Албанија, по две ургенции, на 09.01.2019 година го известија Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека побараниот видео материјал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов  пренос. Екипи од Обвинителството со хард дискови се упатија во Албанија за да го преземат бараниот материјал, но притоа беа усно известени дека материјалот не е сочуван, односно дека времетраењето на чувањето на снимениот материјал се разликува на различните гранични премини и изнесува околу еден месец од последниот баран датум.Во предметот издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.Во насока на утврдување на евентуални пропусти во постапувањето на службените лица чија обврска била обезбедувањето на осудениот Груевски, Обвинителството во неколку наврати побара од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во досегашниот тек на постапката утврди дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство.

Македонија | пред 6 години

mijlkov

Истече триесет дневниот куќен притвор за обвинетите во „Империја“

Денеска истекуваат триесет дневниот куќен притвор за бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и сопственикот на Пелистерка, Цветан Панделески, обвинети во случајот Империја, од СЈО.Во текот на денот ќе се види и дали Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд Скопје ќе го почитуваат начелното мислење на Врховниот суд, кој им ги забрани сите истраги на СЈО покренати по 30 јуни 2017 година.СЈО најавува дека како и досега ќе бара да им се продолжи мерката куќен притвор на осомничените во „Империја“. Спротивно на ова од Врховниот суд, се изјаснаа дека СЈО не смее да покренува нови истраги и обвиненија, бидејќи им е истечен рокот од 18 месеци.

пред 6 години

Нема фотографија

Што добива Македонија од НАТО?

Како полноправна членка на НАТО Македонија ќе стане постабилна и со зацврстена безбедност дома и во регионот, додека ратификацијата на протоколот за членството во грчкиот Парламент е завршена работа.Ова синоќа го изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во текот на  дискусија во Атлантскиот Совет посветена на зачленувањето на Македонија во НАТО а во рамките на иницијативата „Балкан напред“.Министерот се обрати пред експерти, претставници на невладини организации и дипломатскиот кор во Вашингтон.-Ова е историски настан, ја пишуваме историјата со тоа што создаваме посветла иднина во регион полн со историја и конфликти, порача Димитров.На прашењето на директорот на Атлантски совет, Дејмон Вилсон, што понатаму, и какви се подводните сцили и харибди можат да се појават како резултат на Преспанскиот договор, Димитров е убеден дека грчкиот Парламент ќе гласа позитивно за влезот на Македонија во НАТО, „и формално да се затвори прашањето за името“.-Многумина политичари од регионот создадоа кариери и политички капитал со ширење на страв и омраза, но ако се донесе надеж тоа ќе чини нечиј политички капитал. Двајцата лидери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, всушност потрошија голем дел од својот политички капитал, иако тие ќе поентираат, но тоа зависи од успешноста на имплементацијата на овој договор, укажа Димитров.Шефот на макоднската дипломатија додаде дека „треба нешто да се даде ама и нешто да се загуби. И двете страни го сторија тоа“.Димитров имаше дводневна работна посета на Вашингтон, со повеќе средби во Стејт департментот, Белата куќа и на некои невладини организации.Во Стејт департментот тој се сретна со Вес Мичел, заменик на секретарот за Европа и Евроазија во заминување. На средбата се разговарало околу активностите врзани со имплементацијата на Преспанскиот договор, како и претстојните активности околу ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО.Во Белата куќа, министерот Димитров се сретна и со директорите во Советот за национална безбедност на САД: за европски прашања, Вилијам Беркли и за НАТО, Маркус Томи. И на оваа средба било разговарано за претстојните активности во контекст на евро-атлантската интеграција на Република Македонија и натамошната поддршка од САД во тој контекст.Делегација од МНР денеска учестува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против Исламската држава која се одржува во американскиот Стејт департмент.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Скопје: 12 сообраќајни несреќи во една вечер

Во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје, четири лица се здобиле со лесни, а три со тешки телесни повреди.Со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак се движеле 66 возачи. Исклучени од сообраќај се шест возачи, кои биле без возачки дозволи.Пајакот подигнал 73 возила.Од СВР Скопје информираат дека се преземени мерки и кон тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, други двајца не поседувале пропишана зимска опрема, а осум користеле мобилен телефон додека управувале со моторното возило.

Скопје | пред 6 години

biblija

Во Турција пронајдена библија стара 1200 години со 34 страници испишани во злато

Во близина на местото Дијарбекир во северозападна Турција , во акција против криумчари на артефакти , полицијата нашла Библија стара 1 200 години. Тројца осомничени се уапсени за време на акција организирана против криумчари со вредни артефакти, соопштија денеска покраинските власти.Вредната Библија има вкупно 34 страници испишани во злато.Турските медиуми повикувајќи се на објава од кабинетот на гувернерот информираат дека во притвор завршиле шестмина осомничени, но други детали не беа изнесени.Во покраината Дијабакир време властите се обидуваат да спречат криумчарење на древни артефакти.

Свет | пред 6 години

kardioloski-1

Кардиолошки формира оддел за електростимулација

Професионалната соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи- ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија- Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести -Охрид ,започна активно да се развива во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на нашите пациенти.Во тек на вчерашниот ден заеднички тим од двете установи извршија имплантација на два трајни електростимулатори на наши пациенти.Во присуство на директорите на двете установи Др.Жан Зимбаков и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана вистинска соработка која ќе вроди со натамошен развој на медицинската наука ,воведување на нови процедури и методи и во крајна линија континуитет во подобрување на квалитет на услуги за нашите пациенти.На наше големо задоволство можеме да ја информираме јавноста дека одделот за електростимулација во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од денес започна со редовен програм.Извор: FBЈЗУ Кардиолошки Завод Охрид

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања