„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

kameleon-11

(ВИДЕО) Ноќ која ќе се памети во Охрид, 20 години група Камелеон

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вечерва одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.– Прекрасна ноќ. Многу убава музика… Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вечерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј – 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.Во рамките на промотивните активности, вечерва на програмата на Супер радио од 17:00 часот и на ТвМ телевизија од 17:30 часот се емитуваа посебно изработените документарни филмови за 20-те години од постоењето на групата.Време е за нови 20 години со Камелеон, исполнети со многу дружба и вистинско музичко уживање… Затоа што знаат што е добра музика, затоа што звучат одлично, затоа што се од Охрид и затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика.

Магазин | пред 7 години

joci-111

Новинарката Јоци раскажа за средба со Катица Јанева: Некогаш луѓето ве сакаа

СЈО се погребаа.Фотографијава е од пред некои 2 години. На неа сум јас, Катица Јанева, Ана Костовска.Сликана е од далеку, во стилот на,,папараци".Боемска улица, една вечер. Ја здогледавме Јанева и решивме да ја поздравиме, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јоци, и додаде:Пријатна е за муабет, се сеќавам, дента и` беше роденден.Ни кажа и дури дека колегите и' подариле велосипед, кој стоеше зад неа. Скап и убав.Во тие 2 минути, колку што траеше средбата, таа веднаш му го подаде мобилниот на колегата за да се слика со нас. Ние прифативме. Дури и ми направи некој муабет дека не и` се допаднал некој мој статус дента. (Како да ви кажам, добив впечаток дека врло сериозно и ревносно ме следи, се нервира од мене, а притоа уште никако да и` ја сфатам потребата да коментира статус во 2-минутна средба )Не можам да се сетам во кој момент на Катица Јанева и` дојде да ми направи ,,да пукне", но тоа е овековечено на фотографијава.Некогаш ,,трите" беа херои. Прави народни ѕвезди. Луѓето имаа верба во нив. И јас.Некогаш.Дечки, изневеривте. Разочаравте. Се погазивте.Љубов беше, луѓето ве сакаа искрено.А бе, љубов, еј. Со големо ,,Љ".И ја па.Збогум, напиша Јоци на својот ФБ профил.

Скопје | пред 7 години

noz-ubistvo-napad

Убиство во угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево

Денеска во 17,20 ч. телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул .„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М.С.(64) од Кичево.Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош.Неофицијално убиен е 64-годишниот сопственик на локалот М.С, но засега нема информации за убиецот.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

За Груевски судот не работеше за викенд, за Мијалков работи!

Познатиот новинар на ТВ ТЕЛМА, Огнен Чанчаревиќ, забележува дека во деновите кога екс-премиерот Никола Груевски побегна од Македонија, тврдењата на власта беа дека судот не работи за викенд, па не биле во можност да му ја врачат поканата за да се појави на издржување на затворската казна во затворот во Идризово, објви lider.com.mk.Но, викендов очигледно судот работи, па попладнево беше донесена одлука дека од оделението за притвор во Шутка ќе биде ослободен екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од таму најверојатно ќе се упати во куќен притвор.За Груевски судот не работеше преку викенд, за Мијалков работи. И СЈО исто.П.С. Го тргнавте од ѕид “Во Будимпешта е убаво ама во Шутка е екипата” ?- пишува Чанчаревиќ на негиовиот профил.Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот во Шуто Оризари, каде беше во притвор како осомничен за случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство. Судијката Весна Димишкова го прифатила предлогот за куќен притвор на СЈО.Кривичниот суд вчера го врати на доработка предлогот на СЈО на доуредување бидејќи истиот бил некомплетен.Мијалков е последниот од случајот „Империја“ што излегува од притвор. Со одлуките на скопска Апелација сите други осомничени излегоа од притвор. Според шпекулациите на јавноста, тој наместо во неговиот дом, во куќен притвор ќе биде во хотелот „Мериот“, каде што неговото потесно семејство е сопственик. Како што дознаваме, Мијалков си ја променил адресата на живеење во овој луксузен хотел, кој покрај огромни соби има и фитнес центар, ресторани, барови и кафетерија.Во предметот „Империја“ истрагата опфати 13 лица. Првично притвор им беше определен на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески, и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.Извор:lider.com.mk

пред 7 години

Нема фотографија

Влада на Република Македонија - нема зголемување на плати на вицепремиери

Со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на РМ.Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата на РМ.Имено, со Законот за Влада на РМ е предвидено претседателот на Владата на РМ од редот на министри да именува заменици кои го заменуваат во негово отсуство. Нивната плата треба да се утврдува со коефициенти утврдени со Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во РМ. Во изминатиот период Законот за плата во однос на називотна функциите не е усогласен со Законот за Влада, поради што Уставниот суд ја укина одредбата на Законот за плата во делот на потпретседател, затоа што не е усогласен со Законот за Влада. Во вакви услови се создаде пречка за пресметка и исплата на платата на замениците на претседателот. Со измени на Законот за плата се изврши терминолошко усогласување поради Одлуката на Уставен суд, поради што платите на заменик на претседател не се зголемуваат туку наместо да се исплатуваат како на останатите министри, истите ќе се исплаќаат со ист коефициент пред да Уставниот суд ја укине одредбата.​​​

Скопје | пред 7 години

centar-skopje-1

Каде ни е еко свеста?

Го допревме ли дното на еко свес во земјава? Треба ли коментра за сликите кои се фотографирани денеска во центарот на Скопје?За жал ова е централното градско подрачје во македонската метропола...фото ФБ..

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков излегува од Шутка вечерва

Откако СЈО даде мислење дека Мијалков треба да остане во куќен притвор а не во “Шутка” судијата одлучи тој вечерва да замине во хотелот “Мериот” каде е регистрирано неговото живеалиште.Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков беше во притвор прво поради случајот “Таргет-Тврдина”, потоа остана оти СЈО мислеше дека ќе избега како осомничен во случајот “Империја.

Македонија | пред 7 години

katica-janeva

Јанева: Спасовски не е компетентен да ја коментира нашата работа – нека си го гледа МВР

Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да си ја гледа неговата работа и да не се меша во обвинителството.Јанева, во интервју за Канал 5,  порача дека Спасовски е не е компетентен и дека треба да се грижи за својата работа бидејќи МВР е помошен орган на обвинителството.Оваа изјава на Јанева следи откако Спасовски ги нарече нивните одлуки за „несреќни“.

Македонија | пред 7 години

nina1

Нина има новогодишна желба – да застане на нозе

Уште само 5% фалат oд потребната сума за да ја исполниме желбата на Нина.Како и секое дете и Нина се радува на пакетче и Дедо Мраз… Но овој пат Нина има една желба – да може да застане на нозе. За да и се исполни оваа желба потребни сме сите заедно да и ја исполниме.Наместо пакетче за Нина, да донираме 100 денари на отворените броеви за донации.Нина треба да замине на операција во САД која чини 65000 долари. До сега е собрано 95% од потребната сума, недостигаат уште 5% од оваа сума. Уште само 5%!!!Во новата година да застане на нозе и да се радува и игра заедно со сите деца.

Македонија | пред 7 години

latas

Со измените на Кривичен законик ќе се спаси и Латас

Филип Стојановски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека измените на член 279-а од Кривичниот законик ќе влијаат врз делата чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО.„Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик што денес се предложени во Собрание директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет Д.П. Латас..Ако се направат измените бидејќи за тоа дело е предвидена казна од 3 години, ќе застари на 6 години од сторувањето“, напиша Стојановски на Фејсбук.Според други, Латас не го опфаќаат промените на Кривичниот законик.„Латас е обвинет според 279 за даночно затајување, а со измените на Кривичниот законик се воведуваат нови членови, 279-а даночна измама и 279-б за избегнување на плаќање акцизи.Овие две кривични дела немаат никаква поврзаност со предметите на СЈО бидејќи се нови“, се вели во јавноста.

Македонија | пред 7 години

klup-voda-zastitena

Хулигани продолжуваат да уништуваат јавни добра

Секој викенд иста песна...Агресивни поединци повторно својата вишок сила ја истураат врз јавните добра низ Охрид. Денеска клупа заврши во езерските води. Иако надлежните институции постојано реагираат и испраќаат апел до граѓаните, многумина го поставуваат прашањето, зошто овие проблеми со децении се провлекуваат низ охридските улици?Ова не е прв случај како хулигани си поигруваат со јавните добра. За потсетување пред само една недела вандали ја уништиле урбаната опрема која е поставена од страна на Охридски комуналец. Оттаму кажаа дека ова ги надминува сите граници на цивилизирано однесување.Неодамна беа демолирани јавни тоалети кај Горна порта, а корпите за отпад, како да се навикнавме поради вакви дивеења да звршуваат во езеро.Апел... Вразумете се, ова сепак е од интерес за сите.

Македонија | пред 7 години

49012520_1012812068926920_1289258313636118528_n

(ФОТО) Поставени пароли против уставните измени и промена на името

Утрово активистите на студентското движење „Млади за Македонија" спроведоа герила-акција на влезовите на Скопје.На неколку надвозници закачени се пароли против уставните измени и против промената на името. Од „Млади за Македонија" велат дека ова е почетокот на, како што тие го нарекуваат црвено-жолтиот отпор.Велат дека преку ненасилен отпор и креативни акции ќе се борат против промената на името.

Скопје | пред 7 години

pozar-1

Големиот пожар во Скопје одзеде еден живот

Едно лице почина во големиот пожар кој изби во куќа во центарот на Скопје.Мажот во моментот кога избил пожарот бил во продавницата за гуми која се наоѓала во објектот. И покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа.Во пожарот едно лице било полесно повредено и истотот по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот. Против пожарната служба интервенираше со 8 возила.

Скопје | пред 7 години

Screenshot_20181229-020642_Facebook

Златко Јанковски до Тодоров: Како можеш да се појавиш у јавност после случајот со Тамара?

Екс портпаролот во министерството за култура, Златко Јанковски на својот Фејсбук профил објави статус во кој му се обраќа на Нино Тодоров и му вели дека нема ниту еден успешен проект, а луѓе умирале заради него и неговата политика.“Кариеристот Нино Тодоров ака Нино Смрт или Тодорoff седнал и пишал писмо дека вака не оди. Не сме проаѓале у Скопје. Па кој беше советник за град Скопје кај Груевски у кабинет а Нинче?Другар ти Ивица со кој заедно влеговте у партија по налог на Мијалков 2003/2004. Ти текнува? Зошто не проаѓаме у Скопје бе фраер? Ради тебе и таквите како тебе што си ги собравте по кабинети и управни одбори. Ради тебе и таквите како тебе што маме и е*авте на партијата.Ти позади тебе немаш ниту еден успешен проект. Ни у Катастар, ни у образование, ни у здравство. Поготово у здравство, бе фраер! Луѓе умираа заради тебе и твојата политика. Министер за сѐ и љубимец на Груевски. Носител на титулата наследник на Груевски!Ти текнува како продолжија да стигаат илјадници евра кај татко ти на сметка од кога отиде у пензија? Ти текнува ли како поим немаше како изгледа структурата на партијата у која што влезе 2003/2004? У кафичот на ул. Македонија кога седевме и ти објаснувавме, тебе и на другар ти Ивица?Ти текнува кога викаше дека била селска химната на партијата и дека сме морале да ја смениме за да привлечеме млади? Ти текнува како се подбиваше со сите кои не мислеа како тебе? Ти текнува ли Нинче како стана министер? А?Преку кого сѐ мораше да поминеш? Има луѓе памтат. Климаше со глава и се сложуваше, ма какви, ги креираше сите лоши политики на партијата. Ти текнува како се дереше по телефони за да се притискале сите што сте ги вработиле да гласаат за тебе?Ти текнува како урлаше по телефон за списоците 1+3 и за оние 25 сигурни гласачи кој требаше секој член на ВМРО да ти ги обезбеди? Ти текнува дека имаше најслаб резултат како носител на листа? Ти не проаѓаш бе фраер, ти и таквите како тебе бевте и уште сте ракот во ВМРО. Кариеристи, материјалисти!Ти текнува ли на твоите кадровски решенија, сите поранешни членови на сдс? Ти текнува ли како зборуваше – мораме да ги придобиеме и нив затоа им даваме.Сега нешто не ти чини?Како сѐ ти беше во ред дур беше министер? Ти текнува на лабораториите за факултетите? Кинески и преплатени? А ти текнува на апаратите кои немаа(т) сеуште соодветни простории да работат?Како можеш да се појавиш у јавност после случајот со Тамара? Сакаше ПР и од неа да правиш. А те браневме со сите сили иако не можевме да те гледаме, затоа што ти беше ликот на партијата, наследникот.Успеа да го скараш ВМРО со сите професори, успеа да го скараш ВМРО со сите доктори! Успеа 10 пати да смениш закон за образование у неколку години и директно да ја заебеш иднината на нашата држава!Ти текнува кога викаше – абе тоа сељаците од по градовиве не разбираат многу, нашите гласачи се прости, што и да им сервираме ќе голтнат? За другарка ти Бришковска да не мислиш кога збориш за луѓе од други партии на позиции во ВМРО?Онаа истата што си ја прибравте у екипа кај Сашо уште кога влеговте у ПУИГ со Ивица 2006 а? Ти текнуваат ли патувањата до Виена за одбрана екипа у Вавилон, а фраер?Демохристијан, десничар, идеолог уште се претставуваш. Кога јас зборев за Тодор Александров ти викаше дека ние требало да ја смениме химната дури и знамето на партијата за да сме привлекле гласачи!Немој да лажеш дека тебе ти е гајле за ВМРО. Не ти е! Гајле ти е за сопствените бизниси (не само кафичот у Капитол и адвокатската куќа која магично брзо расте). Гајле ти е за сопствената слобода. Затоа одработуваш за туѓи бели дворови! Затоа пишуваш небулози и глупости.Зашто се плашиш за сопствената слобода и се ставаш на располагање на кој стигнеш! Засрами се и наведни глава, гробару на ВМРО!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека ДУИ е продожение на најкорумпираните, најнедемократските и најзаостанатите активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.„ДУИ е продолжение на најкорумпираните, најнедемократските, најнасилните, најзаостанатите, најнеправните активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.Или ќе најдете начин да ги спастрите или ќе станете потполно еднаков двоец само со име ДУИ-СДСМ.Уште еднаш повторувам: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните и работи во корист на граѓаните, а не ги искористува граѓаните и не ги дели граѓаните со цел зацврстување на партиско-мафијашките структури.Ве молам, ослободете ја администрацијата од партиите и од етничките пранги.Мерит систем со предност за кандидатот од одреденаетничка заедница кога кандидатите се на приближно ниво или приближно на еднаков начин ги исполнуваат условите не е исто со распределба на функционерски и директоски места по процент.Дајте бре запрете да не враќате се поназад и поназад.Впрочем мислам дека ДУИ не смее да биде на власт исто како што не смее во моментов да биде на власт ВМРО-ДПМНЕ.Не сме го срушиле режимот доколку една половина од тој режим ми седи во власта, а другата ги има пипците во сите структури.И дајте бре Албанци не се палете на секој будала кој ќе одбие да ве игра. Па во секое општетсво има будали, а вие наседнувате како кленови на најмала провокација и веднаш тоа повредената гордост, па знамињата, па историјата па кубурите.Дај бре заедно да влеземе во 21 век, макар и 20 години подоцна од останатите“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања