„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

gruevski-budapest-libertas1-768x475

(ФОТО) Груевски повторно уловен во Унгарија

Поранешниот премиер, Никола Груевски е фотографиран во лобито на луксузниот хотел „Four Seasons“ кој се наоѓа во центарот на Будимпешта. Фотографијата е направена од Либертас и на истата може да се забележи како тој сурфа на интернет.

Македонија | пред 7 години

cento_policija

Престрелка во Кондово, повредени неколку лица

Вчера се случила престрелка во Кондово во која учествувало возило во движење марка ПМВ Пасат. Настанот бил во близина на пругата, и во истиот има неколку повредени кои се пренесени во Ургентен центар, пишува Инфомакс. Се претпоставува дека возилото ПМВ Пасат е едно од возилата инволвирано во пpecтстрелката во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

soobrakjajka_hrom2

(ФОТО) Тешка сообраќајка во Хром, се судриле три возила

Teшка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопската населба Хром, кога моторно возило преминало во спротивната коловозна лента и се судрило со друго возило, а потоа во нив удрило и трето возило, пишува Инфомакс.Возачите се здобиле со телесни повреди и истите биле префрлени во Ургентен центар.

Скопје | пред 7 години

vodenski-1

Македонското „Чудо од дете“ со поддршка за Стоилов: Јас сум со тебе и мене ќе ми викаат дека сум нестабилен!

Кристијан Воденски, е македонскиот млад и талентиран 12-годишен борач кој живее во Франкфурт, Германија беше номиниран за наградата „Чудо од дете“ во боречките спортови во земјата, објави јавно.мк.Имено Воденски (роден 27. Септември 2005 год.), поседува неверојатен талент за боречки вештини, а има добиено повеќе награди во различни боречки категории.Тој сега даде поддршка за својот колега спортиста Стојанче Стоилов кој демонстративно го напушти доделувањето настанот на кој се избира спортист на годината, бидејќи за прв пат настанот беше двојазичен.-Јас сум со тебе, напиша Кристијан Воденски од својот Фејсбук профил.Во друг свој пост пак Воденски имајќи ја во предвид изјавата на советникот за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен,иронично напиша:-И мене ќе ми викаат дека сум нестабилен.Воденски Теквондо тренира од својата петта година, а сега тренира и кик-бокс, бразилско џиу џицу и борење. Кристијан живее и тренира во Германија, а неговото потекло е од Македонија, неговиот татко Ванчо Воденски е од беровско Русиново, а мајка му од Струмица.Иако многу германски тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, сепак најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист а воедно и негов личен тренер.Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Како што пренесува на својата официјална Фејсбук страница, Кристијан одлучи сите негови настапи во класично борење да бидат под знамето на нашата земја, Македонија.„Германската Кикбокс федерација ми понуди да се борам за нив, јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија, наместо тоа ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така решивме дека моите национални настапи во класично борење (слободен стил и грчко римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија“ – Поздрав Кристијан Воденски.извор: Јавно.мк

Македонија | пред 7 години

gege_ubstv2-1024x639

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Грозоморно убиство во Ѓорче Петров

Вчера во Ѓорче Петров било пронајдено лице кое не давало знаци на живот. Според информациите настанот се случил на улица „Шарпланинска“ околу 21 и 40, пишува Инфомакс.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/625980011168327/Засега нема детали за идентитетот на починатиот.Од МВР изјавија дека возилото „Пасат“ е сопственост на Д.Н. (65) од Скопје.  

Скопје | пред 7 години

crven-krst-1

Купи новогодишен украс, а не петарди

И овие последни денови од оваа година, под мотото „КУПЕТЕ НОВОГОДИШЕН УКРАС, А НЕ ПЕТАРДИ!!!“,продолжува хуманитарната новогодишна акција на Црвен крст Охрид при која се продаваат уникатниновогодишни креации, рачно изработени од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти.Новогодишните украси ќе бидат изложени и достапни на сите наши сограѓани и гости денес 29.12.2018 г.(сабота) и утре 30.12.2018 (недела) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 12:00-14:00 ч., а можностда ја искажат својата хуманост со купувањето на новогодишните креации на Црвен крст Охрид ќе имаат ипосетителите на музичкиот концерт на групата Камелеон во сабота, во 19 ч. во Центарот за култура ГригорПрличев. Декември е месец на дарување.Бидете хумани и дарувајте. Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и од Програмата на грижа за стари лица ве очекуваат. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишнипакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.

Македонија | пред 7 години

Vasko-Paskali

Паскали: Изненаден сум од дел од вработените во НУ „Галичица“ кои сметаат дека откако ме поставија за директор -колата ќе тргне надолу?

Почитувани, Долго размислував дали и како да ја објаснам ситуацијата во која без вина испаднав виновен? Но сфатив дека е потребно да се огласам и да кажам дека ако се’ остане како штоодлучи Владата со сиот свој човечки дигнитет и професионалност како дипломиран правник ќе се залагам задачата што ми е доверена да ја извршувам совесно и одговорно, вели новоназначениот директор на НУ „Галичица“ .Одделни медиуми при споделувањето на информацијата за тоа дека владата на РМ со одлука ме назначила за директор на ЈУНП „Галичица“ напишаа дека сум партиски активист, координатор на СДСМ за Петтата изборна единица и важам за некомпромитиран млад политичар.Тоа во целост е точно и нема што да се негира додава и одзема. Секаде каде што досега сум бил ангажиран сум работел чесно и одговорно, водејќи сметка за проектите и предизвиците кои биле пред мене. И не би требало да постои сомнеж во стилот дека сега ќе биде поинаку. Изненаден сум од дел од вработените во институцијата кои во понеделникот го изразија својот револт од сознанието дека јас ќе седнам на директорското место, на местото досегашниот вршител на должноста директор Андон Бојаџи и дека со тоа во НУ „Галичица“ колата ќе тргне надолу. Само ќе го парафразирам владиниот портпарол Миле Бошњакоски кој на прес со новинарите рече:- Владата смета дека не го прекршила законот.Постапката за назначување е запазена во целост. Се работи за в.д. директор кој претходно беше поставен, што значи вршител на должност. Одлуката е донесена на минатата владина седница во вторникот Бојаџи е разрешен и за директор е поставен Васко Паскали.Сакам да ги уверам вработените а и граѓанските организации кои се големи поборници на заштита на природата и НП „Галичица“ децении на ред дека со ништо нема да ја нарушам патеката на развој на Паркот трасирана од претходникот Бојаџи и дека и натаму сум подготвен да соработувам со него и тој да ги продолжи проектите кои се во интерес на сите во Јавната установа, вклучувајќи го и него. Не треба да потсетувам, верувам мнозина знаат дека мојата политичка опција СДСМ која сега ја има локалната и централната власт во Македонија претходно грчевито се бореше против идејата за градба на експресен пат среде Галичица и за редица преземања кои ни оддалеку не беа приоритет на институцијата.Среќни сме што тие проекти за градби под плаштот на Субрата Рој не се остварија. Не држи тезата дека дипломиран правник не може да биде директор на националниот парк „Галичица“ туку мора да е само стручно лице. Повторувам дека сиот кадровски потенцијал на установата ќе биде вклучен и натаму во одржливоста и финансирањето на паркот.Ја сметам за недолична и тезата што се прошири во јавноста: -Ете партиските кадри на СДСМ намирисале пари во ЈУ НП „Галичица“ и им се намерачиле да ги потрошат. И мојот претходник – в.д. директор Бојаџи признава дека Јавната установа е на самофинансирање и дека проектите се добредојдени и дека многуте пари кои се споменуваат а треба да дојдат од странски донатори се’ уште не се знае дека ќе ги добиеме и реализираме. Затоа апелирам до сите вработени и мои нови колеги да се обединиме да го искористиме моментот, да поминат проектите кои ќе ни овозможат колку – толку сигурно функционирање на установата.Да се фокусираме на нови проекти и заеднички да си обезбедиме помирна иднина, вели Паскали.

Македонија | пред 7 години

94-_45244979442_o

Влада: Усвоен пакетот социјални програми за нивно непречено остварување од 1 јануари

Владата на Република Македонија на својата редовна 113-та седница, ја усвои Програмата за остварување на социјалната заштита за 2019, како и одредбата Програмата да отпочне да се применува од 1 јануари 2019 година.На оваа седница Владата ја донесе и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица, за 2019 година.Во пакетот социјални програми на Министерството за труд и социјална политика, Владата вечерва ги усвои и Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2019 година; Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2019 година, како и Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година.Овие програми се усвоени на оваа седница бидејќи на нив им претходеше неопходното усвојување на Буџетот на Република Македонија за 2019 година, за да можат да се реализираат веднаш со првиот ден од новата година.На оваа седница Владата на РМ донесе одлука да го повлече од Собранието на РМ Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси и низ повторена владина процедура овој предлог закон, од реформскиот пакет од легислативата, да добие европско знаменце за да се забрза постапката за негово донесување во законодавниот дом и да се избере нова Државна комисијата за спречување на корупцијата според новите критериуми утврдени во новото законско решение.На седницата на Владата на РМ е усвоена и Одлуката за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2019 година, со што на граѓаните ќе им се овозможат по поволни услови да дојдат до сопствен дом.Владата на РМ односно, Министерството за образование и наука, со пренамена на средства преку Програмата за приватно-јавни непрофитни високообразовни установи донесе одлука да пренамени 8 милиони денари. Православниот Богословски факултет "Св. Климент Охридски" добива 3 милиони денари, Универзитетот на Југоисточна Европа добива 3.1 милиони денари, а Факултетот за Исламски Науки добива 1.9 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта ги покачи на Шекеринска, Анѓушев, Спасовски и Османи

СДСМ вчера ги зацрни граѓаните. Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно.Нема поврат на 15% ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други.Нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите.Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала.Црнилата кои ги предизвика власта во изминатиот период не смеат да продолжат и во иднина. СДСМ мора да си замине. За Македонија мора да изгрее зората“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со мала облачност, утре се очекуваат врнежи од снег

Денес  времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утринските температруи ќе се движат од -5 до 0 степени, а дневните од 4 до 11.Во Скопје слично време со температура од -3 до 7 степени.Утре не очекува умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

bojkot-protest

Утре голем протест пред Влада против уставните измени и амнестија за 2/3!

На социјалните мрежи се шири повик за голем протест пред Владата. Организатор на истиот е извесна група наречена „Бојкотирам-Апсаана“.„Протест во сабота 29.12.2018 пред Влада во 14:00 часот. Сите против уставните измени, против амнестија за глас за северна, против травестијата на правосудството, против пропаднатите политики на сите политички чинители, против исмевањето на Македонецот, против изживувањето на неспособните со народот...против оваа лакрдија!!!#Апсаана за апашите!#Оставка за неспособните!#Бојкотирам северна!#НароденБунт зошто имаме #ПравоНаСамоодбрана“, стои во повикот кој се објавува на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/bojkotiram/photos/gm.783609411993629/2274361689460626/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, загина 52 годишен маж

Вечерва на автопатот Гостивар-Тетово, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби 52 годишен маж.Несреќата се случила во близина на гостиварската патарина.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на несреќата.Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски таблички удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид.

Македонија | пред 7 години

stole-1

Комитите со поддршка за Стоилов: Си играте со оган...За него ќе ве одереме! , напишаа на ФБ

Капитенот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов сеуште топ тема откако тој демонстративно ја напушти прославата за прогласување на најдобрите во спортот во Македонија за 2018 година.Социјалните мрежи вријат од коментрари, од кои во најголемиот дел му дават поддршка на Стоилов. Поплднево се огласи и навивачката група на Вардар.Си играте со оган...За него ќе ве одереме! , напишаа тие на социјалната мрежа фејсбук.За потсетување најдобриот спортист на Македонија за минатата година, ракометарот Стојанче Стоилов демонстративно го напушти изборот на Спортисти на годината во организација на Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…„Се чувствувам засрамено и понижено“ – им напишал нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Донесен буџетот на Општинa Охрид за 2019 год. истиот тежи 1.040.577.521

Денес Советот на Општина Охрид ја одржа дваесет и првата седница, последна за оваа година, на која беше донесен буџетот за 2019 година, кој е во висина од 1.040.577.521 денари. Од овие средства 495.277.521 се обезбедени од Владата на РМ, наменети за подмирување на доспеани обврски. Ова е досега најголем основен буџет на Општина Охрид, од кој голем дел, во висина од 52.000.000 денари ќе биде искористен за капитални инвестиции во образованието.– Во вкупниот буџет 495.277.521 денари се пари од интервенција на Влада во однос на раздолжување на општините. Остатокот од буџетот е расподелен според реалните приходи кои ги има општината. Интенцијата на покојниот градоначалник беше буџетот да е насочен кон образованието и затоа тука се предвидени капитални инвестиции во висина од 46 милиони денари. Средствата кои ќе останат неискористени со следни ребаланси ќе ги насочиме во други области каде ќе има недостаток на средства, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков потенцираше дека нема измени на предлог програмите во однос на нацрт-верзијата, и дека не се внесени нивните забелешки, па затоа гласале воздржано.– Ги разбираме тие работи. Тоа се однесува на вонредните околности во кои се најдовме како општина. Ќе инсистираме врз основа на некој ребаланс забелешките да бидат вметнати во тие програми. На Охрид му е потребен развоен буџет во кој ќе има вметнато суштински работи за напредокот на градот, рече Пецаков.На седницата беа усвоени и предлог – програмите од сите сектори на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2019 година.

Македонија | пред 7 години

zalozhnici-cheshka

Ослободени зложниците во Чешка - уапсен напаѓачот

– Заложниците во „Уникредит“ банка во градот Прибрам се ослободени како резултат на успешно спроведената полициска операција. Нема повредени лица, истакна портпаролката на полицијата Моника Шиндлова.Инаку Чешките медиуми објавија дека попладнево вооружен маж држеше најмалку осум лица како заложници во филијала на банката „Уникредит“ во чешкиот град Прибрам.Напаѓачот бил роден 1990 година и носел пиштол.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања